Петрушевски Archives - Република https://republika.mk/tema/petrushevski/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 19:40:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Петрушевски Archives - Република https://republika.mk/tema/petrushevski/ 32 32 Петрушевски: Голема победа за стабилна влада и брза реализација на проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/petrushevski-golema-pobeda-za-stabilna-vlada-i-brza-realizatsija-na-proektite-od-programata-na-vmro-dpmne/ Thu, 02 May 2024 19:40:18 +0000 https://republika.mk/?p=773630

Во емисијата „24 отворено“ на ТВ24 гостуваше кандидатот за пратеник во ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој што истакна дека ВМРО -ДПМНЕ очекува уште поголема победа во вториот круг со цел стабилна влада и брза реализација на проектите од програмата.

„Наши партнери кои ги преферираме ќе бидат опозициските партии затоа што ни е потребен опозициски фронт со кој што ќе можеме да ја срушиме оваа ненародна власт. Што се однесува до бројките ние излеговме со бројки пред изборите со бројка од над 100 илјади гласа разлика за нашиот претседателски кандидат очигледно сме погрешиле затоа што разликата беше 180 000 гласа, сега очекуваме над 55 пратеници меѓутоа можни се уште поголеми бројки на бранот на ова што се случува. Од една страна имаме позиција која што е буквално декласирана, демотивирана, поделена а од друга страна победничкиот бран е кај ВМРО-ДПМНЕ и сметаме дека можеме со уште поголем број на пратеници да имаме една покомотна постабилна влада која ќе ни овозможи побрза реализација на овие проекти кои што ги ветуваме во програмата“, кажа Петрушевски и додаде:

Врз база на желби и политичка пракса не очекуваме пресликување на резултатите, очекуваме уште поголеми бројки на контото на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова и слободно запишете 500 илјади гласови за Гордана Силјановска Давкова и 55 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори.

Петрушевски посочи и дека СДСМ заборавија на младите а трендот на иселување продолжи и покрај тоа што редеа чевли пред владата кога дојдоа на власт буквално заборавија на младите.

„Жално е што СДСМ касно се сетија дека се иселуваат младите, а кога СДСМ беа опозиција редеа чевли пред владата и ветуваа справување со овој проблем и ова е уште еден доказ дека СДСМ воопшто не ја примиле пораката на граѓаните, како што воопшто не ја примиле пораката на граѓаните во 2020 година кога тогашниот премиер Заев ветуваше метли, па правеа перформанси на нивните митинзи, потоа воопшто не ја примиле пораката во 2021 кога доживеаја дебакл на локалните избори па исто така укажуваа дека ја примиле пораката од граѓаните меѓутоа не ја примиле пораката. Во нашата програма 1198 ги имаме сите проекти и политики кои што се потребни за справување и со овој проблем на иселувањето и во делот на подобар животен стандард фронт против корупција итн., истакна Петрушевски.

The post Петрушевски: Голема победа за стабилна влада и брза реализација на проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Во емисијата „24 отворено“ на ТВ24 гостуваше кандидатот за пратеник во ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој што истакна дека ВМРО -ДПМНЕ очекува уште поголема победа во вториот круг со цел стабилна влада и брза реализација на проектите од програмата. „Наши партнери кои ги преферираме ќе бидат опозициските партии затоа што ни е потребен опозициски фронт со кој што ќе можеме да ја срушиме оваа ненародна власт. Што се однесува до бројките ние излеговме со бројки пред изборите со бројка од над 100 илјади гласа разлика за нашиот претседателски кандидат очигледно сме погрешиле затоа што разликата беше 180 000 гласа, сега очекуваме над 55 пратеници меѓутоа можни се уште поголеми бројки на бранот на ова што се случува. Од една страна имаме позиција која што е буквално декласирана, демотивирана, поделена а од друга страна победничкиот бран е кај ВМРО-ДПМНЕ и сметаме дека можеме со уште поголем број на пратеници да имаме една покомотна постабилна влада која ќе ни овозможи побрза реализација на овие проекти кои што ги ветуваме во програмата“, кажа Петрушевски и додаде: Врз база на желби и политичка пракса не очекуваме пресликување на резултатите, очекуваме уште поголеми бројки на контото на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова и слободно запишете 500 илјади гласови за Гордана Силјановска Давкова и 55 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори. Петрушевски посочи и дека СДСМ заборавија на младите а трендот на иселување продолжи и покрај тоа што редеа чевли пред владата кога дојдоа на власт буквално заборавија на младите. „Жално е што СДСМ касно се сетија дека се иселуваат младите, а кога СДСМ беа опозиција редеа чевли пред владата и ветуваа справување со овој проблем и ова е уште еден доказ дека СДСМ воопшто не ја примиле пораката на граѓаните, како што воопшто не ја примиле пораката на граѓаните во 2020 година кога тогашниот премиер Заев ветуваше метли, па правеа перформанси на нивните митинзи, потоа воопшто не ја примиле пораката во 2021 кога доживеаја дебакл на локалните избори па исто така укажуваа дека ја примиле пораката од граѓаните меѓутоа не ја примиле пораката. Во нашата програма 1198 ги имаме сите проекти и политики кои што се потребни за справување и со овој проблем на иселувањето и во делот на подобар животен стандард фронт против корупција итн., истакна Петрушевски.

The post Петрушевски: Голема победа за стабилна влада и брза реализација на проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Петрушевски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги покачи пензиите по 5.000 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrushevski-vladata-na-vmro-dpmne-ke-gi-pokachi-penziite-po-5-000-denari/ Tue, 02 Apr 2024 18:10:28 +0000 https://republika.mk/?p=761430

Во вечерашната емисија „ Само Вистина“ на Канал 5 гостуваше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој што истакна дека кога станува збор за минималната плата тоа треба да е базирано на економски раст и развој за да не биде терет на работодавачите и приватниот сектор а ВМРО-ДПМНЕ во својата програма нуди по 5 000 денари за сите пензионери по формирањето на владата.

За да зборуваме за минимална плата мора најпрво да биде базирано на економски пресметки вака кога само нафрлуваат бројки ми звучи популистички. Второ никој не зборува но мора да се анализира инфламаторниот удар затоа што сведоци сме дека изминатиот период живееме во еден тежок инфламаторен период, цените се енормно зголемени и ако направиме само паралела, компаративно една обична споредба како било како е сега, ќе видиме дека имаме еден сериозен удар и врз цените а со тоа и врз економијата и конкурентноста на нашата економија“ кажа Петрушевски.

Петрушевски кажа дека Ковачевски во однос на зголемување на платите дава различни изјави и не е конзистентен во своите изјави и на Ковачевски не може да му се верува.

Немам ништо против, апсолутно сакам платите да бидат поголеми, но кога го слушам претседателот на СДСМ има три изјави каде што Ковачевски дава три различни изјави, едната изјава е дека ќе биде просечната плата 1000 евра па има потоа втора изјава 1 300 евра па сега трета изјава 1200 евра и навистина не може да му се фати редот“ кажа Петрушевски.

Петрушевски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во својата програма нуди линеарно зголемување од 5 000 денари за сите пензионери.

Покрај ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за 5 000 денари за пензионерите, е тоа што ваквата минимална плата доколку не е базирана на економски раст и развој ќе биде само декрет кој што ќе удри по работодавачите односно по приватниот сектор. Она што ние го нудиме е кратење на не продуктивните трошоци на државата кои што ги има многу и во рок од една година од формирање на влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направиме линеарно зголемување на пензиите од 5 000 денари на сите пензионери“ рече Петрушевски.

The post Петрушевски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги покачи пензиите по 5.000 денари appeared first on Република.

Петрушевски: СДСМ и ДУИ да им помогнат на граѓаните со гласање на законот за продолжување на рокот на пасошите https://republika.mk/vesti/makedonija/petrushevski-sdsm-i-dui-da-im-pomognat-na-graganite-so-glasane-na-zakonot-za-prodolzhuvane-na-rokot-na-pasoshite/ Sat, 24 Feb 2024 13:17:28 +0000 https://republika.mk/?p=747836

Откако граѓаните, беа сведоци на отворање на тунел, со играње ора и жива музика, еве сега имаме втор дел, организирање на свеченост за пристигнување на обрасци за пасоши.

Верувале или не, дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев, завчера на граничниот премин Богородица, ги пречека обрасците за пасоши свечено, со салутирање кон обрасците, а фалеше уште и огномет, за сликата да биде целосна.

Народот со право се чуди деновиве, на глупостите на власта, кои сигурно, во овие преостанати неколку месеци, нема да им бидат ни последни.

Место пратениците на СДС и ДУИ, да соберат сили и да им излезат во пресрет на граѓаните, да им помогнат со гласањето во Собранието, за продолжување на рокот на пасошите, тие се одлучија за една „генијална” идеја, свечено да ги примат обрасците, на граничниот премин Богородица, со сите почести.

Во исто време граѓаните чекаат решение, кое може да се примени веднаш во Собранието, со кое ќе се ослободат 600 илјади луѓе од отворен затвор. Делеа пасоши свесно две и пол години, иако знаеа дека важноста ќе помине, пред истекот на датумот впишан на самите исправи.

Народот доста трпеше и доста беше омаловажуван од власта, сега е време да им се помогне на граѓаните. Потребни се само 15 чесни пратеници од власта, кои ќе му помогнат на својот народ и ќе ги спасат од оваа неправда, заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, да го изгласаат законот, за продолжување на важноста на пасошите. Во спротивно тие сите, треба да се откажат од своите дипломатски пасоши, со кои патуваат непречено, кога и каде да посакаат.

Никогаш не било полошо!

Важно е да ги поразиме!

The post Петрушевски: СДСМ и ДУИ да им помогнат на граѓаните со гласање на законот за продолжување на рокот на пасошите appeared first on Република.

]]>

Откако граѓаните, беа сведоци на отворање на тунел, со играње ора и жива музика, еве сега имаме втор дел, организирање на свеченост за пристигнување на обрасци за пасоши. Верувале или не, дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев, завчера на граничниот премин Богородица, ги пречека обрасците за пасоши свечено, со салутирање кон обрасците, а фалеше уште и огномет, за сликата да биде целосна. Народот со право се чуди деновиве, на глупостите на власта, кои сигурно, во овие преостанати неколку месеци, нема да им бидат ни последни. Место пратениците на СДС и ДУИ, да соберат сили и да им излезат во пресрет на граѓаните, да им помогнат со гласањето во Собранието, за продолжување на рокот на пасошите, тие се одлучија за една „генијална” идеја, свечено да ги примат обрасците, на граничниот премин Богородица, со сите почести. Во исто време граѓаните чекаат решение, кое може да се примени веднаш во Собранието, со кое ќе се ослободат 600 илјади луѓе од отворен затвор. Делеа пасоши свесно две и пол години, иако знаеа дека важноста ќе помине, пред истекот на датумот впишан на самите исправи. Народот доста трпеше и доста беше омаловажуван од власта, сега е време да им се помогне на граѓаните. Потребни се само 15 чесни пратеници од власта, кои ќе му помогнат на својот народ и ќе ги спасат од оваа неправда, заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, да го изгласаат законот, за продолжување на важноста на пасошите. Во спротивно тие сите, треба да се откажат од своите дипломатски пасоши, со кои патуваат непречено, кога и каде да посакаат. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!

The post Петрушевски: СДСМ и ДУИ да им помогнат на граѓаните со гласање на законот за продолжување на рокот на пасошите appeared first on Република.

]]>
Петрушевски: Зошто ЈО не реагира по индициите дека ОТА набавила опрема за масовно прислушкување, без согласност од МВР? https://republika.mk/vesti/makedonija/petrushevski-zoshto-jo-ne-reagira-po-inditsiite-deka-ota-nabavila-oprema-za-masovno-prislushkuvane-bez-soglasnost-od-mvr/ Sat, 24 Jun 2023 09:21:46 +0000 https://republika.mk/?p=654645

Директорот на ОТА извршил незаконска набавка на опрема за масовно прислушкувања. Единствен кој стои зад тоа е Димитар Ковачевски, без чија согласност истата не можела да биде набавена, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Јас и другите членови на собраниската комисија за мониторинг над службите за безбедност, кои воочивме за нас спорни моменти, свесни за обврската кон државната тајна која не обврзува без да изнесуваме детали во јавноста го известивме ЈО. Морам да напоменам, дека известувањето беше со согласност на сите пратеници и од опозиција и од позиција. ЈО со денови молчи. И нема никаква реакција. Затоа повторно излегуваме да алармираме.

Набавен е опрема за следење на комуникациите, со набавка спроведена на незаконит начин, без потребна дозвола од МВР и без почитување на Правилникот на Агенцијата. Јавно прашуваме, дали ваквата опрема е набавена со цел масовно прислушкување на Македонските граѓани?, прашува Петрушевски.

Тој праша и дали со набавената опрема можат буквално да се прислушкуваат сите 2 милиони граѓани на Република Македонија?

Дали набавката на опремата е спроведена со цел прислушкување пред избори, и дали со истата власта има за цел да влезе и во други криминални дејанија? Го повикуваме директорот на ОТА да одговори, дали набавил опрема за масовно прислушкување без потребната дозвола од МВР? Дали зад набавката на опремата на незаконит начин стои лично Димитар Ковачевски? ЈО да не чека и да отвори истрага. Државата се соочува со опасност од огромен и досега невиден скандал, вели пратеникот.

https://www.youtube.com/watch?v=9dYpj3MsTjI

The post Петрушевски: Зошто ЈО не реагира по индициите дека ОТА набавила опрема за масовно прислушкување, без согласност од МВР? appeared first on Република.

]]>

Директорот на ОТА извршил незаконска набавка на опрема за масовно прислушкувања. Единствен кој стои зад тоа е Димитар Ковачевски, без чија согласност истата не можела да биде набавена, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Јас и другите членови на собраниската комисија за мониторинг над службите за безбедност, кои воочивме за нас спорни моменти, свесни за обврската кон државната тајна која не обврзува без да изнесуваме детали во јавноста го известивме ЈО. Морам да напоменам, дека известувањето беше со согласност на сите пратеници и од опозиција и од позиција. ЈО со денови молчи. И нема никаква реакција. Затоа повторно излегуваме да алармираме.
Набавен е опрема за следење на комуникациите, со набавка спроведена на незаконит начин, без потребна дозвола од МВР и без почитување на Правилникот на Агенцијата. Јавно прашуваме, дали ваквата опрема е набавена со цел масовно прислушкување на Македонските граѓани?, прашува Петрушевски. Тој праша и дали со набавената опрема можат буквално да се прислушкуваат сите 2 милиони граѓани на Република Македонија?
Дали набавката на опремата е спроведена со цел прислушкување пред избори, и дали со истата власта има за цел да влезе и во други криминални дејанија? Го повикуваме директорот на ОТА да одговори, дали набавил опрема за масовно прислушкување без потребната дозвола од МВР? Дали зад набавката на опремата на незаконит начин стои лично Димитар Ковачевски? ЈО да не чека и да отвори истрага. Државата се соочува со опасност од огромен и досега невиден скандал, вели пратеникот.
https://www.youtube.com/watch?v=9dYpj3MsTjI

The post Петрушевски: Зошто ЈО не реагира по индициите дека ОТА набавила опрема за масовно прислушкување, без согласност од МВР? appeared first on Република.

]]>
Петрушевски: Власта на ДУИ поддржана од СДС наскоро ќе почне да си ги враќа украдените пари https://republika.mk/vesti/makedonija/petrushevski-vlasta-na-dui-poddrzhana-od-sds-naskoro-ke-pochne-da-si-gi-vraka-ukradenite-pari/ Sat, 03 Jun 2023 19:32:58 +0000 https://republika.mk/?p=647503

Петрушевски во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ ги посети кривопаланечките населени места Луке, Узем, Жидилово, Дурачка река и Станци од каде истакна дека и таму како и во цела Република Македонија граѓаните живеат тешко, но импулсот на народот кажува дека на ваквата неспособна власт и доаѓа крајот.

„Епската неспособност се одликува и на централно ниво, каде што имаме премиер кој што е неспособен сам да отиде на лидерска средба, туку му е потребен некој да му го чува грбот, истакна Петрушевски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го слуша гласот на народот чиј импулс кажува дека за многу скоро на Република Македонија ќе и се случат сериозни промени и власта на ДУИ поддржана од СДС ќе почне да си ги враќа украдените пари.

„Ние продолжуваме заедно со граѓаните да го слушаме гласот на народот, да го слушаме и да го чуствуваме импулсот, а тој импулс ни кажува дека на Република Македонија многу скоро ќе и се случат сериозни промени. Многу скоро оваа однародена власт на ДУИ поддржана од СДС ќе почне да си ги враќа украдените пари и да одговара за сите маки ки што им ги имаат направено на овие граѓани за овие шест години“, потенцираше Петрушевски, се наведува во партиското соопштение.

https://www.youtube.com/watch?v=QQJkmRqadns

The post Петрушевски: Власта на ДУИ поддржана од СДС наскоро ќе почне да си ги враќа украдените пари appeared first on Република.

]]>

Петрушевски во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ ги посети кривопаланечките населени места Луке, Узем, Жидилово, Дурачка река и Станци од каде истакна дека и таму како и во цела Република Македонија граѓаните живеат тешко, но импулсот на народот кажува дека на ваквата неспособна власт и доаѓа крајот. „Епската неспособност се одликува и на централно ниво, каде што имаме премиер кој што е неспособен сам да отиде на лидерска средба, туку му е потребен некој да му го чува грбот, истакна Петрушевски. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го слуша гласот на народот чиј импулс кажува дека за многу скоро на Република Македонија ќе и се случат сериозни промени и власта на ДУИ поддржана од СДС ќе почне да си ги враќа украдените пари. „Ние продолжуваме заедно со граѓаните да го слушаме гласот на народот, да го слушаме и да го чуствуваме импулсот, а тој импулс ни кажува дека на Република Македонија многу скоро ќе и се случат сериозни промени. Многу скоро оваа однародена власт на ДУИ поддржана од СДС ќе почне да си ги враќа украдените пари и да одговара за сите маки ки што им ги имаат направено на овие граѓани за овие шест години“, потенцираше Петрушевски, се наведува во партиското соопштение. https://www.youtube.com/watch?v=QQJkmRqadns

The post Петрушевски: Власта на ДУИ поддржана од СДС наскоро ќе почне да си ги враќа украдените пари appeared first on Република.

]]>
Петрушевски: Откако ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, тој товарен воз кој што го управува ДУИ ќе биде истоварен во Идризово https://republika.mk/vesti/makedonija/petrushevski-otkako-vmro-dpmne-ke-dojde-na-vlast-toj-tovaren-voz-koj-shto-go-upravuva-dui-ke-bide-istovaren-vo-idrizovo/ Sat, 20 May 2023 18:12:31 +0000 https://republika.mk/?p=643060

Денеска разговараме со жителите на населени места Агино село, Романовце и Пчиња. Многу проблеми, многу неправди наталожени на овие граѓани и генерално на граѓаните на Република Македонија”, истакна пратеникот Бране Петрушевски при теренската активност насловена „Ова е Македонија за сите”.

 „Денеска со нас е и Елена Доцевска Божиновска која што успеа да ја победи Република Македонија на Меѓународниот суд за човекови права во врска со случајот 27 април. Тоа е само уште еден доказ дека ќе следат уште многу пресуди со кои што се докажува дека 27 април е политички монтиран процес за кој што требаше да се ставо ВМРО-ДПМНЕ на колена за да успеат уставните измени”, нагласи пратеникот.

Посочи дека се продолжува со борбата за правда.

„Морам да одговорам на колегата Каевски дека ВМРО-ДПМНЕ требало да се качи на европскиот воз. ВМРО-ДПМНЕ одамна е качено на европскиот воз, возот на кој што се вози СДСМ е товарен воз и тој воз е натоварен со парите на граѓаните кои што ги пљачкаат ДУИ и СДС. Тој воз го управува ДУИ, а на негов спореден вагон само седи СДСМ. Дека тој воз не вози по европски шини им укажа и Европската комисија која што кажа дека петте закони со кои што сака да го легализираат криминалот со договорот за автопатите се се само не европски и никако не смеат да поминат со европско знаменце”, нагласи Петрушевски.

Тој додаде дека за многу скоро време откако ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт тој товарен воз кој што го управува ДУИ, а во кој што се вози СДСМ ќе биде истоварен конкретно на станицата во Идризово.

The post Петрушевски: Откако ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, тој товарен воз кој што го управува ДУИ ќе биде истоварен во Идризово appeared first on Република.

Петрушевски до Ковачевски: Дали после сите скандали во МВР и целосното немање капацитет да се справи со предизвиците ќе го разрешите министерот Оливер Спасовски? https://republika.mk/vesti/makedonija/petrushevski-do-kovachevski-dali-posle-site-skandali-vo-mvr-i-tselosnoto-nemane-kapatsitet-da-se-spravi-so-predizvitsite-ke-go-razreshite-ministerot-oliver-spasovski/ Thu, 29 Dec 2022 18:35:26 +0000 https://republika.mk/?p=591607

На денешната собраниска седница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски упати две пратенички прашања, првото прашање до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и второто до премиерот Димитар Ковачевски.

Петрушевски посочи дека како министер Оливер Спасовски врши брутална партизација на министерството за внатрешни работи и тоа за да не биде политичка флоскула ќе го поткрепам со факти и аргументи.

„Во Министерството за внатрешни работи, вработувате поранешна пратеничка на СДСМ од Тетово. Во министерството за внатрешни работи враќате личност која претходно е осудена и лежела затвор за организиран криминал и го  назначувате одговорен за обезбедување на објекти од витално значење за државата. Во МВР вие лично со решение поставувате началници кои надвор од законот и покрај тоа што се вработени во МВР имаат приватни фирми за продажба на огнено оружје, муниција, стрелиште. Вашите раководни кадри кои вие ги поставувате како министер изминатиот период можевме да ги видиме како гордо се сликаа на партиските трибини на СДСМ буквално во секој град, секој раководител на секторите при МВР“, кажа Петрушевски.

Петрушевски го запраша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дали смета дека е крајно време да престане со бруталната партизација на министерството за внатрешни работи?

„Почитуван премиер ќе изнесам една информација која е загрижувачки сериозна а која е доставена согласно законот за слободен пристап до информации од јавен карактер токму од министерството за внатрешни работи. Имено во период од 5 години сметано од 2018 до 2022  година во министерството за внатрешни работи се евидентирани вкупен број на 15,982 тужби од кои 8,046 тужбени барања се усвоени. По однос на овие тужби и тужбени барања од сметката на МВР по налози за извршени судски решенија. Во 2018 се извршени 247,794,518, 2019 222,722,203, 2020 159,123,384, 2021 197,020,736 и заклучно со 30.11.2022 година извршени се 188,950,053 или вкупно една милијарда и петнаесет милиони денари за овие 5 години“, изјави Петрушевски.

Петрушевски истакна дека денес се виде дека премиерот Димитар Ковачевски е уценет од ДУИ и дека не смее да го разреши заменикот министер во министерството за внатрешни работи по неговите скандали.

„Дали после сите овие скандали кои ги гледаме во министерството за внатрешни работи и целото немање на капацитет да се справи со предизвици министерот Спасовски, ќе соберете барем малце храброст да докажете дека не сте насаден како претседател на СДСМ затоа што сте уценет како премиер и конечно ќе го разрешите Спасовски од министер за внатрешни работи“, го запраша Петрушевски, премиерот Ковачевски во неговото второ упатено прашање.

https://www.youtube.com/watch?v=vw5QkhzMIaI

The post Петрушевски до Ковачевски: Дали после сите скандали во МВР и целосното немање капацитет да се справи со предизвиците ќе го разрешите министерот Оливер Спасовски? appeared first on Република.

Петрушевски до Ковачевски: Зошто ги штитите функционерите кои кријат имот или и самите криете имот стекнат преку аферата „Броило“ https://republika.mk/vesti/makedonija/petrushevski-do-kovachevski-zoshto-gi-shtitite-funkcionerite-koi-krijat-imot-ili-i-samite-kriete-imot-steknat-preku-aferata-broilo/ Thu, 27 Oct 2022 12:24:35 +0000 https://republika.mk/?p=566376

123 функционери кријат 30 милиони евра вреден имот со месеци, а дел од нив и со години, односно не поднеле анкетни листови иако за тоа имаат законска обврска. Со месеци па дури и со години ДКСК не покренала постапка.  Дали со ова се праќа порака дека може да се прави криминал и доколку си член на СДС И ДУИ нема да одговараш.  Што се крие и кој се крие во аферата Тајни имоти, па власта се спрегна во релативизирање, пуштајќи дури и тези дека не се работело за првиот ешалон на власта, туку за вториот или третиот”, порача пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

Според него криењето на имот од над сто функционери не може никако да е случајност, туку тука постои основано сомнение дека се работи за системско криење на имот.

И веќе четврти ден наместо одговорност и оставки  од функционерите, гледаме бледи соопштенија и обиди за маргинализирање на случајот.  Доколку не станува збор за системско криење, тогаш Ковачевски треба да побара пресек од Антикорупциска комисија на сите функционери кои не пријавиле имот и истите да ги разреши веднаш затоа што не го почитуваат законот”, рече Петрушевски.

Пратеникот посочи дека доколку не го направи тоа Ковачевски фрла само поголем сомнеж дека се работи за системско криење на имот.

Едноставно не може да не знаеле дека имаат законска обврска да го пријават имотот”, рече Петрушевски кој упати едно прашање до премиерот Димитар Ковачевски кое гласи „зошто ги штитите функционерите кои кријат имот или и самите криете имот стекнат преку аферата „Броило”. Второ прашање го упати до претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска, „колку вкупно функционери по стапување на функција, или во рок од 30 дена по стапување на истата немаат поднесено анкетни листови”.

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал и незаконски имот стекнат врз грбот на граѓаните истакна премиерот Димитар Ковачевски во одговор на пратеничко прашање на денешната седница на Собранието.

Со судска пресуда од предметот Талир 2 е докажано  дека  дворецот што вреди седум милиони  евра е незаконски и криминално стекнат, врз грбот на граѓаните, односно со пари украдени од граѓаните. Тоа значи дека тие кои тогаш биле на власт, краделе од граѓаните, граделе имот, се луксузирале, и на незаконски начин изградиле објект додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови, во време кога минималната плата беше 9.000 денари двојно помалку од денес, кога социјалната помош беше три пати помала од денес.

Се злоупотребувале милионски суми на пари, се злоупотребувале процедурите, Деталниот урбанистички план за таа зграда е три пати менуван за да може ВМРО-ДПМНЕ да добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел. Таа шема е докажана на суд.

Затоа кога се зборува имот, прво треба да се погледне во сопствениот двор, посочи Ковачевски.

Ковачевски порача дека секој државен функционер мора да го пријави до Државната комисија за спречување корупција и за тоа отстапка нема.

Секој функционер, без разлика од која политичка партија доаѓа, без разлика на која државна позиција е должен согласно закон, да поднесе анкетен лист за се она што го поседува до Државната комисија за спречување корупција. Сите оние кои не го сториле тоа во законскиот рок треба да бидат санкционирани согласно законот. И од тоа никој никогаш не добил заштита ниту од мене, ниту од кој било друг член на Владата.

Се што јас поседувам сум го стекнал низ 22 годишната кариера и сето тоа е пријавено во ДКСК и секоја промена навремено е доставена до ДКСК.

Вие фабрикувавте афера која нема никаква основа, а ја фабрикувавте затоа што вашата партија, вашиот претседател и вашата градоначалничка на Град Скопје се најдовте во средиште на огромна афера која сами си ја отворивте и себе си се обвинувавте кој какви тендери местел во Водовод Скопје, кој какви вработувања правел, бидејќи тоа беше единственото нешто за кое се зборуваше, вие решивте да фабрикувате афера, порача Ковачевски.

The post Петрушевски до Ковачевски: Зошто ги штитите функционерите кои кријат имот или и самите криете имот стекнат преку аферата „Броило“ appeared first on Република.

]]>

123 функционери кријат 30 милиони евра вреден имот со месеци, а дел од нив и со години, односно не поднеле анкетни листови иако за тоа имаат законска обврска. Со месеци па дури и со години ДКСК не покренала постапка.  Дали со ова се праќа порака дека може да се прави криминал и доколку си член на СДС И ДУИ нема да одговараш.  Што се крие и кој се крие во аферата Тајни имоти, па власта се спрегна во релативизирање, пуштајќи дури и тези дека не се работело за првиот ешалон на власта, туку за вториот или третиот”, порача пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

Според него криењето на имот од над сто функционери не може никако да е случајност, туку тука постои основано сомнение дека се работи за системско криење на имот.

И веќе четврти ден наместо одговорност и оставки  од функционерите, гледаме бледи соопштенија и обиди за маргинализирање на случајот.  Доколку не станува збор за системско криење, тогаш Ковачевски треба да побара пресек од Антикорупциска комисија на сите функционери кои не пријавиле имот и истите да ги разреши веднаш затоа што не го почитуваат законот”, рече Петрушевски.

Пратеникот посочи дека доколку не го направи тоа Ковачевски фрла само поголем сомнеж дека се работи за системско криење на имот.

Едноставно не може да не знаеле дека имаат законска обврска да го пријават имотот”, рече Петрушевски кој упати едно прашање до премиерот Димитар Ковачевски кое гласи „зошто ги штитите функционерите кои кријат имот или и самите криете имот стекнат преку аферата „Броило”. Второ прашање го упати до претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска, „колку вкупно функционери по стапување на функција, или во рок од 30 дена по стапување на истата немаат поднесено анкетни листови”.

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал и незаконски имот стекнат врз грбот на граѓаните истакна премиерот Димитар Ковачевски во одговор на пратеничко прашање на денешната седница на Собранието.
Со судска пресуда од предметот Талир 2 е докажано  дека  дворецот што вреди седум милиони  евра е незаконски и криминално стекнат, врз грбот на граѓаните, односно со пари украдени од граѓаните. Тоа значи дека тие кои тогаш биле на власт, краделе од граѓаните, граделе имот, се луксузирале, и на незаконски начин изградиле објект додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови, во време кога минималната плата беше 9.000 денари двојно помалку од денес, кога социјалната помош беше три пати помала од денес. Се злоупотребувале милионски суми на пари, се злоупотребувале процедурите, Деталниот урбанистички план за таа зграда е три пати менуван за да може ВМРО-ДПМНЕ да добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел. Таа шема е докажана на суд. Затоа кога се зборува имот, прво треба да се погледне во сопствениот двор, посочи Ковачевски.
Ковачевски порача дека секој државен функционер мора да го пријави до Државната комисија за спречување корупција и за тоа отстапка нема.
Секој функционер, без разлика од која политичка партија доаѓа, без разлика на која државна позиција е должен согласно закон, да поднесе анкетен лист за се она што го поседува до Државната комисија за спречување корупција. Сите оние кои не го сториле тоа во законскиот рок треба да бидат санкционирани согласно законот. И од тоа никој никогаш не добил заштита ниту од мене, ниту од кој било друг член на Владата. Се што јас поседувам сум го стекнал низ 22 годишната кариера и сето тоа е пријавено во ДКСК и секоја промена навремено е доставена до ДКСК. Вие фабрикувавте афера која нема никаква основа, а ја фабрикувавте затоа што вашата партија, вашиот претседател и вашата градоначалничка на Град Скопје се најдовте во средиште на огромна афера која сами си ја отворивте и себе си се обвинувавте кој какви тендери местел во Водовод Скопје, кој какви вработувања правел, бидејќи тоа беше единственото нешто за кое се зборуваше, вие решивте да фабрикувате афера, порача Ковачевски.

The post Петрушевски до Ковачевски: Зошто ги штитите функционерите кои кријат имот или и самите криете имот стекнат преку аферата „Броило“ appeared first on Република.

]]>