пешкири Archives - Република https://republika.mk/tema/peshkiri/ За подобро да се разбереме Sun, 04 Aug 2024 16:02:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пешкири Archives - Република https://republika.mk/tema/peshkiri/ 32 32 Хрватските плажи во борба против крпите – ако не платите 150 евра, работите ви завршуваат во ѓубре https://republika.mk/zivot/patuvanja/hrvatskite-plazhi-vo-borba-protiv-krpite-ako-ne-platite-150-evra-rabotite-vi-zavrshuvaat-vo-gubre/ Sun, 04 Aug 2024 15:54:01 +0000 https://republika.mk/?p=803268

На сè повеќе хрватски плажи годинава редарите ги засилија контролите во борбата против „резервациите“ на плажа со оставање на крпа, чадор, столици...

Во Башка, на островот Крк, на пример, доколку ги оставите своите работи на плажа за да си чувате место и не се вратите со часови, општинското обезбедување ќе ви подигне сè. Доколку потоа не ја платите казната, останувате без вашите работи.

Инаку, главната плажа во Башка, која што се наоѓа во залив, изгледа неверојатно убаво така што не е чудно што луѓето се во искушение да остават некои од своите работи и на тој начин да „резервираат место“.

Според градоначалникот на општината, нивните општински редари имаат полни раце работа и наутро и навечер.

Досега на туристите не им ја наплаќавме пропишаната казна во висина од 150 евра, само за да не влегуваме во конфликт и да не предизвикуваме негативен публицитет, а со тоа негативно да влијаеме на туристичката сезона, објаснува градоначалникот Тони Јураниќ.

Но, додава тој, сликата за нашето место подеднакво се валка ако пристигнете на плажа полна со крпи уште во 6 часот наутро.

Освен во Башка, редарите се строги и во Трибуњ кај Шибеник, а во општина Градац, пак во Далмација, сите запленети крпи, чадори, торби и слично, се донираат во прифатилиштето за запуштени животни.

The post Хрватските плажи во борба против крпите – ако не платите 150 евра, работите ви завршуваат во ѓубре appeared first on Република.

]]>

На сè повеќе хрватски плажи годинава редарите ги засилија контролите во борбата против „резервациите“ на плажа со оставање на крпа, чадор, столици... Во Башка, на островот Крк, на пример, доколку ги оставите своите работи на плажа за да си чувате место и не се вратите со часови, општинското обезбедување ќе ви подигне сè. Доколку потоа не ја платите казната, останувате без вашите работи. Инаку, главната плажа во Башка, која што се наоѓа во залив, изгледа неверојатно убаво така што не е чудно што луѓето се во искушение да остават некои од своите работи и на тој начин да „резервираат место“. Според градоначалникот на општината, нивните општински редари имаат полни раце работа и наутро и навечер.
Досега на туристите не им ја наплаќавме пропишаната казна во висина од 150 евра, само за да не влегуваме во конфликт и да не предизвикуваме негативен публицитет, а со тоа негативно да влијаеме на туристичката сезона, објаснува градоначалникот Тони Јураниќ.
Но, додава тој, сликата за нашето место подеднакво се валка ако пристигнете на плажа полна со крпи уште во 6 часот наутро. Освен во Башка, редарите се строги и во Трибуњ кај Шибеник, а во општина Градац, пак во Далмација, сите запленети крпи, чадори, торби и слично, се донираат во прифатилиштето за запуштени животни.

The post Хрватските плажи во борба против крпите – ако не платите 150 евра, работите ви завршуваат во ѓубре appeared first on Република.

]]>
Победа на „пешкирите“ во Грција – Инспекторите казнија стотици закупци https://republika.mk/vesti/balkan/pobeda-na-peshkirite-vo-grtsija-inspektorite-kaznija-stotitsi-zakuptsi/ Thu, 17 Aug 2023 08:18:45 +0000 https://republika.mk/?p=672911

Недостатокот на пристап до грчките плажи кое го потенцираше „Движењето пешкир“ ја натера грчката влада да продолжи со инспекциите на плажите.

Во тој контекст, од 8-ми до 11-ти август, извршени се 1.312 дополнителни проверки на приватни лица и деловни субјекти кои управуваат со плажите при што локалните инспекциски служби открија 413 прекршоци. Овие проверки се додаваат на 918-те извршени во периодот од 21 јули до 7 август, кога се констатирани 336 прекршоци.

Според тоа, проверките извршени во четиридневниот период 8-11 август се за 43% повеќе од оние во периодот 21 јули-7 август и нивниот вкупен број изнесува 2.230, додека откриените прекршоци се 749. Проверките се извршени потоа со мобилизирање на сите раководители на Службите за недвижности, со укинување на летните одмори и преместување на вработените во служби кои имаа недостиг на кадар со цел да се изврши навремена контрола во максималниот можен број бизниси.

Во контекст на наредбата дадена од министерот за национална економија и финансии, Костис Хаџидакис, до Генералниот секретаријат за јавен имот за интензитетот на проверките на плажите низ во Грција, во досегашниот извештај се наведува дека во периодот од 8 до 11 август извршени се проверки на 1.312 деловни и физички лица, во 38 подрачни единици со акцент на туристичките области. Извршени се индикативни проверки во 44 бизниси на Халкидики, 90 во Магнезија, 109 во Киклади и Додеканези, 138 на Крит и 191 на Пелопонез.

Контролите откриле 413 прекршоци кои се однесуваат на надминување на зафатената површина надвор од закупениот простор, а во одредени случаи зафаќање плажа без закуп односно произволно користење.

Исто така во периодот од 21 јули до 7 август се извршени проверки на 918 деловни и физички лица, при што се констатирани 336 прекршоци. Според тоа, од 21 јули до 11 август вкупниот број на проверки е 2.230, а вкупниот број на прекршоци е 749.

Инспекторите за прекршителите во зависност од тежината на прекршокот изрекоа парични казни, отстранија нелегално поставени чадори и лежалки, некои самоволни градби се урнати, а против некои бизнисмени беше поведена и кривична постапка.

Инспекциите низ Грција, а особено во популарните туристички дестинации ќе продолжат и во текот на целата летна сезона со цел, како што истакна Министерството за национална економија и финансии, да се почитуваат условите од договорите потпишани со стопанствениците, да се обезбеди пристап на граѓаните до плажите согласно правилата на Уставот и да се заштити имиџот на грчкиот туристички производ.

Министерот за национална економија и финансии, Костис Хаџидакис, во врска со ова рече: „На оние кои упорно ја доведуваат во прашање нашата волја да наметнеме законитост на плажите и на оние кои упорно се обидуваат да го одржат режимот на беззаконие „од задна врата“ им порачуваме дека исто толку упорно ќе продолжиме со напорите за спроведување на законот. Проверките ќе продолжат и во наредниот период, а воедно продолжуваме, наскоро, со ревидирање на соодветната законска регулатива за закуп на плажи“.

The post Победа на „пешкирите“ во Грција – Инспекторите казнија стотици закупци appeared first on Република.

]]>

Недостатокот на пристап до грчките плажи кое го потенцираше „Движењето пешкир“ ја натера грчката влада да продолжи со инспекциите на плажите. Во тој контекст, од 8-ми до 11-ти август, извршени се 1.312 дополнителни проверки на приватни лица и деловни субјекти кои управуваат со плажите при што локалните инспекциски служби открија 413 прекршоци. Овие проверки се додаваат на 918-те извршени во периодот од 21 јули до 7 август, кога се констатирани 336 прекршоци. Според тоа, проверките извршени во четиридневниот период 8-11 август се за 43% повеќе од оние во периодот 21 јули-7 август и нивниот вкупен број изнесува 2.230, додека откриените прекршоци се 749. Проверките се извршени потоа со мобилизирање на сите раководители на Службите за недвижности, со укинување на летните одмори и преместување на вработените во служби кои имаа недостиг на кадар со цел да се изврши навремена контрола во максималниот можен број бизниси. Во контекст на наредбата дадена од министерот за национална економија и финансии, Костис Хаџидакис, до Генералниот секретаријат за јавен имот за интензитетот на проверките на плажите низ во Грција, во досегашниот извештај се наведува дека во периодот од 8 до 11 август извршени се проверки на 1.312 деловни и физички лица, во 38 подрачни единици со акцент на туристичките области. Извршени се индикативни проверки во 44 бизниси на Халкидики, 90 во Магнезија, 109 во Киклади и Додеканези, 138 на Крит и 191 на Пелопонез. Контролите откриле 413 прекршоци кои се однесуваат на надминување на зафатената површина надвор од закупениот простор, а во одредени случаи зафаќање плажа без закуп односно произволно користење. Исто така во периодот од 21 јули до 7 август се извршени проверки на 918 деловни и физички лица, при што се констатирани 336 прекршоци. Според тоа, од 21 јули до 11 август вкупниот број на проверки е 2.230, а вкупниот број на прекршоци е 749. Инспекторите за прекршителите во зависност од тежината на прекршокот изрекоа парични казни, отстранија нелегално поставени чадори и лежалки, некои самоволни градби се урнати, а против некои бизнисмени беше поведена и кривична постапка. Инспекциите низ Грција, а особено во популарните туристички дестинации ќе продолжат и во текот на целата летна сезона со цел, како што истакна Министерството за национална економија и финансии, да се почитуваат условите од договорите потпишани со стопанствениците, да се обезбеди пристап на граѓаните до плажите согласно правилата на Уставот и да се заштити имиџот на грчкиот туристички производ. Министерот за национална економија и финансии, Костис Хаџидакис, во врска со ова рече: „На оние кои упорно ја доведуваат во прашање нашата волја да наметнеме законитост на плажите и на оние кои упорно се обидуваат да го одржат режимот на беззаконие „од задна врата“ им порачуваме дека исто толку упорно ќе продолжиме со напорите за спроведување на законот. Проверките ќе продолжат и во наредниот период, а воедно продолжуваме, наскоро, со ревидирање на соодветната законска регулатива за закуп на плажи“.

The post Победа на „пешкирите“ во Грција – Инспекторите казнија стотици закупци appeared first on Република.

]]>
Комуналците во Неа Каликратија и Неа Флогита со багери ги собираат оставените пешкири и чадори на плажа https://republika.mk/zivot/patuvanja/komunaltsite-vo-nea-kalikratija-i-nea-flogita-so-bageri-gi-sobiraat-ostavenite-peshkiri-i-chadori-na-plazha/ Fri, 11 Aug 2023 13:45:35 +0000 https://republika.mk/?p=671183

Движењето за ослободување на грчките плажи од узурпација и акциите против „пешкир резевациите“ на јавниот простор актуелно се и на популарните дестинации на Халкидики.

Според информациите објавени на Фејсбук групата „Грчка инфор“ во текот на вчерашниот ден на плажата во Неа Флогита комуналците со багери ја расчистувале плажата и ги собирале пешкирите, лежалките и чадорите оставени на плажата за да „чуваат место“.

Туристите информираат и за слична акција спроведена утрово во Неа Каликратија.

„Општинските власти штотуку ги собраа сите пешкири, чадори и столчиња од плажата каде што нема никој“ – објави еден член на групата.

Според информациите објавени во грчките медиуми, општинските власти во Мудања и Неа Каликратија преку локалните медиуми и социјалните мрежи неколку дена ги предупредувале посетителите да не ги оставаат своите работи на јавните плажи.

 

The post Комуналците во Неа Каликратија и Неа Флогита со багери ги собираат оставените пешкири и чадори на плажа appeared first on Република.

]]>

Движењето за ослободување на грчките плажи од узурпација и акциите против „пешкир резевациите“ на јавниот простор актуелно се и на популарните дестинации на Халкидики. Според информациите објавени на Фејсбук групата „Грчка инфор“ во текот на вчерашниот ден на плажата во Неа Флогита комуналците со багери ја расчистувале плажата и ги собирале пешкирите, лежалките и чадорите оставени на плажата за да „чуваат место“. Туристите информираат и за слична акција спроведена утрово во Неа Каликратија. „Општинските власти штотуку ги собраа сите пешкири, чадори и столчиња од плажата каде што нема никој“ – објави еден член на групата. Според информациите објавени во грчките медиуми, општинските власти во Мудања и Неа Каликратија преку локалните медиуми и социјалните мрежи неколку дена ги предупредувале посетителите да не ги оставаат своите работи на јавните плажи.  

The post Комуналците во Неа Каликратија и Неа Флогита со багери ги собираат оставените пешкири и чадори на плажа appeared first on Република.

]]>
Не крадете пешкири од хотели: Еве какви инфекции може да добиете https://republika.mk/zivot/patuvanja/ne-kradete-peshkiri-od-hoteli-eve-kakvi-infektsii-mozhe-da-dobiete/ Thu, 13 Jul 2023 20:08:25 +0000 https://republika.mk/?p=660862

Една од омилените активности на Македонците преку лето е крадење на пешкири во хотелите каде што престојуваат. Дерматолозите не  препорачува споделување крпи за лична хигиена кои некој веќе ги користел. Лекарите напоменуваат дека ова не е хигиенско и може да се пренесат разни инфекции.

Крпите обично се направени од памук кој ја задржува влагата, па бактериите можат да останат на нивната површина со часови, денови, па дури и месеци. Перењето на крпите е задолжително неделно за да биде безбедно, а сушењето е најдобро на отворено.

Освен тоа, експертите секојдневно апелираат секој член од домаќинството да има свој пешкир и да не го дели со никого, дури ни со партнерот.

Најчести симптоми се чешање, а дополнителна компликација се јавува доколку некој од домаќините веќе има кожна болест како егзема.

The post Не крадете пешкири од хотели: Еве какви инфекции може да добиете appeared first on Република.

]]>

Една од омилените активности на Македонците преку лето е крадење на пешкири во хотелите каде што престојуваат. Дерматолозите не  препорачува споделување крпи за лична хигиена кои некој веќе ги користел. Лекарите напоменуваат дека ова не е хигиенско и може да се пренесат разни инфекции. Крпите обично се направени од памук кој ја задржува влагата, па бактериите можат да останат на нивната површина со часови, денови, па дури и месеци. Перењето на крпите е задолжително неделно за да биде безбедно, а сушењето е најдобро на отворено. Освен тоа, експертите секојдневно апелираат секој член од домаќинството да има свој пешкир и да не го дели со никого, дури ни со партнерот. Најчести симптоми се чешање, а дополнителна компликација се јавува доколку некој од домаќините веќе има кожна болест како егзема.

The post Не крадете пешкири од хотели: Еве какви инфекции може да добиете appeared first on Република.

]]>
„Срамота што прават Балканците, тоа треба да се забрани“: Фотографии од грчките плажи предизвикаа бура на социјалните мрежи https://republika.mk/vesti/balkan/sramota-shto-pravat-balkancite-toa-treba-da-se-zabrani-fotografii-od-grchkite-plazi-predizvika-bura-na-socijalnite-mrezi/ Sat, 02 Jul 2022 09:58:19 +0000 https://republika.mk/?p=522490

Со цел да си обезбедат место на плажа, лежалка или чадор во текот на целиот ден, туристи од балканот се служат со разни методи и тактики. Така тие брзаат да ги стават своите пешкири на најдобро позиционирани лежалки на плажата, уште пред да се упатат на појадок во хотелите, по што следи целодневно капење и сончање на плажа.

Сепак, дека многумина немаат ниту мерка, ниту граница кога станува збор за толеранцијата, покажуваат фотографиите, неодамна споделени на Фејсбук групата „Live from Greece“, а сликани на Атос.

На сликите е забележана сцена од седум часот наутро, што авторот на фотографиите ја споделил на Фејсбук и шеговито го опишал натпреварувачкиот дух на балканските туристи.

На фотографиите се гледа дел од хотелската плажа на која веќе во тоа време се „зафатени“ лежалките, односно се „обележани“ со пешкири или чанти.

Секој ден мораш сè порано да си обезбедиш лежалка, а на плажа можеш да дојдеш и на пладне - пишува авторот.

Тој додава дека слични ситуации гледал и претходно, но сега забележал дека Балканците тоа го прават „корпоративно“, односно дека една личност зазема и по десетина лежалки.

Неговата објава предизвика огромен број коментари од луѓе кои се соочиле со овој проблем.

Јас тоа првпат го видов во Паралија. Се шокирав. Во шест часот наутро, трчаат да ги стават пешкирите на лежалките. Јас станувам во пет часот, но си носиме свои лежалки. Да бидам искрен додека стигнам до плажата, слободната зона веќе е зафатена - гласи еден од коментарите.

На други на кои оваа пракса не им се допаднала, понудиле решение.

„Срамота“, „Сами сме виновни за тоа затоа што го толерираме тоа. Треба да ги тргнеш пешкирите и да си ги ставиш своите работи“, „Ужас. Треба да се забрани тоа“ - гласат коментарите.

The post „Срамота што прават Балканците, тоа треба да се забрани“: Фотографии од грчките плажи предизвикаа бура на социјалните мрежи appeared first on Република.

]]>

Со цел да си обезбедат место на плажа, лежалка или чадор во текот на целиот ден, туристи од балканот се служат со разни методи и тактики. Така тие брзаат да ги стават своите пешкири на најдобро позиционирани лежалки на плажата, уште пред да се упатат на појадок во хотелите, по што следи целодневно капење и сончање на плажа. Сепак, дека многумина немаат ниту мерка, ниту граница кога станува збор за толеранцијата, покажуваат фотографиите, неодамна споделени на Фејсбук групата „Live from Greece“, а сликани на Атос. На сликите е забележана сцена од седум часот наутро, што авторот на фотографиите ја споделил на Фејсбук и шеговито го опишал натпреварувачкиот дух на балканските туристи. На фотографиите се гледа дел од хотелската плажа на која веќе во тоа време се „зафатени“ лежалките, односно се „обележани“ со пешкири или чанти.
Секој ден мораш сè порано да си обезбедиш лежалка, а на плажа можеш да дојдеш и на пладне - пишува авторот.
Тој додава дека слични ситуации гледал и претходно, но сега забележал дека Балканците тоа го прават „корпоративно“, односно дека една личност зазема и по десетина лежалки. Неговата објава предизвика огромен број коментари од луѓе кои се соочиле со овој проблем.
Јас тоа првпат го видов во Паралија. Се шокирав. Во шест часот наутро, трчаат да ги стават пешкирите на лежалките. Јас станувам во пет часот, но си носиме свои лежалки. Да бидам искрен додека стигнам до плажата, слободната зона веќе е зафатена - гласи еден од коментарите.
На други на кои оваа пракса не им се допаднала, понудиле решение.
„Срамота“, „Сами сме виновни за тоа затоа што го толерираме тоа. Треба да ги тргнеш пешкирите и да си ги ставиш своите работи“, „Ужас. Треба да се забрани тоа“ - гласат коментарите.

The post „Срамота што прават Балканците, тоа треба да се забрани“: Фотографии од грчките плажи предизвикаа бура на социјалните мрежи appeared first on Република.

]]>