пет унверзитети Archives - Република https://republika.mk/tema/pet-unverziteti/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Feb 2024 09:58:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пет унверзитети Archives - Република https://republika.mk/tema/pet-unverziteti/ 32 32 Пет државни универзитети бараат од Собранието потпишување на колективен договор и еднаков третман со УКИМ во делот на платите https://republika.mk/vesti/makedonija/pet-drzhavni-univerziteti-baraat-od-sobranieto-potpishuvane-na-kolektiven-dogovor-i-ednakov-tretman-so-ukim-vo-delot-na-platite/ Wed, 28 Feb 2024 09:58:10 +0000 https://republika.mk/?p=749183

Синдикатите на пет државни универзитети – во Битола, Тетово, Штип, „Св. Апостол Павле“- Охрид и „Мајка Тереза“-Скопје“ бараат најдоцна до 8 март со секој универзитет поединечно да биде потпишан колективен договор и прием кај премиерот Талат Џафери за да му го образложат проблемот.

Откако почна примената на колективниот договор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, потпишан во декември 2022, со што вработените на УКИМ од овој месец ќе добиваат повисоки плати за околу 22 отсто, синдикатите на овие пет универзитети во допис до медиумите укажуваат дека со непотпишувањето на нивните колективни догвоори вработените им се ставени во нерамноправна положба по однос на правата, платите и надоместоците и сметаат дека се неоправдано дискриминирани.

Бараме најдоцна до 8 март 2024 година да се заврши постапката и да се пристапи кон потпишување Колективен договор со секој универзитет поединечно. Иницијативата за потпишување на колективните договори е започната, односно Предлог-текстот на колективните договори од сите јавни универзитети се доставени до Собранието многу пред распишување на изборите, па како синдикални претставници сметаме дека неоправдано и не по наша вина тие не се потпишани со основачот – Собранието. Бараме во најкус можен рок прием кај претседателот на Владата Талат Џафери за да го запознаеме со нашата состојба. Доколку не бидат испочитувани нашите легитимни барања, како синдикати на петте јавни универзитети ќе мора да постапиме според начелата на синдикалното организирање, преку преземање на сите законски средства што ни стојат на располагање, вклучувајќи во крајна цел и јавен протест“, пишува во заедничкото соопштение на синдикалните претставници.

Тие ја повикуваат и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како што велат, „активно да се вклучи во решавање на овој проблем, бидејќи на овој начин се кршат основните темелни вредности и уставното начело на еднаквост и недискриминација на граѓаните“.

The post Пет државни универзитети бараат од Собранието потпишување на колективен договор и еднаков третман со УКИМ во делот на платите appeared first on Република.

]]>

Синдикатите на пет државни универзитети – во Битола, Тетово, Штип, „Св. Апостол Павле“- Охрид и „Мајка Тереза“-Скопје“ бараат најдоцна до 8 март со секој универзитет поединечно да биде потпишан колективен договор и прием кај премиерот Талат Џафери за да му го образложат проблемот. Откако почна примената на колективниот договор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, потпишан во декември 2022, со што вработените на УКИМ од овој месец ќе добиваат повисоки плати за околу 22 отсто, синдикатите на овие пет универзитети во допис до медиумите укажуваат дека со непотпишувањето на нивните колективни догвоори вработените им се ставени во нерамноправна положба по однос на правата, платите и надоместоците и сметаат дека се неоправдано дискриминирани.