пештера Archives - Република https://republika.mk/tema/peshtera/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Jan 2024 17:07:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пештера Archives - Република https://republika.mk/tema/peshtera/ 32 32 Среќен крај: Спасени заробените во пештерата во Словенија https://republika.mk/vesti/balkan/sreken-kraj-spaseni-zarobenite-vo-peshterata-vo-slovenija/ Mon, 08 Jan 2024 17:15:16 +0000 https://republika.mk/?p=730925

Спасувачите во Словенија денеска успешно ги извлекоа сите петмина кои повеќе од два дена беа заробени во пештерата Крижна јама јужно од Љубљана поради високиот водостој, јави словенечката агенција СТА.

„Спасувачката операција беше можна денеска бидејќи нивото на водата во пештерата падна“, изјави шефот на спелеолошката спасувачка служба Валтер Закрајшек.

Акцијата во која учествуваа шест нуркачи беше завршена околу пладне.

Тричлено семејство и двајца водичи од саботата беа заробени во пештера во југозападна Словенија поради обилните врнежи.

Температурата на водата во пештерата била шест Целзиусови степени со многу слаба видливост.

Спасувачите претходно изјавија дека сите пет лица се чувствуваат добро, и покрај тоа што поминале две ноќи во пештерата.

Словенија е позната по повеќе од 14.000 пештери, а Крижна јама е четвртиот најголем познат подземен екосистем во светот.

The post Среќен крај: Спасени заробените во пештерата во Словенија appeared first on Република.

]]>

Спасувачите во Словенија денеска успешно ги извлекоа сите петмина кои повеќе од два дена беа заробени во пештерата Крижна јама јужно од Љубљана поради високиот водостој, јави словенечката агенција СТА. „Спасувачката операција беше можна денеска бидејќи нивото на водата во пештерата падна“, изјави шефот на спелеолошката спасувачка служба Валтер Закрајшек. Акцијата во која учествуваа шест нуркачи беше завршена околу пладне. Тричлено семејство и двајца водичи од саботата беа заробени во пештера во југозападна Словенија поради обилните врнежи. Температурата на водата во пештерата била шест Целзиусови степени со многу слаба видливост. Спасувачите претходно изјавија дека сите пет лица се чувствуваат добро, и покрај тоа што поминале две ноќи во пештерата. Словенија е позната по повеќе од 14.000 пештери, а Крижна јама е четвртиот најголем познат подземен екосистем во светот.

The post Среќен крај: Спасени заробените во пештерата во Словенија appeared first on Република.

]]>
Пет години по несреќата мистериозно почина едно од момчињата спасени од пештерата во Тајланд https://republika.mk/vesti/svet/pet-godini-po-nesrekata-misteriozno-pochina-edno-od-momchinata-spaseni-od-peshterata-vo-tajland/ Wed, 15 Feb 2023 21:28:31 +0000 https://republika.mk/?p=609497

Едно од 12-те момчиња спасени од тајландска пештера во 2018 година почина во Велика Британија, каде што беше дел од фудбалска академија.

https://arhiva.republika.mk/936690

Момчето Дуангпех Промтеп (17) било пронајдено во несвест во студентски дом во Лестершир и било пренесено во болница, каде што починало, јави Би-Би-Си.

Причината за смртта е непозната, но локалната полиција соопшти дека неговата смрт не се третира како сомнителна.

Според тајландските медиуми, Промтеп се здобил со повреди на главата.

The post Пет години по несреќата мистериозно почина едно од момчињата спасени од пештерата во Тајланд appeared first on Република.

Промоција на романот „Пештера“ од Максим Ристески во КИЦ https://republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-romanot-peshtera-od-maksim-risteski-vo-kic/ Mon, 17 Oct 2022 15:10:26 +0000 https://republika.mk/?p=562177

Во галерискиот просторна Културно информативниот центар (КИЦ) во понеделник, 17 октомври со почеток во 19,19 часот ќе се одржи промоција на романот „Пештера“ од Максим Ристески, издание на Или-Или.

Промотор ќе биде Владимир Мартиновски, кој во освртот кон книгата напиша:

Иако напати добива одлика на жанровска (трилер и детективска) фабула, благодарение на сугестивните ликови и увидот во нивниот внатрешен свет, романот напати добива и одлики на психолошки роман, а особен белег на нарацијата и’ даваат многубројните дијалози меѓу ликовите, кои најчесто расправаат и дебатираат за улогата религијата, филозофијата и уметноста во денешниот свет, така што романот со својата флуидност и разновидност вешто им се отима на сите обиди за строго разграничување во жанровска смисла. Во романот е особено маркантен интертекстуалниот елемент, во кој во преден план се ставени судбините на протагонистите исправени пред крупни одлуки, а меѓу многубројните интертекстуални назнаки и алузии доминираат библиските. Оттука, би можеле да констатираме дека романот на Ристески во многу елементи е нестандарден и оригинален роман во современата македонска литература“.

Максим Ристески (Скопје, 1973) со пишување се занимава повеќе од 30 години, како новинар, копирајтер, текстописец, сценарист ... Бил музичар, а продолжува да се занимава и со ликовна уметност.

The post Промоција на романот „Пештера“ од Максим Ристески во КИЦ appeared first on Република.

]]>

Во галерискиот просторна Културно информативниот центар (КИЦ) во понеделник, 17 октомври со почеток во 19,19 часот ќе се одржи промоција на романот „Пештера“ од Максим Ристески, издание на Или-Или. Промотор ќе биде Владимир Мартиновски, кој во освртот кон книгата напиша:
Иако напати добива одлика на жанровска (трилер и детективска) фабула, благодарение на сугестивните ликови и увидот во нивниот внатрешен свет, романот напати добива и одлики на психолошки роман, а особен белег на нарацијата и’ даваат многубројните дијалози меѓу ликовите, кои најчесто расправаат и дебатираат за улогата религијата, филозофијата и уметноста во денешниот свет, така што романот со својата флуидност и разновидност вешто им се отима на сите обиди за строго разграничување во жанровска смисла. Во романот е особено маркантен интертекстуалниот елемент, во кој во преден план се ставени судбините на протагонистите исправени пред крупни одлуки, а меѓу многубројните интертекстуални назнаки и алузии доминираат библиските. Оттука, би можеле да констатираме дека романот на Ристески во многу елементи е нестандарден и оригинален роман во современата македонска литература“.
Максим Ристески (Скопје, 1973) со пишување се занимава повеќе од 30 години, како новинар, копирајтер, текстописец, сценарист ... Бил музичар, а продолжува да се занимава и со ликовна уметност.

The post Промоција на романот „Пештера“ од Максим Ристески во КИЦ appeared first on Република.

]]>
„Или-или“ го објави дебитанскиот роман „Пештера“ од Максим Ристески https://republika.mk/vesti/kultura/ili-ili-go-objavi-debitanskiot-roman-peshtera-od-maksim-risteski/ Wed, 31 Aug 2022 06:57:04 +0000 https://republika.mk/?p=545920

Неодамна од печат излезе деби романот „Пештера“ од Максим Ристески како 208 издание во едицијата „ПРОаЗА“, со што на најдобар можен начин продолжува традицијата на поддршка на нови домашни автори на издавачката куќа „Или-Или“.

Во освртот кон романот, Владимир Мартиновски потенцира:

Иако напати добива одлика на жанровска (трилер и детективска) фабула, благодарение на сугестивните ликови и увидот во нивниот внатрешен свет, романот напати добива и одлики на психолошки роман, а особен белег на нарацијата ѝ даваат многубројните дијалози меѓу ликовите, кои најчесто расправаат и дебатираат за улогата религијата, филозофијата и уметноста во денешниот свет, така што романот со својата флуидност и разновидност вешто им се отима на сите обиди за строго разграничување во жанровска смисла. Во романот е особено маркантен интертекстуалниот елемент, во кој во преден план се ставени судбините на протагонистите исправени пред крупни одлуки, а меѓу многубројните интертекстуални назнаки и алузии доминираат библиските. Оттука, би можеле да констатираме дека романот на Ристески во многу елементи е нестандарден и оригинален роман во современата македонска литература.

Максим Ристески (Скопје, 1973) со пишување се занимава повеќе од 30 години, како новинар, копирајтер, текстописец, сценарист … Бил музичар, а продолжува да се занимава и со ликовна уметност. „Пештера“ му е прв роман, чиј зародок долго се формирал, но кога дошло вистинското време, го напишал во еден здив.

The post „Или-или“ го објави дебитанскиот роман „Пештера“ од Максим Ристески appeared first on Република.

]]>

Неодамна од печат излезе деби романот „Пештера“ од Максим Ристески како 208 издание во едицијата „ПРОаЗА“, со што на најдобар можен начин продолжува традицијата на поддршка на нови домашни автори на издавачката куќа „Или-Или“. Во освртот кон романот, Владимир Мартиновски потенцира: