пикасо Archives - Република https://republika.mk/tema/pikaso/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Mar 2024 07:48:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пикасо Archives - Република https://republika.mk/tema/pikaso/ 32 32 Пикасо, Мартиноски, Вазарели, од денеска се во Прага и заедно со чешки уметници ќе бидат претставени на изложбата на МСУ https://republika.mk/vesti/kultura/pikaso-martinoski-vazareli-od-deneska-se-vo-praga-i-zaedno-so-cheshki-umetnitsi-ke-bidat-pretstaveni-na-izlozhbata-na-msu/ Thu, 21 Mar 2024 07:48:02 +0000 https://republika.mk/?p=756862

Дела од колекцијата на Музејот на современата уметност – Скопје, денеска ќе бидат претставени во Националната галерија во Прага. Изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје", првично беше прикажана минатата година во Кунстхале, Виена.

Во изменета верзија, изложбата е проширена со дела од колекцијата на МСУ од чехословачки уметници и од Националната галерија – Прага, која му донираше на МСУ дванаесет дела од класичниот модернизам.

Од вкупната уметничка колекција на МСУ, која брои повеќе од 5.300 дела, од МСУ информираат дека во Виена биле изложени 94 дела, како и 50 дела од современи уметници, вклучени во овој проект. Истиот концепт ќе биде пренесен во чешката Национална галерија и ќе бидат додадени уште 54 дела од колекцијата на МСУ.

Колекцијата на МСУ – Скопје е толку безвремена и актуелна, фокусирана на темата за солидарноста, за која веруваме дека треба да заживее и денес. Поставката носи нова перспектива за историјата на повоената модерна уметност и ќе бидат изложени дела од значајни западни уметници кои вообичаено не можеме да ги видиме во Чешка, како, Дејвид Хокни и Ники де Сент Фал, а во исто време публиката ќе има прилика да погледне дела од „незападните“ уметници како Марија Бономи и Вифредо Лам. Паралелно, изложбата е проширена и вклучува уметнички дела од чехословачки уметници, кои не беа изложени на претходната изложба во Виена, вели кураторот Радослав Исток од Националната галерија во Прага.

Од колекцијата на МСУ, за Прага отпатуваа дела од: Пабло Пикасо, Дејвид Хокни, Петар Лубарда, Никола Мартиноски, Димитар Аврамовски Пандилов, Виктор Вазарели, Јаспер Џонс, Алекс Кац, Алберто Бури, Душан Перчинков, Анета Светиева, Александар Калдер, Глигор Стефанов, Пјер Алешински, Кристо и Жана-Клод, Томо Владимирски, Ото Лого, Димо Тодоровски, Владимир Величковиќ, Шила Хикс, Јон Григореску, Олга Јевриќ, Енрико Бај, Олга Печенко-Срженичка, Богоја Поповски, Мерет Опенхајм, Џетулио Алвиани, Ана-Ева Бергман, Роберто Мата, Золтан Кемени, Зао Ву Ки, Ана Ева Бергман, Ханс Хартунг, Емил Фила, Франтишек Музика, Честимир Кафка, Јиржи Штирски, Јозеф Јанкович, Јан Зрзави, Оршолија Дроздик и многу други.

Поканети се и студенти по скулптура од Академијата за ликовни уметности во Прага, кои преку интерактивно студио ќе создадат дела, кои се испреплетуваат со историските настани на Скопје и денешните природни и воени катастрофи, кои честопати се искривуваат во медиумите, наведува МСУ во најавата.

The post Пикасо, Мартиноски, Вазарели, од денеска се во Прага и заедно со чешки уметници ќе бидат претставени на изложбата на МСУ appeared first on Република.

]]>

Дела од колекцијата на Музејот на современата уметност – Скопје, денеска ќе бидат претставени во Националната галерија во Прага. Изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје", првично беше прикажана минатата година во Кунстхале, Виена. Во изменета верзија, изложбата е проширена со дела од колекцијата на МСУ од чехословачки уметници и од Националната галерија – Прага, која му донираше на МСУ дванаесет дела од класичниот модернизам. Од вкупната уметничка колекција на МСУ, која брои повеќе од 5.300 дела, од МСУ информираат дека во Виена биле изложени 94 дела, како и 50 дела од современи уметници, вклучени во овој проект. Истиот концепт ќе биде пренесен во чешката Национална галерија и ќе бидат додадени уште 54 дела од колекцијата на МСУ.
Колекцијата на МСУ – Скопје е толку безвремена и актуелна, фокусирана на темата за солидарноста, за која веруваме дека треба да заживее и денес. Поставката носи нова перспектива за историјата на повоената модерна уметност и ќе бидат изложени дела од значајни западни уметници кои вообичаено не можеме да ги видиме во Чешка, како, Дејвид Хокни и Ники де Сент Фал, а во исто време публиката ќе има прилика да погледне дела од „незападните“ уметници како Марија Бономи и Вифредо Лам. Паралелно, изложбата е проширена и вклучува уметнички дела од чехословачки уметници, кои не беа изложени на претходната изложба во Виена, вели кураторот Радослав Исток од Националната галерија во Прага.
Од колекцијата на МСУ, за Прага отпатуваа дела од: Пабло Пикасо, Дејвид Хокни, Петар Лубарда, Никола Мартиноски, Димитар Аврамовски Пандилов, Виктор Вазарели, Јаспер Џонс, Алекс Кац, Алберто Бури, Душан Перчинков, Анета Светиева, Александар Калдер, Глигор Стефанов, Пјер Алешински, Кристо и Жана-Клод, Томо Владимирски, Ото Лого, Димо Тодоровски, Владимир Величковиќ, Шила Хикс, Јон Григореску, Олга Јевриќ, Енрико Бај, Олга Печенко-Срженичка, Богоја Поповски, Мерет Опенхајм, Џетулио Алвиани, Ана-Ева Бергман, Роберто Мата, Золтан Кемени, Зао Ву Ки, Ана Ева Бергман, Ханс Хартунг, Емил Фила, Франтишек Музика, Честимир Кафка, Јиржи Штирски, Јозеф Јанкович, Јан Зрзави, Оршолија Дроздик и многу други.
Поканети се и студенти по скулптура од Академијата за ликовни уметности во Прага, кои преку интерактивно студио ќе создадат дела, кои се испреплетуваат со историските настани на Скопје и денешните природни и воени катастрофи, кои честопати се искривуваат во медиумите, наведува МСУ во најавата.

The post Пикасо, Мартиноски, Вазарели, од денеска се во Прага и заедно со чешки уметници ќе бидат претставени на изложбата на МСУ appeared first on Република.

]]>
Приказната за украдената слика на Пикасо од МСУ се раскажува во Кунстхале во Виена https://republika.mk/vesti/kultura/prikaznata-za-ukradenata-slika-na-pikaso-od-msu-se-raskazhuva-vo-kunsthale-vo-viena/ Sun, 14 Jan 2024 10:57:53 +0000 https://republika.mk/?p=732793

Пабло Пикасо лично го избра уметничкото дело „Жена глава“ да му го подари на Скопје во 1965 година како гест на солидарност по земјотресот во 1963 година. Тој го следеше повикот за меѓународни уметници во рамките на Обединетите нации. Донацијата на Пикасо ги поттикна и другите уметници да донираат дела и со неа да ги поддржат скопјани, соопштуваат од музејот Кунстхале во Виена, каде во тек е изложбата „No Feeing is Final“.

Во 1971 година, пак, делото било украдено од постојаната поставка во МСУ Скопје. Барби Марковиќ ја раскажува приказната во нејзината репортажа отпечатена во нашиот бесплатен водич за изложба, стои во објавата на Кунстхале музејот.

Настанот го запиша хроничарот на Скопје, Данило Коцевски во своите „Скопски приказни“.

Наскоро ќе се навршат 50 години од кражбата на сликата на Пикасо „Глава на жена“ од Музејот на современата уметност во Скопје. Таа вест ја објавија светските медиуми и така се дозна дека Скопје поседува една толку вредна слика. И нашата домашна јавност не беше многу упатена во тој податок. Таа слика Пабло Пикасо му ја подари на градот во акцијата на солидарноста по повод скопскиот земјотрес. Настаните околу кражбата се одвиваа како во криминалистички филм, а многу детали од таа кражба во нашата јавност се малку познати. Во потрагата по исчезнатата слика се вмеша и Интерпол. Кога точно е извршена кражбата, кој и како ја извршил, кога крадците се откриени и притворени? Возбудливата и необична сторија започнува есента 1971 год., кога на насловните страници на скопските весници е објавена бомбастичната вест насловена „Украден Пикасо“.

Таа вест молскавично се прошири низ светот, а во неа буквално го пишуваше следново: „’Главата на жена’ што Пикасо му ја подари на Скопје исчезна на мистериозен начин…“. Утредента се јавува нов напис со прашањето „Од кога ја нема творбата?“, во кој се објаснува дека сликата е со димензии 73 x 55, а на нејзината опачина бил запишан датумот кога таа била завршена – на 4.1.1963 год. На Музејот во Скопје Пикасо му ја подарил Сликата 1965 год., а таа е портрет на неговата сопруга Жаклина. Исчезнувањето на сликата навистина претставуваше еден вид мистерија.
За релативно кратко време, само по неколку месеци, клопчето на кражбата полека почна да се одмоткува. На 26 март 1972 год., на насловните страници на нашите весници повторно бомбастична вест: „Подарокот од Пикасо на Скопје пронајден“.

Овој пат веста прва ја објавила американската новинска агенција Асошиејтед прес. Во неа буквално стои: „Сликата ’Глава на жена’ од Пикасо беше пронајдена во средата на аеродромот во Франкфурт, кај петмина луѓе што ѝ припаѓаат на меѓународна група крадци на уметнички дела. Тие се Германци и Југословени… Двајца се притворени, а тројца пуштени“. Сега приказната станува уште позанимлива. Републичкиот секретаријат за внатрешни работи одржал конференција за печат, а по повод оваа конференција, „Нова Македонија“ објавува голем напис, со наслов што ја открива тајната: „Крадецот на Пикасовата слика – студент на Филозофскиот факултет“.
По интервенцијата на Интерпол и службите во Скопје, Белград и Визбаден, во Франкфурт биле притворени: Ж.Б. (25), студент од Скопје, и Т.М. (26) од Лабин. Првиот бил директен учесник во кражбата, а вториот бил само посредник за препродажба на сликата во странство.

Украдената слика крадецот вешто ја сошил во внатрешноста од својот капут. Скопскиот студент им бил стар познајник на органите на прогонот. Всушност, иницијатори за кражбата биле двајца браќа, од кои постариот бил советник, додека помладиот бил директен извршител. Тој влегол во Музејот, ја извадил сликата, а потоа, низ отворениот прозорец од застаклениот дел, ја фрлил надвор од музејот. Сликата била фрлена во тревата на западната страна од објектот, која гледа кон реката Вардар. Потоа излегол, минал покрај чуварот и ја зел сликата. Подоцна, крадецот е осуден на шест години затвор.
Интересна е и приказната како сликата на Пикасо е донесена во Скопје, откако била подарена. При својот студиски престој во Париз, директорот Борис Петковски, преку многубројните контакти со влијателни луѓе блиски до уметникот, успеал да ја оствари идејата и желбата на многумина: Пикасо со задоволство му подарил слика на настраданото Скопје. Во своите сеќавања Петковски вели: „Пикасовата слика, откако ја презедов од галеријата ’Луиз Лерис’, два дена ја чував во мојата хотелска соба, сѐ додека Амбасадата на СФРЈ во Париз не се согласи да ја преземе и да ја чува до нејзиниот транспорт во Скопје“.

Но тоа не е се. Петковски успеал и лично да се сретне со Пикасо и неговата сопруга Жаклина, во музејот во Антиб: „Крајно возбуден, тогаш му се заблагодарив за подарената слика. Kога Пикасо ми рече дека многу ја сака, побрзав и јас да го речам тоа, а уметникот се провикна: ’Благодарение на бога, ќе бидеме барем двајца на светот!’ Потоа го поканив Пикасо да го посети Скопје…“.
Музејот на современата уметност, кој е формиран во 1964 год., изврши огромно влијание врз сите нас што кон крајот на 1960-тите и во 1970-тите години доаѓавме во македонската култура. Не само врз оние што се занимаваа со ликовната уметност, туку и оние од литературата, театарот, музиката, филмот.

Се случуваше по неколкупати месечно да се искачуваме до белата зграда на Калето за да го посетиме музејот. Дури и денес, по сеќавање, можеме прецизно, во старата поставка на подарените дела, да ги посочиме местата каде што се наоѓаа делата на енформелистите, на Пикасо, на Хартунг, Масон, Лубарда… Обновената поставка е одлична можност новите генерации да го пишуваат сопствениот летопис за музејот како своевидна митологија на градот. И на крајот, еден куриозитет во врска со кражбата, кој е малку познат. Имено, истата, 1971 год., кога во Скопје е украдена сликата на Пикасо, во Париз е украдено уште едно негово дело. Од галеријата „Кнедлер“, среде градот на светлината, украдена е сликата „Главата на Арлекин“. И тоа, замислете, во истиот период како и во Скопје – есента 1971 год.!, напиша Коцевски.

The post Приказната за украдената слика на Пикасо од МСУ се раскажува во Кунстхале во Виена appeared first on Република.

]]>

Пабло Пикасо лично го избра уметничкото дело „Жена глава“ да му го подари на Скопје во 1965 година како гест на солидарност по земјотресот во 1963 година. Тој го следеше повикот за меѓународни уметници во рамките на Обединетите нации. Донацијата на Пикасо ги поттикна и другите уметници да донираат дела и со неа да ги поддржат скопјани, соопштуваат од музејот Кунстхале во Виена, каде во тек е изложбата „No Feeing is Final“.
Во 1971 година, пак, делото било украдено од постојаната поставка во МСУ Скопје. Барби Марковиќ ја раскажува приказната во нејзината репортажа отпечатена во нашиот бесплатен водич за изложба, стои во објавата на Кунстхале музејот.
Настанот го запиша хроничарот на Скопје, Данило Коцевски во своите „Скопски приказни“.
Наскоро ќе се навршат 50 години од кражбата на сликата на Пикасо „Глава на жена“ од Музејот на современата уметност во Скопје. Таа вест ја објавија светските медиуми и така се дозна дека Скопје поседува една толку вредна слика. И нашата домашна јавност не беше многу упатена во тој податок. Таа слика Пабло Пикасо му ја подари на градот во акцијата на солидарноста по повод скопскиот земјотрес. Настаните околу кражбата се одвиваа како во криминалистички филм, а многу детали од таа кражба во нашата јавност се малку познати. Во потрагата по исчезнатата слика се вмеша и Интерпол. Кога точно е извршена кражбата, кој и како ја извршил, кога крадците се откриени и притворени? Возбудливата и необична сторија започнува есента 1971 год., кога на насловните страници на скопските весници е објавена бомбастичната вест насловена „Украден Пикасо“. Таа вест молскавично се прошири низ светот, а во неа буквално го пишуваше следново: „’Главата на жена’ што Пикасо му ја подари на Скопје исчезна на мистериозен начин…“. Утредента се јавува нов напис со прашањето „Од кога ја нема творбата?“, во кој се објаснува дека сликата е со димензии 73 x 55, а на нејзината опачина бил запишан датумот кога таа била завршена – на 4.1.1963 год. На Музејот во Скопје Пикасо му ја подарил Сликата 1965 год., а таа е портрет на неговата сопруга Жаклина. Исчезнувањето на сликата навистина претставуваше еден вид мистерија. За релативно кратко време, само по неколку месеци, клопчето на кражбата полека почна да се одмоткува. На 26 март 1972 год., на насловните страници на нашите весници повторно бомбастична вест: „Подарокот од Пикасо на Скопје пронајден“.
Овој пат веста прва ја објавила американската новинска агенција Асошиејтед прес. Во неа буквално стои: „Сликата ’Глава на жена’ од Пикасо беше пронајдена во средата на аеродромот во Франкфурт, кај петмина луѓе што ѝ припаѓаат на меѓународна група крадци на уметнички дела. Тие се Германци и Југословени… Двајца се притворени, а тројца пуштени“. Сега приказната станува уште позанимлива. Републичкиот секретаријат за внатрешни работи одржал конференција за печат, а по повод оваа конференција, „Нова Македонија“ објавува голем напис, со наслов што ја открива тајната: „Крадецот на Пикасовата слика – студент на Филозофскиот факултет“. По интервенцијата на Интерпол и службите во Скопје, Белград и Визбаден, во Франкфурт биле притворени: Ж.Б. (25), студент од Скопје, и Т.М. (26) од Лабин. Првиот бил директен учесник во кражбата, а вториот бил само посредник за препродажба на сликата во странство. Украдената слика крадецот вешто ја сошил во внатрешноста од својот капут. Скопскиот студент им бил стар познајник на органите на прогонот. Всушност, иницијатори за кражбата биле двајца браќа, од кои постариот бил советник, додека помладиот бил директен извршител. Тој влегол во Музејот, ја извадил сликата, а потоа, низ отворениот прозорец од застаклениот дел, ја фрлил надвор од музејот. Сликата била фрлена во тревата на западната страна од објектот, која гледа кон реката Вардар. Потоа излегол, минал покрај чуварот и ја зел сликата. Подоцна, крадецот е осуден на шест години затвор. Интересна е и приказната како сликата на Пикасо е донесена во Скопје, откако била подарена. При својот студиски престој во Париз, директорот Борис Петковски, преку многубројните контакти со влијателни луѓе блиски до уметникот, успеал да ја оствари идејата и желбата на многумина: Пикасо со задоволство му подарил слика на настраданото Скопје. Во своите сеќавања Петковски вели: „Пикасовата слика, откако ја презедов од галеријата ’Луиз Лерис’, два дена ја чував во мојата хотелска соба, сѐ додека Амбасадата на СФРЈ во Париз не се согласи да ја преземе и да ја чува до нејзиниот транспорт во Скопје“. Но тоа не е се. Петковски успеал и лично да се сретне со Пикасо и неговата сопруга Жаклина, во музејот во Антиб: „Крајно возбуден, тогаш му се заблагодарив за подарената слика. Kога Пикасо ми рече дека многу ја сака, побрзав и јас да го речам тоа, а уметникот се провикна: ’Благодарение на бога, ќе бидеме барем двајца на светот!’ Потоа го поканив Пикасо да го посети Скопје…“. Музејот на современата уметност, кој е формиран во 1964 год., изврши огромно влијание врз сите нас што кон крајот на 1960-тите и во 1970-тите години доаѓавме во македонската култура. Не само врз оние што се занимаваа со ликовната уметност, туку и оние од литературата, театарот, музиката, филмот.
Се случуваше по неколкупати месечно да се искачуваме до белата зграда на Калето за да го посетиме музејот. Дури и денес, по сеќавање, можеме прецизно, во старата поставка на подарените дела, да ги посочиме местата каде што се наоѓаа делата на енформелистите, на Пикасо, на Хартунг, Масон, Лубарда… Обновената поставка е одлична можност новите генерации да го пишуваат сопствениот летопис за музејот како своевидна митологија на градот. И на крајот, еден куриозитет во врска со кражбата, кој е малку познат. Имено, истата, 1971 год., кога во Скопје е украдена сликата на Пикасо, во Париз е украдено уште едно негово дело. Од галеријата „Кнедлер“, среде градот на светлината, украдена е сликата „Главата на Арлекин“. И тоа, замислете, во истиот период како и во Скопје – есента 1971 год.!, напиша Коцевски.

The post Приказната за украдената слика на Пикасо од МСУ се раскажува во Кунстхале во Виена appeared first on Република.

]]>
Почина Франсоаз Жило, единствената жена што го остави Пикасо https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochina-fransoaz-zhilo-edinstvenata-zhena-shto-go-ostavi-pikaso/ Wed, 07 Jun 2023 12:15:20 +0000 https://republika.mk/?p=648842

Веста за нејзината смрт ја потврди ќерката Аурелија, која рече дека Жило неодамна имала проблеми со срцето и белите дробови.

Славниот сликар го запознава за време на окупацијата – таа има 21, а тој 40 години повеќе од неа. Иако никогаш не се венчаа, имаа две деца. За време на нивната врска, законската сопруга Олга често ја вознемируваше и физички напаѓаше.

Сликите на Пикасо од тоа време најчесто се фокусирани на семејниот живот, а на многу од нив ја прикажувал како мајка, незаинтерсирана за децата кои си играат околу неа.

И денес е култна фотографијата од времето кога била муза на Пикасо, на која тој ја штити и крие со голем чадор за сонце на плажа во јужна Франција, снимена од Роберт Капа, но Франсоаз по десет години се охрабри да излезе од таа заштита.

Франсоаз беше единствената жена која го напуштила егоцентричниот гениј, а својата десетгодишна врска со него ја опиша во книгата „Животот со Пикасо“, која е објавена во 1964 годинс и по која е снимен филм „Да се преживее Пикасо“, со Ентони Хопкинс во главната улога.

[caption id="attachment_648847" align="alignnone" width="1024"] SURVIVING PICASSO, from left: Natascha McElhone, Anthony Hopkins as Pablo Picasso, 1996, © Warner Brothers[/caption]

Пикасо се обиде да ја спречи да ги објави мемоарите, а подоцна, чувствувајќи се дека го изневерила, до крајот на животот одбивал да ги види своите деца. Таа се премажи, објавуваше романи и работеше како учителка.

Без оглед на оваа славна афера, по која веројатно ќе биде запаметена во јавноста, нејзните уметнички дела се изложени во повеќе од десет музеи, вклучувајќи го и Метрополитен, Музејот Мома и Центарот Помпиду во Париз и побарувачката за нив, како и нивните цени, се во постојан пораст.

Една нејзина слика пред две години беше продадена во Сотби за милион и триста илјади долари.

 

The post Почина Франсоаз Жило, единствената жена што го остави Пикасо appeared first on Република.

]]>

Веста за нејзината смрт ја потврди ќерката Аурелија, која рече дека Жило неодамна имала проблеми со срцето и белите дробови.

Славниот сликар го запознава за време на окупацијата – таа има 21, а тој 40 години повеќе од неа. Иако никогаш не се венчаа, имаа две деца. За време на нивната врска, законската сопруга Олга често ја вознемируваше и физички напаѓаше.
Сликите на Пикасо од тоа време најчесто се фокусирани на семејниот живот, а на многу од нив ја прикажувал како мајка, незаинтерсирана за децата кои си играат околу неа. И денес е култна фотографијата од времето кога била муза на Пикасо, на која тој ја штити и крие со голем чадор за сонце на плажа во јужна Франција, снимена од Роберт Капа, но Франсоаз по десет години се охрабри да излезе од таа заштита. Франсоаз беше единствената жена која го напуштила егоцентричниот гениј, а својата десетгодишна врска со него ја опиша во книгата „Животот со Пикасо“, која е објавена во 1964 годинс и по која е снимен филм „Да се преживее Пикасо“, со Ентони Хопкинс во главната улога. [caption id="attachment_648847" align="alignnone" width="1024"] SURVIVING PICASSO, from left: Natascha McElhone, Anthony Hopkins as Pablo Picasso, 1996, © Warner Brothers[/caption]
Пикасо се обиде да ја спречи да ги објави мемоарите, а подоцна, чувствувајќи се дека го изневерила, до крајот на животот одбивал да ги види своите деца. Таа се премажи, објавуваше романи и работеше како учителка. Без оглед на оваа славна афера, по која веројатно ќе биде запаметена во јавноста, нејзните уметнички дела се изложени во повеќе од десет музеи, вклучувајќи го и Метрополитен, Музејот Мома и Центарот Помпиду во Париз и побарувачката за нив, како и нивните цени, се во постојан пораст. Една нејзина слика пред две години беше продадена во Сотби за милион и триста илјади долари.
 

The post Почина Франсоаз Жило, единствената жена што го остави Пикасо appeared first on Република.

]]>
Србин во Швајцарија украл две слики од Пикасо, па ги продал на пазар за 150 евра https://republika.mk/vesti/svet/srbin-vo-shvajtsarija-ukral-dve-sliki-od-pikaso-pa-gi-prodal-na-pazar-za-150-evra/ Wed, 15 Mar 2023 18:55:59 +0000 https://republika.mk/?p=619994

Српски државјанин (37) е осуден во Швајцарија на четири ипол години затвор за грабеж на уметнички дела на Пабло Пикасо, кои ги украл во 2020 година. Тој тврди дека ги продал на пазар за 150 евра!

Грабежот се случил кога двајца мажи нападнале старец (80), го врзале, ја опустошиле куќата и украле две оригинални слики од Пабло Пикасо. Украдениот плен бил вреден вкупно 75.000 франци.

Еден од разбојниците е уапсен, а неговото однесување на суд предизвика големи реакции во јавноста.

Сликите беа лажни, па ги продадов за 150 евра на пазар, изјавил разбојникот на суд, пренесува српска „Република“.

За време на судењето тој се расплакал.

Како што изјавил, ги изгубил сите пари играјќи покер и не му останало ништо. Кажал и дека не сакал ништо да му се случи на старецот. Дури се вратил на местото на злосторството, односно ден по грабежот застанал покрај куќата за да види дали старецот успеал да се ослободи.

Судот изрече казна затвор од четири и пол години и тој ќе мора да ја напушти Швајцарија на десет години.

The post Србин во Швајцарија украл две слики од Пикасо, па ги продал на пазар за 150 евра appeared first on Република.

]]>

Српски државјанин (37) е осуден во Швајцарија на четири ипол години затвор за грабеж на уметнички дела на Пабло Пикасо, кои ги украл во 2020 година. Тој тврди дека ги продал на пазар за 150 евра! Грабежот се случил кога двајца мажи нападнале старец (80), го врзале, ја опустошиле куќата и украле две оригинални слики од Пабло Пикасо. Украдениот плен бил вреден вкупно 75.000 франци. Еден од разбојниците е уапсен, а неговото однесување на суд предизвика големи реакции во јавноста.
Сликите беа лажни, па ги продадов за 150 евра на пазар, изјавил разбојникот на суд, пренесува српска „Република“.
За време на судењето тој се расплакал. Како што изјавил, ги изгубил сите пари играјќи покер и не му останало ништо. Кажал и дека не сакал ништо да му се случи на старецот. Дури се вратил на местото на злосторството, односно ден по грабежот застанал покрај куќата за да види дали старецот успеал да се ослободи. Судот изрече казна затвор од четири и пол години и тој ќе мора да ја напушти Швајцарија на десет години.

The post Србин во Швајцарија украл две слики од Пикасо, па ги продал на пазар за 150 евра appeared first on Република.

]]>