Пи Диди Archives - Република https://republika.mk/tema/pi-didi/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 20:29:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пи Диди Archives - Република https://republika.mk/tema/pi-didi/ 32 32 Шестгодишно момче било сведок на една од неславните забави на Диди: Имаше многу марихуана и жени кои шетаа топлес https://republika.mk/scena/estrada/shestgodishno-momche-bilo-svedok-na-edna-od-neslavnite-zabavi-na-didi-imashe-mnogu-marihuana-i-zheni-koi-shetaa-toples/ Fri, 04 Oct 2024 20:29:48 +0000 https://republika.mk/?p=822890

Откако Пи Диди беше уапсен во септември, голем број засега наводни жртви и сведоци излегоа со бизарни приказни за злогласните забави на познатиот музичар. Меѓу нив е и Џастин Литовски, кој тврди дека како шестгодишно момче присуствувал на една од контроверзните забави.

Сега 30-годишниот Литовски откри дека бил со своите родители кои несвесно присуствувале на „попладневната скара“ на Диди. Тоа, наводно се случило на 3 јули 1999 година во населбата Хемптонс во Њујорк, САД. Неговиот татко бил фотограф на славни личности кој ја минал ноќта работно... Литовски сподели и фотографија со себе и неславниот рапер.

Се сеќавам дека имаше многу марихуана и жени кои „топлес“ шетаа низ дворот и пливаа во базенот. Тогаш не знаев дали тоа е добро или лошо. Насекаде имаше шишиња и голи жени. Не бев сигурен дали тоа е соодветно. Се прашувам и како на дете му дозволиле да биде на ваква забава!?, раскажува Литовски.

Меѓу гостите биле Џеј-Зи, Лил Ким, Дона Керан и Тајсон Бекфорд. Литовски истакнува дека многумина биле и несоодветно облечени.

Не се сеќавам дека видов друго дете. Јас обично бев дете што сакаше да си игра со други деца, додава тој.

Диди денес се соочува со обвиненија за сексуална трговија, уцени и насилство, како и за киднапирање, принудна работа, поткуп и други кривични дела. Сепак, тој ги отфрли сите обвинувања за какво било злосторство. Тој се наоѓа во притвор, каде што го чека судењето. Во меѓувреме, повеќе од 120 лица се јавија како жртви.

The post Шестгодишно момче било сведок на една од неславните забави на Диди: Имаше многу марихуана и жени кои шетаа топлес appeared first on Република.

]]>

Откако Пи Диди беше уапсен во септември, голем број засега наводни жртви и сведоци излегоа со бизарни приказни за злогласните забави на познатиот музичар. Меѓу нив е и Џастин Литовски, кој тврди дека како шестгодишно момче присуствувал на една од контроверзните забави. Сега 30-годишниот Литовски откри дека бил со своите родители кои несвесно присуствувале на „попладневната скара“ на Диди. Тоа, наводно се случило на 3 јули 1999 година во населбата Хемптонс во Њујорк, САД. Неговиот татко бил фотограф на славни личности кој ја минал ноќта работно... Литовски сподели и фотографија со себе и неславниот рапер.
Се сеќавам дека имаше многу марихуана и жени кои „топлес“ шетаа низ дворот и пливаа во базенот. Тогаш не знаев дали тоа е добро или лошо. Насекаде имаше шишиња и голи жени. Не бев сигурен дали тоа е соодветно. Се прашувам и како на дете му дозволиле да биде на ваква забава!?, раскажува Литовски.
Меѓу гостите биле Џеј-Зи, Лил Ким, Дона Керан и Тајсон Бекфорд. Литовски истакнува дека многумина биле и несоодветно облечени.
Не се сеќавам дека видов друго дете. Јас обично бев дете што сакаше да си игра со други деца, додава тој.
Диди денес се соочува со обвиненија за сексуална трговија, уцени и насилство, како и за киднапирање, принудна работа, поткуп и други кривични дела. Сепак, тој ги отфрли сите обвинувања за какво било злосторство. Тој се наоѓа во притвор, каде што го чека судењето. Во меѓувреме, повеќе од 120 лица се јавија како жртви.

The post Шестгодишно момче било сведок на една од неславните забави на Диди: Имаше многу марихуана и жени кои шетаа топлес appeared first on Република.

]]>
И принцот Хари се спомнува во тужбата против Диди за сексуално злоставување: Војводата од Сасекс во нов скандал од 30 милиони долари https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/i-printsot-hari-se-spomnuva-vo-tuzhbata-protiv-didi-za-seksualno-zlostavuvane-vojvodata-od-saseks-vo-nov-skandal-od-30-milioni-dolari/ Tue, 26 Mar 2024 17:56:44 +0000 https://republika.mk/?p=759060

Куќите на раперот и продуцент Шон Диди Комбс во американските градови Њујорк, Лос Анџелес и Мајами беа претресени од вработени во Одделот за домашна безбедност на САД, откако музичарот се најде во центарот на скандал по пријавата на неговата поранешна девојка за насилство и сексуална злоупотреба.

Пејачката Кеси Вентура, поранешната партнерка на раперот Шон Диди Комбс, упати сериозни обвинувања на сметка на раперот, а тоа само ја покрена лавината обвинувања против раперот, кога со слични тврдења се јавија и некои други девојки, пишува „Дејли мејл“.

По овие тешки обвинувања, беа претресени неговите домови во Лос Анџелес и Мајами, а најмалку две лица, за кои се верува дека се синови на Комбс, беа уапсени при претрес на куќата во населбата Холмби Хилс во Лос Анџелес. Комбс не бил присутен кога биле извршени претресите.

Комбс се најде во центарот на вниманието на јавноста кога неговата поранешна партнерка Кеси Вентура го обвини за силување, трговија со луѓе за сексуална експлоатација и физичко малтретирање во средината на ноември 2023 година, а по низа обвинувања и рација во неговите вили, целиот случај е во рацете на правосудниот систем.

Но, она што го изненади светот, е дека принцот Хари се спомнува во тужбата од 30 милиони долари против Шон Диди Комбс.

Имено, продуцентот кој го тужи раперот во САД поради „забави за трговија со секс“ вели дека неговата поврзаност со влијателни личности како војводата од Сасекс и други познати имиња му ја зголемила „легитимноста“, пишува„Дејли мејл“.

Продуцентот „Родни“ Лил Род Џонс поднесе тужба против Диди, тврдејќи дека неговата поврзаност со принцот Хари и другите ѕвезди му дала „легитимитет“ нему и на неговите соработници.

Адвокатите на Лил Род тврдат дека гостите биле привлечени од наводните забави на Диди каде што тој сексуално злоставувал мажи и жени поради неговиот „пристап до познати личности како што се познати спортисти, политички личности, уметници, музичари и меѓународни угледни лица, како што е британскиот принц Хари“, стои во судските документи, пишува споменатиот медиум.

Судските документи поднесени во САД минатиот месец не укажуваат на никакво кривично дело сторено од страна на принцот Хари, наведува „Дејли мејл“.

The post И принцот Хари се спомнува во тужбата против Диди за сексуално злоставување: Војводата од Сасекс во нов скандал од 30 милиони долари appeared first on Република.

]]>

Куќите на раперот и продуцент Шон Диди Комбс во американските градови Њујорк, Лос Анџелес и Мајами беа претресени од вработени во Одделот за домашна безбедност на САД, откако музичарот се најде во центарот на скандал по пријавата на неговата поранешна девојка за насилство и сексуална злоупотреба. Пејачката Кеси Вентура, поранешната партнерка на раперот Шон Диди Комбс, упати сериозни обвинувања на сметка на раперот, а тоа само ја покрена лавината обвинувања против раперот, кога со слични тврдења се јавија и некои други девојки, пишува „Дејли мејл“. По овие тешки обвинувања, беа претресени неговите домови во Лос Анџелес и Мајами, а најмалку две лица, за кои се верува дека се синови на Комбс, беа уапсени при претрес на куќата во населбата Холмби Хилс во Лос Анџелес. Комбс не бил присутен кога биле извршени претресите. Комбс се најде во центарот на вниманието на јавноста кога неговата поранешна партнерка Кеси Вентура го обвини за силување, трговија со луѓе за сексуална експлоатација и физичко малтретирање во средината на ноември 2023 година, а по низа обвинувања и рација во неговите вили, целиот случај е во рацете на правосудниот систем. Но, она што го изненади светот, е дека принцот Хари се спомнува во тужбата од 30 милиони долари против Шон Диди Комбс. Имено, продуцентот кој го тужи раперот во САД поради „забави за трговија со секс“ вели дека неговата поврзаност со влијателни личности како војводата од Сасекс и други познати имиња му ја зголемила „легитимноста“, пишува„Дејли мејл“. Продуцентот „Родни“ Лил Род Џонс поднесе тужба против Диди, тврдејќи дека неговата поврзаност со принцот Хари и другите ѕвезди му дала „легитимитет“ нему и на неговите соработници. Адвокатите на Лил Род тврдат дека гостите биле привлечени од наводните забави на Диди каде што тој сексуално злоставувал мажи и жени поради неговиот „пристап до познати личности како што се познати спортисти, политички личности, уметници, музичари и меѓународни угледни лица, како што е британскиот принц Хари“, стои во судските документи, пишува споменатиот медиум. Судските документи поднесени во САД минатиот месец не укажуваат на никакво кривично дело сторено од страна на принцот Хари, наведува „Дејли мејл“.

The post И принцот Хари се спомнува во тужбата против Диди за сексуално злоставување: Војводата од Сасекс во нов скандал од 30 милиони долари appeared first on Република.

]]>