пијанист Archives - Република https://republika.mk/tema/pijanist/ За подобро да се разбереме Mon, 20 May 2024 07:42:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пијанист Archives - Република https://republika.mk/tema/pijanist/ 32 32 Светската пијанистичка ѕвезда Фазил Сај за крај на концертната сезона на Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/svetskata-pijanistichka-zvezda-fazil-saj-za-kraj-na-kontsertnata-sezona-na-filharmonija/ Mon, 20 May 2024 07:42:20 +0000 https://republika.mk/?p=779964

На 23 мај, во четврток, со почеток во 20 часот, на концертот насловен „Алфа и омега“, ќе настапи еден од најпознатите пијанисти денес, турскиот и светскиот уметник - Фазил Сај за затворањето на концертната сезона на Македонската филхармонија.

Овој извонреден пијанист, кој поседува навистина редок талент, а со кој повеќе од три децении директно допира до срцата на публиката и критиката, за македонската публика ќе го изведе маестралниот Концерт за пијано и оркестар бр. 3 во c-moll,оп.37 од Лудвиг ван Бетовен, се вели во најавата на Филхамронија.

Диригент на концертот е маестро Јерухам Шаровски од Израел, новиот шеф-диригент на Македонската филхармонија, а на програмата оваа вечер е и уште едно дело на генијалниот Бетовен, неговата увертира „Егмонт“ оп.84, создадена по истоимената трагедија на Гете.

Во вториот дел од концертот, ќе биде изведена атрактивната Симфониска свита „Шехерезада“, оп. 35 на Николај Римски-Корсаков, создадена по мотивите од познатата бајка „1001 ноќ“.

За време на својата кариера, маестро Јерухам Шаровски диригирал со над 50 оркестри во повеќе од 20 различни земји, вклучувајќи ги и серијата концерти со маестро Лорин Мазел, диригирајќи со Минхенската филхармонија во Германија и со Симфонискиот оркестар на Ерусалим заедно со Баварскиот радио-оркестар на концерти посветени на градот Ерусалим. Маестро Мазел ќе го предложи маестро Шаровски да биде и дел од жирито на „Мазел интернационалниот натпревар за диригенти“ (2002). Широк е неговиот репертоар и во однос на оперските изведби, а во последните години тој гради навистина успешна кариера на полето на едукацијата, одржувајќи мастер-часови на значајни универзитети во светот. Во моментов, маестро Шаровски ја извршува и функцијата шеф-диригент и уметнички директор на Македонската филхармонија.

За турскиот и светски пијанист Фазил Сај (1970) критиката ќе каже дека концертите на овој пијанист се нешто поинакво. Тие се подиректни, поотворени, повозбудливи, накусо – стрелаат право во срцето. Токму тоа што го изјавил и композиторот Ариберт Рејман во 1986 година, кога при посетата на Анкара имал можност да го слушне тогаш 16-годишниот Сај. Тогаш, тој веднаш го замолил Дејвид Левин, американскиот пијанист што го придружувал на тоа патување, да дојде во Градскиот конзерваториум и му кажал: „Апсолутно мора да го слушнете, ова момче свири како ѓавол“. Фазил Сај своите први часови по пијано ги почнал кај Митхат Фенмен, кој студирал кај познатиот Алфред Корто во Париз. Чувствувајќи го талентот на неговиот ученик, Фенмен го замолил секој ден да импровизира на теми поврзани со неговиот секојдневен живот, пред да работи на зададените вежби на студиите по пијано. Токму ова, контактот со слободните креативни процеси, се смета за извор на огромниот импровизаторски талент на Фазил Сај, како и на неговиот естетски поглед и во творештвото, како композитор. Неговата извонредна техника бргу му овозможила со леснотија да ги совлада комплексните дела, од префинетоста на Бах, Хајдн и Моцарт, до виртуозната брилијантност на Лист, Мусоргски и Бетовен, што ќе му донесе победа на Меѓународниот натпревар „Young Concert Artist“ во Њујорк, во 1994 година. Оттогаш, тој настапува со сите реномирани американски и европски оркестри, со водечки диригенти, градејќи повеќеслоен репертоар, кој се движи од барок, до современите дела, вклучувајќи ги и сопствените.

 

The post Светската пијанистичка ѕвезда Фазил Сај за крај на концертната сезона на Филхармонија appeared first on Република.

]]>

На 23 мај, во четврток, со почеток во 20 часот, на концертот насловен „Алфа и омега“, ќе настапи еден од најпознатите пијанисти денес, турскиот и светскиот уметник - Фазил Сај за затворањето на концертната сезона на Македонската филхармонија.
Овој извонреден пијанист, кој поседува навистина редок талент, а со кој повеќе од три децении директно допира до срцата на публиката и критиката, за македонската публика ќе го изведе маестралниот Концерт за пијано и оркестар бр. 3 во c-moll,оп.37 од Лудвиг ван Бетовен, се вели во најавата на Филхамронија.
Диригент на концертот е маестро Јерухам Шаровски од Израел, новиот шеф-диригент на Македонската филхармонија, а на програмата оваа вечер е и уште едно дело на генијалниот Бетовен, неговата увертира „Егмонт“ оп.84, создадена по истоимената трагедија на Гете. Во вториот дел од концертот, ќе биде изведена атрактивната Симфониска свита „Шехерезада“, оп. 35 на Николај Римски-Корсаков, создадена по мотивите од познатата бајка „1001 ноќ“. За време на својата кариера, маестро Јерухам Шаровски диригирал со над 50 оркестри во повеќе од 20 различни земји, вклучувајќи ги и серијата концерти со маестро Лорин Мазел, диригирајќи со Минхенската филхармонија во Германија и со Симфонискиот оркестар на Ерусалим заедно со Баварскиот радио-оркестар на концерти посветени на градот Ерусалим. Маестро Мазел ќе го предложи маестро Шаровски да биде и дел од жирито на „Мазел интернационалниот натпревар за диригенти“ (2002). Широк е неговиот репертоар и во однос на оперските изведби, а во последните години тој гради навистина успешна кариера на полето на едукацијата, одржувајќи мастер-часови на значајни универзитети во светот. Во моментов, маестро Шаровски ја извршува и функцијата шеф-диригент и уметнички директор на Македонската филхармонија. За турскиот и светски пијанист Фазил Сај (1970) критиката ќе каже дека концертите на овој пијанист се нешто поинакво. Тие се подиректни, поотворени, повозбудливи, накусо – стрелаат право во срцето. Токму тоа што го изјавил и композиторот Ариберт Рејман во 1986 година, кога при посетата на Анкара имал можност да го слушне тогаш 16-годишниот Сај. Тогаш, тој веднаш го замолил Дејвид Левин, американскиот пијанист што го придружувал на тоа патување, да дојде во Градскиот конзерваториум и му кажал: „Апсолутно мора да го слушнете, ова момче свири како ѓавол“. Фазил Сај своите први часови по пијано ги почнал кај Митхат Фенмен, кој студирал кај познатиот Алфред Корто во Париз. Чувствувајќи го талентот на неговиот ученик, Фенмен го замолил секој ден да импровизира на теми поврзани со неговиот секојдневен живот, пред да работи на зададените вежби на студиите по пијано. Токму ова, контактот со слободните креативни процеси, се смета за извор на огромниот импровизаторски талент на Фазил Сај, како и на неговиот естетски поглед и во творештвото, како композитор. Неговата извонредна техника бргу му овозможила со леснотија да ги совлада комплексните дела, од префинетоста на Бах, Хајдн и Моцарт, до виртуозната брилијантност на Лист, Мусоргски и Бетовен, што ќе му донесе победа на Меѓународниот натпревар „Young Concert Artist“ во Њујорк, во 1994 година. Оттогаш, тој настапува со сите реномирани американски и европски оркестри, со водечки диригенти, градејќи повеќеслоен репертоар, кој се движи од барок, до современите дела, вклучувајќи ги и сопствените.  

The post Светската пијанистичка ѕвезда Фазил Сај за крај на концертната сезона на Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Концерт на црногорскиот пијанист Владимир Домазетовиќ на ФМУ https://republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-tsrnogorskiot-pijanist-vladimir-domazetovik-na-fmu/ Wed, 15 Nov 2023 08:34:16 +0000 https://republika.mk/?p=701680

Во четврток, на 16 ноември, на Факултатот за музичка уметност, во рамки на Есенски музички свечености ќе се одржи концерт на црногорскиот пијанист Владимир Домазетовиќ.

Владимир Домазетовиќ основното музичко образование го стекнал во Бар, а потоа се запишал во класата на професорот Слава Габријелов, со кого, според неговите зборови, стекнал значително искуство во интерпретација на пијано. Се запишал на Музичката академија во Титоград како најмлад студент во тоа време на Универзитетот во Црна Гора. Студирал и магистрирал на музичката академија во Цетиње во класата на професорот В. Бочкарјов, а специјалистичките студии ги завршил во Париз на Високата школа Alfred Cortot во класата на професорот Маријан Рибички каде се стекнал со диплома на пијанист – изведувач. Тој е лауреат на републички и сојузни натпревари на поранешна Југославија. На шеснаесет години е победник на Првиот меѓународен натпревар по пијано во Нови Сад и со тоа влезе во кругот на најуспешните млади пијанисти на поранешна СФРЈ. Добитник е на втора награда на Меѓународниот натпревар во Рим (1993) и бил финалист на престижниот натпревар по пијано во Сенигалија (1994). Неколкупати настапувал на фестивалите Барски љетопис, Град театар-Будва, Еспресиво, Денови на музиката, Монтенегро музички фестивал, Номус, Нимус, Бемус и многу други. Имаше забележителни настапи низ Европа и снимаше за неколку телевизиски и радио станици. Во Париз неколку пати настапуваше во престижната сала Alfred Cortot , како и во Полската амбасада и Југословенскиот културен центар, а сними и одредени дела за телевизијата Арте.

Неговите настапи редовно се проследени со исклучителна музичка критика. Забележителни настапи со еминентни оркестри како што се: Симфонискиот оркестар РТВЦГ, Белградската филхармонија, оркестарот Virtuosi di Praga и италијанскиот Mitteleuropa оркестар. Покрај самостојните настапи, тој изведе серија успешни концерти интерпретирајќи камерна музика како член на пијано трио со В.Кленковски (кларинет) и К.Станковиќ (виолончело). Посетувал семинари на познати педагози по пијано како Константин Богино, Жан Фасина, Жак Рувие и Владимир Виардо, со кои одржувал менторска соработка.

За неговите достигнувања на полето на уметноста добива високи општествени награди кои му ги врачија Центарот за современа уметност Подгорица, Општинското собрание на Бар и Црногорската академија на науките и уметностите. Тој е вонреден професор на Музичката академија во Цетиње.

 

The post Концерт на црногорскиот пијанист Владимир Домазетовиќ на ФМУ appeared first on Република.

]]>

Во четврток, на 16 ноември, на Факултатот за музичка уметност, во рамки на Есенски музички свечености ќе се одржи концерт на црногорскиот пијанист Владимир Домазетовиќ. Владимир Домазетовиќ основното музичко образование го стекнал во Бар, а потоа се запишал во класата на професорот Слава Габријелов, со кого, според неговите зборови, стекнал значително искуство во интерпретација на пијано. Се запишал на Музичката академија во Титоград како најмлад студент во тоа време на Универзитетот во Црна Гора. Студирал и магистрирал на музичката академија во Цетиње во класата на професорот В. Бочкарјов, а специјалистичките студии ги завршил во Париз на Високата школа Alfred Cortot во класата на професорот Маријан Рибички каде се стекнал со диплома на пијанист – изведувач. Тој е лауреат на републички и сојузни натпревари на поранешна Југославија. На шеснаесет години е победник на Првиот меѓународен натпревар по пијано во Нови Сад и со тоа влезе во кругот на најуспешните млади пијанисти на поранешна СФРЈ. Добитник е на втора награда на Меѓународниот натпревар во Рим (1993) и бил финалист на престижниот натпревар по пијано во Сенигалија (1994). Неколкупати настапувал на фестивалите Барски љетопис, Град театар-Будва, Еспресиво, Денови на музиката, Монтенегро музички фестивал, Номус, Нимус, Бемус и многу други. Имаше забележителни настапи низ Европа и снимаше за неколку телевизиски и радио станици. Во Париз неколку пати настапуваше во престижната сала Alfred Cortot , како и во Полската амбасада и Југословенскиот културен центар, а сними и одредени дела за телевизијата Арте. Неговите настапи редовно се проследени со исклучителна музичка критика. Забележителни настапи со еминентни оркестри како што се: Симфонискиот оркестар РТВЦГ, Белградската филхармонија, оркестарот Virtuosi di Praga и италијанскиот Mitteleuropa оркестар. Покрај самостојните настапи, тој изведе серија успешни концерти интерпретирајќи камерна музика како член на пијано трио со В.Кленковски (кларинет) и К.Станковиќ (виолончело). Посетувал семинари на познати педагози по пијано како Константин Богино, Жан Фасина, Жак Рувие и Владимир Виардо, со кои одржувал менторска соработка. За неговите достигнувања на полето на уметноста добива високи општествени награди кои му ги врачија Центарот за современа уметност Подгорица, Општинското собрание на Бар и Црногорската академија на науките и уметностите. Тој е вонреден професор на Музичката академија во Цетиње.  

The post Концерт на црногорскиот пијанист Владимир Домазетовиќ на ФМУ appeared first on Република.

]]>
Почина пијанистот Џорџ Винстон https://republika.mk/vesti/kultura/pochina-pijanistot-dhordh-vinston/ Wed, 07 Jun 2023 08:19:56 +0000 https://republika.mk/?p=648703

Џорџ Винстон, познатиот соло-пијанист кој има продадено повеќе од 15 милиони албуми во неговата кариера, почина викендов, на 4 јуни. Веста е објавена денеска. Тој имаше 73 години.

Смртта на Винстон е потврдена на неговата интернет-страница. Тој се борел со ракот 10 години, а во 2013 година е подложен на трансплантација на коскена срж.

Во целата негова кариера, Винстон наоѓаше начини да ги помести границите. Негови можеби најпознати дела се „Peanuts“ на оригиналниот композитор Винс Гваралди, нумерата „The Velveteen Rabbit“, па целосниот албум во чест на рок-групата „Дорс“ – „Night Divides the Day“ објавен 2002 година, „Montana: A Love Story“, што вклучуваше и изведби на песни од Френк Запа и Сем Кук, како и последната компилација „Restless Wind“ од 2019 година, со мелодиите на Џорџ Гершвин и Стивен Стилс.

 

The post Почина пијанистот Џорџ Винстон appeared first on Република.

]]>

Џорџ Винстон, познатиот соло-пијанист кој има продадено повеќе од 15 милиони албуми во неговата кариера, почина викендов, на 4 јуни. Веста е објавена денеска. Тој имаше 73 години. Смртта на Винстон е потврдена на неговата интернет-страница. Тој се борел со ракот 10 години, а во 2013 година е подложен на трансплантација на коскена срж. Во целата негова кариера, Винстон наоѓаше начини да ги помести границите. Негови можеби најпознати дела се „Peanuts“ на оригиналниот композитор Винс Гваралди, нумерата „The Velveteen Rabbit“, па целосниот албум во чест на рок-групата „Дорс“ – „Night Divides the Day“ објавен 2002 година, „Montana: A Love Story“, што вклучуваше и изведби на песни од Френк Запа и Сем Кук, како и последната компилација „Restless Wind“ од 2019 година, со мелодиите на Џорџ Гершвин и Стивен Стилс.  

The post Почина пијанистот Џорџ Винстон appeared first on Република.

]]>