петмина македонци Archives - Република https://republika.mk/tema/petmina-makedontsi/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Oct 2023 12:05:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png петмина македонци Archives - Република https://republika.mk/tema/petmina-makedontsi/ 32 32 Петмина граѓани од Македонија, меѓу кои две деца чекаат да бидат евакуирани од Појасот Газа https://republika.mk/vesti/petmina-gragani-od-makedonija-megu-koi-dve-detsa-chekaat-da-bidat-evakuirani-od-pojasot-gaza/ Tue, 24 Oct 2023 12:05:34 +0000 https://republika.mk/?p=694535

Македонските власти се обидуваат да евакуираат петмина наши државјани од Газа – брачен пар и татко со две мали деца. На мајката на децата, која е палестински државјанин и е издадена виза, изјави идниот македонски амбасадор во Тел Авив Шпенд Садики, кој денеска реферираше пред пратениците на Комисијата за надворешни работи во Собранието.

Тоа го правиме секојдневно. Беа двајца – еден брачен пар и последна бројка е пет. Татко и две мали деца. Дел од кризниот штаб сега е фокусиран на Газа во обид да се извлечат тие пет луѓе. Она што е невозможно ние да влијаеме е одлуката кога ќе се отвори границата. Таа одлука зависи од Египет и делумно и од Израел. Во комуникација сме секојдневна со нашата вршителка на работи во Каиро Елма и со Мачеј во Тел Авив и со нашите државјани, рече Садики.

Новиот амбасадор, кој одговараше на прашање на пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ за тоа што се прави за извлекување на наѓи граѓани од Појасот Газа, меѓу другото информираше дека се издадени патни листови за децата кои немале пасош, а мајката на децата е палестински државјанин и за неа е издадена виза.

Ќе зависи од египетските власти дали ќе дозволат таа да излезе од земјата. И ние ќе инсистираме. Амбасадата во Тел Авив не е акредитирана за палестинските територии. Неколку држави имаат формални релации со нив, но ние немаме и тоа е политичка одлука, но конзуларна заштита за Западниот Брег нудиме од Амсадата во Тел Авив, а за Газа преку Амбасадата во Египет, рече Садики.

Новиот амбасадор истакна дека ние имаме мала дијаспора во Израел и дека бројката на наши граѓани таму се движи меѓу 200 и 300.

Новиот амбасадор на Македонија во Тел Авив во излагањето пред пратениците, главно, се осврна на состојбата во Израел по нападот од страна на Хамас на 7 октомври. Се очекува да се види како ќе се одвива ситуацијата таму по најавената копнена офанзива на Израел.

Македонија ги следи позициите на Брисел и се залагаме за продолжување на преговорите се до постигнување трајно и сеопфатно решение. Кризата во последните две недели покажа колку е важно сојузништвото на САД со Израел, пресудно за обезбедување поддршка за Израел, рече Садики.

Кажа дека односите на Македонија и Израел се одлични, но имаме слаба секторска и економска соработка. Се предлага соработка во туризмот и економијата односно инвестиции. Посетите на највисоко нови ќе зависат од безбедносната состојба во земјата.

The post Петмина граѓани од Македонија, меѓу кои две деца чекаат да бидат евакуирани од Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Македонските власти се обидуваат да евакуираат петмина наши државјани од Газа – брачен пар и татко со две мали деца. На мајката на децата, која е палестински државјанин и е издадена виза, изјави идниот македонски амбасадор во Тел Авив Шпенд Садики, кој денеска реферираше пред пратениците на Комисијата за надворешни работи во Собранието.
Тоа го правиме секојдневно. Беа двајца – еден брачен пар и последна бројка е пет. Татко и две мали деца. Дел од кризниот штаб сега е фокусиран на Газа во обид да се извлечат тие пет луѓе. Она што е невозможно ние да влијаеме е одлуката кога ќе се отвори границата. Таа одлука зависи од Египет и делумно и од Израел. Во комуникација сме секојдневна со нашата вршителка на работи во Каиро Елма и со Мачеј во Тел Авив и со нашите државјани, рече Садики.
Новиот амбасадор, кој одговараше на прашање на пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ за тоа што се прави за извлекување на наѓи граѓани од Појасот Газа, меѓу другото информираше дека се издадени патни листови за децата кои немале пасош, а мајката на децата е палестински државјанин и за неа е издадена виза.
Ќе зависи од египетските власти дали ќе дозволат таа да излезе од земјата. И ние ќе инсистираме. Амбасадата во Тел Авив не е акредитирана за палестинските територии. Неколку држави имаат формални релации со нив, но ние немаме и тоа е политичка одлука, но конзуларна заштита за Западниот Брег нудиме од Амсадата во Тел Авив, а за Газа преку Амбасадата во Египет, рече Садики.
Новиот амбасадор истакна дека ние имаме мала дијаспора во Израел и дека бројката на наши граѓани таму се движи меѓу 200 и 300. Новиот амбасадор на Македонија во Тел Авив во излагањето пред пратениците, главно, се осврна на состојбата во Израел по нападот од страна на Хамас на 7 октомври. Се очекува да се види како ќе се одвива ситуацијата таму по најавената копнена офанзива на Израел.