петар младеновски Archives - Република https://republika.mk/tema/petar-mladenovski/ За подобро да се разбереме Thu, 30 Mar 2023 07:48:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png петар младеновски Archives - Република https://republika.mk/tema/petar-mladenovski/ 32 32 „Оставени се самите на себе, се движат каде сакаат и прават што сакаат“: Деликвенти од Дом за деца го нападнале синот на Пеце Суперхикс https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ostaveni-se-samite-na-sebe-se-dvizhat-kade-sakaat-i-pravat-shto-sakaat-delikventi-od-dom-za-detsa-go-napadnale-sinot-na-petse-superhiks/ Tue, 28 Mar 2023 11:11:51 +0000 https://republika.mk/?p=624615

Два дена се мислам дали да реагирам ама очигледно ова не смее да се премолчи, пишува Петар Младеновски од „Суперхикс“, кој преку „Фејсбук“ објави дека во неделата вечерта, некаде околу 21 часот, неговиот малолетен син бил нападнат додека играл сам кошарка на кошот во Парк Капиштец од страна на 4 малолетни лица на возраст од 12 до 16 години.

Прописно е исшамаран и исклоцан без никаква причина (оние кои не знаат од соседстото знаат многу добро колку мирно и повлечено дете е мојот син) а се обиделе и да му го украдат баскетот. Добивме повик од него дека е нападнат и веднаш се упатив кон местото на случката но таму јас не успеав да ги затекнам. Трчајќи во правец на катната гаража кај Беверли Хилс истите беа препознаени од син ми и успеав некако да фатам и задржам еден од нив по што мирно и спокојно дојдоа и останатите по што повикавме полиција. Немаа никаков проблем да останат и да не избегаат(хм...)
Морам да признаам дека полицијата (станица Беко, 2-ца од интервентна и подоцна 3-ца во униформа) бргу реагираа и се појавија на местото каде бевме, раскажува Младеновски.

Вели -  тука следува изненадувањето!

Од полицајците добивмо инфо дека ова се веќе познати малолетни деликвенти и сторители на десетици дела..но, дека истите се штитеници од Домот за деца ( од она што подоцна го дознав, деца со девијантно и проблематично однесување) за кој искрен да бидам прв пат слушам иако живеам на неполни 700м од куќата, “25 Мај“ кој се наоѓа на улицата Елисие Поповски во близина на Водњанска и дека истите никако не можат кривично да одговараат за сторените дела ниту да бидат некако приведени.
Имено, истите се дел од некаков, ајде да го наречам “дом-куќа-семејство“ и живеат 6-мина во објектот (од вработените дознавам дека се сите проблематични и дела се вршат катадневно на територијата на Општина Центар и пошироко) и се по мој впечаток буквално ОСТАВЕНИ САМИ НА СЕБЕ и се движат каде сакаат и прават што сакаат. Исто така дознавам дека имаат и официјално назначени старатели ама истите се во Штип, Битола итн итн..и не знам на кој начин и по што се овие лица старатели на овие деца. Едноставно ништо не разбирам и ова е несфатливо.
Мојот син има последици од настанот и трауми кои ќе ги влече подолго време. Но ние ќе продолжиме со пријава на делото во полиција и со прибирање на сите извештаи од лекари, психијатри итн (иако е веќе дадена и изјавата ама реакција нема никаква за жал, барем за сега..) и со преземање на сите можни дејствија за расчистување на случајот и некаква реакција овие малолетнички банди кои очигледно оперираат подолго време низ Центар да се стават под некаква контрола бидејќи ова ќе им се случува и на останатите од соседтсвото и нема тука да запре. Едноствано овие деца ама НИКОЈ НЕ ГИ КОНТРОЛИРА. Не знам каков живот ги чека искрено, ама ова не е во ред и е тажно и за нив, пишува Младеновски, кој објави и фотографии од напаѓачите.

Тој додава дека ја исконтактирал и директорката на Домот, а добил повик и од кабинетот на министерката Јована Тренчевска.

Верувам и лично ќе се заинтересира за случајов и оваа не баш пријатна состојба и самата ќе се запознае со случајот и реагира. Би сакал со случајот да бидат запознаени (бидејќи ова веќе станува опасно, Капиштец станува Бронкс а важеше за една од најмирните населби некогаш) Општина Центар и Горан Герасимовски.
Очекуваме помош и од полицијата и од сите кои се надлежни да постапат по ова.
Не се чувствуваме безбедни во сопствената населба и Паркот Капиштец. Ова не е прв инцидент. Се намножија низ годините. Реакцијата е млака или ја нема воопшто.
Драги соседи бидете внимателни и чувајте ги вашите деца и себе!, пишува Младеновски.

 

The post „Оставени се самите на себе, се движат каде сакаат и прават што сакаат“: Деликвенти од Дом за деца го нападнале синот на Пеце Суперхикс appeared first on Република.

]]>

Два дена се мислам дали да реагирам ама очигледно ова не смее да се премолчи, пишува Петар Младеновски од „Суперхикс“, кој преку „Фејсбук“ објави дека во неделата вечерта, некаде околу 21 часот, неговиот малолетен син бил нападнат додека играл сам кошарка на кошот во Парк Капиштец од страна на 4 малолетни лица на возраст од 12 до 16 години.
Прописно е исшамаран и исклоцан без никаква причина (оние кои не знаат од соседстото знаат многу добро колку мирно и повлечено дете е мојот син) а се обиделе и да му го украдат баскетот. Добивме повик од него дека е нападнат и веднаш се упатив кон местото на случката но таму јас не успеав да ги затекнам. Трчајќи во правец на катната гаража кај Беверли Хилс истите беа препознаени од син ми и успеав некако да фатам и задржам еден од нив по што мирно и спокојно дојдоа и останатите по што повикавме полиција. Немаа никаков проблем да останат и да не избегаат(хм...) Морам да признаам дека полицијата (станица Беко, 2-ца од интервентна и подоцна 3-ца во униформа) бргу реагираа и се појавија на местото каде бевме, раскажува Младеновски.
Вели -  тука следува изненадувањето!
Од полицајците добивмо инфо дека ова се веќе познати малолетни деликвенти и сторители на десетици дела..но, дека истите се штитеници од Домот за деца ( од она што подоцна го дознав, деца со девијантно и проблематично однесување) за кој искрен да бидам прв пат слушам иако живеам на неполни 700м од куќата, “25 Мај“ кој се наоѓа на улицата Елисие Поповски во близина на Водњанска и дека истите никако не можат кривично да одговараат за сторените дела ниту да бидат некако приведени. Имено, истите се дел од некаков, ајде да го наречам “дом-куќа-семејство“ и живеат 6-мина во објектот (од вработените дознавам дека се сите проблематични и дела се вршат катадневно на територијата на Општина Центар и пошироко) и се по мој впечаток буквално ОСТАВЕНИ САМИ НА СЕБЕ и се движат каде сакаат и прават што сакаат. Исто така дознавам дека имаат и официјално назначени старатели ама истите се во Штип, Битола итн итн..и не знам на кој начин и по што се овие лица старатели на овие деца. Едноставно ништо не разбирам и ова е несфатливо. Мојот син има последици од настанот и трауми кои ќе ги влече подолго време. Но ние ќе продолжиме со пријава на делото во полиција и со прибирање на сите извештаи од лекари, психијатри итн (иако е веќе дадена и изјавата ама реакција нема никаква за жал, барем за сега..) и со преземање на сите можни дејствија за расчистување на случајот и некаква реакција овие малолетнички банди кои очигледно оперираат подолго време низ Центар да се стават под некаква контрола бидејќи ова ќе им се случува и на останатите од соседтсвото и нема тука да запре. Едноствано овие деца ама НИКОЈ НЕ ГИ КОНТРОЛИРА. Не знам каков живот ги чека искрено, ама ова не е во ред и е тажно и за нив, пишува Младеновски, кој објави и фотографии од напаѓачите.
Тој додава дека ја исконтактирал и директорката на Домот, а добил повик и од кабинетот на министерката Јована Тренчевска.
Верувам и лично ќе се заинтересира за случајов и оваа не баш пријатна состојба и самата ќе се запознае со случајот и реагира. Би сакал со случајот да бидат запознаени (бидејќи ова веќе станува опасно, Капиштец станува Бронкс а важеше за една од најмирните населби некогаш) Општина Центар и Горан Герасимовски. Очекуваме помош и од полицијата и од сите кои се надлежни да постапат по ова. Не се чувствуваме безбедни во сопствената населба и Паркот Капиштец. Ова не е прв инцидент. Се намножија низ годините. Реакцијата е млака или ја нема воопшто. Драги соседи бидете внимателни и чувајте ги вашите деца и себе!, пишува Младеновски.
 

The post „Оставени се самите на себе, се движат каде сакаат и прават што сакаат“: Деликвенти од Дом за деца го нападнале синот на Пеце Суперхикс appeared first on Република.

]]>
Петар Младеновски ја напиша „За сите кои ги нема“ во чест на неговиот брат Димитар https://republika.mk/scena/muzika/petar-mladenovski-ja-napisha-za-site-koi-gi-nema-vo-chest-na-negoviot-brat-dimitar/ Fri, 25 Mar 2022 10:50:59 +0000 https://republika.mk/?p=478338

Музичарот Петар Малденовски, најпознат како Пеце од „Суперхикс“, во соработка со ВИВА Стрингс Квартет вчера ја промовираше „За сите кои ги нема“, песна за која вели е напишана во чест на Димитар Младеновски (1970-2007) и во чест на сите кои ги нема, а сè уште се тука.

https://youtu.be/4WuQyWtu8-k

Текст и музика - Петар Младеновски
Аранжман, музика - Петар Младеновски, Дејан Теодосиевски, Гога Поп Георгиевски, Дени Крстев

Микс (продукција) - Дени Крстев (Студио 1060, Скопје, февруари 2022)
Видео - Matteo Shrempf/Матео Шремпф (Shreмpf Media)

Бас, гитара, вокали - Петар Младеновски
ВИВА СТРИНГС :
Дејан Теодосиевски - чело
Дубравка Зајкова - виола
Елена Талевска - Виолина
Димитар Михајловски - виолина
Гитара - Гога Поп Георгиевски

на гости во видеото - Васко Атанасовски

Академскиот сликар Димитар Младеновски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на професорот Родољуб Анастасов. Изложувал свои дела на десетици самостојни и групни изложби и учествувал на повеќе ликовни колонии. Оставил зад себе стотици дела и работел во повеќе техники, како масло на платно, портрети, графики и дела од рачно изработена хартија. Беше член на ДЛУМ.

 

The post Петар Младеновски ја напиша „За сите кои ги нема“ во чест на неговиот брат Димитар appeared first on Република.

]]>

Музичарот Петар Малденовски, најпознат како Пеце од „Суперхикс“, во соработка со ВИВА Стрингс Квартет вчера ја промовираше „За сите кои ги нема“, песна за која вели е напишана во чест на Димитар Младеновски (1970-2007) и во чест на сите кои ги нема, а сè уште се тука. https://youtu.be/4WuQyWtu8-k Текст и музика - Петар Младеновски Аранжман, музика - Петар Младеновски, Дејан Теодосиевски, Гога Поп Георгиевски, Дени Крстев Микс (продукција) - Дени Крстев (Студио 1060, Скопје, февруари 2022) Видео - Matteo Shrempf/Матео Шремпф (Shreмpf Media) Бас, гитара, вокали - Петар Младеновски ВИВА СТРИНГС : Дејан Теодосиевски - чело Дубравка Зајкова - виола Елена Талевска - Виолина Димитар Михајловски - виолина Гитара - Гога Поп Георгиевски на гости во видеото - Васко Атанасовски Академскиот сликар Димитар Младеновски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на професорот Родољуб Анастасов. Изложувал свои дела на десетици самостојни и групни изложби и учествувал на повеќе ликовни колонии. Оставил зад себе стотици дела и работел во повеќе техники, како масло на платно, портрети, графики и дела од рачно изработена хартија. Беше член на ДЛУМ.  

The post Петар Младеновски ја напиша „За сите кои ги нема“ во чест на неговиот брат Димитар appeared first on Република.

]]>