петарди Archives - Република https://republika.mk/tema/petardi/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Sep 2024 16:04:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png петарди Archives - Република https://republika.mk/tema/petardi/ 32 32 Тројца малолетници со петарди и жижици го предизвикале пожарот кај Расадник https://republika.mk/vesti/crna-hronika/trojtsa-maloletnitsi-so-petardi-i-zhizhitsi-go-predizvikale-pozharot-kaj-rasadnik/ Fri, 06 Sep 2024 16:04:00 +0000 https://republika.mk/?p=813900

Тројца малолетници со петарди и жижици го предизвикале пожарот кај Расадник во Кисела Вода. Само еден од нив има 14 години, а другите двајца биле помали. Затоа и само 14-годишникот заработи кривична пријава за предвидување општа опасност.

Малолетниците имале среќа што избегале, па не се повредени во пожарот.

На 3 септември во попладневните часови, детето на возраст од 14 години, заедно со уште две деца во ризик кои не наполниле 14 години и од тие причини не се кривично одговорни, палеле петарди и жижици на земјена патека во месноста Расадник, Кисела Вода. Како последица на тоа, бил инициран пожар кој брзо се проширил на околната сува трева поради ветерот и зафатил површина од околу 3 хектари – дрвја, сандаци со пчели и неколку бандери за пренос на електрична енергија. Со пожарот била предизвикана значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери, велат од ОЈО.

Јавното обвинителство поднесе барање за поведување подготвителна постапка за 14-годишниот малолетник. Иако станува збор за кривично дело, кое според Кривичниот законик може да биде казнето со затвор од шест месеци до пет години, постапката е сосема различна со оглед на тоа што станува збор за малолетно лице. Постапката ја води Судија за деца од Основниот кривичен суд и за неа важи посебен Закон – за права на децата.

Токму тој Закон опишува како може да биде казнето едно дете.

На дете од 14 до 16 годишна возраст за дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело можат да му се изречат само воспитни мерки, се вели во Законот за права на децата.

Тоа значи дека малолетникот ќе може да добие мерка – укор, засилен надзор од родителите или да биде упатен во воспитна установа или воспитно-поправен дом.

The post Тројца малолетници со петарди и жижици го предизвикале пожарот кај Расадник appeared first on Република.

]]>

Тројца малолетници со петарди и жижици го предизвикале пожарот кај Расадник во Кисела Вода. Само еден од нив има 14 години, а другите двајца биле помали. Затоа и само 14-годишникот заработи кривична пријава за предвидување општа опасност. Малолетниците имале среќа што избегале, па не се повредени во пожарот.
На 3 септември во попладневните часови, детето на возраст од 14 години, заедно со уште две деца во ризик кои не наполниле 14 години и од тие причини не се кривично одговорни, палеле петарди и жижици на земјена патека во месноста Расадник, Кисела Вода. Како последица на тоа, бил инициран пожар кој брзо се проширил на околната сува трева поради ветерот и зафатил површина од околу 3 хектари – дрвја, сандаци со пчели и неколку бандери за пренос на електрична енергија. Со пожарот била предизвикана значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери, велат од ОЈО.
Јавното обвинителство поднесе барање за поведување подготвителна постапка за 14-годишниот малолетник. Иако станува збор за кривично дело, кое според Кривичниот законик може да биде казнето со затвор од шест месеци до пет години, постапката е сосема различна со оглед на тоа што станува збор за малолетно лице. Постапката ја води Судија за деца од Основниот кривичен суд и за неа важи посебен Закон – за права на децата. Токму тој Закон опишува како може да биде казнето едно дете.
На дете од 14 до 16 годишна возраст за дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело можат да му се изречат само воспитни мерки, се вели во Законот за права на децата.
Тоа значи дека малолетникот ќе може да добие мерка – укор, засилен надзор од родителите или да биде упатен во воспитна установа или воспитно-поправен дом.  

The post Тројца малолетници со петарди и жижици го предизвикале пожарот кај Расадник appeared first on Република.

]]>
Не е само Дрин Мехмети: На Табановце фатени петарди од Италија во „Рено“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-e-samo-drin-mehmeti-na-tabanovtse-fateni-petardi-od-italija-vo-reno/ Thu, 04 Jan 2024 18:41:34 +0000 https://republika.mk/?p=729723

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Б.(33) од Италија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 31.12.2023 на Граничен премин Табановце, при влез во државата, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „рено“, кое го управувал, при што биле пронајдени и одземени повеќе куршуми од различен калибар.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-za-sluchajot-so-drin-ahmeti-se-postapuva-kako-i-za-sekoj-drug-graganin/

The post Не е само Дрин Мехмети: На Табановце фатени петарди од Италија во „Рено“ appeared first on Република.

]]>

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Б.(33) од Италија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 31.12.2023 на Граничен премин Табановце, при влез во државата, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „рено“, кое го управувал, при што биле пронајдени и одземени повеќе куршуми од различен калибар. https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-za-sluchajot-so-drin-ahmeti-se-postapuva-kako-i-za-sekoj-drug-graganin/

The post Не е само Дрин Мехмети: На Табановце фатени петарди од Италија во „Рено“ appeared first on Република.

]]>
Пронајдени 400 пиротехнички средства во домот на 36-годишен виничанец https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajdeni-400-pirotehnichki-sredstva-vo-domot-na-36-godishen-vinichanets/ Sat, 23 Dec 2023 16:40:46 +0000 https://republika.mk/?p=725984

На 22.12.2023 во Виница, полициски службеници го лишиле од слобода З.С.(36) од с.Јакимово, Виничко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 400 разновидни пиротехнички средства, стои во билгтенот на МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Пронајдени 400 пиротехнички средства во домот на 36-годишен виничанец appeared first on Република.

]]>

На 22.12.2023 во Виница, полициски службеници го лишиле од слобода З.С.(36) од с.Јакимово, Виничко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 400 разновидни пиротехнички средства, стои во билгтенот на МВР. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Пронајдени 400 пиротехнички средства во домот на 36-годишен виничанец appeared first on Република.

]]>
Запленети 7000 петарди и огномети во Битола https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zapleneti-7000-petardi-i-ognometi-vo-bitola/ Sat, 23 Dec 2023 09:25:00 +0000 https://republika.mk/?p=725863

Полициски службеници од СВР Битола денеска го лишиле од слобода З.Т.(60) од Битола, во чиј дом и помошна просторија при претрес во периодот од 00.20 до 01.05 часот, биле пронајдени 4080 парчиња различни пиротехнички средства-огномети и петарди.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во 20.30 часот, на ул.„Филип Втори Македонски" во Битола, при преглед на патничкото возило „поло" со битолски регистарски ознаки, сопственост на З.Т. , биле пронајдени 2713 парчиња различни пиротехнички средства.

По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава, најави МВР.

The post Запленети 7000 петарди и огномети во Битола appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Битола денеска го лишиле од слобода З.Т.(60) од Битола, во чиј дом и помошна просторија при претрес во периодот од 00.20 до 01.05 часот, биле пронајдени 4080 парчиња различни пиротехнички средства-огномети и петарди. Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во 20.30 часот, на ул.„Филип Втори Македонски" во Битола, при преглед на патничкото возило „поло" со битолски регистарски ознаки, сопственост на З.Т. , биле пронајдени 2713 парчиња различни пиротехнички средства.
По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава, најави МВР.

The post Запленети 7000 петарди и огномети во Битола appeared first on Република.

]]>
Словенија: Родители си го пријавија синот в полиција оти купил петарди https://republika.mk/vesti/balkan/slovenija-roditeli-si-go-prijavija-sinot-v-politsija-oti-kupil-petardi/ Wed, 13 Dec 2023 12:06:40 +0000 https://republika.mk/?p=722553

Родители од словенечката престолнина Љубљана кај нивното дете пронашле пиротехнички средства, кои тој ги купил без нивно знаење, по што повикале полиција, јави словенечка Н1.

Со своето одговорно однесување дефинитивно му дадоа пример на детето и спречија евентуални повреди, ги пофали полицијата во Љубљана, додавајќи дека станува збор за речиси 400 парчиња пиротехнички производи.

Во Словенија употребата на пиротехнички средства е дозволена за физички лица од 26 декември до 1 јануари, додека продажба на огномет е дозволена од 19 до 31 декември. Полицијата во Љубљана соопшти дека ги нагласува превентивните мерки за намалување и безбедно користење на пиротехнички средства, кои ги спроведува заедно со училиштата и другите институции.

Затоа секоја година одржуваме неколку предавања на оваа тема во основните училишта, објаснуваат од полицијата.

Исто така, потенцираат дека родителите имаат важна улога да ги освестат малолетниците за опасностите од пиротехниката.

Важно е да зборуваат на оваа тема и да ги предупредат децата за опасностите и последиците од употребата на пиротехнички средства, велат од полициската управа Љубљана.

The post Словенија: Родители си го пријавија синот в полиција оти купил петарди appeared first on Република.

Родители во Словенија го пријавиле сопственото дете во полиција поради петарди https://republika.mk/vesti/balkan/roditeli-vo-slovenija-go-prijavile-sopstvenoto-dete-vo-politsija-poradi-petardi/ Tue, 12 Dec 2023 12:25:20 +0000 https://republika.mk/?p=722170

Родители во Словенија кај своето дете пронашле пиротехнички средства кои ги купило без нивно знаење и самите повикале полиција.

Во Словенија употребата на пиротехнички средства е дозволена за физички лица од 26 декември до први јануари, додека продажбата е дозволена од 19 до 31 декември. Но, секоја година пукањето почнува се порано и порано, а особено загрижува што во оваа „забава“ учествуваат млади луѓе, дури и малолетни.

Од ПУ Љубљана за N1 Словенија појаснуваат дека во последниот период не забележале значителни промени во намалувањето или зголемувањето на употребата и продажбата на пиротехнички средства. Пред неколку дена имале случај кога самите родители забележале дека нивното дете има пиротехнички средства.

Ја купил без нивно знаење. Родителите на полицијата ѝ предале речиси 400 парчиња пиротехнички производи. Со своето одговорно однесување дефинитивно му дадоа пример на детето и спречија евентуални повреди, велат од полицијата.

The post Родители во Словенија го пријавиле сопственото дете во полиција поради петарди appeared first on Република.

]]>

Родители во Словенија кај своето дете пронашле пиротехнички средства кои ги купило без нивно знаење и самите повикале полиција. Во Словенија употребата на пиротехнички средства е дозволена за физички лица од 26 декември до први јануари, додека продажбата е дозволена од 19 до 31 декември. Но, секоја година пукањето почнува се порано и порано, а особено загрижува што во оваа „забава“ учествуваат млади луѓе, дури и малолетни. Од ПУ Љубљана за N1 Словенија појаснуваат дека во последниот период не забележале значителни промени во намалувањето или зголемувањето на употребата и продажбата на пиротехнички средства. Пред неколку дена имале случај кога самите родители забележале дека нивното дете има пиротехнички средства.
Ја купил без нивно знаење. Родителите на полицијата ѝ предале речиси 400 парчиња пиротехнички производи. Со своето одговорно однесување дефинитивно му дадоа пример на детето и спречија евентуални повреди, велат од полицијата.

The post Родители во Словенија го пријавиле сопственото дете во полиција поради петарди appeared first on Република.

]]>
Казни од 100 до 250 евра за продажба, купување и употреба на петарди и други пиротехнички средства https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kazni-od-100-do-250-evra-za-prodazhba-kupuvane-i-upotreba-na-petardi-i-drugi-pirotehnichki-sredstva/ Mon, 11 Dec 2023 16:06:47 +0000 https://republika.mk/?p=721855

Секторот за внатрешни работи Тетово ги засили контролните и други активности поврзани со навремено откривање и спречување продажба и употреба на петарди и други пиротехнички средства, а кои наредните денови уште повеќе ќе се интензивираат.

Во таа насока, на трговците, родителите и учениците (основци и средношколци) повторно им се укажува дека продавањето, односно купувањето и активирањето на петарди на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува законски прекршок, за кој согласно член 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир е предвидена глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик на Република Македонија и за тоа дело е предвидена казна затвор од најмалку пет години, соопштиja од СВР Тетово.

Од таму апелираат, пред се до учениците од основните училишта, подалеку од ваквите опасни играчки, кои неретко можат да предизвикаат и сериозни последици по нивното здравје, односно повреди на рацете, очите и другите делови од телото.

Секторот за внатрешни работи Тетово ги потсетува граѓаните (член 32 од ЗППЈРМ) дека со парична глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност ќе се санкционираат и сите оние кои на јавно место неовластено приредуваат огномети, факелијади или слични приредби и не ги преземат потребните заштитни мерки согласно соодветната законска регулатива, како и оние кои со огнено оружје пукаат на свадбени или други семејни свечености.

The post Казни од 100 до 250 евра за продажба, купување и употреба на петарди и други пиротехнички средства appeared first on Република.

]]>

Секторот за внатрешни работи Тетово ги засили контролните и други активности поврзани со навремено откривање и спречување продажба и употреба на петарди и други пиротехнички средства, а кои наредните денови уште повеќе ќе се интензивираат.
Во таа насока, на трговците, родителите и учениците (основци и средношколци) повторно им се укажува дека продавањето, односно купувањето и активирањето на петарди на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува законски прекршок, за кој согласно член 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир е предвидена глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик на Република Македонија и за тоа дело е предвидена казна затвор од најмалку пет години, соопштиja од СВР Тетово.
Од таму апелираат, пред се до учениците од основните училишта, подалеку од ваквите опасни играчки, кои неретко можат да предизвикаат и сериозни последици по нивното здравје, односно повреди на рацете, очите и другите делови од телото. Секторот за внатрешни работи Тетово ги потсетува граѓаните (член 32 од ЗППЈРМ) дека со парична глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност ќе се санкционираат и сите оние кои на јавно место неовластено приредуваат огномети, факелијади или слични приредби и не ги преземат потребните заштитни мерки согласно соодветната законска регулатива, како и оние кои со огнено оружје пукаат на свадбени или други семејни свечености.  

The post Казни од 100 до 250 евра за продажба, купување и употреба на петарди и други пиротехнички средства appeared first on Република.

]]>
За новогодишните и божикните празници нема примено пациенти со повреда од петарди https://republika.mk/zivot/zdravje/za-novogodishnite-i-bozhiknite-praznitsi-nema-primeno-patsienti-so-povreda-od-petardi/ Mon, 09 Jan 2023 13:15:11 +0000 https://republika.mk/?p=594949

За време на новогодишните и божиќните празници на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје не бил примен ниту еден пациент со повреда од петарди и пиротехнички средства.

Се надеваме дека овој тренд ќе го зачуваме и понатаму и во наредните години, информираат од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија.

Во предновогодишниот период, од 19 до 29 декември 2022 година, Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија и Eвропската медицинска студентска асоцијација (ЕМСА – Македонија) спроведоа кампања „Петардите ги уништуваат празниците“.

Посочуваат дека кампањата беше со едукативен карактер за последиците од примената на петарди и пиротехнички средства и беше наменета за средношколците од прва година на територијата на нашата држава. Во текот на овој период во училиштата се оддржаа предавања и интерактивна дискусија за сериозните повреди што може да настанат од нивната употреба. За нејзина реализација беа вклучени 65 лекари – специјалисти по пластична и реконструктивна хирургија, специјализанти по пластична и реконструктивна хирургија, лекари од градовите на нашата држава, студенти од петта и шеста година од општа медицина од Медицински факултет – Скопје, членови на ЕМСА и ЕМСА алумни.

Со едукативните предавањата, како што се наведува, беа опфатени 10.011 ученици, 67 училишта и 28 градови во земјава. Предавањата се одржаа на македонски, албански, англиски и турски јазик.

The post За новогодишните и божикните празници нема примено пациенти со повреда од петарди appeared first on Република.

]]>

За време на новогодишните и божиќните празници на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје не бил примен ниту еден пациент со повреда од петарди и пиротехнички средства.
Се надеваме дека овој тренд ќе го зачуваме и понатаму и во наредните години, информираат од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија.
Во предновогодишниот период, од 19 до 29 декември 2022 година, Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија и Eвропската медицинска студентска асоцијација (ЕМСА – Македонија) спроведоа кампања „Петардите ги уништуваат празниците“. Посочуваат дека кампањата беше со едукативен карактер за последиците од примената на петарди и пиротехнички средства и беше наменета за средношколците од прва година на територијата на нашата држава. Во текот на овој период во училиштата се оддржаа предавања и интерактивна дискусија за сериозните повреди што може да настанат од нивната употреба. За нејзина реализација беа вклучени 65 лекари – специјалисти по пластична и реконструктивна хирургија, специјализанти по пластична и реконструктивна хирургија, лекари од градовите на нашата држава, студенти од петта и шеста година од општа медицина од Медицински факултет – Скопје, членови на ЕМСА и ЕМСА алумни. Со едукативните предавањата, како што се наведува, беа опфатени 10.011 ученици, 67 училишта и 28 градови во земјава. Предавањата се одржаа на македонски, албански, англиски и турски јазик.

The post За новогодишните и божикните празници нема примено пациенти со повреда од петарди appeared first on Република.

]]>
Петарди и ракети се фрлале врз полицијата и пожарникарите за новогодишната ноќ во Германија https://republika.mk/vesti/svet/petardi-i-raketi-se-frlale-vrz-politsijata-i-pozharnikarite-za-novogodishnata-nok-vo-germanija/ Tue, 03 Jan 2023 08:16:56 +0000 https://republika.mk/?p=592986

Напади врз пожарникарите и полицајците со ракети и моќни петарди ја одбележаа новогодишната ноќ во Германија, а епилогот е десетици повредени и приведени лица. Младо лице на 17 години во Лајпциг подлегнало на повредените здобиени од несоодветно ракување со пиротехнички средства.

Од тие причини, синдикатите на пожарникарите и на полицијата бараат воведување камери за снимање на нивните активности на терен, како и целосна забрана на пиротехниката која во Германија е своевиден национален спорт за новогодишната ноќ.

Само во Берлин полицијата и пожарникарите за новогодишната ноќ интервенирале 3.943 пати, а притоа се повредени 33 полицајци и пожарникари.

Во квартот Кројцберг биле опожарени барикади, а потоа, како што пишува весникот „Билд“, 200 маскирани лица со пиротехнички средства ги нападнале полицајците и пожарникарите.

Во квартот Нојкелн имало околу 50 демонстранти, од кои некој фрлил експлозивна направа кон полициско возило. Во Берлин се приведени повеќе од сто луѓе.

Синдикатот на пожарникарите бара нивните возила да бидат опремени со камери, поставени на ветробранското стакло, за да може да се документираат нападите.

Полицискиот синдикат од Берлин бара забрана за продажба на пиротехнички средства и дозвола за ракување со пиротехника исклучиво на професионални лица и служби.

Покрај нападите врз вработените во јавните служби, долга е листата повредени од несоодветно ракување со ракети и петарди.

Во источниот град Шенебек, 42-годишен маж настрадал откако бил прегазен од автомобил додека поставувал пиротехника на улица.

Во Уна во западнот дел на Германија, петарда паднала во капата на двегодишно детенце при што тоа е тешко повредено.

Голем е бројот случаи на тешки изгореници и повреди на раце и нозе, изгубени очи. Во Фримар во провинцијата Тирингија, маж (42) се здобил со толку тешки повреди од петарди нарачани преку Интернет што му биле ампутирани двете подлактици.

Политичарите од опозициските демохристијани и владејачките либерали се спротивставија на општа забрана за пиротехнички средства.

Криминалното однесување не смее да значи дека „треба да се забрани огнометот за оние кои мирно прославуваат“, рече пратеникот на демохристијаните, Торстен Фрај. Тој смета дека е доволно што локалните самоуправи веќе можат да забранат огномет на одредени места.

Германците трошат повеќе од 120 милиони евра годишно на пиротехнички материјал.

The post Петарди и ракети се фрлале врз полицијата и пожарникарите за новогодишната ноќ во Германија appeared first on Република.

]]>

Напади врз пожарникарите и полицајците со ракети и моќни петарди ја одбележаа новогодишната ноќ во Германија, а епилогот е десетици повредени и приведени лица. Младо лице на 17 години во Лајпциг подлегнало на повредените здобиени од несоодветно ракување со пиротехнички средства. Од тие причини, синдикатите на пожарникарите и на полицијата бараат воведување камери за снимање на нивните активности на терен, како и целосна забрана на пиротехниката која во Германија е своевиден национален спорт за новогодишната ноќ. Само во Берлин полицијата и пожарникарите за новогодишната ноќ интервенирале 3.943 пати, а притоа се повредени 33 полицајци и пожарникари. Во квартот Кројцберг биле опожарени барикади, а потоа, како што пишува весникот „Билд“, 200 маскирани лица со пиротехнички средства ги нападнале полицајците и пожарникарите. Во квартот Нојкелн имало околу 50 демонстранти, од кои некој фрлил експлозивна направа кон полициско возило. Во Берлин се приведени повеќе од сто луѓе. Синдикатот на пожарникарите бара нивните возила да бидат опремени со камери, поставени на ветробранското стакло, за да може да се документираат нападите. Полицискиот синдикат од Берлин бара забрана за продажба на пиротехнички средства и дозвола за ракување со пиротехника исклучиво на професионални лица и служби. Покрај нападите врз вработените во јавните служби, долга е листата повредени од несоодветно ракување со ракети и петарди. Во источниот град Шенебек, 42-годишен маж настрадал откако бил прегазен од автомобил додека поставувал пиротехника на улица. Во Уна во западнот дел на Германија, петарда паднала во капата на двегодишно детенце при што тоа е тешко повредено. Голем е бројот случаи на тешки изгореници и повреди на раце и нозе, изгубени очи. Во Фримар во провинцијата Тирингија, маж (42) се здобил со толку тешки повреди од петарди нарачани преку Интернет што му биле ампутирани двете подлактици. Политичарите од опозициските демохристијани и владејачките либерали се спротивставија на општа забрана за пиротехнички средства. Криминалното однесување не смее да значи дека „треба да се забрани огнометот за оние кои мирно прославуваат“, рече пратеникот на демохристијаните, Торстен Фрај. Тој смета дека е доволно што локалните самоуправи веќе можат да забранат огномет на одредени места. Германците трошат повеќе од 120 милиони евра годишно на пиротехнички материјал.  

The post Петарди и ракети се фрлале врз полицијата и пожарникарите за новогодишната ноќ во Германија appeared first on Република.

]]>
Полицијата пронајде 3.472 различни видови пиротехнички средства https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsijata-pronajde-3-472-razlichni-vidovi-pirotehnichki-sredstva/ Sun, 01 Jan 2023 12:41:01 +0000 https://republika.mk/?p=592519

На 31.12.2022 во 15:45 часот на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, при преземање службени дејствија, полициски службеници од СВР Скопје пронашле 3.472 различни видови пиротехнички средства.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Полицијата пронајде 3.472 различни видови пиротехнички средства appeared first on Република.

]]>

На 31.12.2022 во 15:45 часот на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, при преземање службени дејствија, полициски службеници од СВР Скопје пронашле 3.472 различни видови пиротехнички средства. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Полицијата пронајде 3.472 различни видови пиротехнички средства appeared first on Република.

]]>
Звукот од петарди предизвикува трауми кај децата со аутизам и потешкотии во развојот https://republika.mk/zivot/zdravje/zvukot-od-petardi-predizvikuva-traumi-kaj-detsata-so-autizam-i-poteshkotii-vo-razvojot/ Fri, 30 Dec 2022 07:25:56 +0000 https://republika.mk/?p=591677

Звукот од петарди и пиротехника предизвикуваат разни трауми кај децата со аутизам и потешкотии во развојот, предупредуваат стручните лица и родителите на овие деца. Поради силниот звук, децата се вознемируваат и плашат и се јавуваат разни видови последици како страв, вознемиреност, агресија, напади, испади, автоагресивни испади и друго.

Лицата со аутизам и лицата со потешкотии во развојот имаат потешкотии при процесуирање на јаки сензорни дразби, како што се аудитивни (изненадна бука) или визуелни (силна светлина). Заради тоа, многу често и најмала таква стресна состојба може да предизвика бурна реакција. Најчести реакции на вакви дразби се претерана нервоза, вознемиреност, страв. Силните сензорни дразби, доколку лицето има сензорни проблеми, ги доживуваат болно. Силните дразби многу често го менуваат нивното однесување, објаснува дефектологот Милица Серафимовска.

Таа посочува дека некои лица реагираат со панични стравови, општа вознемиреност, плачење, агресивни и автоагресивни испади.

Лицата ги затвораат ушите, се јавуваат и стереотипни движења, повторувачки фрази, нарушен сон, нарушена дневна рутина, која е многу значајна за функционирање на лицата со аутизам и сензорни пореметувања. Новогодишните празници за многу семејства се „ноќна мора“ и наместо празниците да носат радост во сечиј дом, во овие семејства носат солзи, повреди и користење на многу лекови за смирување, потенцира Серафимовска.

За време на празниците, најчесто лицата со аутизам се затворени дома, за да се заштитат од овие силни и непредвидливи дразби.

И полицијата упатува чести апели до граѓаните да не се користат пиротехнички материјали поради прекршување на законските одредби, но и поради опасност од повреди.

Продавањето, односно купувањето и активирањето на петарди и пиротехнички средства на јавни места (улица, дворови, влезови на станбени згради и слично) претставува законски прекршок, за кој е предвидена глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Дистрибуцијата на пазарот во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик и за ова дело, казниво по член 396, е предвидена казна затвор од 3 до 10 години.

The post Звукот од петарди предизвикува трауми кај децата со аутизам и потешкотии во развојот appeared first on Република.

]]>

Звукот од петарди и пиротехника предизвикуваат разни трауми кај децата со аутизам и потешкотии во развојот, предупредуваат стручните лица и родителите на овие деца. Поради силниот звук, децата се вознемируваат и плашат и се јавуваат разни видови последици како страв, вознемиреност, агресија, напади, испади, автоагресивни испади и друго.
Лицата со аутизам и лицата со потешкотии во развојот имаат потешкотии при процесуирање на јаки сензорни дразби, како што се аудитивни (изненадна бука) или визуелни (силна светлина). Заради тоа, многу често и најмала таква стресна состојба може да предизвика бурна реакција. Најчести реакции на вакви дразби се претерана нервоза, вознемиреност, страв. Силните сензорни дразби, доколку лицето има сензорни проблеми, ги доживуваат болно. Силните дразби многу често го менуваат нивното однесување, објаснува дефектологот Милица Серафимовска.
Таа посочува дека некои лица реагираат со панични стравови, општа вознемиреност, плачење, агресивни и автоагресивни испади.
Лицата ги затвораат ушите, се јавуваат и стереотипни движења, повторувачки фрази, нарушен сон, нарушена дневна рутина, која е многу значајна за функционирање на лицата со аутизам и сензорни пореметувања. Новогодишните празници за многу семејства се „ноќна мора“ и наместо празниците да носат радост во сечиј дом, во овие семејства носат солзи, повреди и користење на многу лекови за смирување, потенцира Серафимовска.
За време на празниците, најчесто лицата со аутизам се затворени дома, за да се заштитат од овие силни и непредвидливи дразби. И полицијата упатува чести апели до граѓаните да не се користат пиротехнички материјали поради прекршување на законските одредби, но и поради опасност од повреди. Продавањето, односно купувањето и активирањето на петарди и пиротехнички средства на јавни места (улица, дворови, влезови на станбени згради и слично) претставува законски прекршок, за кој е предвидена глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Дистрибуцијата на пазарот во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик и за ова дело, казниво по член 396, е предвидена казна затвор од 3 до 10 години.

The post Звукот од петарди предизвикува трауми кај децата со аутизам и потешкотии во развојот appeared first on Република.

]]>
Акција на Бит пазар, полицијата заплени петарди https://republika.mk/vesti/crna-hronika/aktsija-na-bit-pazar-politsijata-zapleni-petardi/ Wed, 28 Dec 2022 16:45:07 +0000 https://republika.mk/?p=591114

Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија денеска на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје го привеле И.К. од село Батинци, скопско. Тој бил затекнат како продава пиротехнички средства и кај него биле пронајдени вкупно 4.811 парчиња различни видови пиротехнички средства. И.К. бил приведен во полициска станица, а пиротехничките средства биле одземени. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така, на ул.„192“ на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар заплениле 1.358 парчиња различни видови пиротехнички средства. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Акција на Бит пазар, полицијата заплени петарди appeared first on Република.

Запленети 2600 пeтарди во Прилеп https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zapleneti-2600-petardi-vo-prilep/ Wed, 21 Dec 2022 13:35:11 +0000 https://republika.mk/?p=588443

Денеска (21.12.2022) од страна на полициски службеници од СВР Битола- полициската станица од општа надлежност Прилеп на ул „Методија Шаторов- Шарло”, во близина на пазарот во Прилеп, при преглед кај З.М.(37) од Прилеп пронајдени се 2600 парчиња различни видови пиротехнички средства.

Предметите од страна на полициските службеници се одземени, а со З.М е извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Запленети 2600 пeтарди во Прилеп appeared first on Република.

]]>

Денеска (21.12.2022) од страна на полициски службеници од СВР Битола- полициската станица од општа надлежност Прилеп на ул „Методија Шаторов- Шарло”, во близина на пазарот во Прилеп, при преглед кај З.М.(37) од Прилеп пронајдени се 2600 парчиња различни видови пиротехнички средства. Предметите од страна на полициските службеници се одземени, а со З.М е извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

The post Запленети 2600 пeтарди во Прилеп appeared first on Република.

]]>