пијан Archives - Република https://republika.mk/tema/pijan/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 07:14:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пијан Archives - Република https://republika.mk/tema/pijan/ 32 32 Пијан кумановец се удирал сам себе пред полицајци https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pijan-kumanovets-se-udiral-sam-sebe-pred-politsajtsi/ Wed, 01 May 2024 16:32:35 +0000 https://republika.mk/?p=773067

На 30 април во 20.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол.

Како што соопшти полицијата, тој потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службеници дејства и се удирал самиот.

По целосно документирање на случајот против Г.Ш. ќе следува соодветна пријава.

 

The post Пијан кумановец се удирал сам себе пред полицајци appeared first on Република.

]]>

На 30 април во 20.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол. Како што соопшти полицијата, тој потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службеници дејства и се удирал самиот. По целосно документирање на случајот против Г.Ш. ќе следува соодветна пријава.  

The post Пијан кумановец се удирал сам себе пред полицајци appeared first on Република.

]]>
Пијаниот полицаец го нападнал обезбедувањето во казиното, но и колеги – детали за инцидентот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pijaniot-politsaets-go-napadnal-obezbeduvaneto-vo-kazinoto-no-i-kolegi-detali-za-intsidentot/ Thu, 29 Feb 2024 11:11:50 +0000 https://republika.mk/?p=749595

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Д.П., полициски службеник во Полициската станица за гранични проверки и граничен премин Деве Баир, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик и пријава за констатиран прекршок по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир против Н.Д., исто така, полициски службеник во Полициската станица за гранични проверки и граничен премин Деве Баир, соопшти денеска МВР за инцидентот во кумановско казино, од кој видео објави и министерот Панче Тошковски.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/toshkovski-objavi-video-od-pijaniot-politsaets-koj-se-istepa-vo-kazino/

На 04.11.2023 во казино во Куманово, пријавениот Д.П. физички нападнал лице вработено како обезбедување во казиното и агресивно се однесувал кон полициски службеници од Полициската станица Куманово, кои извршувале службени дејствија. Н.Д., кој бил заедно со Д.П., го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон обезбедувањето. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против двајцата полициски службеници поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од Колективниот договор на МВР. Додека за Д.П. изречена е мерка за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка, се вели во соопштението.

Од МВР додаваат дека при преземање мерки за расчистување на случајот било констатирано дека при интервенцијата, Д.К. и Ф.М., двајцата полициски службеници од Полициската станица Куманово, не ги преземале сите потребни службени дејствија против лице од обезбедувањето во казиното и не изготвиле поднесок против него.

И против нив Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дициплинска одговорност по член 210 од Колективниот договор на МВР.

 

The post Пијаниот полицаец го нападнал обезбедувањето во казиното, но и колеги – детали за инцидентот appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Д.П., полициски службеник во Полициската станица за гранични проверки и граничен премин Деве Баир, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик и пријава за констатиран прекршок по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир против Н.Д., исто така, полициски службеник во Полициската станица за гранични проверки и граничен премин Деве Баир, соопшти денеска МВР за инцидентот во кумановско казино, од кој видео објави и министерот Панче Тошковски. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/toshkovski-objavi-video-od-pijaniot-politsaets-koj-se-istepa-vo-kazino/
На 04.11.2023 во казино во Куманово, пријавениот Д.П. физички нападнал лице вработено како обезбедување во казиното и агресивно се однесувал кон полициски службеници од Полициската станица Куманово, кои извршувале службени дејствија. Н.Д., кој бил заедно со Д.П., го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон обезбедувањето. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против двајцата полициски службеници поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од Колективниот договор на МВР. Додека за Д.П. изречена е мерка за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка, се вели во соопштението.
Од МВР додаваат дека при преземање мерки за расчистување на случајот било констатирано дека при интервенцијата, Д.К. и Ф.М., двајцата полициски службеници од Полициската станица Куманово, не ги преземале сите потребни службени дејствија против лице од обезбедувањето во казиното и не изготвиле поднесок против него. И против нив Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дициплинска одговорност по член 210 од Колективниот договор на МВР.  

The post Пијаниот полицаец го нападнал обезбедувањето во казиното, но и колеги – детали за инцидентот appeared first on Република.

]]>
Пијан Дедо Мраз се забил со возилото во куќа https://republika.mk/vesti/svet/pijan-dedo-mraz-se-zabil-so-voziloto-vo-kuka/ Mon, 25 Dec 2023 09:07:17 +0000 https://republika.mk/?p=726389

Пијан возач во костим на Дедо Мраз несреќно го завршил своето возење додека доставувал подароци на Бадник во источногерманската покраина Тирингија. Имено, според полицискиот извештај објавен утринава, 54-годишниот маж излетал со автомобилот од патот и удрил во куќа и друг автомобил во општината Унштрутал, северно од Милхаузен.

Притоа, предниот дел од куќата е значително оштетен, но подароците што мажот ги имал за семејството и пријателите се неоштетени. Кога полицијата пристигнала на местото на несреќата, со алкотест утврдиле дека мажот е неспособен за возење.

Несовесниот Дедо Мраз е обвинет за загрозување на безбедноста во сообраќајот, но изјавил дека сепак ќе ги достави своите подароци за Божиќ. Сепак, доставата ќе мора да ја изврши без својот автомобил – одземена му е и возачката дозвола.

The post Пијан Дедо Мраз се забил со возилото во куќа appeared first on Република.

]]>

Пијан возач во костим на Дедо Мраз несреќно го завршил своето возење додека доставувал подароци на Бадник во источногерманската покраина Тирингија. Имено, според полицискиот извештај објавен утринава, 54-годишниот маж излетал со автомобилот од патот и удрил во куќа и друг автомобил во општината Унштрутал, северно од Милхаузен. Притоа, предниот дел од куќата е значително оштетен, но подароците што мажот ги имал за семејството и пријателите се неоштетени. Кога полицијата пристигнала на местото на несреќата, со алкотест утврдиле дека мажот е неспособен за возење. Несовесниот Дедо Мраз е обвинет за загрозување на безбедноста во сообраќајот, но изјавил дека сепак ќе ги достави своите подароци за Божиќ. Сепак, доставата ќе мора да ја изврши без својот автомобил – одземена му е и возачката дозвола.

The post Пијан Дедо Мраз се забил со возилото во куќа appeared first on Република.

]]>
„Мортус пијан“ возел автомобил, полицијата казни 48 возачи под дејство на алкохол https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mortus-pijan-vozel-avtomobil-politsijata-kazni-48-vozachi-pod-dejstvo-na-alkohol/ Sun, 12 Nov 2023 09:15:01 +0000 https://republika.mk/?p=700671

Во текот на изминатата вечер (11/12.11.2023)во периодот од 22:00 до 04:00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 48 возачи.

Од нив 34 на територија на Прилеп, по 5, во Битола и Македонски Брод, 2 Ресен и по еден во Демир Хисар и Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 48 други видови прекршоци.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, велат одМВР.

Според фотографиите кои ги испратија од полицијата, најпијаниот возач кој го фатиле имал 2,09 промили алкохол во крвта.

The post „Мортус пијан“ возел автомобил, полицијата казни 48 возачи под дејство на алкохол appeared first on Република.

]]>

Во текот на изминатата вечер (11/12.11.2023)во периодот од 22:00 до 04:00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 48 возачи. Од нив 34 на територија на Прилеп, по 5, во Битола и Македонски Брод, 2 Ресен и по еден во Демир Хисар и Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 48 други видови прекршоци. -Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, велат одМВР. Според фотографиите кои ги испратија од полицијата, најпијаниот возач кој го фатиле имал 2,09 промили алкохол во крвта.

The post „Мортус пијан“ возел автомобил, полицијата казни 48 возачи под дејство на алкохол appeared first on Република.

]]>
Земја пијан: Во Прилеп казнет возач со 4,55 промили алкохол https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zemja-pijan-vo-prilep-kaznet-vozach-so-4-55-promili-alkohol/ Sun, 20 Aug 2023 09:22:48 +0000 https://republika.mk/?p=673832

Во сообраќајна контрола на полицијата ноќеска на подрачјето на СВР Битола биле казнети 58 возачи. Меѓу нив е и возач во Прилеп кај кого биле измерени 4,55 промили алкохол.

Како што соопшти МВР, засилената акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол била спроведена од 23 до 5 часот.

-При контролата се санкционирани 58 возачи, од кои 29 во Прилеп, 13 во Битола, шест во Крушево, пет во Македонски Брод, тројца во Ресен и двајца во Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 42 други видови прекршоци, информира Министерството за внатрешни работи.

МВР укажува дека акциските контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

The post Земја пијан: Во Прилеп казнет возач со 4,55 промили алкохол appeared first on Република.

]]>

Во сообраќајна контрола на полицијата ноќеска на подрачјето на СВР Битола биле казнети 58 возачи. Меѓу нив е и возач во Прилеп кај кого биле измерени 4,55 промили алкохол. Како што соопшти МВР, засилената акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол била спроведена од 23 до 5 часот. -При контролата се санкционирани 58 возачи, од кои 29 во Прилеп, 13 во Битола, шест во Крушево, пет во Македонски Брод, тројца во Ресен и двајца во Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 42 други видови прекршоци, информира Министерството за внатрешни работи. МВР укажува дека акциските контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

The post Земја пијан: Во Прилеп казнет возач со 4,55 промили алкохол appeared first on Република.

]]>
Возачот кој го усмрти девојчето од Велес бил пијан, ќе му се суди за тешка сообраќајка и неукажување помош https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vozachot-koj-go-usmrti-devojcheto-od-veles-bil-pijan-kje-mu-se-sudi-za-teshka-soobrakjajka-i-neukazuvanje-pomosh/ Mon, 19 Dec 2022 20:10:48 +0000 https://republika.mk/?p=587805

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 29-годишен велешанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство на Македонија.

Осомниченото лице е лишено од слобода, а надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Велес доставил предлог за определување мерка притвор со цел да се обезбеди неговото присуство и непреченото одвивање на кривичната постапка.​

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/majkata-padnala-na-zemja-deteto-isfrleno-napred-obvinitelstvoto-so-detali-za-soobrakjajkata-vo-veles-vo-koja-zagina-devojche/

Како учесник во сообраќајот, осомничениот на 17 декември под дејство на алкохол управувал автомобил „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки. На улицата „Борис Трајковски“ во Велес, приоѓајќи на обележан пешачки премин, тој не го управувал возилото со соодветна брзина која дозволува да запре во случај на потреба и не обрнал внимание на пешаците – мајка и ќерка кои во тој момент поминувале на пешачкиот премин. Со автомобилот тој удрил во мајката која паднала на земја и се здобила со телесна повреда – отворена рана на челото и во 11-годишното девојче кое од ударот било исфрлено десетина метри напред кон следниот пешачки премин, паднало и се здобило со тешки телесни повреди од кои починало на лице место. По несреќата, осомничениот не застанал да им укаже помош, туку продолжил со несмалена брзина да се движи кон населбата Превалец, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

The post Возачот кој го усмрти девојчето од Велес бил пијан, ќе му се суди за тешка сообраќајка и неукажување помош appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 29-годишен велешанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство на Македонија. Осомниченото лице е лишено од слобода, а надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Велес доставил предлог за определување мерка притвор со цел да се обезбеди неговото присуство и непреченото одвивање на кривичната постапка.​ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/majkata-padnala-na-zemja-deteto-isfrleno-napred-obvinitelstvoto-so-detali-za-soobrakjajkata-vo-veles-vo-koja-zagina-devojche/
Како учесник во сообраќајот, осомничениот на 17 декември под дејство на алкохол управувал автомобил „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки. На улицата „Борис Трајковски“ во Велес, приоѓајќи на обележан пешачки премин, тој не го управувал возилото со соодветна брзина која дозволува да запре во случај на потреба и не обрнал внимание на пешаците – мајка и ќерка кои во тој момент поминувале на пешачкиот премин. Со автомобилот тој удрил во мајката која паднала на земја и се здобила со телесна повреда – отворена рана на челото и во 11-годишното девојче кое од ударот било исфрлено десетина метри напред кон следниот пешачки премин, паднало и се здобило со тешки телесни повреди од кои починало на лице место. По несреќата, осомничениот не застанал да им укаже помош, туку продолжил со несмалена брзина да се движи кон населбата Превалец, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

The post Возачот кој го усмрти девојчето од Велес бил пијан, ќе му се суди за тешка сообраќајка и неукажување помош appeared first on Република.

]]>
Му ја одзеле возачката дозвола оти се возел пијан на тротинет https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/mu-ja-odzele-vozachkata-dozvola-oti-se-vozel-pijan-na-trotinet/ Sat, 19 Nov 2022 17:03:29 +0000 https://republika.mk/?p=575913

Се возел пијан зад трезен пријател на електричен тротинет и затоа привремено останал без возачката дозвола.

Така пресуди повисокиот суд во Олденбург, оценувајќи дека патник во алкохолизирана состојба ја загрозил безбедноста на сообраќајот.

Тој се држел за воланот, рече портпаролот на судот во петокот, објаснувајќи ја пресудата во жалбениот процес.

Пресудата во прв степен беше иста. Во конкретниот случај полицијата при контрола констатирала дека осудениот бил во алкохолизирана состојба далеку над дозволената граница.

Според тоа, законски му било дозволено да вози само придржувајќи се за возачот.

Полицијата и судот не ги земале предвид забелешките на осудениот дека немал контрола над брзината на тротинетот.

The post Му ја одзеле возачката дозвола оти се возел пијан на тротинет appeared first on Република.

]]>

Се возел пијан зад трезен пријател на електричен тротинет и затоа привремено останал без возачката дозвола. Така пресуди повисокиот суд во Олденбург, оценувајќи дека патник во алкохолизирана состојба ја загрозил безбедноста на сообраќајот. Тој се држел за воланот, рече портпаролот на судот во петокот, објаснувајќи ја пресудата во жалбениот процес. Пресудата во прв степен беше иста. Во конкретниот случај полицијата при контрола констатирала дека осудениот бил во алкохолизирана состојба далеку над дозволената граница. Според тоа, законски му било дозволено да вози само придржувајќи се за возачот. Полицијата и судот не ги земале предвид забелешките на осудениот дека немал контрола над брзината на тротинетот.

The post Му ја одзеле возачката дозвола оти се возел пијан на тротинет appeared first on Република.

]]>
Пијан 14-годишник го возел дома попијаниот татко, пожарникари го сечеле возилото да ги извлечат по сообраќајката https://republika.mk/vesti/balkan/pijan-14-godishnik-go-vozel-doma-popijaniot-tatko-pozarnikari-go-sechele-voziloto-da-gi-izvlechat-po-soobrakjajkata/ Mon, 03 Jan 2022 08:52:56 +0000 https://republika.mk/?p=439877

Четиринаесетгодишник е полесно повреден, додека татко му се бори за живот во болница откако со возило излетале од патот во селото Ткалци кај Крапина, Хрватска.

Како што пренесува локалниот портал „Загорје“, сообраќајната незгода ја предизвикал 14-годишникот кој возел под дејство на алкохол и каде поради неприлагодена брзина удрил во арматурните мрежи поставени на потпорниот бетонски ѕид покрај патот.

Пожарникарските екипи кои интервенирале морале да го исечат автомобилот со ножици за да го извлечат повредениот татко, кој бил пренесен во Општата болница Забок, каде се бори за живот со пукнат мочен меур и тешка повреда на аортата. Момчето поминало со полесни повреди.

И на двајцата им било измерено значително количество алкохол во крвта.

Според информациите од хрватската полиција, сообраќајната незгода била предизвикана поради неприлагодена брзина, а возачот, малолетно лице родено 2007 година, управувал со 1,29 промили алкохол во крвта. Против него е поднесена кривична пријава до Државното правобранителство за млади во Загреб, а во целиот случај ќе биде вклучен и Центарот за социјални работи.

The post Пијан 14-годишник го возел дома попијаниот татко, пожарникари го сечеле возилото да ги извлечат по сообраќајката appeared first on Република.

]]>

Четиринаесетгодишник е полесно повреден, додека татко му се бори за живот во болница откако со возило излетале од патот во селото Ткалци кај Крапина, Хрватска. Како што пренесува локалниот портал „Загорје“, сообраќајната незгода ја предизвикал 14-годишникот кој возел под дејство на алкохол и каде поради неприлагодена брзина удрил во арматурните мрежи поставени на потпорниот бетонски ѕид покрај патот. Пожарникарските екипи кои интервенирале морале да го исечат автомобилот со ножици за да го извлечат повредениот татко, кој бил пренесен во Општата болница Забок, каде се бори за живот со пукнат мочен меур и тешка повреда на аортата. Момчето поминало со полесни повреди. И на двајцата им било измерено значително количество алкохол во крвта. Според информациите од хрватската полиција, сообраќајната незгода била предизвикана поради неприлагодена брзина, а возачот, малолетно лице родено 2007 година, управувал со 1,29 промили алкохол во крвта. Против него е поднесена кривична пријава до Државното правобранителство за млади во Загреб, а во целиот случај ќе биде вклучен и Центарот за социјални работи.

The post Пијан 14-годишник го возел дома попијаниот татко, пожарникари го сечеле возилото да ги извлечат по сообраќајката appeared first on Република.

]]>