пијано трио Archives - Република https://republika.mk/tema/pijano-trio/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Sep 2024 07:47:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пијано трио Archives - Република https://republika.mk/tema/pijano-trio/ 32 32 СОКОМ ќе ја додели наградат „Георги Божиков“ на „Пијано трио“ https://republika.mk/vesti/kultura/sokom-ke-ja-dodeli-nagradat-georgi-bozhikov-na-pijano-trio/ Thu, 19 Sep 2024 07:47:12 +0000 https://republika.mk/?p=817647

На Пијано триото во состав Татјана Петрушевска-Караскаковска – обоа, Марјан Милошевски – фагот и Петар Макариевски - пијано, во Филхармонијата вечер ќе му биде доделена наградата „Георги Божиков“ за 2023 година, во рамки на 47. „Денови на македонска музика“.

Сојузот на композитори на Македонија – СОКОМ ја доделува традиционално оваа награда на музички уметници и ансамбли за најуспешни изведби на дела од македонски композитори во текот на изминатата година.

Одлуката годинава ја донесе комисија во состав: проф. д-р Стефанија Лешкова-Зеленковска, музиколог, д-р Мирјана Павловска-Шулајковска, музиколог, и проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска, композитор.

Како што информира СОКОМ, Пијано триото е составено од тројца етаблирани музичари: Татјана Петрушевска-Караскаковска, прва обоа во оркестарот на НОБ, Марјан Милошевски, прв фаготист во оркестарот на НОБ и професор по фагот на ФМУ, и Петар Макариевски, уметнички соработник при ФДУ.

Триото е формирано во 2014 година и првиот настап го има на концертот и промоцијата на аудио изданието во чест на флејтистот Илија Зимбо во Скопје.

Во годините потоа, триото одржа концерти во речиси сите градови низ Македонија. Во 2022 година, македонските композитори Вања Николовски-Ѓумар и Филип Иванов напишаа дела специјално за ансамблот, кои својата светска премиера ја имаа на Фестивалот на камерна музика во Нови Сад – град што во 2022 година го носеше признанието Европски град на културата, наведува СОКОМ.

Во ноември 2022 година, триото настапи на фестивалот „Есенски музички свечености“ со рецитали од светската музичка литература, а минатата 2023-та композиторите Костадин Делиниколов и Горан Начевски посветија свои композиции на триото.

Пијано триото се одликува со изразен и моќен звук, интерактивност, прецизност и виртуозност во изведбата. Составот од обоа, фагот и пијано им овозможува на членовите на ансамблот да истражуваат широк спектар на репертоар, кој вклучува како класични композиции, така и премиерни изведби на дела од различни епохи и форми. Секоја нивна изведба е обележана со највисок уметнички дострел, соопшти Сојузот на композитори на Македонија.

Во рамки на фестивалот „Денови на македонска музика“, концерт вечер ќе има оркестарот на Македонската филхармонија кој ќе го води диригентот Томас Херцог од Швајцарија.

 

The post СОКОМ ќе ја додели наградат „Георги Божиков“ на „Пијано трио“ appeared first on Република.

]]>

На Пијано триото во состав Татјана Петрушевска-Караскаковска – обоа, Марјан Милошевски – фагот и Петар Макариевски - пијано, во Филхармонијата вечер ќе му биде доделена наградата „Георги Божиков“ за 2023 година, во рамки на 47. „Денови на македонска музика“. Сојузот на композитори на Македонија – СОКОМ ја доделува традиционално оваа награда на музички уметници и ансамбли за најуспешни изведби на дела од македонски композитори во текот на изминатата година. Одлуката годинава ја донесе комисија во состав: проф. д-р Стефанија Лешкова-Зеленковска, музиколог, д-р Мирјана Павловска-Шулајковска, музиколог, и проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска, композитор. Како што информира СОКОМ, Пијано триото е составено од тројца етаблирани музичари: Татјана Петрушевска-Караскаковска, прва обоа во оркестарот на НОБ, Марјан Милошевски, прв фаготист во оркестарот на НОБ и професор по фагот на ФМУ, и Петар Макариевски, уметнички соработник при ФДУ. Триото е формирано во 2014 година и првиот настап го има на концертот и промоцијата на аудио изданието во чест на флејтистот Илија Зимбо во Скопје.
Во годините потоа, триото одржа концерти во речиси сите градови низ Македонија. Во 2022 година, македонските композитори Вања Николовски-Ѓумар и Филип Иванов напишаа дела специјално за ансамблот, кои својата светска премиера ја имаа на Фестивалот на камерна музика во Нови Сад – град што во 2022 година го носеше признанието Европски град на културата, наведува СОКОМ.
Во ноември 2022 година, триото настапи на фестивалот „Есенски музички свечености“ со рецитали од светската музичка литература, а минатата 2023-та композиторите Костадин Делиниколов и Горан Начевски посветија свои композиции на триото.
Пијано триото се одликува со изразен и моќен звук, интерактивност, прецизност и виртуозност во изведбата. Составот од обоа, фагот и пијано им овозможува на членовите на ансамблот да истражуваат широк спектар на репертоар, кој вклучува како класични композиции, така и премиерни изведби на дела од различни епохи и форми. Секоја нивна изведба е обележана со највисок уметнички дострел, соопшти Сојузот на композитори на Македонија.
Во рамки на фестивалот „Денови на македонска музика“, концерт вечер ќе има оркестарот на Македонската филхармонија кој ќе го води диригентот Томас Херцог од Швајцарија.  

The post СОКОМ ќе ја додели наградат „Георги Божиков“ на „Пијано трио“ appeared first on Република.

]]>
Концерт на Пијано Трио во КИЦ Битола по повод 10 годишниот јубилеј https://republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-pijano-trio-vo-kits-bitola-po-povod-10-godishniot-jubilej/ Wed, 26 Jun 2024 11:44:51 +0000 https://republika.mk/?p=790984

По повод 10-годишниот јубилеј „Пијано трио“ утревечер во Свечената сала на офицерскиот дом-КИЦ Битола, со почеток во 20 часот ќе одржат концерт.

Составено од тројца етаблирани музичари - Татијана Петрушевска Караскаковска, прва обоа во  оркестарот на НОБ; Марјан Милошевски, прв фагот во оркестарот на НОБ и професор по фагот на ФМУ; Петар Макариевски, пијанист и уметнички соработник при ФДУ. Тие се тројца докажани уметници, поттикнати од желба за истражување на нови композиции и зголемување на својот репертоар, во 2014 година формираа свое трио.

Убедени дека постоење на камерни состави од секаков вид е потребно и продуктивно за музичарите како од аспект на соработка така и од потребата за зголемување на репертоарот, но и изведувањето на дела кои не се само за соло инструмент туку се во соработка со други инструменти. Формацијата на ова трио овозможува широк репертоар од различни епохи и композиции кои бараат виртуозност во изведбата и се предизвик за концертните подиуми. Х. Брод; Т. Лалие; К. Фридеман; В.А. Моцарт; Ф. Пуланк; Г.Ф. Хендл; А. Вивалди; А. Рајхенауер; Л.В. Бетовен; М. Глинка; Ж. Франсе се само дел од композиторите кои се на репертоарот на ова трио кои битолчани ќе можат да ги проследат.

 

The post Концерт на Пијано Трио во КИЦ Битола по повод 10 годишниот јубилеј appeared first on Република.

]]>

По повод 10-годишниот јубилеј „Пијано трио“ утревечер во Свечената сала на офицерскиот дом-КИЦ Битола, со почеток во 20 часот ќе одржат концерт. Составено од тројца етаблирани музичари - Татијана Петрушевска Караскаковска, прва обоа во  оркестарот на НОБ; Марјан Милошевски, прв фагот во оркестарот на НОБ и професор по фагот на ФМУ; Петар Макариевски, пијанист и уметнички соработник при ФДУ. Тие се тројца докажани уметници, поттикнати од желба за истражување на нови композиции и зголемување на својот репертоар, во 2014 година формираа свое трио. Убедени дека постоење на камерни состави од секаков вид е потребно и продуктивно за музичарите како од аспект на соработка така и од потребата за зголемување на репертоарот, но и изведувањето на дела кои не се само за соло инструмент туку се во соработка со други инструменти. Формацијата на ова трио овозможува широк репертоар од различни епохи и композиции кои бараат виртуозност во изведбата и се предизвик за концертните подиуми. Х. Брод; Т. Лалие; К. Фридеман; В.А. Моцарт; Ф. Пуланк; Г.Ф. Хендл; А. Вивалди; А. Рајхенауер; Л.В. Бетовен; М. Глинка; Ж. Франсе се само дел од композиторите кои се на репертоарот на ова трио кои битолчани ќе можат да ги проследат.  

The post Концерт на Пијано Трио во КИЦ Битола по повод 10 годишниот јубилеј appeared first on Република.

]]>
Истенчен моќен звук, висока интерактивност, прецизност и виртуозност во изведбите на „Пијано трио“ https://republika.mk/vesti/kultura/istenchen-moken-zvuk-visoka-interaktivnost-pretsiznost-i-virtuoznost-vo-izvedbite-na-pijano-trio/ Thu, 20 Jul 2023 10:46:28 +0000 https://republika.mk/?p=663472

Музичкиот репертоар на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер продолжи со концерт посветен на истакнатиот македонски уметник, флејтистот Илија Зимбо.

Во негова чест тројцата етаблирани музичари, обоистката Татијана Петрушевска – Караскаковска, фаготистот Марјан Милошевски и пијанистот Петар Макариевски обединети во „Пијано Трио“ во црквата „Света Софија“ на публиката и доловија сонати од Блаве, Пуланк и Сен Санс, а во вториот дел од концертот го отсвирија „Патетичното трио“ од Глинка и „Триото за обоа, фагот и пијано“ од Пуланк. Тие на сцената покажаа истенчен моќен звук, висока интерактивност,прецизност и индивидуалност и виртуозност во изведбите.

Зимбо беше исклучително искрен и посветен пријател и колега. Веруваше на луѓето околу себе, веруваше на своите колеги, веруваше на своите пријатели. Имено таа симбиоза на пријателство и соработка на сцената доведе до тоа, во далечната 2014 година нашето Трио да се формира и да оддаде скромна почит кон неговото севкупно творештво. И еве, после скоро 10 години таа карика т.е. нашиот пријател Илија Зимбо како и почитта едни кон други остана наш двигател и инспирација да продолжиме и понатаму да создаваме, но истовремено да им покажеме на новите генерации кои се вистинските вредности во животот, вели пијанистот Макариевски.

Првиот концерт како трио во чест на нивниот пријател и колега Илија Зимбо, членовите на овој  музички состав го имаа во 2014 година на фестивалот  Есенски музички свечености.

Заедно со Марјан и Петар организиравме концерт и промоција на неговото ЦД по повод одбележување на годишнина од неговата смрт а со цел да се присетиме на неговото дело.На концертот настапија дел од колегите со кои Илија соработуваше во текот на својата кариера а имавме и краток документарец за неговиот почеток и развој како флејтист. На тој концерт се изведоа дела кои тој најмногу ги сакаше. Ние тројца дотогаш се разбира соработуваме, но за првпат таа вечер настапивме како трио. Понатаму продолживме да делуваме како ансамбл и непрекинато концертираме веќе десет години. Оваа година се договоривме со „Охридско лето“ и селекторката Бисера Чадловска за концерт во рамките на годинешното издание на фестивалот, кое гостување на некој начин одбележува наш јубилеј па решивме да го посветиме концертот на Илија , како заслужен охриѓанец и уметник. Понатаму верувам дека ќе правиме слични концерти и ќе одбележуваме годишнини, во име на одржување на сеќавањето на неговото дело и придонес за музичката култура во Македонија, појаснува првата обоистка во оркестарот на НОБ, Татијана Петрушевска – Караскаковска.

Илија Зимбо е роден во Охрид, 1969 година, а почина во Скопје во 2011 година. Тој е истакнат македонски солист, камерен музичар и прв флејтист во оркестарот на НОБ. Иако прерано згасна неговиот живот, останаа бројни настапи како солист, камерен музичар, настапи со оркестри во Европа и пошироко, тонски видеозаписи за МРТ но и награди на бројни престижни натпревари. Неговата способност за екпериментирање и поместување на границите на звучноста на флејтата беше инспирација за повеќе македонски композитори како Томислав Зографски, Љубомир Бранѓолица, Панде Шахов и Тома Манчев да компонираат специјално за Зимбо.

Флејтистот Илија Зимбо беше дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“ одржувајќи концерти во 1993, 1998 и во 2001 година.

The post Истенчен моќен звук, висока интерактивност, прецизност и виртуозност во изведбите на „Пијано трио“ appeared first on Република.

]]>

Музичкиот репертоар на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер продолжи со концерт посветен на истакнатиот македонски уметник, флејтистот Илија Зимбо. Во негова чест тројцата етаблирани музичари, обоистката Татијана Петрушевска – Караскаковска, фаготистот Марјан Милошевски и пијанистот Петар Макариевски обединети во „Пијано Трио“ во црквата „Света Софија“ на публиката и доловија сонати од Блаве, Пуланк и Сен Санс, а во вториот дел од концертот го отсвирија „Патетичното трио“ од Глинка и „Триото за обоа, фагот и пијано“ од Пуланк. Тие на сцената покажаа истенчен моќен звук, висока интерактивност,прецизност и индивидуалност и виртуозност во изведбите.
Зимбо беше исклучително искрен и посветен пријател и колега. Веруваше на луѓето околу себе, веруваше на своите колеги, веруваше на своите пријатели. Имено таа симбиоза на пријателство и соработка на сцената доведе до тоа, во далечната 2014 година нашето Трио да се формира и да оддаде скромна почит кон неговото севкупно творештво. И еве, после скоро 10 години таа карика т.е. нашиот пријател Илија Зимбо како и почитта едни кон други остана наш двигател и инспирација да продолжиме и понатаму да создаваме, но истовремено да им покажеме на новите генерации кои се вистинските вредности во животот, вели пијанистот Макариевски.
Првиот концерт како трио во чест на нивниот пријател и колега Илија Зимбо, членовите на овој  музички состав го имаа во 2014 година на фестивалот  Есенски музички свечености.
Заедно со Марјан и Петар организиравме концерт и промоција на неговото ЦД по повод одбележување на годишнина од неговата смрт а со цел да се присетиме на неговото дело.На концертот настапија дел од колегите со кои Илија соработуваше во текот на својата кариера а имавме и краток документарец за неговиот почеток и развој како флејтист. На тој концерт се изведоа дела кои тој најмногу ги сакаше. Ние тројца дотогаш се разбира соработуваме, но за првпат таа вечер настапивме како трио. Понатаму продолживме да делуваме како ансамбл и непрекинато концертираме веќе десет години. Оваа година се договоривме со „Охридско лето“ и селекторката Бисера Чадловска за концерт во рамките на годинешното издание на фестивалот, кое гостување на некој начин одбележува наш јубилеј па решивме да го посветиме концертот на Илија , како заслужен охриѓанец и уметник. Понатаму верувам дека ќе правиме слични концерти и ќе одбележуваме годишнини, во име на одржување на сеќавањето на неговото дело и придонес за музичката култура во Македонија, појаснува првата обоистка во оркестарот на НОБ, Татијана Петрушевска – Караскаковска.
Илија Зимбо е роден во Охрид, 1969 година, а почина во Скопје во 2011 година. Тој е истакнат македонски солист, камерен музичар и прв флејтист во оркестарот на НОБ. Иако прерано згасна неговиот живот, останаа бројни настапи како солист, камерен музичар, настапи со оркестри во Европа и пошироко, тонски видеозаписи за МРТ но и награди на бројни престижни натпревари. Неговата способност за екпериментирање и поместување на границите на звучноста на флејтата беше инспирација за повеќе македонски композитори како Томислав Зографски, Љубомир Бранѓолица, Панде Шахов и Тома Манчев да компонираат специјално за Зимбо. Флејтистот Илија Зимбо беше дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“ одржувајќи концерти во 1993, 1998 и во 2001 година.

The post Истенчен моќен звук, висока интерактивност, прецизност и виртуозност во изведбите на „Пијано трио“ appeared first on Република.

]]>
Концерт на „Пијано трио“ во КИЦ https://republika.mk/vesti/kultura/koncert-na-pijano-trio-vo-kic/ Thu, 17 Nov 2022 10:42:50 +0000 https://republika.mk/?p=574857

Во Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 20 часот концерт ќе одржи „Пијано трио“. Во составот членуваат Татијана Петрушевска-Караскаковска – обоа, Марјан Милошевски – фагот и Петар Макариевски – пијано. На програмата се дела од М. Глинка и Ф. Пуланк, а македонска премиера ќе имаат дела од двајца наши композитори – Prelude & Toccata од Филип Иванов и At The Moment од Вања Николовски-Ѓумар.

Она што го карактеризира Триото како состав, се, истенчен –моќен звук, итерактивост, прецизност во изведбата и виртуозност на музичарите. „Пијано трио“ се формираше во 2014 година.

Сите остварени и потврдени уметници со своите инструменти, поттикнати од желба за истражување на нови композиции и зголемување на својот репертоар, формираа ансамбл сметајќи дека постоење на камерни ансамбли од секаков вид е потребно и полезно за музичарите, од аспект на соработка, зголемување на репертоар, изведување на дела кои не се само за соло инструмент,туку се во соработка со други онструменти.

Првиот свој настап Триото го имаше на концертот и промоцијата на ЦД во чест на флејтистот Илија Зимбо, а потоа следуваат концерти во Демир Капија, Куманово,Виница, Скопјe, Kрушево, Прилеп, Гевгелија, Берово, Делчево, Кочани. На својата програма секогаш имаат дела кои се изведуваат премиерно во Македонија, а кои дела и самата изведба на Триото, секогаш наидуваат на одушевување кај публиката.

The post Концерт на „Пијано трио“ во КИЦ appeared first on Република.

]]>

Во Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 20 часот концерт ќе одржи „Пијано трио“. Во составот членуваат Татијана Петрушевска-Караскаковска – обоа, Марјан Милошевски – фагот и Петар Макариевски – пијано. На програмата се дела од М. Глинка и Ф. Пуланк, а македонска премиера ќе имаат дела од двајца наши композитори – Prelude & Toccata од Филип Иванов и At The Moment од Вања Николовски-Ѓумар. Она што го карактеризира Триото како состав, се, истенчен –моќен звук, итерактивост, прецизност во изведбата и виртуозност на музичарите. „Пијано трио“ се формираше во 2014 година. Сите остварени и потврдени уметници со своите инструменти, поттикнати од желба за истражување на нови композиции и зголемување на својот репертоар, формираа ансамбл сметајќи дека постоење на камерни ансамбли од секаков вид е потребно и полезно за музичарите, од аспект на соработка, зголемување на репертоар, изведување на дела кои не се само за соло инструмент,туку се во соработка со други онструменти. Првиот свој настап Триото го имаше на концертот и промоцијата на ЦД во чест на флејтистот Илија Зимбо, а потоа следуваат концерти во Демир Капија, Куманово,Виница, Скопјe, Kрушево, Прилеп, Гевгелија, Берово, Делчево, Кочани. На својата програма секогаш имаат дела кои се изведуваат премиерно во Македонија, а кои дела и самата изведба на Триото, секогаш наидуваат на одушевување кај публиката.

The post Концерт на „Пијано трио“ во КИЦ appeared first on Република.

]]>
Концерт на „Пијано трио“ вечерва во КИЦ https://republika.mk/vesti/kultura/koncert-na-pijano-trio-vecherva-vo-kic/ Thu, 17 Nov 2022 08:11:23 +0000 https://republika.mk/?p=574753

Концерт на „Пијано трио“ ќе се одржи вечерва во Културно информативен центар - Скопје, со почеток во 20:00 часот.

Татијана Петрушевска Караскаковска - обоа,
Марјан Милошевски – фагот,
Петар Макариевски - пијано

ПИЈАНО ТРИО обоа,фагот и пијано
Составено од тројца етаблирани музичари, Татијана Петрушевска Караскаковска прва обоаво оркестарот на НОБ,Марјан Милошевски прв фагот во оркестарот на НОБ и професор по фагот на ФМУ и Петар Макариевски пијано,професор –корепетитор на ФДУ, ова Tрио ги здружи своите сили во 2014год.
Сите остварени и потврдени уметници со своите инструменти, поттикнати од желба за истражување на нови композиции и зголемување на својот репертоар,формираа ансамбл сметајќи дека постоење на камерни ансамбли од секаков вид е потребно и полезно за музичарите,од аспект на соработка,зголемување на репертоар,изведување на дела кои не се само за соло инструмент,туку се во соработка со други онструменти.
Во овој ансамбл имаме обоа и фагот во соработка со пијано,тоа ни овозможува широк спектар на репертоар,на кој има композиции од различни епохи,форми и кои бараат виртуозност во изведбата и се предизвик за изведување. Х.Брод,Т.Лалие,К.Фридеман,В.А.Моцарт,Ф.Пуланк, Г.Ф.Хендл,А.Вивалди,А.Рајхенауер Л.В. Бетовен, М. Глинка, се дел од композиторите кои се на репертоарот на Триото и кој постојано се збогатува со нови композиции.
Првиот свој настап Триото го имаше на концертот и промоцијата на ЦД во чест на флејтистот Илија Зимбо,следуваат концерти во Демир Капија, Куманово,Виница, Скопјe, Kрушево, Прилеп,Гевгелија,Берово,Делчево,Кочани. На својата програма секогаш имаат дела кои се изведуваат премиерно во Македонија, а кои дела и самата изведба на Триото,секогаш наидуваат на одушевување кај публиката. . Годинава (2022год), македонските композитори Вања Николовски-Ѓумар и Филип Иванов,напишаа дела специјално за Пијано за Пијано Трио , кои својата светска премиера ја имаа на Фестивал на камерна музика во Нови Сад –Европски град на култура за 2022год.
Она што го карактеризира Триото како состав, се, истенчен –моќен звук, итерактивост, прецизност во изведбата и виртуозност на музичарите.

Програма:
М.Глинка – “Trio Pathetique”
Allegro moderato
Scherzo.Vivacissimo - Trio.Meno mosso
Largo
Allegro con spirito – Allabreve,ma moderato
Ф.Иванов – Prelude & Toccata (2022god.) - македонскапремиера *
В.Николовски-Ѓумар – “At The Moment”(2022god.) - македонскапремиера *
Ф.Пуланк – Trio
Lent. Presto
Andante
Rondo

 

The post Концерт на „Пијано трио“ вечерва во КИЦ appeared first on Република.

]]>

Концерт на „Пијано трио“ ќе се одржи вечерва во Културно информативен центар - Скопје, со почеток во 20:00 часот. Татијана Петрушевска Караскаковска - обоа, Марјан Милошевски – фагот, Петар Макариевски - пијано ПИЈАНО ТРИО обоа,фагот и пијано Составено од тројца етаблирани музичари, Татијана Петрушевска Караскаковска прва обоаво оркестарот на НОБ,Марјан Милошевски прв фагот во оркестарот на НОБ и професор по фагот на ФМУ и Петар Макариевски пијано,професор –корепетитор на ФДУ, ова Tрио ги здружи своите сили во 2014год. Сите остварени и потврдени уметници со своите инструменти, поттикнати од желба за истражување на нови композиции и зголемување на својот репертоар,формираа ансамбл сметајќи дека постоење на камерни ансамбли од секаков вид е потребно и полезно за музичарите,од аспект на соработка,зголемување на репертоар,изведување на дела кои не се само за соло инструмент,туку се во соработка со други онструменти. Во овој ансамбл имаме обоа и фагот во соработка со пијано,тоа ни овозможува широк спектар на репертоар,на кој има композиции од различни епохи,форми и кои бараат виртуозност во изведбата и се предизвик за изведување. Х.Брод,Т.Лалие,К.Фридеман,В.А.Моцарт,Ф.Пуланк, Г.Ф.Хендл,А.Вивалди,А.Рајхенауер Л.В. Бетовен, М. Глинка, се дел од композиторите кои се на репертоарот на Триото и кој постојано се збогатува со нови композиции. Првиот свој настап Триото го имаше на концертот и промоцијата на ЦД во чест на флејтистот Илија Зимбо,следуваат концерти во Демир Капија, Куманово,Виница, Скопјe, Kрушево, Прилеп,Гевгелија,Берово,Делчево,Кочани. На својата програма секогаш имаат дела кои се изведуваат премиерно во Македонија, а кои дела и самата изведба на Триото,секогаш наидуваат на одушевување кај публиката. . Годинава (2022год), македонските композитори Вања Николовски-Ѓумар и Филип Иванов,напишаа дела специјално за Пијано за Пијано Трио , кои својата светска премиера ја имаа на Фестивал на камерна музика во Нови Сад –Европски град на култура за 2022год. Она што го карактеризира Триото како состав, се, истенчен –моќен звук, итерактивост, прецизност во изведбата и виртуозност на музичарите. Програма: М.Глинка – “Trio Pathetique” Allegro moderato Scherzo.Vivacissimo - Trio.Meno mosso Largo Allegro con spirito – Allabreve,ma moderato Ф.Иванов – Prelude & Toccata (2022god.) - македонскапремиера * В.Николовски-Ѓумар – “At The Moment”(2022god.) - македонскапремиера * Ф.Пуланк – Trio Lent. Presto Andante Rondo  

The post Концерт на „Пијано трио“ вечерва во КИЦ appeared first on Република.

]]>