периодика Archives - Република https://republika.mk/tema/periodika/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Mar 2024 09:11:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png периодика Archives - Република https://republika.mk/tema/periodika/ 32 32 Во НУБ „Св. Климент Охридски“ по повод 8 Март: Дигитална изложба „Жените во ретката периодика“ со делови од весникот „Македонка: орган на антифашистичкиот фронт на жените од Македонија“ https://republika.mk/vesti/kultura/vo-nub-sv-kliment-ohridski-po-povod-8-mart-digitalna-izlozhba-zhenite-vo-retkata-periodika-so-delovi-od-vesnikot-makedonka-organ-na-antifashistichkiot-front-na-zhenite-od-makedonija/ Fri, 08 Mar 2024 09:11:38 +0000 https://republika.mk/?p=752535

По повод 8 Март во НУБ „Св. Климент Охридски“ од 11 часот ќе биде прикажана дигитална изложба „Жените во ретката периодика“ со делови од весникот „Македонка: орган на антифашистичкиот фронт на жените од Македонија“.

„Весникот ‘Македонка: орган на антифашистичкиот фронт на жените од Македонија’ е важен наслов од фондот на Збирката за ретка периодика. Тоа е првото женско списание објавено во Македонија. Овој периодичен наслов има големо културолошко, историско, книжевно и библиотечно значење за Македонија и Европа. Тоа е историски сведок за отпорот на македонските жени кон фашизмот и нивната борба за еманципација и стекнување на еднакви права. Овој наслов е особено релевантен за женското пишување во историјата, културата и истотијата на жените, активизмот во политиката итн. Весникот излегувал од 1944 до 1952 година во осумгодишна временска рамка и вкупно 83 броеви. Три пати го менуваше насловот во ‘Просветена жена’, ‘Жена’ и ‘Жена нова’“, се вели во најавата.

Авторки на изложбата се Марина Мијаковска и Милица Ивановска.

Настанот ќе биде заокружен со поетско читање на неколку истакнати македонски писателки.

The post Во НУБ „Св. Климент Охридски“ по повод 8 Март: Дигитална изложба „Жените во ретката периодика“ со делови од весникот „Македонка: орган на антифашистичкиот фронт на жените од Македонија“ appeared first on Република.

]]>

По повод 8 Март во НУБ „Св. Климент Охридски“ од 11 часот ќе биде прикажана дигитална изложба „Жените во ретката периодика“ со делови од весникот „Македонка: орган на антифашистичкиот фронт на жените од Македонија“. „Весникот ‘Македонка: орган на антифашистичкиот фронт на жените од Македонија’ е важен наслов од фондот на Збирката за ретка периодика. Тоа е првото женско списание објавено во Македонија. Овој периодичен наслов има големо културолошко, историско, книжевно и библиотечно значење за Македонија и Европа. Тоа е историски сведок за отпорот на македонските жени кон фашизмот и нивната борба за еманципација и стекнување на еднакви права. Овој наслов е особено релевантен за женското пишување во историјата, културата и истотијата на жените, активизмот во политиката итн. Весникот излегувал од 1944 до 1952 година во осумгодишна временска рамка и вкупно 83 броеви. Три пати го менуваше насловот во ‘Просветена жена’, ‘Жена’ и ‘Жена нова’“, се вели во најавата. Авторки на изложбата се Марина Мијаковска и Милица Ивановска. Настанот ќе биде заокружен со поетско читање на неколку истакнати македонски писателки.

The post Во НУБ „Св. Климент Охридски“ по повод 8 Март: Дигитална изложба „Жените во ретката периодика“ со делови од весникот „Македонка: орган на антифашистичкиот фронт на жените од Македонија“ appeared first on Република.

]]>