пиксел груп Archives - Република https://republika.mk/tema/piksel-grup/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Dec 2022 22:01:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пиксел груп Archives - Република https://republika.mk/tema/piksel-grup/ 32 32 Кумот на Ковачевски може да добие државна помош без името да му се спомене https://republika.mk/vesti/makedonija/kumot-na-kovachevski-mozhe-da-dobie-drzhavna-pomosh-bez-imeto-da-mu-se-spomene/ Wed, 28 Dec 2022 22:01:16 +0000 https://republika.mk/?p=591217

Кумот на премиерот Ковачевски, Горан Паунов, се повлече од позициите овластено лице и извршен член на одборот на директори на „АЕ СОЛАР АД ТЕТОВО“, компанија која ќе гради фабрика за производство на соларни панели за фотоволтаични централи во тамошната индустриска зона, дознава „А1он“.

На местото на Паунов, на овие две позиции доаѓа Германецот Александар Мајер. Мајер е извршен директор на германската компанија „АЕ Солар“, фирма – мајка на бугарската „АЕ Солар Хоризон АД“, која заеднички со компанијата на Паунов, „Пиксел Гроуп“, влегуваат во милионската инвестиција во тетовскиот ТИРЗ.

Покрај Мајер, овластено лице во „АЕ СОЛАР АД ТЕТОВО“ се’ уште останува поранешниот заменик – министер за енергетика во Бугарија, Илко Георгиев Јоцев, кој се води како сопственик на бугарската фирма.

Компанијата на Паунов, „Пиксел Гроуп“, сепак, останува ко-сопственик во инвестицијата и покрај неговото повлекување од функциите во тетовската компанија. Тоа значи дека доколку „АЕ СОЛАР АД ТЕТОВО“ аплицира за државна помош, Паунов најверојатно нема да биде дел од преговарачкиот процес со институциите, ниту пак, неговото име ќе стои на потпишаните договори за доделувањето на државната помош. Иако на крај, државните пари ќе завршат во компанијата во која тој има удел.

Повеќе на А1он

The post Кумот на Ковачевски може да добие државна помош без името да му се спомене appeared first on Република.

]]>

Кумот на премиерот Ковачевски, Горан Паунов, се повлече од позициите овластено лице и извршен член на одборот на директори на „АЕ СОЛАР АД ТЕТОВО“, компанија која ќе гради фабрика за производство на соларни панели за фотоволтаични централи во тамошната индустриска зона, дознава „А1он“. На местото на Паунов, на овие две позиции доаѓа Германецот Александар Мајер. Мајер е извршен директор на германската компанија „АЕ Солар“, фирма – мајка на бугарската „АЕ Солар Хоризон АД“, која заеднички со компанијата на Паунов, „Пиксел Гроуп“, влегуваат во милионската инвестиција во тетовскиот ТИРЗ. Покрај Мајер, овластено лице во „АЕ СОЛАР АД ТЕТОВО“ се’ уште останува поранешниот заменик – министер за енергетика во Бугарија, Илко Георгиев Јоцев, кој се води како сопственик на бугарската фирма. Компанијата на Паунов, „Пиксел Гроуп“, сепак, останува ко-сопственик во инвестицијата и покрај неговото повлекување од функциите во тетовската компанија. Тоа значи дека доколку „АЕ СОЛАР АД ТЕТОВО“ аплицира за државна помош, Паунов најверојатно нема да биде дел од преговарачкиот процес со институциите, ниту пак, неговото име ќе стои на потпишаните договори за доделувањето на државната помош. Иако на крај, државните пари ќе завршат во компанијата во која тој има удел.
Повеќе на А1он

The post Кумот на Ковачевски може да добие државна помош без името да му се спомене appeared first on Република.

]]>
Нови 7.000 евра државна помош за кумот на Ковачевски https://republika.mk/vesti/makedonija/novi-7-000-evra-drzhavna-pomosh-za-kumot-na-kovachevski/ Mon, 26 Dec 2022 13:54:27 +0000 https://republika.mk/?p=590151

Во ек на кризи, кои периодов значително го осиромашија македонскиот народ, компанијата за производство на фотоволтаични модули „Пиксел Гроуп“, во сопственост на кумот на премиерот Ковачевски - Горан Паунов, изминатиов период добила државни пари во износ од 521.413 евра, алармираат од Левица.

Контроверзната „Пиксел Гроуп“, во која Ковачевски беше косопственик, продолжува да ја празни државната каса. Имено, и покрај бројните реакции на јавноста, пред една недела ѝ се префрлени уште 7.812 евра од сметката на Фондот за иновации на оваа компанија. По пат на договори за финансиска поддршка од Владата, „Пиксел Гроуп“ од 30.12.2019 до 30.12.2021 година, добила државна помош во вредност од 27.262.082 денари. Преку проекти од Фондот за иновации и технолошки развој пак, оваа компанија добила 4.804.848 денари во период од 2020 до 2022 година. Антикорупционерите ги премолчија и продолжуваат да молчат за сите афери на власта. Јасно е дека најголем генератор на коруција и сиромаштија е врхушката на оваа власт, која по примерот на бизнисите на фамилијата Заеви, продолжува да го цеди буџетот - овој пат преку фамилијата Ковачевски, велат од Левица.

https://republika.mk/vesti/makedonija/levica-energetskata-kriza-e-bombona-biznis-za-kovachevski-i-zaevi/

The post Нови 7.000 евра државна помош за кумот на Ковачевски appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ: Пиксел груп основана од Ковачевски добивала државна помош додека тој е заменик министер, ДКСК да отвори постапка https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-piksel-grup-osnovana-od-kovachevski-dobivala-drzavna-pomosh-dodeka-toj-e-zamenik-minister-dksk-da-otvori-postapka/ Tue, 18 Oct 2022 07:03:25 +0000 https://republika.mk/?p=562352

Пиксел груп основана од Ковачевски добивала државна помош додека тој е заменик министер, ДКСК да отвори постапка, бараат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека самиот Ковачевски признал дека од него формирана фирма добивала државна помош, додека тој е на функција.

Само ДКСК уште глуми дека не слуша и не гледа и ништо. Над 300.000 евра се исплатени кон Пиксел груп додека Ковачевски е заменик министер и мандатар за состав на нова влада. Истата оваа Пиксел груп, е фирма која гради фабрика за само една година од основањето, а откако Ковачевски кој ја основал станува премиер, таа почнува инвестиција од 54 милиони евра во ТИРЗ Тетово. Пиксел групне фирмата која произведува фотоволтаични панели, дел од соларниот картел, а КМГ ЕОЛ Квазар, на кумот на Ковачевски се јавува на тендери за поставување на истите. Фирмите од аферата Броило откако е СДС на власт од државата добиле 2 милиони евра тендери и склучиле договор со ЕВН од над 2 милиони евра, се вели во партиското соопштение.

Ковачевски е во центарот на аферата Броило. Одговорност мора да има.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Пиксел груп основана од Ковачевски добивала државна помош додека тој е заменик министер, ДКСК да отвори постапка appeared first on Република.

]]>

Пиксел груп основана од Ковачевски добивала државна помош додека тој е заменик министер, ДКСК да отвори постапка, бараат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека самиот Ковачевски признал дека од него формирана фирма добивала државна помош, додека тој е на функција. Само ДКСК уште глуми дека не слуша и не гледа и ништо. Над 300.000 евра се исплатени кон Пиксел груп додека Ковачевски е заменик министер и мандатар за состав на нова влада. Истата оваа Пиксел груп, е фирма која гради фабрика за само една година од основањето, а откако Ковачевски кој ја основал станува премиер, таа почнува инвестиција од 54 милиони евра во ТИРЗ Тетово. Пиксел групне фирмата која произведува фотоволтаични панели, дел од соларниот картел, а КМГ ЕОЛ Квазар, на кумот на Ковачевски се јавува на тендери за поставување на истите. Фирмите од аферата Броило откако е СДС на власт од државата добиле 2 милиони евра тендери и склучиле договор со ЕВН од над 2 милиони евра, се вели во партиското соопштение. Ковачевски е во центарот на аферата Броило. Одговорност мора да има.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Пиксел груп основана од Ковачевски добивала државна помош додека тој е заменик министер, ДКСК да отвори постапка appeared first on Република.

]]>
Лефков: ДКСК пуштени низ вода, дезертерот Ковачевски призна дека додека бил заменик министер е исплаќана помош на „Пиксел груп“, која е во центарот на аферата Броило https://republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-dksk-pushteni-niz-voda-dezerterot-kovachevski-prizna-deka-dodeka-bil-zamenik-minister-e-isplakjana-pomosh-na-piksel-grup-koja-e-vo-centarot-na-aferata-broilo/ Tue, 11 Oct 2022 10:28:38 +0000 https://republika.mk/?p=559653

Дезертерот Ковачевски сам призна дека додека бил заменик министер за финансии е исплаќана помош на фирмата Пиксел груп, основана од него, а сега во центарот на аферата „Броило“, тешка 26 милиони евра. ДКСК се буквално пуштени низ вода по вчерашната изјава на Ковачевски, кој сам призна дека наводите од нашите прес конференции се целосно точни, и дека во време кога тој е заменик министер за финансии е исплаќана помош на фирма основана од него, а сега во посед на неговиот кум, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков на денешната прес конференција.

Тој посочи дека вчера ДКСК предвреме се обиде да го амнестира Ковачевски.

Јасно е дека гласот на ДКСК е Ковачевски кој сака да гоа испере криминалот преку наводна констатација на ДКСК дека нема криминал. Како тоа утврдија дека нема судир на интереси и трговија со влијание кога Пиксел груп формирана од самиот Ковачевски е основана 5 месеци откако СДС доаѓа на власт во 2017 година? И за само една година оваа фирма гради фабрика за фотоволтаици. Кои факти ги анализираше ДКСК и врз основа на кои документи утврди дека нема судир на интереси треба да елаборира пред јавноста? Истата оваа Пиксел груп, 8 месеци откако Ковачевски станува премиер влегува во инвестиција од 54 милиони евра, за изградба на фабрика во ТИРЗ Тетово за производство на фотоволтаични панели заедно со бугарски партнер. Бугарската фирма – партнер на Пиксел груп основана од Ковачевски, е основана неколку месеци откако Ковачевски станува премиер во Македонија. Кога ДКСК одлучи повторно да ја штити власта, сега останува ЈО да го истражи патот на парите во Пиксел груп, основана од Ковачевски и неговиот кум, а сега водена само од неговиот кум. Како оваа фирма се наоѓа во вртлогот на аферата Броило од 26 милиони евра, и дали се користени државни влијанија? Не смее да се заборави, ниту дека Пиксел груп е фирмата која ги произведува фотоволтаичните панели, кои КМГ ЕОЛ Квазар на кумот на Ковачевски ги монтира на тендерите добиени од државата во висина од 2 милиони евра, и договорот со ЕВН во вредност од над 2 милиони евра Дека се наликува на злосторничко здружение околу Пиксел груп е и фактот што оваа фирма добива над половина милион евра државна помош, а за половина од тоа време Ковачевски е заменик министер и мандатар за избор на нова влада, појасни Лефков.

Пратеникот порача ЈО да не чека и да истражи, дали и колкаво е влијанието на Ковачевски и дали тој ја злоупотребил својата положба во трупањето на милиони на соларниот картел.

А ДКСК да престане политички да го амнестира врвот на владата, а со тоа и соларниот картел, а за многу кратко ќе објавиме и кои се причините поради ваквата заштита, додаде тој.

https://youtu.be/qdIaf7_KeRM

The post Лефков: ДКСК пуштени низ вода, дезертерот Ковачевски призна дека додека бил заменик министер е исплаќана помош на „Пиксел груп“, која е во центарот на аферата Броило appeared first on Република.

]]>

Дезертерот Ковачевски сам призна дека додека бил заменик министер за финансии е исплаќана помош на фирмата Пиксел груп, основана од него, а сега во центарот на аферата „Броило“, тешка 26 милиони евра. ДКСК се буквално пуштени низ вода по вчерашната изјава на Ковачевски, кој сам призна дека наводите од нашите прес конференции се целосно точни, и дека во време кога тој е заменик министер за финансии е исплаќана помош на фирма основана од него, а сега во посед на неговиот кум, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков на денешната прес конференција. Тој посочи дека вчера ДКСК предвреме се обиде да го амнестира Ковачевски.
Јасно е дека гласот на ДКСК е Ковачевски кој сака да гоа испере криминалот преку наводна констатација на ДКСК дека нема криминал. Како тоа утврдија дека нема судир на интереси и трговија со влијание кога Пиксел груп формирана од самиот Ковачевски е основана 5 месеци откако СДС доаѓа на власт во 2017 година? И за само една година оваа фирма гради фабрика за фотоволтаици. Кои факти ги анализираше ДКСК и врз основа на кои документи утврди дека нема судир на интереси треба да елаборира пред јавноста? Истата оваа Пиксел груп, 8 месеци откако Ковачевски станува премиер влегува во инвестиција од 54 милиони евра, за изградба на фабрика во ТИРЗ Тетово за производство на фотоволтаични панели заедно со бугарски партнер. Бугарската фирма – партнер на Пиксел груп основана од Ковачевски, е основана неколку месеци откако Ковачевски станува премиер во Македонија. Кога ДКСК одлучи повторно да ја штити власта, сега останува ЈО да го истражи патот на парите во Пиксел груп, основана од Ковачевски и неговиот кум, а сега водена само од неговиот кум. Како оваа фирма се наоѓа во вртлогот на аферата Броило од 26 милиони евра, и дали се користени државни влијанија? Не смее да се заборави, ниту дека Пиксел груп е фирмата која ги произведува фотоволтаичните панели, кои КМГ ЕОЛ Квазар на кумот на Ковачевски ги монтира на тендерите добиени од државата во висина од 2 милиони евра, и договорот со ЕВН во вредност од над 2 милиони евра Дека се наликува на злосторничко здружение околу Пиксел груп е и фактот што оваа фирма добива над половина милион евра државна помош, а за половина од тоа време Ковачевски е заменик министер и мандатар за избор на нова влада, појасни Лефков.
Пратеникот порача ЈО да не чека и да истражи, дали и колкаво е влијанието на Ковачевски и дали тој ја злоупотребил својата положба во трупањето на милиони на соларниот картел.
А ДКСК да престане политички да го амнестира врвот на владата, а со тоа и соларниот картел, а за многу кратко ќе објавиме и кои се причините поради ваквата заштита, додаде тој.
https://youtu.be/qdIaf7_KeRM

The post Лефков: ДКСК пуштени низ вода, дезертерот Ковачевски призна дека додека бил заменик министер е исплаќана помош на „Пиксел груп“, која е во центарот на аферата Броило appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: „Соларниот картел“ почнува со доаѓањето на СДС на власт, од тогаш бизнисот е тежок 26 милиони евра https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-solarniot-kartel-pochnuva-so-doagjanjeto-na-sds-na-vlast-od-togash-biznisot-e-tezok-26-milioni-evra/ Sat, 08 Oct 2022 09:46:56 +0000 https://republika.mk/?p=558693

Соларниот картел почнува со доаѓањето на СДС на власт, од тогаш до денес бизнисот е тежок 26 милиони евра. Дезертерот Ковачевски ја основа „Пиксел Груп“ 5 месеци по доаѓањето на СДС на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Пиксел Груп“ е централната фирма во аферата „Броило“, и таа сега е содружник со бугарска фирма, со која заедно градат фабрика во Тетово од 54 милиони евра. „Пиксел Груп“, основана од Ковачевски добивала и државна помош, и тоа во време кога тој е и заменик министер, но и мандатар за состав на влада. Другата фирма од соларниот картел, КМГ ЕОЛ Квазар, основана од кумот на Ковачевски, Горанчо Паунов, откако е СДС на власт добива скоро 2 милиони евра тендери од државни институции, и склучува договор со ЕВН во висина од над 2 милиони евра. Денеска ќе откриеме нови детали од аферата „Броило“, и за тоа кој точно е кумот на Ковачевски и неговите врски со СДС - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: „Соларниот картел“ почнува со доаѓањето на СДС на власт, од тогаш бизнисот е тежок 26 милиони евра appeared first on Република.

Ковачевски за „Броило“: Јас сум основач на „Пиксел“, но кога станав министер ги отстапив уделите https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-za-broilo-jas-sum-osnovach-na-piksel-no-koga-stanav-minister-gi-otstapiv-udelite/ Fri, 07 Oct 2022 21:41:07 +0000 https://republika.mk/?p=558618

Јас еден од сновачите на компанијата „Пиксел“ која е формирана 2017/2018 година, но кога станав министер јас ги отстапив уделите, вели премиерот Димитар Ковачевски за аферата „Броило“ за којашто го обвинува опозицијата.

-Јас сум еден од основачите, и сите тогаш велеа како е можно во Македонија да се направи производство на фотоволтаични модули, бидејќи немало такво производство, ниту експертиза. Не беше лесно да се направи таа фабрика, значи тоа е фабрика која што постои. Во моментот кога јас станав заменик министер за финансии, јас финансиските средства кои што ги имав вложено во таа инвестиција, ги повлеков нормално со банкарски трансфер и ги отстапив сите удели кои што ги имав, вели Ковачевски.

На прашањето дали ќе тужи, Ковачевски вели дека ќе види, односно адвокатите ќе кажат.

The post Ковачевски за „Броило“: Јас сум основач на „Пиксел“, но кога станав министер ги отстапив уделите appeared first on Република.

Лефков: Фирмата на кумот на Ковачевски склучила договор со ЕВН од над 2 милиони евра https://republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-firmata-na-kumot-na-kovachevski-skluchila-dogovor-so-evn-od-nad-2-milioni-evra/ Thu, 06 Oct 2022 09:44:49 +0000 https://republika.mk/?p=557928

Само во еден потег, кумот на премиерот Ковачевски добил работа од 2 милиони евра. Фирмата на кумот на Ковачевски склучува договор со ЕВН, каде државата има удел, во време кога дезертерот Ковачевски е заменик министер за финансии рече на прес-конференција Мите Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Фирмата на кумот на Ковачевски склучува договор со ЕВН, каде државата има удел, во време кога дезертерот Ковачевски е заменик министер за финансии. Договорот помеѓу КМГ ЕОЛ Квазар на кумот на Ковачевски и ЕВН е склучен на 03.02.2021 година, и истиот е во вкупна вредност од 123 милиони денари, без вкалкулиран ДДВ, односно над 2 милиони евра. Договорот на фирмата на кумот на Ковачевски со ЕВН е со времетраење од две години, и тој е се уште во сила, односно ЕВН се уште може да ги користи услугите на КМГ ЕОЛ Квазар, на кумот на Ковачевски, додека самиот Ковачевски е премиер на државата, објасни Лефков.

Тој вели дека сомнеж буди фактот што Ковачевски е заменик-министер додека фирма на неговиот кум склучува договор со претпријатие каде државата има интерес.

Дополнителен сомнеж буди фактот што договорот може да се извршува и да се користат услуги од истиот додека Ковачевски е премиер, додава Лефков.

Фирмата на кумот на Ковачевски не е производител на панелите, туку само ги монтира истите, а произведувач на фотоволтаични панели во соларниот картел на фирми е фирмата основана од Ковачевски, Пиксел груп.

На овој начин фирмата основана од Ковачевски е фирмата кај која ќе завршат парите од оваа набавка од над 2 милиони евра. Со ова фирмата основана од Ковачевски е таа која има директен профит од договорот помеѓу КМГ ЕОЛ Квазар и ЕВН. 

The post Лефков: Фирмата на кумот на Ковачевски склучила договор со ЕВН од над 2 милиони евра appeared first on Република.

„Народ пати, Таче кеш млати“: Осамнаа плакати на „Бихаќка“, во Ѓорче Петров, кај Железничка, под Кале… https://republika.mk/vesti/makedonija/narod-pati-tache-kesh-mlati-osamnaa-plakati-na-bihachka-vo-gjorche-petrov-kaj-zeleznichka-pod-kale/ Thu, 06 Oct 2022 07:10:57 +0000 https://republika.mk/?p=557811

Утрово на повеќе локации низ Скопје осамнаа плакати со порака „Народ пати, Таче кеш млати“. Фотографиите од премиерот висат во Ѓорче Петров, кај Железничка, на „Бихаќка“, под Кале...

Герила акцијата доаѓа после обелоденувањето на аферата „Броило“ поврзана со фирмата „Пиксел груп“, во која како коосновач се јавува токму Димитар Ковачевски, а е формирана заедно со неговиот пријател и кум Горан Паунов.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ објавија дека оваа фирма, заедно со фирмата КМГ ЕОЛ Квазар, фирма само на кумот Паунов, се вмешани во бизниси во вредност од 26 милиони евра и најавија обелоденување на други бизниси поврзани со соларниот картел, како дека еден ден откако Ковачевски станува мандатар за состав на нова влада на 29 декември минатата година, „Пиксел груп“ добива исплата на државна помош од над 203 илјади евра.

https://republika.mk/vesti/makedonija/afera-broilo-dimitar-kovachevski-i-negoviot-kum-zdruzeni-vo-solaren-kartel-svrtele-26-milioni-evra/

The post „Народ пати, Таче кеш млати“: Осамнаа плакати на „Бихаќка“, во Ѓорче Петров, кај Железничка, под Кале… appeared first on Република.

]]>

Утрово на повеќе локации низ Скопје осамнаа плакати со порака „Народ пати, Таче кеш млати“. Фотографиите од премиерот висат во Ѓорче Петров, кај Железничка, на „Бихаќка“, под Кале... Герила акцијата доаѓа после обелоденувањето на аферата „Броило“ поврзана со фирмата „Пиксел груп“, во која како коосновач се јавува токму Димитар Ковачевски, а е формирана заедно со неговиот пријател и кум Горан Паунов. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ објавија дека оваа фирма, заедно со фирмата КМГ ЕОЛ Квазар, фирма само на кумот Паунов, се вмешани во бизниси во вредност од 26 милиони евра и најавија обелоденување на други бизниси поврзани со соларниот картел, како дека еден ден откако Ковачевски станува мандатар за состав на нова влада на 29 декември минатата година, „Пиксел груп“ добива исплата на државна помош од над 203 илјади евра. https://republika.mk/vesti/makedonija/afera-broilo-dimitar-kovachevski-i-negoviot-kum-zdruzeni-vo-solaren-kartel-svrtele-26-milioni-evra/

The post „Народ пати, Таче кеш млати“: Осамнаа плакати на „Бихаќка“, во Ѓорче Петров, кај Железничка, под Кале… appeared first on Република.

]]>
Еден ден откако Ковачевски станува мандатар, на фирмата основана од него се префрлени над 203 илјади евра државна помош https://republika.mk/vesti/makedonija/eden-den-otkako-kovachevski-stanuva-mandatar-na-firmata-osnovana-od-nego-se-prefrleni-nad-203-iljadi-evra-drzavna-pomosh/ Wed, 05 Oct 2022 10:08:07 +0000 https://republika.mk/?p=557551

Еден ден откако Ковачевски станува мандатар за состав на нова влада на 29 декември минатата година, фирмата основана од него Пиксел груп која е основана токму од него добива исплата на државна помош од над 203 илјади евра, откри на денешната прес-конференција пратеникот Миле Лефков.

Значи Ковачевски со мандат за премиер, а неговата Пиксел добива државна помош од огромни 203 илјади евра. Ова е најголемата во низа исплати од над половина милион евра извршени од владата и ФТИР кон Пиксел груп основана од Ковачевски во периодот од 2019 до 2021 година, рече тој.

Лефков објасни зошто „тесна клика околу дезертерот Ковачевски“ ВМРО-ДПМНЕ ја нарекува соларен картел.

Имено покрај земените 2 милиони евра државни тендери, фирми од соларниот картел овозможиле богатење и на други фирми и лица, и со нивна помош се испумпани милиони народни пари.
Се наметнува сомнение дека преку фирмата КМГ ЕОЛ Квазар на кумот на Ковачевски, Горанчо Паунов, овозможена е можна злоупотреба во општина Гази Баба додека градоначалник на општина бил кадар на СДС.

Имено фирмата на кумот на Ковачевски е надзор на проектот за изградба и реконструкција на улично осветлување, а заврши во обвинителство, заради незавршени работи, кои биле наплатени со помош на потписот на надзорниот орган претставуван од кумот на Ковачевски.

Со проектот за улично осветлување во Гази Баба, наплатени се бандери и сијалици кои воопшто не биле поставени, а сето тоа не би можело да биде случај без потпис од фирмата на кумот на Ковачевски.

Се наметнува основа за верување и прашањето: дали потписот на кумот на Ковачевски овозможил злоупотреба во постапка од над 11 милиони денари?

Со ова гледаме дека соларниот картел, покрај директна корист за себе, има индикации дека помогнал и при правење на низа други незаконити дејствија, со кои се испумпани милиони народни пари.

Уште во колку вакви криминални тендери е вмешан кумот на Ковачевски, и колкав криминал е овозможен?

Ковачевски да почне да дава одговори, а ние продолжуваме со детали, најави Лефков.

https://youtu.be/nd6NUbZOQBc

The post Еден ден откако Ковачевски станува мандатар, на фирмата основана од него се префрлени над 203 илјади евра државна помош appeared first on Република.

]]>

Еден ден откако Ковачевски станува мандатар за состав на нова влада на 29 декември минатата година, фирмата основана од него Пиксел груп која е основана токму од него добива исплата на државна помош од над 203 илјади евра, откри на денешната прес-конференција пратеникот Миле Лефков.
Значи Ковачевски со мандат за премиер, а неговата Пиксел добива државна помош од огромни 203 илјади евра. Ова е најголемата во низа исплати од над половина милион евра извршени од владата и ФТИР кон Пиксел груп основана од Ковачевски во периодот од 2019 до 2021 година, рече тој.
Лефков објасни зошто „тесна клика околу дезертерот Ковачевски“ ВМРО-ДПМНЕ ја нарекува соларен картел.
Имено покрај земените 2 милиони евра државни тендери, фирми од соларниот картел овозможиле богатење и на други фирми и лица, и со нивна помош се испумпани милиони народни пари. Се наметнува сомнение дека преку фирмата КМГ ЕОЛ Квазар на кумот на Ковачевски, Горанчо Паунов, овозможена е можна злоупотреба во општина Гази Баба додека градоначалник на општина бил кадар на СДС. Имено фирмата на кумот на Ковачевски е надзор на проектот за изградба и реконструкција на улично осветлување, а заврши во обвинителство, заради незавршени работи, кои биле наплатени со помош на потписот на надзорниот орган претставуван од кумот на Ковачевски. Со проектот за улично осветлување во Гази Баба, наплатени се бандери и сијалици кои воопшто не биле поставени, а сето тоа не би можело да биде случај без потпис од фирмата на кумот на Ковачевски. Се наметнува основа за верување и прашањето: дали потписот на кумот на Ковачевски овозможил злоупотреба во постапка од над 11 милиони денари? Со ова гледаме дека соларниот картел, покрај директна корист за себе, има индикации дека помогнал и при правење на низа други незаконити дејствија, со кои се испумпани милиони народни пари. Уште во колку вакви криминални тендери е вмешан кумот на Ковачевски, и колкав криминал е овозможен? Ковачевски да почне да дава одговори, а ние продолжуваме со детали, најави Лефков.
https://youtu.be/nd6NUbZOQBc

The post Еден ден откако Ковачевски станува мандатар, на фирмата основана од него се префрлени над 203 илјади евра државна помош appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Мицкоски да се извини, веќе не сум сопственик на „Пиксел груп“ https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-mickoski-da-se-izvini-vekje-ne-sum-sopstvenik-na-piksel-grup/ Mon, 03 Oct 2022 12:58:36 +0000 https://republika.mk/?p=556853

Одговарајќи на новинарско прашање за „Пиксел груп“, компанијата која ја основал со неговиот кум и тендерите кои ги добила, премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека очекува извинување од ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата Христијан Мицкоски за, како што тврди - лагите кои опозицијата ги пласира за него.

Тоа е очаен обид на опозицијата да го сврти вниманието од корупцискиот скандал во кој се најде нивниот претседател, кој го обелоденија од нивната партија, нивниот градоначалник во Скопје за местење на тендер од 136 милиони евра. Она што најмалку може да го направи ВМРО – ДПМНЕ е да се извини, односно да се извини нивниот претседател. Бидејќи тој е нарачател, бидејќи тој е фатен во корупциски скандал од 136 милиони евра и претходно во други корупциски скандали за кои што се откажуваше од своите пријатели, другари. Прво да се извини, да не ги тера пратениците да изнесуваат невистини, квалификации, конструкции со оглед на тоа јас од нив ќе побарам прво извинување а потоа се она што следува врз основа на законските регулативи, рече Ковачевски.

Ковачевски рече дека ги има повлечено целосно финансиските удели во „Пиксел груп“ и нема никакви обврски ниту интереси, ниту пак има некаква улога во работењето на компанијата. Додаде дека е човек кој транспарентно пријавил во Анкетниот лист сè што поседува и дека се што досега работел во животот било најтранспарентно и согласно сите законски прописи.

Со преземањето на политичка функција како заменик министер за финансии јас си ги повлеков своите средства од „Пиксел груп“, компанија во која сум бил основач и сум бил горд на тоа. Со продавањето на уделите јас таму немам ниту било какви интереси ниту било какви обврски во однос на работењето или управувањето на таа компанија, рече Ковачевски.

Ковачевски рече дека секој човек мора да функционира врз одредени етички норми и оцени дека „конструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и фабрикуваните невистини се најдолни лаги“.

Јас сум веќе 2 недели под константни напади од страна на ВМРО – ДПМНЕ и тоа со конструкција на најдолни лаги. Во однос на првата се обратив во Собранието каде што точно може да чујат сите граѓани. Во однос на ова сметам дека треба да се извинат, затоа што јас 22 години сум работел во приватниот сектор на најтранспарентен и законит начин. Не може да се прават конструкции за тоа како функционираат компании кои што се независни во своето работење и функционираат врз основа на закони. Дали тоа значи дали ќе има тужби или не тоа не може да зависи од мене затоа што не сум јас ниту правник ниту адвокат, меѓутоа сметам дека тоа треба да го направат бидејќи конструирање на лаги – целта е да се оттргне вниманието од тоа што тој треба да објасни што се случувало со тендер од 136 милиони евра во Водовод – Скопје. Ниту јас го обвинив, ниту СДСМ, него го обвини ВМРО – ДПМНЕ, партијата во која што е претседател затоа што градоначалникот на Скопје е од ВМРО – ДПМНЕ. Арсовска ја чекаа со трубачи во ВМРО – ДПМНЕ, не ја чекаа во СДСМ, рече тој.

The post Ковачевски: Мицкоски да се извини, веќе не сум сопственик на „Пиксел груп“ appeared first on Република.

Пиксел груп: ВМРО-ДПМНЕ го злоупотреби нашето име https://republika.mk/vesti/makedonija/piksel-grup-vmro-dpmne-go-zloupotrebi-nasheto-ime/ Sun, 02 Oct 2022 18:37:05 +0000 https://republika.mk/?p=556604

Во време на светска енергетска криза кога на нашата Македонија, но и на целиот свет, му е насушно потребен секој произведен мегават електрична енергија, сметаме дека е под секое ниво, името на нашата компанија, како и на нашата компанија-мајка „КМГ ЕОЛ Квазар“, да се злоупотребуваат во дневни полички препукувања и безначајни прес-конференции, кажувајќи единствено лаги и класични манипулации за да се замајува јавноста, соопшти компанијата „Пиксел груп“.

Затоа, најостро го осудуваме секој обид за дискредитација и нашата групација да се доведе во корелација со било каква политичка структура, посочуваат од „Пиксел груп“, реагирајќи на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков денеска на прес-конференција изнесе тврдење дека фирми основани од премиерот Димитар Ковачевски и негови семејни врски „вртат милионски суми во енергетскиот бизнис“.

– „Пиксел груп, фирма основа од Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов, заедно со фирмата „КМГ ЕОЛ Квазар“, фирма само на кумот Паунов, се вмешани во бизниси во вредност од 26 милиони евра, изјави Лефков.

https://republika.mk/vesti/makedonija/afera-broilo-dimitar-kovachevski-i-negoviot-kum-zdruzeni-vo-solaren-kartel-svrtele-26-milioni-evra/

Во соопштението на „Пиксел груп“ се посочува дека уште пред назначувањето на премиерот Ковачевски за заменик министер за финансии, истапил од сопственичката структура на компанијата, бидејќи тоа е неспоиво со неговиот политички ангажман.

„Затоа уште еднаш потенцираме дека е за секаква осуда нашите компании да бидат жртва на нечии потреби за дневен политички рејтинг и бараме да не се користи името и на „Пиксел груп“ и на „КМГ ЕОЛ Квазар“ за политички маркетинг“, се наведува во соопштението.

Од „Пиксел груп“ посочуваат дека компанија на македонскиот пазар постои од 2018 година и постојано работи по највисоки корпоративно технолошки и етички стандарди.

„Целта на „Пиксел груп“ е да го забрза прифаќањето на соларната технологија како предуслов за зачувување на животната средина и да овозможи одржливо ,ефикасно и еколошко снабдување со електрична енергија,произведена од сончевата светлина. Ние работиме на слободен пазар, како приватни компании, по сите законски прописи и по највисоки етички стандарди и не користиме никакви специјални услови, надвор од оние кои на сите компании од оваа дејност им се даваат на располагање и им следуваат по закон“, додаваат од „Пиксел груп“.

Во соопштението се додава и дека компанијата „КМГ ЕОЛ Квазар“ е основана во 2007 година и е пионер во областа на фотоволтаичните системи и енергетската ефикасност.

„Сите први проекти во областа на фотоволтаичната технологија и енергетска ефикасност се поврзани со оваа компанија и тоа во период кога политичката елита што држи пресови за нас, беше на власт. Во моментов вработува повеќе од 70 вработени и неколку фирми подизведувачи и има вкупна реализација за период 2010-2021 година 1.291.668.742 денари или околу 21.002.744 евра. За тој период компанијата има исплатено придонеси и даноци за плати кон државата во износ од 23.284.533 денари“, наведуваат од „Пиксел груп“.

Во соопштението се нагласува дека „како резултат на доброто работење и визијата“ на „КМГ ЕОЛ Квазар“, се родила идејата за основање на „Пиксел груп“, како прва фабрика во земјава за производство на фотоволтаични панели според светски стандарди.

„За 4,5 години успеавме со натчовечки напори и заслуги на сите наши вработени од двете компании да произведеме преку 80 мегавати, кои што освен на домашниот пазар, успешно ги пласираме и во регионот (Србија, Косово, Албанија, Турција…) и во држави на Европската Унија, како Романија, Хрватска, Полска, Бугарија и други“, посочуваат од „Пиксел груп“.

Компанијата додава дека во неа во моментов работат околу 30 вработени на кои што редовно им се исплаќаат плати и придонеси и „се горди и задоволни што работат во високо технолошка и модерна компанија“.

„Компаниите се општествено одговорни компании, кои што давале и во иднина ќе даваат помош и спонзорства за развојот на спортот и културно-едукативните настани. Затоа, бараме извинување од оние кои пласираат вакви неточни тврдења, а во спротивно ќе ги преземеме сите правни средства кои ни стојат на располагање за заштита на угледот на двете компании.

Како и досега, стоиме транспарентно во објавување на секој податок и информација што е во интерес на јавноста и на нашата држава“, се наведува во соопштението.

The post Пиксел груп: ВМРО-ДПМНЕ го злоупотреби нашето име appeared first on Република.

]]>

Во време на светска енергетска криза кога на нашата Македонија, но и на целиот свет, му е насушно потребен секој произведен мегават електрична енергија, сметаме дека е под секое ниво, името на нашата компанија, како и на нашата компанија-мајка „КМГ ЕОЛ Квазар“, да се злоупотребуваат во дневни полички препукувања и безначајни прес-конференции, кажувајќи единствено лаги и класични манипулации за да се замајува јавноста, соопшти компанијата „Пиксел груп“. Затоа, најостро го осудуваме секој обид за дискредитација и нашата групација да се доведе во корелација со било каква политичка структура, посочуваат од „Пиксел груп“, реагирајќи на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков денеска на прес-конференција изнесе тврдење дека фирми основани од премиерот Димитар Ковачевски и негови семејни врски „вртат милионски суми во енергетскиот бизнис“.
– „Пиксел груп, фирма основа од Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов, заедно со фирмата „КМГ ЕОЛ Квазар“, фирма само на кумот Паунов, се вмешани во бизниси во вредност од 26 милиони евра, изјави Лефков.
https://republika.mk/vesti/makedonija/afera-broilo-dimitar-kovachevski-i-negoviot-kum-zdruzeni-vo-solaren-kartel-svrtele-26-milioni-evra/ Во соопштението на „Пиксел груп“ се посочува дека уште пред назначувањето на премиерот Ковачевски за заменик министер за финансии, истапил од сопственичката структура на компанијата, бидејќи тоа е неспоиво со неговиот политички ангажман.
„Затоа уште еднаш потенцираме дека е за секаква осуда нашите компании да бидат жртва на нечии потреби за дневен политички рејтинг и бараме да не се користи името и на „Пиксел груп“ и на „КМГ ЕОЛ Квазар“ за политички маркетинг“, се наведува во соопштението.
Од „Пиксел груп“ посочуваат дека компанија на македонскиот пазар постои од 2018 година и постојано работи по највисоки корпоративно технолошки и етички стандарди.
„Целта на „Пиксел груп“ е да го забрза прифаќањето на соларната технологија како предуслов за зачувување на животната средина и да овозможи одржливо ,ефикасно и еколошко снабдување со електрична енергија,произведена од сончевата светлина. Ние работиме на слободен пазар, како приватни компании, по сите законски прописи и по највисоки етички стандарди и не користиме никакви специјални услови, надвор од оние кои на сите компании од оваа дејност им се даваат на располагање и им следуваат по закон“, додаваат од „Пиксел груп“.
Во соопштението се додава и дека компанијата „КМГ ЕОЛ Квазар“ е основана во 2007 година и е пионер во областа на фотоволтаичните системи и енергетската ефикасност. „Сите први проекти во областа на фотоволтаичната технологија и енергетска ефикасност се поврзани со оваа компанија и тоа во период кога политичката елита што држи пресови за нас, беше на власт. Во моментов вработува повеќе од 70 вработени и неколку фирми подизведувачи и има вкупна реализација за период 2010-2021 година 1.291.668.742 денари или околу 21.002.744 евра. За тој период компанијата има исплатено придонеси и даноци за плати кон државата во износ од 23.284.533 денари“, наведуваат од „Пиксел груп“. Во соопштението се нагласува дека „како резултат на доброто работење и визијата“ на „КМГ ЕОЛ Квазар“, се родила идејата за основање на „Пиксел груп“, како прва фабрика во земјава за производство на фотоволтаични панели според светски стандарди. „За 4,5 години успеавме со натчовечки напори и заслуги на сите наши вработени од двете компании да произведеме преку 80 мегавати, кои што освен на домашниот пазар, успешно ги пласираме и во регионот (Србија, Косово, Албанија, Турција…) и во држави на Европската Унија, како Романија, Хрватска, Полска, Бугарија и други“, посочуваат од „Пиксел груп“. Компанијата додава дека во неа во моментов работат околу 30 вработени на кои што редовно им се исплаќаат плати и придонеси и „се горди и задоволни што работат во високо технолошка и модерна компанија“. „Компаниите се општествено одговорни компании, кои што давале и во иднина ќе даваат помош и спонзорства за развојот на спортот и културно-едукативните настани. Затоа, бараме извинување од оние кои пласираат вакви неточни тврдења, а во спротивно ќе ги преземеме сите правни средства кои ни стојат на располагање за заштита на угледот на двете компании. Како и досега, стоиме транспарентно во објавување на секој податок и информација што е во интерес на јавноста и на нашата држава“, се наведува во соопштението.

The post Пиксел груп: ВМРО-ДПМНЕ го злоупотреби нашето име appeared first on Република.

]]>
СДСМ за аферата „Броило“: Го напаѓаат Ковачевски затоа што е чесен https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-za-aferata-broilo-go-napagjaat-kovachevski-zatoa-shto-e-chesen/ Sun, 02 Oct 2022 12:43:35 +0000 https://republika.mk/?p=556525

ВМРО-ДПМНЕ фабрикува лаги, Ковачевски не е дел од сопствеништвото на Пиксел Груп, реагираат од СДСМ откако денеска ВМРО-ДПМНЕ објавија за аферата „Броило“, во која се открива дека фирма основана од премиерот Димитар Ковачевски и неговиот пријател и кум Горан Паунов добила милиони евра преку државата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/afera-broilo-dimitar-kovachevski-i-negoviot-kum-zdruzeni-vo-solaren-kartel-svrtele-26-milioni-evra/

Конкретно за оваа компанија Пиксел Гроуп Доо Скопје, Димитар Ковачевски не е дел од сопственичката структура, ниту пак е сопственик.
Уште на ден 28.09.2020 г Димитар Ковачевски во целост го повлече износот на финансиските средства вложени за обезбедување на почетната ликвидност на компанијатa. Тоа е јавно соопштено, за да може целосно да се посвети на функцијата којашто тогаш ја извршуваше, земеник министер за финансии. Сето ова може да види и во Анкетниот лист на премиерот, вели пратеничката на СДСМ, Даниела Марковска на денешната прес-конференција свикана за одбрана на лидерот на партијата.

Таа вели дека ВМРО-ДПМНЕ е очајно и „го напаѓа претседателот Ковачевски затоа што е чесен и затоа што работи за граѓаните додека Мицкоски се кара за тендери и провизии“.

Фатени со рацете во медот за тендер од 136 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски продолжуваат со фабрукување лаги и невистини за претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Дека станува збор за фабрикувана манипулацијата на ВМРО-ДПМНЕ се гледа и од тоа што споменуваат државна помош за компаниите, којашто се однесува на сите компании кои исполниле услови, вели Даниела.

Покрај денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, аферата, како дел од истражувачка серија, беше обелоденета вчера:

https://republika.mk/vesti/makedonija/kumot-na-premierot-primil-dva-milioni-evra-vo-tenderi-i-drzavna-pomosh-zasega/

The post СДСМ за аферата „Броило“: Го напаѓаат Ковачевски затоа што е чесен appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ фабрикува лаги, Ковачевски не е дел од сопствеништвото на Пиксел Груп, реагираат од СДСМ откако денеска ВМРО-ДПМНЕ објавија за аферата „Броило“, во која се открива дека фирма основана од премиерот Димитар Ковачевски и неговиот пријател и кум Горан Паунов добила милиони евра преку државата. https://republika.mk/vesti/makedonija/afera-broilo-dimitar-kovachevski-i-negoviot-kum-zdruzeni-vo-solaren-kartel-svrtele-26-milioni-evra/
Конкретно за оваа компанија Пиксел Гроуп Доо Скопје, Димитар Ковачевски не е дел од сопственичката структура, ниту пак е сопственик. Уште на ден 28.09.2020 г Димитар Ковачевски во целост го повлече износот на финансиските средства вложени за обезбедување на почетната ликвидност на компанијатa. Тоа е јавно соопштено, за да може целосно да се посвети на функцијата којашто тогаш ја извршуваше, земеник министер за финансии. Сето ова може да види и во Анкетниот лист на премиерот, вели пратеничката на СДСМ, Даниела Марковска на денешната прес-конференција свикана за одбрана на лидерот на партијата.
Таа вели дека ВМРО-ДПМНЕ е очајно и „го напаѓа претседателот Ковачевски затоа што е чесен и затоа што работи за граѓаните додека Мицкоски се кара за тендери и провизии“.
Фатени со рацете во медот за тендер од 136 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски продолжуваат со фабрукување лаги и невистини за претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Дека станува збор за фабрикувана манипулацијата на ВМРО-ДПМНЕ се гледа и од тоа што споменуваат државна помош за компаниите, којашто се однесува на сите компании кои исполниле услови, вели Даниела.
Покрај денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, аферата, како дел од истражувачка серија, беше обелоденета вчера: https://republika.mk/vesti/makedonija/kumot-na-premierot-primil-dva-milioni-evra-vo-tenderi-i-drzavna-pomosh-zasega/

The post СДСМ за аферата „Броило“: Го напаѓаат Ковачевски затоа што е чесен appeared first on Република.

]]>
Афера „Броило“: Димитар Ковачевски и неговиот кум здружени во Соларен Картел свртеле 26 милиони евра https://republika.mk/vesti/makedonija/afera-broilo-dimitar-kovachevski-i-negoviot-kum-zdruzeni-vo-solaren-kartel-svrtele-26-milioni-evra/ Sun, 02 Oct 2022 10:04:57 +0000 https://republika.mk/?p=556483

Аферата броило значи само едно – трговија со влијание, преку злосторничко здружување во Соларен Картел.

Фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис, и тоа додека Македонија е на колена, а народот осиромашен се бори секој ден да преживее. Аферата Броило ќе покаже како Ковачевски и една тесна клика се здружиле во картел кој печали и добива лична корист, истакна на денешната прес конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Пиксел груп – фирма основа од Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов, заедно со фирмата КМГ ЕОЛ Квазар, фирма само на кумот Паунов, се вмешани во бизниси во вредност од 26 милиони евра!

Во Соларниот Картел, Ковачевски и неговиот кум Паунов, по основањето на Пиксел груп, во 2018 година градат фабрика за производство на фотоволтаични панели во Кочани.

Еве доказ за тоа – фотографија од отворањето на фабриката, на која се гледа како кумовите Ковачевски – Паунов прославуваат свечено отворање на фирмата со торта.

Фирмата станува централна во бизнисот, околу која се вртат 26 милиони евра. Аферата БРОИЛО е шема која покажува како преку Пиксел груп и фирмата КМГ ЕОЛ Квазар Соларниот Картел ги свртеле парите.

Само од државни тендери во изминативе неколку години овие фирми инкасирале 1.8 милиони евра - рече Лефков.

Понатаму тој објасни:

Во 2021 година, кога Димитар Ковачевски е заменик министер за финансии, КМГ ЕОЛ Квазар склучува договор со ЕВН, врз која сега Ковачевски како премиер има мандатна сопственост преку државниот удел во ЕВН, и тоа договор за изведба на работи и испорака на фотоволтаични панели, во вредност од над 2 милиони евра.

Аферата броило зазема димензии од десетици милиони евра, кога пред месец и половина, Пиксел груп најави дека влегува во фаза на инвестиција во фабрика за производство на соларни панели во индустриската зона во Тетово, во вредност од 54 милиони евра. Ова е зона во која инвеститорите имаат даночни и царински ослободувања, а според написите во медиумите се очекува да потпишаат и договор за државна помош.

Фирмата е регистрирана под името АЕ Солар АД Тетово, како заедничка на Пиксел груп која поседува 40%, и 60% поседува фирма од Бугарија. Горанчо Паунов, кумот на премиерот Димитар Ковачевски веќе е поставен како еден од двајцата извршни директори на АЕ Солар АД Тетово. Инвестицијата на Пиксел груп треба да биде 21.6 милиони евра, соодветно на процентот на учество.

Со тоа, Ковачевски како премиер, ќе му потпише договор за државна помош, на кумот Горанчо Паунов како извршен директор на фирмата, во која 40% од сопственоста е на Пиксел груп, основана заедно со Ковачевски!

И сето ова се случува во период откако друга бугарска фирма најави инвестиција во ФЕЦ Осломеј, каде државата е партнер со 18.5%. А за која инвестиција бугарската фирма партнер на Пиксел груп се пофали на нивната интернет страница. Па оттука се поставува прашањето дали панелите произведени во фабриката во Тетово ќе завршат во ФЕЦ Осломеј, каде државата е застапена со 18.5%? И каква е улогата на Ковачевски кој се јавува како основач на фирмата која е во кругот на бизнис интересите од оваа шема, но сега и како премиер?

Лефков праша дали со фабриката во Тетово, во која Пиксел груп основана од Ковачевски е сопственик ќе се монополизира пазарот на производство и продажба на фотоволтаични панели?

Сето ова се случува во услови кога постојано се најавуваат нови поскапувања на електричната енергија за граѓаните, а бизнисот во Македонија плаќа двојно поскапа електрична енергија од бизнисот во регионот.

Во наредниот период целосно ќе откриеме како во аферата броило фирми блиски до Ковачевски стигнале да свртат 26 милиони евра.

Го повикуваме Ковачевски да не чека да ги објавуваме деталите, веднаш да каже каква е неговата вмешаност во сите бизниси на овој соларен картел и веднаш да си поднесе оставка- рече на крајот Лефков.

The post Афера „Броило“: Димитар Ковачевски и неговиот кум здружени во Соларен Картел свртеле 26 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Аферата броило значи само едно – трговија со влијание, преку злосторничко здружување во Соларен Картел. Фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис, и тоа додека Македонија е на колена, а народот осиромашен се бори секој ден да преживее. Аферата Броило ќе покаже како Ковачевски и една тесна клика се здружиле во картел кој печали и добива лична корист, истакна на денешната прес конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Пиксел груп – фирма основа од Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов, заедно со фирмата КМГ ЕОЛ Квазар, фирма само на кумот Паунов, се вмешани во бизниси во вредност од 26 милиони евра! Во Соларниот Картел, Ковачевски и неговиот кум Паунов, по основањето на Пиксел груп, во 2018 година градат фабрика за производство на фотоволтаични панели во Кочани. Еве доказ за тоа – фотографија од отворањето на фабриката, на која се гледа како кумовите Ковачевски – Паунов прославуваат свечено отворање на фирмата со торта. Фирмата станува централна во бизнисот, околу која се вртат 26 милиони евра. Аферата БРОИЛО е шема која покажува како преку Пиксел груп и фирмата КМГ ЕОЛ Квазар Соларниот Картел ги свртеле парите. Само од државни тендери во изминативе неколку години овие фирми инкасирале 1.8 милиони евра - рече Лефков.
Понатаму тој објасни:
Во 2021 година, кога Димитар Ковачевски е заменик министер за финансии, КМГ ЕОЛ Квазар склучува договор со ЕВН, врз која сега Ковачевски како премиер има мандатна сопственост преку државниот удел во ЕВН, и тоа договор за изведба на работи и испорака на фотоволтаични панели, во вредност од над 2 милиони евра. Аферата броило зазема димензии од десетици милиони евра, кога пред месец и половина, Пиксел груп најави дека влегува во фаза на инвестиција во фабрика за производство на соларни панели во индустриската зона во Тетово, во вредност од 54 милиони евра. Ова е зона во која инвеститорите имаат даночни и царински ослободувања, а според написите во медиумите се очекува да потпишаат и договор за државна помош. Фирмата е регистрирана под името АЕ Солар АД Тетово, како заедничка на Пиксел груп која поседува 40%, и 60% поседува фирма од Бугарија. Горанчо Паунов, кумот на премиерот Димитар Ковачевски веќе е поставен како еден од двајцата извршни директори на АЕ Солар АД Тетово. Инвестицијата на Пиксел груп треба да биде 21.6 милиони евра, соодветно на процентот на учество. Со тоа, Ковачевски како премиер, ќе му потпише договор за државна помош, на кумот Горанчо Паунов како извршен директор на фирмата, во која 40% од сопственоста е на Пиксел груп, основана заедно со Ковачевски! И сето ова се случува во период откако друга бугарска фирма најави инвестиција во ФЕЦ Осломеј, каде државата е партнер со 18.5%. А за која инвестиција бугарската фирма партнер на Пиксел груп се пофали на нивната интернет страница. Па оттука се поставува прашањето дали панелите произведени во фабриката во Тетово ќе завршат во ФЕЦ Осломеј, каде државата е застапена со 18.5%? И каква е улогата на Ковачевски кој се јавува како основач на фирмата која е во кругот на бизнис интересите од оваа шема, но сега и како премиер?
Лефков праша дали со фабриката во Тетово, во која Пиксел груп основана од Ковачевски е сопственик ќе се монополизира пазарот на производство и продажба на фотоволтаични панели?
Сето ова се случува во услови кога постојано се најавуваат нови поскапувања на електричната енергија за граѓаните, а бизнисот во Македонија плаќа двојно поскапа електрична енергија од бизнисот во регионот. Во наредниот период целосно ќе откриеме како во аферата броило фирми блиски до Ковачевски стигнале да свртат 26 милиони евра. Го повикуваме Ковачевски да не чека да ги објавуваме деталите, веднаш да каже каква е неговата вмешаност во сите бизниси на овој соларен картел и веднаш да си поднесе оставка- рече на крајот Лефков.

The post Афера „Броило“: Димитар Ковачевски и неговиот кум здружени во Соларен Картел свртеле 26 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Кумот на премиерот примил два милиони евра во тендери и државна помош – засега! https://republika.mk/vesti/makedonija/kumot-na-premierot-primil-dva-milioni-evra-vo-tenderi-i-drzavna-pomosh-zasega/ Sat, 01 Oct 2022 18:51:40 +0000 https://republika.mk/?p=556425

Договори за финансиска поддршка од Владата, проекти добиени преку Фондот за иновации како и новоформирана компанија за производство на соларни панели, која од неодамна е регистрирана во тетовската индустриска зона. Ваков е билансот на успех за период од пет години на
бизнисменот Горан Паунов, кум на актуелниот премиер Димитар Ковачевски, со кого партнерски ја основаа „Пиксел Груп“, компанија за производство на фотоволтаични модули, на чие свечено отворање во 2018 година присуствуваше и тогашниот премиер Зоран Заев, открива „А1он“. Само две години подоцна, откако Ковачевски одлучи да влезе во политиката како заменик-министер за финансии, кон крајот на септември 2020 година ги повлече и вложените пари во компанијата.

Но, и без Ковачевски во сопственичката структура, на „Пиксел Груп“ и оди повеќе од одлично. Можеби за компанијата не може да се најдат податоци на Бирото за јавни набавки дека добивала тендери, но, затоа, на алатката „Отворени финансии“ можат да се пронајдат вкупно 12 исплати во период од 2018 до 2021 година, државни пари кои „Пиксел Гроуп“ ги добивала од Владата и од Фондот за иновации.

Исплатите од Владата, најверојатно се однесуваат за доделување на финансиска поддршка за компанијата. На таков заклучок упатува и
документот од 159-тата седница на Владата од 2019 година, со која се носи одлука за потпишување на договор за доделување на државна
помош на „Пиксел Гроуп“. Исплати кон компанијата се евидентирани осум на број, од 2019 до крајот на 2021 година со вкупна вредност од 27
262 082 или 443.285 евра. Најголемиот износ е исплатен на претпоследниот ден од 2021 година, односно 12 531 359 денари или 203.761 евро.

Целата сторија на А1он

The post Кумот на премиерот примил два милиони евра во тендери и државна помош – засега! appeared first on Република.

]]>

Договори за финансиска поддршка од Владата, проекти добиени преку Фондот за иновации како и новоформирана компанија за производство на соларни панели, која од неодамна е регистрирана во тетовската индустриска зона. Ваков е билансот на успех за период од пет години на бизнисменот Горан Паунов, кум на актуелниот премиер Димитар Ковачевски, со кого партнерски ја основаа „Пиксел Груп“, компанија за производство на фотоволтаични модули, на чие свечено отворање во 2018 година присуствуваше и тогашниот премиер Зоран Заев, открива „А1он“. Само две години подоцна, откако Ковачевски одлучи да влезе во политиката како заменик-министер за финансии, кон крајот на септември 2020 година ги повлече и вложените пари во компанијата. Но, и без Ковачевски во сопственичката структура, на „Пиксел Груп“ и оди повеќе од одлично. Можеби за компанијата не може да се најдат податоци на Бирото за јавни набавки дека добивала тендери, но, затоа, на алатката „Отворени финансии“ можат да се пронајдат вкупно 12 исплати во период од 2018 до 2021 година, државни пари кои „Пиксел Гроуп“ ги добивала од Владата и од Фондот за иновации. Исплатите од Владата, најверојатно се однесуваат за доделување на финансиска поддршка за компанијата. На таков заклучок упатува и документот од 159-тата седница на Владата од 2019 година, со која се носи одлука за потпишување на договор за доделување на државна помош на „Пиксел Гроуп“. Исплати кон компанијата се евидентирани осум на број, од 2019 до крајот на 2021 година со вкупна вредност од 27 262 082 или 443.285 евра. Најголемиот износ е исплатен на претпоследниот ден од 2021 година, односно 12 531 359 денари или 203.761 евро. Целата сторија на А1он

The post Кумот на премиерот примил два милиони евра во тендери и државна помош – засега! appeared first on Република.

]]>