петро порошенко Archives - Република https://republika.mk/tema/petro-poroshenko/ За подобро да се разбереме Sat, 04 May 2024 15:33:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png петро порошенко Archives - Република https://republika.mk/tema/petro-poroshenko/ 32 32 Распишана потерница и за Порошенко https://republika.mk/vesti/svet/raspishana-poternitsa-i-za-poroshenko/ Sat, 04 May 2024 15:33:45 +0000 https://republika.mk/?p=774210

Министерството за внатрешни работи на Русија распиша потерница по поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко.

Петар Алексејевич Порошенко, 26 септември 1965 година. Се бара според членот од Кривичниот законик“, се наведува во базата на податоци на веб-страницата на Министерството.

Кривичното дело поради кое се трага по него не е соопштено, пренесуваат руските медиуми.

Порошенко беше претседател на Украина од 2014 до 2019 година.

Министерството за внатрешни работи на Русија претходно распиша потерница по актуелниот украински претседател, Володимир Зеленски.

 

The post Распишана потерница и за Порошенко appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи на Русија распиша потерница по поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко.
Петар Алексејевич Порошенко, 26 септември 1965 година. Се бара според членот од Кривичниот законик“, се наведува во базата на податоци на веб-страницата на Министерството. Кривичното дело поради кое се трага по него не е соопштено, пренесуваат руските медиуми.
Порошенко беше претседател на Украина од 2014 до 2019 година. Министерството за внатрешни работи на Русија претходно распиша потерница по актуелниот украински претседател, Володимир Зеленски.  

The post Распишана потерница и за Порошенко appeared first on Република.

]]>
Порошенко: Прво Украина во НАТО, па преговори со Русија https://republika.mk/vesti/svet/poroshenko-prvo-ukraina-vo-nato-pa-pregovori-so-rusija/ Sat, 19 Nov 2022 20:18:43 +0000 https://republika.mk/?p=575957

Поранешниот претседател на Украина Петро Порошенко изјави денеска дека членството на Украина во НАТО е главен предуслов за мир во Европа и светот и дека повлекувањето на руските војници од територијата на Украина не е доволно за почеток на мировните преговори.

Говорејќи на Меѓународниот безбедносен форум во Халифакс, Канада, тој рече дека Украина сака „да го замени безбедносниот штит на украинските вооружени сили со штитот од член 5 на НАТО“, кој се однесува на колективната одбрана, каде што напад врз една членка на Алијансата. се смета за напад врз сите сојузници.

Нашата порака не е „Во ред, ајде да зборуваме за мир“, туку „Ја примаме Украина во НАТО“, што е предуслов за мир во Европа и мир во светот, изјави Порошенко за канадскиот весник „Глоуб енд мејл“, додавајќи дека „Не треба да му се верува на Путин“.

Руските ракетни напади оневозможија речиси половина од енергетскиот систем на Украина, а Порошенко верува дека снабдувањето со опрема за енергетска инфраструктура ќе биде исто толку важно како и снабдувањето со оружје, бидејќи Украина очекува пад на температурите во текот на следните четири месеци до пролетта.

Главна тема на Меѓународниот безбедносен форум во Халифакс е рускиот напад врз Украина, а дел од учесниците се американскиот министер за одбрана Лојд Остин, канадската министерка за одбрана Анита Ананд, како и највисоките воени лидери на земјите членки на НАТО и претставници на најголемите компании за производство на оружје.

The post Порошенко: Прво Украина во НАТО, па преговори со Русија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Украина Петро Порошенко изјави денеска дека членството на Украина во НАТО е главен предуслов за мир во Европа и светот и дека повлекувањето на руските војници од територијата на Украина не е доволно за почеток на мировните преговори. Говорејќи на Меѓународниот безбедносен форум во Халифакс, Канада, тој рече дека Украина сака „да го замени безбедносниот штит на украинските вооружени сили со штитот од член 5 на НАТО“, кој се однесува на колективната одбрана, каде што напад врз една членка на Алијансата. се смета за напад врз сите сојузници. Нашата порака не е „Во ред, ајде да зборуваме за мир“, туку „Ја примаме Украина во НАТО“, што е предуслов за мир во Европа и мир во светот, изјави Порошенко за канадскиот весник „Глоуб енд мејл“, додавајќи дека „Не треба да му се верува на Путин“. Руските ракетни напади оневозможија речиси половина од енергетскиот систем на Украина, а Порошенко верува дека снабдувањето со опрема за енергетска инфраструктура ќе биде исто толку важно како и снабдувањето со оружје, бидејќи Украина очекува пад на температурите во текот на следните четири месеци до пролетта. Главна тема на Меѓународниот безбедносен форум во Халифакс е рускиот напад врз Украина, а дел од учесниците се американскиот министер за одбрана Лојд Остин, канадската министерка за одбрана Анита Ананд, како и највисоките воени лидери на земјите членки на НАТО и претставници на најголемите компании за производство на оружје.

The post Порошенко: Прво Украина во НАТО, па преговори со Русија appeared first on Република.

]]>
По многу перипетии Порошенко успеа да излезе од Украина https://republika.mk/vesti/svet/po-mnogu-peripetii-poroshenko-uspea-da-izleze-od-ukraina/ Mon, 30 May 2022 13:18:27 +0000 https://republika.mk/?p=508799

Поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко, во третиот обид успеал да ја помине границата со Полска, пренесува украинска „Правда“.

Порошенко отпатувал на конгресот и самитот на Европската народна партија во Ротердам, а претходните два пати беше спречен да ја напушти Украина за да учествува на состанокот на НАТО во Литванија, соопшти парламентарната фракција на неговата партија.

Утринава, Порошенко му се обратил на претседателот Володимир Зеленски за да го увери дека опозицијата работи со властите за зајакнување на Украина.

Порошенко порачал дека неговата цел е да и помогне на Украина со статусот на кандидат за членство во ЕУ во јуни, да ја поддржи Украина во војната против Русија, да најде финансиска помош за земјата и да помогне во планот за повоена обнова.

Тој минатата недела два пати беше запрен на граничниот премин со Полска додека како член на украинската парламентарна делегација отиде на состанок на Парламентарното собрание на НАТО.

Украинските медиуми тогаш пишуваа дека Порошенко не можел да ја помине границата поради технички проблеми со дозволата што му овозможува да ја напушти земјата.

The post По многу перипетии Порошенко успеа да излезе од Украина appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко, во третиот обид успеал да ја помине границата со Полска, пренесува украинска „Правда“. Порошенко отпатувал на конгресот и самитот на Европската народна партија во Ротердам, а претходните два пати беше спречен да ја напушти Украина за да учествува на состанокот на НАТО во Литванија, соопшти парламентарната фракција на неговата партија. Утринава, Порошенко му се обратил на претседателот Володимир Зеленски за да го увери дека опозицијата работи со властите за зајакнување на Украина. Порошенко порачал дека неговата цел е да и помогне на Украина со статусот на кандидат за членство во ЕУ во јуни, да ја поддржи Украина во војната против Русија, да најде финансиска помош за земјата и да помогне во планот за повоена обнова. Тој минатата недела два пати беше запрен на граничниот премин со Полска додека како член на украинската парламентарна делегација отиде на состанок на Парламентарното собрание на НАТО. Украинските медиуми тогаш пишуваа дека Порошенко не можел да ја помине границата поради технички проблеми со дозволата што му овозможува да ја напушти земјата.

The post По многу перипетии Порошенко успеа да излезе од Украина appeared first on Република.

]]>
Порошенко: Путин ја разбира само силата https://republika.mk/vesti/svet/poroshenko-putin-ja-razbira-samo-silata/ Sun, 22 May 2022 10:40:49 +0000 https://republika.mk/?p=505382

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко им порача на колегите политичари во Украина и на лидерите ширум светот да останат обединети и да не прават компромиси кога имаат работа со рускиот претседател Владимир Путин.

-Путин ја разбира само силата и ќе оди онолку далеку колку што светот тоа ќе му го дозволи, рече 56-годишниот политичар во интервју за „Current Time“, медиумски проект на руски јазик што го води Радио Слободна Европа во соработка со Гласот на Америка.

Тој посочи дека не може да има преседан во Европа каде што една земја може насилно да ги менува границите кои беа воспоставени по Втората светска војна.

Коментарот на поранешниот претседател доаѓаат во момент кога војната во Украина се приближува до третиот месец, а сега се водат поголеми битки во источниот регион Донбас, објави Радио Слободна Европа.

Порошенко вели дека останува значајната разлика меѓу Киев и Москва за каков било договорен прекин на војната и дека Западот треба да продолжи со острите мерки што ги презеде против Кремљ, кој според него е единствениот јазик што Путин го разбира.

-Путин сака да ја отстрани Украина како земја од мапата на светот. Затоа, невозможно е да се зборува за ништо друго освен за прекин на огнот, повлекување на руските војници и решение за хуманитарната ситуација. Територијалниот интегритет и суверенитет на една земја не можат биде компромитиран, рече тој.

Украинскиот политичар вели и дека западните лидери не треба да ги поколебуваат заканите на Путин во неговите говори и изјави за перспективата за употреба на нуклеарно или хемиско оружје во Украина. Тој смета дека тоа е празна реторика и дека рускиот лидер се плаши од последиците од употребата на овој вид оружје.

The post Порошенко: Путин ја разбира само силата appeared first on Република.

]]>

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко им порача на колегите политичари во Украина и на лидерите ширум светот да останат обединети и да не прават компромиси кога имаат работа со рускиот претседател Владимир Путин. -Путин ја разбира само силата и ќе оди онолку далеку колку што светот тоа ќе му го дозволи, рече 56-годишниот политичар во интервју за „Current Time“, медиумски проект на руски јазик што го води Радио Слободна Европа во соработка со Гласот на Америка. Тој посочи дека не може да има преседан во Европа каде што една земја може насилно да ги менува границите кои беа воспоставени по Втората светска војна. Коментарот на поранешниот претседател доаѓаат во момент кога војната во Украина се приближува до третиот месец, а сега се водат поголеми битки во источниот регион Донбас, објави Радио Слободна Европа. Порошенко вели дека останува значајната разлика меѓу Киев и Москва за каков било договорен прекин на војната и дека Западот треба да продолжи со острите мерки што ги презеде против Кремљ, кој според него е единствениот јазик што Путин го разбира. -Путин сака да ја отстрани Украина како земја од мапата на светот. Затоа, невозможно е да се зборува за ништо друго освен за прекин на огнот, повлекување на руските војници и решение за хуманитарната ситуација. Територијалниот интегритет и суверенитет на една земја не можат биде компромитиран, рече тој. Украинскиот политичар вели и дека западните лидери не треба да ги поколебуваат заканите на Путин во неговите говори и изјави за перспективата за употреба на нуклеарно или хемиско оружје во Украина. Тој смета дека тоа е празна реторика и дека рускиот лидер се плаши од последиците од употребата на овој вид оружје.

The post Порошенко: Путин ја разбира само силата appeared first on Република.

]]>
Поранешниот украински претседател, Петро Порошенко, зеде Калашников во рака и излезе на улиците на Киев https://republika.mk/vesti/svet/poraneshniot-ukrainski-pretsedatel-petro-poroshenko-zede-kalashnikov-vo-raka-i-izleze-na-ulicite-na-kiev/ Sat, 26 Feb 2022 07:43:45 +0000 https://republika.mk/?p=464073

Поранешниот украински претседател, Петро Порошенко, се јави за „Си-Ен-ЕН“ од улиците на Киев додека во главниот град на Украина се водат борби со руската војска.

На прашањето на новинарите со што се вооружени тој и групата со која се наоѓа и што планираат да направат кога ќе дојдат Русите, Порошенко одговара:

Тоа е едноставно. Еве, ова е краток Калшников, имаме околу 300 припадници на територијалната одбрана, имаме два митралеза и, воглавно, тоа е тоа. Немаме тешка артилерија, немаме тенкови... Овој процес (вооружувањето) го почнавме пред само неколку дена.

 

Има долга колона луѓе кои сакаат да се приклучат во баталјонот, но немаме доволно оружје. Се јавуваат обични луѓе, кои никогаш не биле во војска. Тоа навистина добро покажува колку луѓето го мразат Путин и колку се противат на руската агресија. Тоа е сосема јасно - изјави Порошенко.

https://twitter.com/noraneus/status/1497174310137520128?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1497174310137520128%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.jutarnji.hr%2Fvijesti%2Fsvijet%2Fbivsi-ukrajinski-predsjednik-porosenko-uzeo-kalasnjikov-u-ruku-koliko-mozemo-izdrzati-zauvijek-15163060

Инаку, Порошенко е под истрага за сомневања дека во текот на неговиот мандат тргувал со проруските бунтовници на истокот на земјата. Тој ги отфрла тие обвинувања, а неговата партија го обвинува акруелниот претседател, Володимир Зеленски, дека на тој начин се обидува да ја замолчи опозицијата.

Порошенко беше на функцијата од 2014 до 2019 година, кога на изборите загуби од Зеленски.

The post Поранешниот украински претседател, Петро Порошенко, зеде Калашников во рака и излезе на улиците на Киев appeared first on Република.

]]>

Поранешниот украински претседател, Петро Порошенко, се јави за „Си-Ен-ЕН“ од улиците на Киев додека во главниот град на Украина се водат борби со руската војска. На прашањето на новинарите со што се вооружени тој и групата со која се наоѓа и што планираат да направат кога ќе дојдат Русите, Порошенко одговара:
Тоа е едноставно. Еве, ова е краток Калшников, имаме околу 300 припадници на територијалната одбрана, имаме два митралеза и, воглавно, тоа е тоа. Немаме тешка артилерија, немаме тенкови... Овој процес (вооружувањето) го почнавме пред само неколку дена.   Има долга колона луѓе кои сакаат да се приклучат во баталјонот, но немаме доволно оружје. Се јавуваат обични луѓе, кои никогаш не биле во војска. Тоа навистина добро покажува колку луѓето го мразат Путин и колку се противат на руската агресија. Тоа е сосема јасно - изјави Порошенко.
https://twitter.com/noraneus/status/1497174310137520128?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1497174310137520128%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.jutarnji.hr%2Fvijesti%2Fsvijet%2Fbivsi-ukrajinski-predsjednik-porosenko-uzeo-kalasnjikov-u-ruku-koliko-mozemo-izdrzati-zauvijek-15163060 Инаку, Порошенко е под истрага за сомневања дека во текот на неговиот мандат тргувал со проруските бунтовници на истокот на земјата. Тој ги отфрла тие обвинувања, а неговата партија го обвинува акруелниот претседател, Володимир Зеленски, дека на тој начин се обидува да ја замолчи опозицијата. Порошенко беше на функцијата од 2014 до 2019 година, кога на изборите загуби од Зеленски.

The post Поранешниот украински претседател, Петро Порошенко, зеде Калашников во рака и излезе на улиците на Киев appeared first on Република.

]]>
Речиси сите лидери на Украина во последниве 20 години завршија во затвор или избегаа во Русија https://republika.mk/vesti/svet/rechisi-site-lideri-na-ukraina-poslednive-20-godini-zavrshija-vo-zatvor-ili-izbegaa-vo-rusija/ Thu, 17 Feb 2022 18:46:01 +0000 https://republika.mk/?p=459730

Она што ги спојува водачите на украина последниве 20 години е дека речиси сите завршија во затвор или избегаа во Русија благодарение на добрите врски со официјална Москва.

Најсвеж пример е поранешниот претседател Петро Порошенко.

Тој беше претседател на Украина од 2014 до 2019 година, кога загуби на изборите за втор мандат од актуелниот претседател на земјата Зеленски.

Порошенко беше министер за надворешни работи од 2009 до 2010 година, а министер за трговија и економски развој во 2012 година. Од 2007 до 2012 година беше на чело на Советот на Народната банка на Украина. Покрај тоа што се занимава со политика, Порошенко е сопственик на голем производител на кондиторски производи, благодарение на што го доби прекарот Кралот на чоколадата. Неговите чоколади Рошен се продаваат и во Македонија.

Порошенко се врати во земјата во јануари, откако помина еден месец во странство, иако му се закануваше апсење.

Виктор Јанукович е поранешен претседател и премиер на Украина.

Од 1997 до 2002 година беше гувернер на областа Доњецк во источна Украина. Во периодот од 2002 до 2005 година беше премиер на Украина (во времето на претседателот Леонид Кучма).

Се кандидираше на претседателските избори во 2004 година. Тој победи на изборите, но откако изрази бројни сомнежи за регуларноста на изборите, т.н Портокалова револуција.

Изборите се повторија и победи Виктор Јушченко.

Од 2006 до 2007 година тој беше премиер на Украина по втор пат (во времето на претседателот Виктор Јушченко).

Јанукович беше избран за четврти претседател на Украина во февруари 2010 година, кога на изборите ја победи Јулија Тимошенко.

Тој ја напушти Украина кон крајот на февруари 2014 година, откако беше соборен од власт откако одби да потпише договор за асоцијација со Европската унија во корист на поблиски врски со Кремљ. Новите украински власти издадоа налог за негово апсење. Тој денеска е во Русија каде доби политички азил.

Виктор Јушченко е поранешен претседател на Украина. Како неофицијален лидер на коалицијата на украинските опозициски партии, Јушченко беше еден од главните кандидати на претседателските избори во октомври и ноември 2004 година.

Изборите првпат беа номинирани од прорускиот владин кандидат Виктор Јанукович, но Јушченко и неговите поддржувачи одбија да го признаат тоа.

По серијата улични протести, Врховниот суд на Украина одлучи, повикувајќи се на сомневања за масивни изборни измами, да го одржи спорниот втор круг од изборите, на кои Јушченко непречено победи. Овој пуч е познат како Портокаловата револуција.

Јулија Тимошенко e можеби најпознатата личност која доаѓа од Украина Таа се сметаше за хероина на Портокаловата револуција и се сметаше за најистакната политичка фигура во земјата. Јулија сега има 61 година.

Таа во два наврати е поранешен премиер на Украина. Таа првпат беше избрана за премиер на 24 јануари 2005 година и остана на функцијата до 8 септември 2005 година, кога Јушченко ја распушти нејзината влада.

На предвремените парламентарни избори во 2006 година, нејзината партија освои 129 пратеници во украинската Рада и стана втората најсилна партија по Партијата на регионот. Тимошенко и Јушченко повторно се обидоа да формираат коалиција, но преговорите не успеаја.

По предвремените парламентарни избори во 2007 година, коалицијата околу Виктор Јушченко и коалицијата околу Јулија Тимошенко освоија доволно гласови за формирање влада, па на 18 декември 2007 година Тимошенко беше реизбрана за премиер.

Во 2011 година, Тимошенко беше осудена на седум години затвор за злоупотреба на службената положба.

The post Речиси сите лидери на Украина во последниве 20 години завршија во затвор или избегаа во Русија appeared first on Република.

]]>

Она што ги спојува водачите на украина последниве 20 години е дека речиси сите завршија во затвор или избегаа во Русија благодарение на добрите врски со официјална Москва. Најсвеж пример е поранешниот претседател Петро Порошенко. Тој беше претседател на Украина од 2014 до 2019 година, кога загуби на изборите за втор мандат од актуелниот претседател на земјата Зеленски. Порошенко беше министер за надворешни работи од 2009 до 2010 година, а министер за трговија и економски развој во 2012 година. Од 2007 до 2012 година беше на чело на Советот на Народната банка на Украина. Покрај тоа што се занимава со политика, Порошенко е сопственик на голем производител на кондиторски производи, благодарение на што го доби прекарот Кралот на чоколадата. Неговите чоколади Рошен се продаваат и во Македонија. Порошенко се врати во земјата во јануари, откако помина еден месец во странство, иако му се закануваше апсење. Виктор Јанукович е поранешен претседател и премиер на Украина. Од 1997 до 2002 година беше гувернер на областа Доњецк во источна Украина. Во периодот од 2002 до 2005 година беше премиер на Украина (во времето на претседателот Леонид Кучма). Се кандидираше на претседателските избори во 2004 година. Тој победи на изборите, но откако изрази бројни сомнежи за регуларноста на изборите, т.н Портокалова револуција. Изборите се повторија и победи Виктор Јушченко. Од 2006 до 2007 година тој беше премиер на Украина по втор пат (во времето на претседателот Виктор Јушченко). Јанукович беше избран за четврти претседател на Украина во февруари 2010 година, кога на изборите ја победи Јулија Тимошенко. Тој ја напушти Украина кон крајот на февруари 2014 година, откако беше соборен од власт откако одби да потпише договор за асоцијација со Европската унија во корист на поблиски врски со Кремљ. Новите украински власти издадоа налог за негово апсење. Тој денеска е во Русија каде доби политички азил. Виктор Јушченко е поранешен претседател на Украина. Како неофицијален лидер на коалицијата на украинските опозициски партии, Јушченко беше еден од главните кандидати на претседателските избори во октомври и ноември 2004 година. Изборите првпат беа номинирани од прорускиот владин кандидат Виктор Јанукович, но Јушченко и неговите поддржувачи одбија да го признаат тоа. По серијата улични протести, Врховниот суд на Украина одлучи, повикувајќи се на сомневања за масивни изборни измами, да го одржи спорниот втор круг од изборите, на кои Јушченко непречено победи. Овој пуч е познат како Портокаловата револуција. Јулија Тимошенко e можеби најпознатата личност која доаѓа од Украина Таа се сметаше за хероина на Портокаловата револуција и се сметаше за најистакната политичка фигура во земјата. Јулија сега има 61 година. Таа во два наврати е поранешен премиер на Украина. Таа првпат беше избрана за премиер на 24 јануари 2005 година и остана на функцијата до 8 септември 2005 година, кога Јушченко ја распушти нејзината влада. На предвремените парламентарни избори во 2006 година, нејзината партија освои 129 пратеници во украинската Рада и стана втората најсилна партија по Партијата на регионот. Тимошенко и Јушченко повторно се обидоа да формираат коалиција, но преговорите не успеаја. По предвремените парламентарни избори во 2007 година, коалицијата околу Виктор Јушченко и коалицијата околу Јулија Тимошенко освоија доволно гласови за формирање влада, па на 18 декември 2007 година Тимошенко беше реизбрана за премиер. Во 2011 година, Тимошенко беше осудена на седум години затвор за злоупотреба на службената положба.

The post Речиси сите лидери на Украина во последниве 20 години завршија во затвор или избегаа во Русија appeared first on Република.

]]>
Украинското обвинителство одреди кауција од 35 милиони долари за Порошенко https://republika.mk/vesti/svet/ukrainskoto-obvinitelstvo-odredi-kaucija-od-35-milioni-dolari-za-poroshenko/ Mon, 17 Jan 2022 16:52:58 +0000 https://republika.mk/?p=445996

Украинските обвинители побараа кауција од 1 милијарда гривни (35 милиони долари) за поранешниот лидер Петро Порошенко, кој денеска се врати во Украина и покрај тоа што се соочува со апсење под обвинение за предавство.

Претставник на обвинителството за време на сослушувањето за притвор побара од Порошенко, еден од најбогатите луѓе во земјата со богатство проценето на 1,6 милијарди долари, да биде ослободен со кауција и да носи електронска нараквица за следење.

Обвинителите побараа од Печерскиот окружен суд во Киев да му изрече na поранешниот украински претседател превентивна мерка „задржување под стража“ во траење од два месеци.

Обвинителството побара од судот и да го обврзе Порошенко да ги предаде сите свои пасоши.

Во моментов сè уште е во тек судско рочиште (повеќе од 5,5 часа) на кое говорат адвокатите на Порошенко. Тие упатуваат приговори за превентивна мерка против петтиот претседател на државата. Стотици поддржувачи на Порошенко сè уште се собираат пред судот, а целата ситуација и понатаму е релативно мирна, јавуваат локалните медиуми.

The post Украинското обвинителство одреди кауција од 35 милиони долари за Порошенко appeared first on Република.

]]>

Украинските обвинители побараа кауција од 1 милијарда гривни (35 милиони долари) за поранешниот лидер Петро Порошенко, кој денеска се врати во Украина и покрај тоа што се соочува со апсење под обвинение за предавство. Претставник на обвинителството за време на сослушувањето за притвор побара од Порошенко, еден од најбогатите луѓе во земјата со богатство проценето на 1,6 милијарди долари, да биде ослободен со кауција и да носи електронска нараквица за следење. Обвинителите побараа од Печерскиот окружен суд во Киев да му изрече na поранешниот украински претседател превентивна мерка „задржување под стража“ во траење од два месеци. Обвинителството побара од судот и да го обврзе Порошенко да ги предаде сите свои пасоши. Во моментов сè уште е во тек судско рочиште (повеќе од 5,5 часа) на кое говорат адвокатите на Порошенко. Тие упатуваат приговори за превентивна мерка против петтиот претседател на државата. Стотици поддржувачи на Порошенко сè уште се собираат пред судот, а целата ситуација и понатаму е релативно мирна, јавуваат локалните медиуми.

The post Украинското обвинителство одреди кауција од 35 милиони долари за Порошенко appeared first on Република.

]]>