пензионери Archives - Република https://republika.mk/tema/penzioneri/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Oct 2024 18:01:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пензионери Archives - Република https://republika.mk/tema/penzioneri/ 32 32 Ова се причините поради кои жените ги надживуваат мажите https://republika.mk/zivot/semejstvo/ova-se-prichinite-poradi-koi-zhenite-gi-nadzhivuvaat-mazhite/ Fri, 11 Oct 2024 18:01:38 +0000 https://republika.mk/?p=825693

Ова се најмоќните фактори што го кратат животниот век на машката популација:

1.Преземаат поголеми ризици

Многу повеќе момчиња и мажи умираат во несреќи или насилство отколку девојчињата и жените. Тоа вклучува возење во пијана состојба или со недозволена брзина и недостиг на проценка и разгледување на последиците.

2.Имаат понебезбедни работни места

Мажите се многу побројни во некои од најризичните професии, како што се воена заштита, гаснење пожари и работа на градилишта.

3.Срцеви заболувања

Всушност, мажите имаат 50% поголема веројатност да умрат од срцеви заболувања од жените. Фактот дека мажите имаат пониско ниво на естроген од жените може да биде дел од причината.

4.Проблеми со ментално здравје

Мажите избегнуваат да бараат грижа за депресија и културните норми ги обесхрабруваат да работат на менталното здравје.

5.Избегнуваат лекари

Тие имаат многу поголема веројатност да ги прескокнат рутинските здравствени прегледи и многу помала е веројатноста од жените да посетиле лекар од кој било вид во текот на претходната година.

The post Ова се причините поради кои жените ги надживуваат мажите appeared first on Република.

]]>

Ова се најмоќните фактори што го кратат животниот век на машката популација: 1.Преземаат поголеми ризици Многу повеќе момчиња и мажи умираат во несреќи или насилство отколку девојчињата и жените. Тоа вклучува возење во пијана состојба или со недозволена брзина и недостиг на проценка и разгледување на последиците. 2.Имаат понебезбедни работни места Мажите се многу побројни во некои од најризичните професии, како што се воена заштита, гаснење пожари и работа на градилишта. 3.Срцеви заболувања Всушност, мажите имаат 50% поголема веројатност да умрат од срцеви заболувања од жените. Фактот дека мажите имаат пониско ниво на естроген од жените може да биде дел од причината. 4.Проблеми со ментално здравје Мажите избегнуваат да бараат грижа за депресија и културните норми ги обесхрабруваат да работат на менталното здравје. 5.Избегнуваат лекари Тие имаат многу поголема веројатност да ги прескокнат рутинските здравствени прегледи и многу помала е веројатноста од жените да посетиле лекар од кој било вид во текот на претходната година.

The post Ова се причините поради кои жените ги надживуваат мажите appeared first on Република.

]]>
Мицкоски попладнево меѓу пензионерите во Гази Баба: За 100 дена ги покачивме пензиите, продолжуваме да работиме 100% посветено https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-popladnevo-megu-penzionerite-vo-gazi-baba-za-100-dena-gi-pokachivme-penziite-prodolzhuvame-da-rabotime-100-posveteno/ Tue, 01 Oct 2024 15:56:49 +0000 https://republika.mk/?p=821483

Нашиот народ е скромен, благодарен, работлив, вреден и колку малку треба за човек да биде среќен. Јас сум благодарен што можам да го видам тоа денес на вашите лица и тоа за нас преставува инспирација да продолжиме да работиме уште понапорно за во периодот кој што следи да овозможиме уште поголеми пензии, да овозможиме уште поголема перспектива за вашите внуци, синови, ќерки да ги гледате вашите внучиња тука во Македонија затоа што нема поголема мака од тоа кога мајка, баба, се дели од своето чедо кое што поради бесперспективност, разочарување ја напушта својата држава, својата татковина, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната средба со пензионерите во Општина Гази Баба.

Ова денеска што се случува претставува навистина една потврда дека на овој мирољубив народ малку му треба да биде среќен, а нашата желба и нашата среќа е кога ве гледаме вас среќни. Ве молам вака да ве гледаме цело време, им се обрати премиерот на пензионерите.

Претседателот на Владата истакна дека Владата продолжува да работи посветено за сите граѓани

Продолжуваме и понатаму, тоа беше едно обично само предизборно ветување; многумина не прашуваа од каде ќе најдете пари, како ќе најдете пари- успеавме да најдеме пари, а пари најдовме на начин на којшто ние не сакавме да ги крадеме граѓаните, не сакавме да ве крадеме вас туку сакавме да работиме чесно, достоинствено и на тој начин да имаме поголем прилив во буџетот и со тој поголем прилив во буџетот да овозможиме вие да уживате во тоа што сте го заслужиле работејќи макотрпно целиот ваш работен век. И зашто требаше да поминат 100 дена? Затоа што овие 100 дена кога го правевме планот беа претпоставени дека ќе бидат доволни да можеме да акумулираме доволно заштеда да овозможиме да имаме најпрвин половина од онаа сума којашто ја ветивме, а потоа за уште 6 месеци со новиот буџет и втората половина што во рок од 9 месеци не од година го испорачаме тоа ветување коешто сме го дале, рече тој.

Мицкоски потсети и што наследиле од претходната власт потенцирајќи дека тоа што го ветиле сакале да го испорачаат. И полека но сигурно, со многу трпение, со многу мудрост, ум и стратегија тоа да го реализира.

Состојбата беше многу сложена, многу тешка, првиот ден кога дојдовме на работа, 24ти Јуни, сметката на владата беше – 200 милиони евра. Ниту една не затекнала такво цунами како што оваа Влада затекнала. Работевме многу, макотрпно, чесно и можам да кажам дека полека но сигурно приходите во буџетот се зголемуваат затоа што веќе народот никој не го краде, никој нема право да го краде, туку треба да работи за народот, да биде слуга на народот. УЈП ги зголемуваше своите приходи, Царината ги зголемуваше своите приходи, и на тој начин има повеќе за вас, повеќе за граѓаните. Тоа е она за коешто се заветивме како Влада и тоа е она што ќе го работиме. Но има и други работи коишто ги направивме, коишто вие можеби во меѓувреме не ги гледавте и не сакавме многу да зборуваме. Повеќе да работиме, помалку да зборуваме, истакна премиерот.

„Пред да се направи ребалансот на буџетот во кој што беа предвидени овие зголемувања и покачувања на пензиите, тој кажа дека претходната Влада заборавила во првата верзија од буџетот кој што беше тековен да предвиди ни повеќе ни помалку 5 милијарди денари. Тоа е 80 милиони евра за тековните, и не станува збор за покачените, за тековните недостасувале 5 милијарди денари. Така што со ребалансот не само што ги обезбедиле овие зголемувања коишто се мали , недоволно, но доволно за човек денеска да се почувствува малку горд.

Ги обезбедивме и оние 5 милијарди да исплата на досегашните висини на пензиите. Понатаму, не сакам да заборавите и една друга работа која со министерот за здравство ја промовиравме а тоа е дека после една деценија вклучивме нови 9 генерички лекови на позитивната листа, листа на којашто вие нема да плаќате партиципација ќе ви бидат бесплатни. Со тоа се заштедуваат милиони, милиони пари од граѓаните, истакна Мицкоски.

Премиерот кажа дека се продолжува со надградба на ова листа и понатаму се продолжува да се штеди за граѓаните. Граѓаните коишто ги користат тие лекови ќе бидат со помали трошоци, со поголема заштеда и ќе може да добиваат лекови со поголем квалитет.

Понатаму исто сакам да кажам дека успеавме со мерките коишто ги воведовме, за прв пат после две години инфлацијата да ја спуштиме на ниво за 2, 2 % , најниска во август во регионот и најниска во Европа. Не напаѓаа, платите не растеле. Видовте државниот завод за статистика во месец Јули излезе со податоци дека не само што растат платите туку дека растат споредбено со минатите години но тога цените и инфлацијата беа 25 % сега се само 2,2%. И тоа не е доволно, ќе биде уште пониско со новите мерки помалку трошоци, повеќе за вас, потенцира премиерот.

Тој кажа дека сето тоа што го работеле во изминатиот период, целта била само да се направиме нешто повеќе за граѓаните. За граѓаните истакна тој затоа што тие ја дале довербата на 8ми Мај, за да речиси за 5 месеци најмалку што може да се направи, и тоа што е ветено е и испорачано.

„За овие 100 дена некој ќе ми го постави прашањето: Дали сте задоволни? Секогаш може повеќе. Но, сум задоволен. Задоволен сум затоа што го оставивме срцето на терен, затоа што се боревме храбро, затоа што работевме чесно, вредно и макотрпно и затоа што во првите 100 дена најголем број од големите ветувања ние ги испорачавме, Во месеците и годините коишто следат имаме многу позитивни изненадувања, уште многу ваков тип на испораки, уште многу насмеани лица бидејќи тука ќе завршам како и што започнав, вашата насмевка е наша инспирација. Вашата насмевка е наша награда за сето тоа што го правевме досега, а јас ве уверувам и ви давам збор дека ќе продолжиме истото да го правиме за вас бидејќи вие тоа го заслужувате. Да сте ми живи и здрави, Бог да ни ја благослови Македонија и да се гледаме за убави работи, заклучи премиерот.

The post Мицкоски попладнево меѓу пензионерите во Гази Баба: За 100 дена ги покачивме пензиите, продолжуваме да работиме 100% посветено appeared first on Република.

Пензиите зголемени за 2500 денари https://republika.mk/vesti/makedonija/penziite-zgolemeni-za-2500-denari/ Tue, 01 Oct 2024 05:24:52 +0000 https://republika.mk/?p=821188

Пензионерите денеска ќе добијат пензија за септември со зголемен износ за 2.500 денари, а уште едно линеарно зголемување во износ од 2.500 денари треба да имаат со мартовската пензија. Линеарното покачување на пензиите, што е предизборно ветување на новата Влада, е првпат по неколку години. Досега пензиите се усогласуваа со растот на платите и трошоците на живот.

Собранието на 12 септември ги усвои измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои се овозможи линеарно зголемување на пензиите. Законските измени беа донесени со 78 гласа „за“, по скратена постапка.

За исплата на пензиите до крајот на годинава со ребалансот на Буџетот се обезбедени дополнителни пет милијарди денари. Од тој износ, 2,5 милијарди денари се средства кои се трансферираат дополнително во Фондот за пензиско осигурување заради реализација на најавеното линеарно зголемување.

Според податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, во август годинава е исплатена пензија на 340 709 лица. Просечната пензија изнесува 21.217 денари.

Од вкупниот број пензионери, 24 894 примаат пензија со износ до 13.192 денари. Примањата на 118 306 пензионери се движат од 13.192 до 16.909 денари, на 81 081 од 16.910 до 22.500 денари, на 40 056 од 36.615 до 57.481 денар, а 2,957 над 57. 481 денар

The post Пензиите зголемени за 2500 денари appeared first on Република.

]]>

Пензионерите денеска ќе добијат пензија за септември со зголемен износ за 2.500 денари, а уште едно линеарно зголемување во износ од 2.500 денари треба да имаат со мартовската пензија. Линеарното покачување на пензиите, што е предизборно ветување на новата Влада, е првпат по неколку години. Досега пензиите се усогласуваа со растот на платите и трошоците на живот. Собранието на 12 септември ги усвои измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои се овозможи линеарно зголемување на пензиите. Законските измени беа донесени со 78 гласа „за“, по скратена постапка. За исплата на пензиите до крајот на годинава со ребалансот на Буџетот се обезбедени дополнителни пет милијарди денари. Од тој износ, 2,5 милијарди денари се средства кои се трансферираат дополнително во Фондот за пензиско осигурување заради реализација на најавеното линеарно зголемување. Според податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, во август годинава е исплатена пензија на 340 709 лица. Просечната пензија изнесува 21.217 денари. Од вкупниот број пензионери, 24 894 примаат пензија со износ до 13.192 денари. Примањата на 118 306 пензионери се движат од 13.192 до 16.909 денари, на 81 081 од 16.910 до 22.500 денари, на 40 056 од 36.615 до 57.481 денар, а 2,957 над 57. 481 денар

The post Пензиите зголемени за 2500 денари appeared first on Република.

]]>
Милановиќ: Еднократната помош за пензионерите е знак за лошата состојба во општеството https://republika.mk/vesti/milanovik-ednokratnata-pomosh-za-penzionerite-e-znak-za-loshata-sostojba-vo-opshtestvoto/ Tue, 17 Sep 2024 20:33:54 +0000 https://republika.mk/?p=817227

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека не го гледа како некаков охрабрувачки знак фактот што повеќе од 60 отсто од хрватските пензионери добиле еднократна помош, туку тоа го гледа како знак за лошата состојба во општеството.

Ме растажува фактот што повеќе од 60 проценти од пензионерите мора да добијат еднократна помош бидејќи тоа само значи дека повеќето од нив живеат во сиромаштија. Луѓето не можат така да живеат, од повремената милостина на Владата, тоа е неодржливо“, порача Милановиќ на својата официјална Фејсбук страница.

Хрватскиот претседател посочува дека тоа е поразително за хрватската држава, за која денешните пензионери работеле цел живот.

Затоа повторувам дека упорно и гласно ќе зборувам за оваа неправда додека не се исправи“, изјави Милановиќ.

Есенскиот пакет мерки на хрватската Влада предвидува финансиска помош за околу 760.000 пензионери, во износ од 76,5 милиони евра.

Право на оваа помош имаат пензионерите чии вкупни месечни примања за септември оваа година не надминуваат 840 евра. Еднократната исплата се движи од 60 евра до 160 евра, а во зависност од висината на приходите, пензионерите се поделени во четири категории: оние со приходи до 350 евра, од 350 до 500 евра, од 500 до 650 евра и оние чии приходи се 650 до 840 евра.

The post Милановиќ: Еднократната помош за пензионерите е знак за лошата состојба во општеството appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека не го гледа како некаков охрабрувачки знак фактот што повеќе од 60 отсто од хрватските пензионери добиле еднократна помош, туку тоа го гледа како знак за лошата состојба во општеството.
Ме растажува фактот што повеќе од 60 проценти од пензионерите мора да добијат еднократна помош бидејќи тоа само значи дека повеќето од нив живеат во сиромаштија. Луѓето не можат така да живеат, од повремената милостина на Владата, тоа е неодржливо“, порача Милановиќ на својата официјална Фејсбук страница.
Хрватскиот претседател посочува дека тоа е поразително за хрватската држава, за која денешните пензионери работеле цел живот.
Затоа повторувам дека упорно и гласно ќе зборувам за оваа неправда додека не се исправи“, изјави Милановиќ.
Есенскиот пакет мерки на хрватската Влада предвидува финансиска помош за околу 760.000 пензионери, во износ од 76,5 милиони евра. Право на оваа помош имаат пензионерите чии вкупни месечни примања за септември оваа година не надминуваат 840 евра. Еднократната исплата се движи од 60 евра до 160 евра, а во зависност од висината на приходите, пензионерите се поделени во четири категории: оние со приходи до 350 евра, од 350 до 500 евра, од 500 до 650 евра и оние чии приходи се 650 до 840 евра.

The post Милановиќ: Еднократната помош за пензионерите е знак за лошата состојба во општеството appeared first on Република.

]]>
Оваа европска држава има најдобри услови за живеење за пензионерите https://republika.mk/zivot/zdravje/ovaa-evropska-drzhava-ima-najdobri-uslovi-za-zhiveene-za-penzionerite/ Fri, 23 Aug 2024 17:54:24 +0000 https://republika.mk/?p=809575

Иако припаѓа на една од најмалите европски земји, Малта може да се пофали со зголемен број нови жители, особено пензионери. А, причината не се само прекрасните плажи – од кои едната е прогласена за најдобра во Европа.

Веб-страницата Global Citizen Solutions создаде листа на најдобри земји за пензионерско живеење, а Малта е трета, зад Португалија и Шпанија.

„Малта може да се пофали со неверојатен здравствен систем, пристапни цени на имотот, фантастични даночни олеснувања и стимулации, политичка стабилност, широк спектар на опции за забава, идеално време во текот на целата година и голема популација што зборува англиски, меѓу другото“, се вели во извештајот.

Земјата, која се наоѓа меѓу Италија и Либија, има население од нешто повеќе од 530.000 жители. Поради својата стратешка локација во централниот Медитеран, културата и традициите на Малта се мешавина што ги одразува северноафриканските, европските и блискоисточните влијанија низ вековите. И иако можеби имаше турбулентно минато, Малта моментално е една од најбезбедните земји во Европа, според Светската банка.

Како дополнителна предност, англискиот е еден од официјалните јазици на Малта, така што привлекува многу имигранти и многу ја олеснува културната асимилација и секојдневниот живот.

The post Оваа европска држава има најдобри услови за живеење за пензионерите appeared first on Република.

]]>

Иако припаѓа на една од најмалите европски земји, Малта може да се пофали со зголемен број нови жители, особено пензионери. А, причината не се само прекрасните плажи – од кои едната е прогласена за најдобра во Европа. Веб-страницата Global Citizen Solutions создаде листа на најдобри земји за пензионерско живеење, а Малта е трета, зад Португалија и Шпанија. „Малта може да се пофали со неверојатен здравствен систем, пристапни цени на имотот, фантастични даночни олеснувања и стимулации, политичка стабилност, широк спектар на опции за забава, идеално време во текот на целата година и голема популација што зборува англиски, меѓу другото“, се вели во извештајот. Земјата, која се наоѓа меѓу Италија и Либија, има население од нешто повеќе од 530.000 жители. Поради својата стратешка локација во централниот Медитеран, културата и традициите на Малта се мешавина што ги одразува северноафриканските, европските и блискоисточните влијанија низ вековите. И иако можеби имаше турбулентно минато, Малта моментално е една од најбезбедните земји во Европа, според Светската банка. Како дополнителна предност, англискиот е еден од официјалните јазици на Малта, така што привлекува многу имигранти и многу ја олеснува културната асимилација и секојдневниот живот.  

The post Оваа европска држава има најдобри услови за живеење за пензионерите appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за СДСМ: Оставија буџет без 5 милијарди денари за пензионерите и без 3,7 милијарди денари за земјоделците https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-za-sdsm-ostavija-budhet-bez-5-milijardi-denari-za-penzionerite-i-bez-3-7-milijardi-denari-za-zemjodeltsite/ Sat, 20 Jul 2024 14:06:21 +0000 https://republika.mk/?p=798754

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на поставување на камен темелник за изградба на нова детска градинка во населено место Трубарево, во Општина Гази Баба каде одговарајќи на новинарско прашање за критиките на опозицијата дека ребалансот на буџетот не е развоен, истакна дека сегашната опозиција мисли дека што повеќе измислува и критикува ќе остави поголем впечаток кај граѓаните, но вистината е дека оставија буџет без 5 милијарди денари за пензионерите и 3,7 милијарди денари за земјоделците.

„Тие се будат сабајле, го започнуваат денот и мислат што да измислат. Наша задача е да работиме за граѓаните и за државата како Влада. Имаме различни цели. Нивната цел е да измислуваат и да критикуваат, по можност колку повеќе критикуваат и измислуваат, толку мислат дека оставаат поголем впечаток кај граѓаните, а наша цел е колку повеќе вакви проекти да сработиме. Ние ќе си ја тераме нашата работа, а тие нека си ја тераат нивната. До година има локални избори и граѓаните ќе кажат на избори која за што е. Дали ова тие што го кажуваат или ова ние што го работиме“, потенцираше Мицкоски.

Тој исто така додаде дека тие што сега критикуваат оставија буџет без 5 милијарди денари за пензионерите и 3,7 милијарди денари за земјоделците.

„Што се однесува до критиката што вие ја споменавте, само ќе напоменам дека оставија буџет без 5 милијарди денари редовни за пензионерите. Пет милијарди денари им немаше. Зошто? Затоа што шверцерски исплатиле една пензија во фискална година за претходната фискална година. Јануари за декември. Еве тоа е реалноста, само тоа ќе ви кажам. Пет милијарди денари заборавиле некако, не знам како. Бидејќи велат дека има пари, еве нека дојдат да им покажам и емпириски да видат како заборавиле 5 милијарди денари за пензионерите. Постоеше можност да нема за пензионерите пензии, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Понатаму заборавиле 3,7 милијарди денари за земјоделците, не знам како, еве прашајте ги нив нека ви кажат. Ги нема, па моравме ние да ги наоѓаме. Сега милијарда и 700, па до година уште две милијарди итн. Заборавиле, да речеме некаде околу половина милијарда за плати за национални шуми, а нели и конкурси објавуваа ако се сеќавате пред избори. Конкурси објавуваа, а заборавиле пола милијарда евра да им помогнат бидејќи луѓето 4 месеци плата не земале и сега нема кој да помага во гасењето на пожарите“.

The post Мицкоски за СДСМ: Оставија буџет без 5 милијарди денари за пензионерите и без 3,7 милијарди денари за земјоделците appeared first on Република.

Народна банка: Платежната сметка со основни функции е погодна зa пензионерите https://republika.mk/vesti/ekonomija/narodna-banka-platezhnata-smetka-so-osnovni-funktsii-e-pogodna-za-penzionerite/ Thu, 04 Jul 2024 11:36:06 +0000 https://republika.mk/?p=793397

Пензионерите може да отворат платежна сметка со основни функции којашто нуди повеќе придобивки, како што се ниски трошоци за одржување, можност за користење релативно широк сет платежни услуги од банките и надоместок којшто во моментов не може да надмине 38 денари, велат од Народната банка.

Од Народната банка денеска информираа дека ова било посочено при средбата на претставници од Народната банка, предводени од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска со претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија Станка Трајкова и претставници на Сојузот.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска ја истакнала важноста од поблиска соработка со здруженијата на пензионерите, заради заштита на нивните права како корисници на платежните услуги и нивно информирање за новините и погодностите што ги нуди новата законска рамка во оваа сфера.

Заменик-директорката на Дирекцијата за платни системи Биљана Доновска-Гечева појаснила дека со новиот Закон за платежни услуги и платни системи за првпат се воведува платежна сметка за која законски е ограничена висината на надоместокот.

За услугите коишто се опфатени со платежната сметка со основни функции, банката може да пресмета и да наплати вкупен месечен надоместок до одредена разумна висина којашто не смее да биде повисока од 0,1 проценти од просекот на последните 12 месечни просечни исплатени нето-плати во земјата, според Државниот завод за статистика (или во моментов 38 денари). Овој надоместок вклучува одржување на платежната сметка и дебитната картичка, онлајн користење интернет и мобилна апликација, неограничен број платежни трансакции за уплата или повлекување готовина непосредно на шалтерите во работните простории на банката или преку нејзината мрежа на банкомати, неограничен број платежни трансакции со дебитни картички и извршување минимум пет платежни трансакции во рамките на истата банка“, истакнала Доновска-Гечева.

Од централната банка посочуваат дека платежната сметка со основни функции е особено погодна за пензионерите, учениците и студентите кои користат државна стипендија. За потрошувачите, пак, коишто ѝ припаѓаат на групата корисници на законски права, платежната сметка со основни функции е бесплатна.

За отворање платежна сметка со основни функции кај банките заинтересираните треба да поднесат барање за отворање ваква сметка или за трансформирање на постојната.

The post Народна банка: Платежната сметка со основни функции е погодна зa пензионерите appeared first on Република.

]]>

Пензионерите може да отворат платежна сметка со основни функции којашто нуди повеќе придобивки, како што се ниски трошоци за одржување, можност за користење релативно широк сет платежни услуги од банките и надоместок којшто во моментов не може да надмине 38 денари, велат од Народната банка. Од Народната банка денеска информираа дека ова било посочено при средбата на претставници од Народната банка, предводени од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска со претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија Станка Трајкова и претставници на Сојузот. Гувернерката Ангеловска-Бежоска ја истакнала важноста од поблиска соработка со здруженијата на пензионерите, заради заштита на нивните права како корисници на платежните услуги и нивно информирање за новините и погодностите што ги нуди новата законска рамка во оваа сфера. Заменик-директорката на Дирекцијата за платни системи Биљана Доновска-Гечева појаснила дека со новиот Закон за платежни услуги и платни системи за првпат се воведува платежна сметка за која законски е ограничена висината на надоместокот.
За услугите коишто се опфатени со платежната сметка со основни функции, банката може да пресмета и да наплати вкупен месечен надоместок до одредена разумна висина којашто не смее да биде повисока од 0,1 проценти од просекот на последните 12 месечни просечни исплатени нето-плати во земјата, според Државниот завод за статистика (или во моментов 38 денари). Овој надоместок вклучува одржување на платежната сметка и дебитната картичка, онлајн користење интернет и мобилна апликација, неограничен број платежни трансакции за уплата или повлекување готовина непосредно на шалтерите во работните простории на банката или преку нејзината мрежа на банкомати, неограничен број платежни трансакции со дебитни картички и извршување минимум пет платежни трансакции во рамките на истата банка“, истакнала Доновска-Гечева.
Од централната банка посочуваат дека платежната сметка со основни функции е особено погодна за пензионерите, учениците и студентите кои користат државна стипендија. За потрошувачите, пак, коишто ѝ припаѓаат на групата корисници на законски права, платежната сметка со основни функции е бесплатна. За отворање платежна сметка со основни функции кај банките заинтересираните треба да поднесат барање за отворање ваква сметка или за трансформирање на постојната.  

The post Народна банка: Платежната сметка со основни функции е погодна зa пензионерите appeared first on Република.

]]>
Мицкоски од Велес: Ветувањето за повисоки пензии кое го кажавме тука во 2023 година го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-od-veles-vetuvaneto-za-povisoki-penzii-koe-go-kazhavme-tuka-vo-2023-godina-go-realiziravme-vo-prvite-pet-dena-od-formiraneto-na-vladata/ Fri, 28 Jun 2024 17:33:45 +0000 https://republika.mk/?p=791661

Ви благодарам на топлиот пречек, така беше на почетокот на октомври кога се сеќавам како многумина од вас кажуваа со какви се предизвици се соочувате. И тогаш главната идеа потекна од оваа средба да имаме комплетна промена на концептот во пензискиот систем, а тоа е да имаме линеарно покачување на пензиите на пензионерите. На тој начин практично сите пензионери ќе добијат подеднакво и нема да се создава преголема разлика помеѓу малкумина и повеќе од 80% од пензионерите, истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната средба со здружението на велешките пензионери, после одлуката на Владата за зголемување на пензиите за пензионерите.

И тогаш рековме и денес сакам тоа да го потврдам, дека наша главна цел ќе ни биде нашите повозрасни сограѓани да имаат подостоинствени пензионерски денови, односно во најубавите години од својот живот да може да се чувствуваат пристојно и достоинствено, а не како што беше минатата есен и зимата, кога за жал нашите родители, дедовци, баби, наместо да ги поминуваат пензионерските денови онака како што заслужуваат, тие чекореа по улиците и плоштадите ширум Македонија, барајќи поголеми права и повисоки пензии, истакна премиерот Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека е направена детална анализа и врз основа на тоа беше дадено ветувањето дека во првата година од мандатот ќе се направи линеарно зголемување на пензиите за пет илјади денари.

The post Мицкоски од Велес: Ветувањето за повисоки пензии кое го кажавме тука во 2023 година го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата appeared first on Република.

Пензионерите ја поздравуваат одлуката на Владата од септември да има линеарно зголемување на пензиите https://republika.mk/vesti/makedonija/penzionerite-ja-pozdravuvaat-odlukata-na-vladata-od-septemvri-da-ima-linearno-zgolemuvane-na-penziite/ Fri, 28 Jun 2024 16:15:12 +0000 https://republika.mk/?p=791627

Владата на денешната прва седница расправаше за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари, при што беше потврдена заложбата и беше одлучено ова зголемување да се реализира на два пати, од кои првата исплата од 2.500 денари ќе биде во септември, а втората од 2.500 денари ќе следува во март.

Пензионер кој има пензија од 15.000 денари со покачувањето во септември ќе има пензија од 17.500 денари, а со покачувањето во март идната година од 20.000 денари. Таквата пензија ќе ја добива секој месец, а првото вообичаено усогласување на пензиите со трошоците на живот ќе го имаат во септември 2025 година, рече вчера министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во интервју за ТВ Сител.

Таа нагласи дека со ребалансот на Буџетот ќе треба да се обезбедат уште околу 80 милиони евра за да можат да се исплаќаат зголемените пензии. Од нив, како што кажа, околу 40 милиони евра се за линеарното зголемување, а останатите 40 милиони евра не биле предвидени од поранешната власт во Буџетот за годинава за непречена исплата на пензиите.

Ќе можеме да ги обезбедиме овие средства затоа што ќе скратиме од непродуктивните трошоци. За жал за годинава невозможно е да се скрати се зашто во голем дел се веќе исплатени средствата и имаме огромен буџетски дефицит. Парите се веќе потрошени и нема од каде да се скрати, но се она што е непродуктивно и останало ќе се крати, рече Димитриеска Кочоска и додаде дека има уште простор за кратење зошто, како што кажа, има многу нелогичности.

Најавеното линеарно покачување на пензиите од страна на новата Влада го поздрави Пензионерскиот синдикат на Македонија (ПСМ), членка при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), кој ги здружува пензионерите од целата земја.

Социо-економскиот статус на пензионерите во Македонија во последните години е навистина на незавидно ниво. Потребно е пензиите да се зголемуваат за да можат истите да бидат доволни за да им овозможат пристоен живот на пензионерите. Се надеваме дека во иднина со новата Влада ќе имаме фер и коректен социјален дијалог и дека ќе ги ставиме на маса сите проблеми кои ги засегаат пензионерите, порачаа од ПСМ.

The post Пензионерите ја поздравуваат одлуката на Владата од септември да има линеарно зголемување на пензиите appeared first on Република.

Мицкоски: На првата Владина седница донесена одлука за повисоки пензии за пензионерите https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-na-prvata-vladina-sednitsa-donesena-odluka-za-povisoki-penzii-za-penzionerite/ Fri, 28 Jun 2024 14:56:26 +0000 https://republika.mk/?p=791606

На првата седница на владата е донесена одлука за зголемување на пензиите за пензионерите.

Премиерот Христијан Мицкоски, објави дека дека ветувањето дадено пред повеќе од 1 година станува реалност, веќе во првите денови од новата влада.

По победата на изборите, новата Влада веднаш пристапи кон исполнување на своите ветувања. На првата владина седница која се одржа на 28 јуни 2024 година, најавувам линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари. Првата исплата од 2.500 денари ќе биде во септември, а втората од 2.500 денари ќе следува во март.

Ова ветување го дадов и на мојата последна средба со пензионерите во Велес. Тоа беше време кога тие протестираа по улиците барајќи достоинствен третман од власта. Попладнево со задоволство ќе ги посетам.

Ги исполнуваме ветувањата дадени пред граѓаните и заедно градиме подобра иднина!

За тебе!
Исполнуваме!
Се грижиме!, истакна Мицкоски на социјалните мрежи.

The post Мицкоски: На првата Владина седница донесена одлука за повисоки пензии за пензионерите appeared first on Република.

]]>

На првата седница на владата е донесена одлука за зголемување на пензиите за пензионерите. Премиерот Христијан Мицкоски, објави дека дека ветувањето дадено пред повеќе од 1 година станува реалност, веќе во првите денови од новата влада.
По победата на изборите, новата Влада веднаш пристапи кон исполнување на своите ветувања. На првата владина седница која се одржа на 28 јуни 2024 година, најавувам линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари. Првата исплата од 2.500 денари ќе биде во септември, а втората од 2.500 денари ќе следува во март. Ова ветување го дадов и на мојата последна средба со пензионерите во Велес. Тоа беше време кога тие протестираа по улиците барајќи достоинствен третман од власта. Попладнево со задоволство ќе ги посетам. Ги исполнуваме ветувањата дадени пред граѓаните и заедно градиме подобра иднина! За тебе! Исполнуваме! Се грижиме!, истакна Мицкоски на социјалните мрежи.

The post Мицкоски: На првата Владина седница донесена одлука за повисоки пензии за пензионерите appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: 30.000 просечна пензија за достоинствен живот на пензионерите https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-30-000-prosechna-penzija-za-dostoinstven-zhivot-na-penzionerite/ Fri, 19 Apr 2024 18:32:18 +0000 https://republika.mk/?p=768192

Гарантираме 20.000 денари минимална и 30.000 денари просечна пензија за достоинствен живот на нашите пензионери, на оние кои ја изградија државата, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Струга.

За пензионерите обезбедуваме и многу други финансиски мерки за поддршка, порача Ковачевски, презентирајќи ги пред стружани мерките предвидени во програмата за европска Македонија на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Ковачевски нагласи дека во изминатиот период СДСМ обезбеди достоинствени примања за пензионерите и ги зголеми пензиските примања за 55%.

Јасно ми е дека очекувањата се поголеми, ние сме подготвени да работиме ден и ноќ, додаде тој.

-Јас и моите другари од СДСМ и од коалицијата за европска Македонија сме подготвени да работиме ден и ноќ за да го реализираме барањето на граѓаните за попросперитетна држава, со новата програма за европска иднина. Оваа програма е реална, остварлива и нема откажување додека секој ред од неа не стане наша реалност, рече Ковачевски попладнево во Струга.

The post Ковачевски: 30.000 просечна пензија за достоинствен живот на пензионерите appeared first on Република.

]]>

Гарантираме 20.000 денари минимална и 30.000 денари просечна пензија за достоинствен живот на нашите пензионери, на оние кои ја изградија државата, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Струга. За пензионерите обезбедуваме и многу други финансиски мерки за поддршка, порача Ковачевски, презентирајќи ги пред стружани мерките предвидени во програмата за европска Македонија на СДСМ и Коалицијата за европска иднина. Ковачевски нагласи дека во изминатиот период СДСМ обезбеди достоинствени примања за пензионерите и ги зголеми пензиските примања за 55%. Јасно ми е дека очекувањата се поголеми, ние сме подготвени да работиме ден и ноќ, додаде тој.
-Јас и моите другари од СДСМ и од коалицијата за европска Македонија сме подготвени да работиме ден и ноќ за да го реализираме барањето на граѓаните за попросперитетна држава, со новата програма за европска иднина. Оваа програма е реална, остварлива и нема откажување додека секој ред од неа не стане наша реалност, рече Ковачевски попладнево во Струга.
 
The post Ковачевски: 30.000 просечна пензија за достоинствен живот на пензионерите appeared first on Република.

]]>
Спасовски на средба со пензионери од Куманово: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-na-sredba-so-penzioneri-od-kumanovo-minimalna-penzija-od-20-000-denari-i-prosechna-penzija-od-30-000-denari/ Fri, 19 Apr 2024 15:46:51 +0000 https://republika.mk/?p=768106

Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, оствари средба со пензионерите од Куманово.

Во спектарот на еднаквите можности за сите е и грижата за нашите највозрасни граѓани – пензионерите. Токму затоа, не се откажуваме! Продолжуваме со подобрување на животниот стандард на пензионерите. Во следниот мандат предвидуваме минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. СДСМ и коалицијата “За европска иднина” продолжуваат да вложуваат на вистинскиот пат, патот кон Европа каде нашата земја ќе продолжи да се развива со нови работни места, повисоки плати, повисоки пензии и подобар животен стандард за сите, истакна Спасовски.

The post Спасовски на средба со пензионери од Куманово: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари appeared first on Република.

]]>

Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, оствари средба со пензионерите од Куманово. Во спектарот на еднаквите можности за сите е и грижата за нашите највозрасни граѓани – пензионерите. Токму затоа, не се откажуваме! Продолжуваме со подобрување на животниот стандард на пензионерите. Во следниот мандат предвидуваме минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. СДСМ и коалицијата “За европска иднина” продолжуваат да вложуваат на вистинскиот пат, патот кон Европа каде нашата земја ќе продолжи да се развива со нови работни места, повисоки плати, повисоки пензии и подобар животен стандард за сите, истакна Спасовски.

The post Спасовски на средба со пензионери од Куманово: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари appeared first on Република.

]]>
Тренчевска денес им се обрати на пензионерите во Општина Струмица https://republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-denes-im-se-obrati-na-penzionerite-vo-opshtina-strumitsa/ Fri, 19 Apr 2024 15:39:55 +0000 https://republika.mk/?p=768072

Коносителката на листата за пратеници на Изборна единица 4 од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска денес им се обрати на пензионерите во Општина Струмица и ја објасни изборната програма на која според неа столб е грижата за пензионерите.

„Да се потсетиме на се она што го имаме направено за вас пензионерите и да ве информираме за се она кое се обврзуваме како партија во наредниот период. Како помлади генерации сме обврзани да ви обезбедиме спокојни пензионерски денови, затоа во изминатиот период ја донесовме методологијата со која гарантираме постојан раст на пензиите. Пред нашиот мандат најниската пензија која изнесуваше околу 8000 денари, денес е покачена на скоро 14.000 денари“ изјави Тренчевска.

Таа посочи дека покрај континуираното покачување на пензиите продолжува да се исплаќа и финансиската поддршка која е директно на терет на буџетот на Министерството за труд и социјална политика и дека истата не ја загрозува исплата на пензиите.

„Најголем дел од вас се сеќаваат дека ги добивавте пензиите во 6 групи на пензионери, затоа што системот на пензиско и инвалидско осигурување на бил стабилен. Денес сите вие секој први во месецот пензиите ги имате на вашите сметки, системот е стабилен и гарантира долгорочна сигурност“ истакна Тренчевска.

Таа рече дека никогаш повеќе нема да дозволи фондот да биде нестабилен, затоа што сите предвидени мерки и политики кои се предвидуваат не се на терет на фондот, туку ќе бидат на централниот буџет.

„Се обврзуваме на минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. Воведуваме новогодишен пакет  за секој пензионер во висина од 6000 денари како, картичка за пензионерите со попуст од 30% на прехранбени производи како и изградба на најмалку 12 нови домови за стари лица“ рече Тренчевска.

The post Тренчевска денес им се обрати на пензионерите во Општина Струмица appeared first on Република.

Koвачевски пред крајот на мандатот се сети на пензионерите https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-pred-krajot-na-mandatot-se-seti-na-penzionerite/ Sat, 13 Apr 2024 18:45:50 +0000 https://republika.mk/?p=765784

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Македонски Брод, имаше средба со пензионерите, на која што се разговараше за ефектите од досегашните мерки за пензионерите, за идните мерки од програмата на СДСМ за пензионерите, како и за предлозите на пензионерите од овој регион.

На средбата, Ковачевски посочи дека досега секоја мерка е носена во комуникација и консултација со Сојузот на здруженија на пензионери, со цел да се подобри стандардот и условите за живот на пензионерите.

Владата предводена од СДСМ, овозможи раст на пензиите со носење на новата Методологија. Просечната пензија денес изнесува 20.195 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година кога просечната пензија изнесувала нешто над 200 евра. Минималната пензија денес изнесува 13.150 денари, што е за 4.300 денари повисока во однос на 2016 година, односно повисока пензија за речиси 50%.

Воедно, и во време на најголемите кризи, беа предвидени мерки за помош на пензионерите во секој антикризен пакет. Во последниот 9-ти пакет, се издвоија 35 милиони евра за поддршка на 187.000 пензионери, со што пензионерите добија од 1.500-3.000 денари месечно финансиска поддршка со цел полесно да ја пребродат зимата и кризата.

Грижата за стандардот на пензионерите продолжува и преку мерките во четиригодишната програмата на СДСМ. Ковачевски на средбата посочи дека пензиите ќе продолжат да растат. Во програмата е предвидено просечната пензија да достигне 30.000 денари, а минималната пензија 20.000 денари, до 2028 година.

Програмата содржи и други мерки со кои ќе се обезбеди подобар животен стандард и достоинствена старот на пензионерите, како што е воведување на енергетски пакети за пензионери кои живеат сами од 1.500 денари месечно, 6 месеци во зимскиот период, со што ќе им се олесни семејниот буџет во текот на зимата, како и исплата на зимски регрес за пензионери, почнувајќи од декември 2024 година. Предвидено е воведување на пензионерска еднаквост што значи исплата на загарантирана минимална пензија на жените и мажите кои живеат со семејна пензија. Воедно, во програмата е предвидено воведување можност за систем за работно ангажирање на пензионерите, доброволно оние кои можат и сакаат, за дополнително финансиско зајакнување на пензионерите.

Ковачевски им порача на пензионерите дека СДСМ секогаш ќе се грижи за нив и ќе има континуирана соработка, со цел да имаат подобар стандард и да уживаат во плодовите од својот работен век и од вложениот труд.

The post Koвачевски пред крајот на мандатот се сети на пензионерите appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Македонски Брод, имаше средба со пензионерите, на која што се разговараше за ефектите од досегашните мерки за пензионерите, за идните мерки од програмата на СДСМ за пензионерите, како и за предлозите на пензионерите од овој регион. На средбата, Ковачевски посочи дека досега секоја мерка е носена во комуникација и консултација со Сојузот на здруженија на пензионери, со цел да се подобри стандардот и условите за живот на пензионерите. Владата предводена од СДСМ, овозможи раст на пензиите со носење на новата Методологија. Просечната пензија денес изнесува 20.195 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година кога просечната пензија изнесувала нешто над 200 евра. Минималната пензија денес изнесува 13.150 денари, што е за 4.300 денари повисока во однос на 2016 година, односно повисока пензија за речиси 50%.
Воедно, и во време на најголемите кризи, беа предвидени мерки за помош на пензионерите во секој антикризен пакет. Во последниот 9-ти пакет, се издвоија 35 милиони евра за поддршка на 187.000 пензионери, со што пензионерите добија од 1.500-3.000 денари месечно финансиска поддршка со цел полесно да ја пребродат зимата и кризата.
Грижата за стандардот на пензионерите продолжува и преку мерките во четиригодишната програмата на СДСМ. Ковачевски на средбата посочи дека пензиите ќе продолжат да растат. Во програмата е предвидено просечната пензија да достигне 30.000 денари, а минималната пензија 20.000 денари, до 2028 година.
Програмата содржи и други мерки со кои ќе се обезбеди подобар животен стандард и достоинствена старот на пензионерите, како што е воведување на енергетски пакети за пензионери кои живеат сами од 1.500 денари месечно, 6 месеци во зимскиот период, со што ќе им се олесни семејниот буџет во текот на зимата, како и исплата на зимски регрес за пензионери, почнувајќи од декември 2024 година. Предвидено е воведување на пензионерска еднаквост што значи исплата на загарантирана минимална пензија на жените и мажите кои живеат со семејна пензија. Воедно, во програмата е предвидено воведување можност за систем за работно ангажирање на пензионерите, доброволно оние кои можат и сакаат, за дополнително финансиско зајакнување на пензионерите.
Ковачевски им порача на пензионерите дека СДСМ секогаш ќе се грижи за нив и ќе има континуирана соработка, со цел да имаат подобар стандард и да уживаат во плодовите од својот работен век и од вложениот труд.

The post Koвачевски пред крајот на мандатот се сети на пензионерите appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ линеарно ќе ги покачи пензиите за 5.000 денари на сите пензионери https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-vmro-dpmne-linearno-ke-gi-pokachi-penziite-za-5-000-denari-na-site-penzioneri/ Wed, 10 Apr 2024 13:33:56 +0000 https://republika.mk/?p=764591

Пред се би сакал да го честитам денешниот празник Рамазан Бајрам, да посакам многу среќа, бериќет и успешна година, но се разбира и година на промени за подобра и горда Македонија.

Денеска сме во Гази Баба каде што ќе имаме повеќе средби. Во моментот привршуваме со прекрасна средба со пензионери каде што можевме да ги слушнеме постарите и повозрасни лица каде навистина е тешко да се слушаат тие емоции од нивна страна бидејќи навистина со мали пензии, недоволно средства тешко е да се живее.

Она што најмногу ги мачи пензионерите е со нивните мали пензии немаат доволно средства да си ги купат своите намирници, но најголем проблем е како да си ги купат сите лекови кои им се потребни месец за месец, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборнат единица 2 Владо Мисајловски, кој беше во посета на скопската општина Гази Баба.

Мисајловски меѓудругото порача дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ линеарно за 5.000 денари ќе ги зголеми сите пензи.

Затоа владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за многу скоро време после 8 мај, ќе започне со проект кој го ветуваме на сите пензионери, а тоа е зголемена пензија линеарно за 5.000 денари на сите пензионери.

Затоа сакам да ги повикам граѓаните на 24 април, а потоа и на 8 мај сите заеднички да излеземе што повеќе и да дадеме поддршка за Гордана Силјановска Давкова, а потоа и за нова влада на 8 мај формирана од ВМРО-ДПМНЕ, за поголеми пензии, за поголеми плати, за подобра економија за подобар стандард. Време е за промени, порача Мисајловски.

https://youtu.be/Php-KakGO9E?si=HpM20cYXeKnt8J4G

The post Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ линеарно ќе ги покачи пензиите за 5.000 денари на сите пензионери appeared first on Република.

]]>

Пред се би сакал да го честитам денешниот празник Рамазан Бајрам, да посакам многу среќа, бериќет и успешна година, но се разбира и година на промени за подобра и горда Македонија. Денеска сме во Гази Баба каде што ќе имаме повеќе средби. Во моментот привршуваме со прекрасна средба со пензионери каде што можевме да ги слушнеме постарите и повозрасни лица каде навистина е тешко да се слушаат тие емоции од нивна страна бидејќи навистина со мали пензии, недоволно средства тешко е да се живее. Она што најмногу ги мачи пензионерите е со нивните мали пензии немаат доволно средства да си ги купат своите намирници, но најголем проблем е како да си ги купат сите лекови кои им се потребни месец за месец, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборнат единица 2 Владо Мисајловски, кој беше во посета на скопската општина Гази Баба. Мисајловски меѓудругото порача дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ линеарно за 5.000 денари ќе ги зголеми сите пензи.
Затоа владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за многу скоро време после 8 мај, ќе започне со проект кој го ветуваме на сите пензионери, а тоа е зголемена пензија линеарно за 5.000 денари на сите пензионери. Затоа сакам да ги повикам граѓаните на 24 април, а потоа и на 8 мај сите заеднички да излеземе што повеќе и да дадеме поддршка за Гордана Силјановска Давкова, а потоа и за нова влада на 8 мај формирана од ВМРО-ДПМНЕ, за поголеми пензии, за поголеми плати, за подобра економија за подобар стандард. Време е за промени, порача Мисајловски.
https://youtu.be/Php-KakGO9E?si=HpM20cYXeKnt8J4G

The post Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ линеарно ќе ги покачи пензиите за 5.000 денари на сите пензионери appeared first on Република.

]]>
Мисајловски на средба со пензионерите од Бутел: Линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-na-sredba-so-penzionerite-od-butel-linearno-zgolemuvane-na-penziite-od-5-000-denari/ Mon, 08 Apr 2024 11:51:02 +0000 https://republika.mk/?p=763796

Заедно со Дарко Костовски градоначалник на општина Бутел си подадовме рака со пензионерите од општина Бутел за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари за сите пензионери кое е предвидено во програмата “Платформа 1198” и овозможување на мирен и спокоен пензионерски живот на сите пензионерите.

Пензионерите од оваа општина недвосмислено ни ја даваат поддршката и посакуваат промени и подобри времиња за сите граѓани, пишува во својата објава Мисајловски.

The post Мисајловски на средба со пензионерите од Бутел: Линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари appeared first on Република.

]]>

Заедно со Дарко Костовски градоначалник на општина Бутел си подадовме рака со пензионерите од општина Бутел за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари за сите пензионери кое е предвидено во програмата “Платформа 1198” и овозможување на мирен и спокоен пензионерски живот на сите пензионерите. Пензионерите од оваа општина недвосмислено ни ја даваат поддршката и посакуваат промени и подобри времиња за сите граѓани, пишува во својата објава Мисајловски.

The post Мисајловски на средба со пензионерите од Бутел: Линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Се грижиме за пензионерите, 30.000 денари просечна и 20.000 денари минимална пензија во новиот мандат https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-se-grizhime-za-penzionerite-30-000-denari-prosechna-i-20-000-denari-minimalna-penzija-vo-noviot-mandat/ Sat, 06 Apr 2024 18:54:33 +0000 https://republika.mk/?p=763232

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, со пензионерите од општина Карпош, разговараше за досегашните и идните мерки од програмата на неговата партија за пензионерите, како и за предлозите и прашањата што се од нивен интерес.

На средбата, Ковачевски посочи дека во зиминатите седум години, СДСМ во комуникација со Сојузот на здруженија на пензионери креирала повеќе мерки за секој пензионер да може да ужива во плодовите од својот работен век и од вложениот труд.

Владата предводена од СДСМ, донесе нова Методологија со која пензионерите добиваат во просек 6.000 денари повеќе. Просечната пензија денес изнесува 20.195 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година кога просечната пензија изнесувала нешто над 200 евра. Минималната пензија денес изнесува 13.150 денари, што е за 4.300 денари повисока во однос на 2016 година, односно повисока пензија за речиси 50%.

Пензионерите не беа заборавени и во време најголемите кризи, во секој пакет антикризни мерки беа предвидени и мерки за помош на пензионерите. Така, во последниот 9-ти пакет, се издвоија 35 милиони евра за поддршка на 187.000 пензионери со што пензионерите добија од 1.500-3.000 денари месечно финансиска поддршка со цел полесно да ја пребродат зимата и кризата.

Грижата за стандардот на пензионерите е наша должност, затоа што пензионерите заслужуваат да имаат достоинствен живот и но пред сѐ затоа што солидарноста е една од најважните вредности на СДСМ, порача Ковачевски.

Притоа, претседателот Ковачевски, ги информираше пензионерите, дека СДСМ се грижи и секогаш ќе се грижи за благосостојбата на пензионерите. Како што изјави, затоа и во новата четиригодишна програма на СДСМ се повеќе мерки со кои ќе се обезбеди подобар животен стандард и достоинствена старот на пензионерите. Тој додаде дека во програмата е предвидено просечната пензија да достигне 30.000 денари, а минималната пензија 20.000 денари.

Исто така, како дел од мерките за пензионери со новата програма на СДСМ, се предвидива воведување на енергетски пакети за пензионери кои живеат сами од 1.500 денари месечно, 6 месеци во зимскиот период, со што ќе им се олесни семејниот буџет во текот на зимата, како и исплата на зимски регрес за пензионери, почнувајќи од декември 2024 година. Предвидено е воведување на пензионерска еднаквост што значи исплата на загарантирана минимална пензија на жените и мажите кои живеат со семејна пензија. Воедно, во програмата е предвидено воведување можност за систем за работно ангажирање на пензионерите, доброволно оние кои можат и сакаат, за дополнително финансиско зајакнување на пензионерите, изјави Ковачевски.

Тој им порача на пензионерите дека со СДСМ секогаш може да очекуваат партнерски однос и дека соработката ќе продолжи и понатаму со со цел да имаат подобар живот, стандард и да бидат над прагот на сиромаштијата.

The post Ковачевски: Се грижиме за пензионерите, 30.000 денари просечна и 20.000 денари минимална пензија во новиот мандат appeared first on Република.

]]>

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, со пензионерите од општина Карпош, разговараше за досегашните и идните мерки од програмата на неговата партија за пензионерите, како и за предлозите и прашањата што се од нивен интерес. На средбата, Ковачевски посочи дека во зиминатите седум години, СДСМ во комуникација со Сојузот на здруженија на пензионери креирала повеќе мерки за секој пензионер да може да ужива во плодовите од својот работен век и од вложениот труд.
Владата предводена од СДСМ, донесе нова Методологија со која пензионерите добиваат во просек 6.000 денари повеќе. Просечната пензија денес изнесува 20.195 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година кога просечната пензија изнесувала нешто над 200 евра. Минималната пензија денес изнесува 13.150 денари, што е за 4.300 денари повисока во однос на 2016 година, односно повисока пензија за речиси 50%. Пензионерите не беа заборавени и во време најголемите кризи, во секој пакет антикризни мерки беа предвидени и мерки за помош на пензионерите. Така, во последниот 9-ти пакет, се издвоија 35 милиони евра за поддршка на 187.000 пензионери со што пензионерите добија од 1.500-3.000 денари месечно финансиска поддршка со цел полесно да ја пребродат зимата и кризата. Грижата за стандардот на пензионерите е наша должност, затоа што пензионерите заслужуваат да имаат достоинствен живот и но пред сѐ затоа што солидарноста е една од најважните вредности на СДСМ, порача Ковачевски.
Притоа, претседателот Ковачевски, ги информираше пензионерите, дека СДСМ се грижи и секогаш ќе се грижи за благосостојбата на пензионерите. Како што изјави, затоа и во новата четиригодишна програма на СДСМ се повеќе мерки со кои ќе се обезбеди подобар животен стандард и достоинствена старот на пензионерите. Тој додаде дека во програмата е предвидено просечната пензија да достигне 30.000 денари, а минималната пензија 20.000 денари.
Исто така, како дел од мерките за пензионери со новата програма на СДСМ, се предвидива воведување на енергетски пакети за пензионери кои живеат сами од 1.500 денари месечно, 6 месеци во зимскиот период, со што ќе им се олесни семејниот буџет во текот на зимата, како и исплата на зимски регрес за пензионери, почнувајќи од декември 2024 година. Предвидено е воведување на пензионерска еднаквост што значи исплата на загарантирана минимална пензија на жените и мажите кои живеат со семејна пензија. Воедно, во програмата е предвидено воведување можност за систем за работно ангажирање на пензионерите, доброволно оние кои можат и сакаат, за дополнително финансиско зајакнување на пензионерите, изјави Ковачевски.
Тој им порача на пензионерите дека со СДСМ секогаш може да очекуваат партнерски однос и дека соработката ќе продолжи и понатаму со со цел да имаат подобар живот, стандард и да бидат над прагот на сиромаштијата.

The post Ковачевски: Се грижиме за пензионерите, 30.000 денари просечна и 20.000 денари минимална пензија во новиот мандат appeared first on Република.

]]>
Димитриевски: Наша заложба е пензионерите да добијат 13-та пензија https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-nasha-zalozhba-e-penzionerite-da-dobijat-13-ta-penzija/ Sat, 06 Apr 2024 14:03:10 +0000 https://republika.mk/?p=763104

Караванот на Претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска беше во посета на Валандово и Богданци.

Димитриевски при тоа имаше непосредни средби со граѓаните и во позитивна кампања ја презентираше неговата предизборна програма, која се темели на пет начела и пет приоритети.

Тој во разговорите посебно се задржа на првиот приоритет со кој ќе се овозможи да се придвижи процесот на европска интеграција и да се излезе од ќорсокакот во кој се наоѓа Македонија. Ќе се формира специјален експертски ЕУ тим кој ќе започне преговарачки процес за адаптација на преговарачката рамка во согласност со реалните внатрешни општествени околности во врска со историските прашања кои ги оспорува нашиот источен сосед, а се директно поврзани со генезата на македонскиот национален идентитет.

Димитриевски во овие места се сретна и со поголем број на пензионери, при што имаше прилика да поразговара со нив, очи во очи, за проблемите кои секојдневно ги мачат. Во изјавата за новинарите Диитриевски рече:

Слушаме безброј, голем број на ветувања од страна на старо новите политички субјекти коишто во континуитет, во овие 30 години се менуват во државата, а од гарнитура до гарнитура е се полошо и полошо. И ја испорачавме нашата мерка со која што ќе влеземе во овој предизборен период, а тоа е да се обезбеди 13 пензија во форма на субвенција, кон сите пензионери и загрозени групи.

Тој објасни дека тоа ќе се направи со искористување на нереализираните средства од капиталните инвестиции коишто остануваат на крајот на годината.

Димитриевски најави дека една од првите негови заложби, како Претседател на државата ќе му биде менувањето на постојниот Закон за кривична одговорност, со кој,какошто рече, се самоамнестираа голем број на политичари во државата и дополнително се амнестираа претходни политичари. Недозволиво е да нема казнивост или одговорнот за сите во државата.

Законот треба да важи подеднакво за сите. Ние ќе се залагаме правда да има подеднакво за сите во Македонија и за мене слоганот -Нема правда нема мир- сеуште важи и до денеска не сум отстапил ни милиметар од тие мои заложби во Шарената револуција“, рече кандидатот за Претседател на Македонија, Максим Димитриевски.

Неговиот караван денеска ќе ги посети и Гевгелија и Дојран, како и уште неколку места во тој регион.

The post Димитриевски: Наша заложба е пензионерите да добијат 13-та пензија appeared first on Република.

]]>

Караванот на Претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска беше во посета на Валандово и Богданци. Димитриевски при тоа имаше непосредни средби со граѓаните и во позитивна кампања ја презентираше неговата предизборна програма, која се темели на пет начела и пет приоритети. Тој во разговорите посебно се задржа на првиот приоритет со кој ќе се овозможи да се придвижи процесот на европска интеграција и да се излезе од ќорсокакот во кој се наоѓа Македонија. Ќе се формира специјален експертски ЕУ тим кој ќе започне преговарачки процес за адаптација на преговарачката рамка во согласност со реалните внатрешни општествени околности во врска со историските прашања кои ги оспорува нашиот источен сосед, а се директно поврзани со генезата на македонскиот национален идентитет. Димитриевски во овие места се сретна и со поголем број на пензионери, при што имаше прилика да поразговара со нив, очи во очи, за проблемите кои секојдневно ги мачат. Во изјавата за новинарите Диитриевски рече:
Слушаме безброј, голем број на ветувања од страна на старо новите политички субјекти коишто во континуитет, во овие 30 години се менуват во државата, а од гарнитура до гарнитура е се полошо и полошо. И ја испорачавме нашата мерка со која што ќе влеземе во овој предизборен период, а тоа е да се обезбеди 13 пензија во форма на субвенција, кон сите пензионери и загрозени групи.
Тој објасни дека тоа ќе се направи со искористување на нереализираните средства од капиталните инвестиции коишто остануваат на крајот на годината. Димитриевски најави дека една од првите негови заложби, како Претседател на државата ќе му биде менувањето на постојниот Закон за кривична одговорност, со кој,какошто рече, се самоамнестираа голем број на политичари во државата и дополнително се амнестираа претходни политичари. Недозволиво е да нема казнивост или одговорнот за сите во државата.
Законот треба да важи подеднакво за сите. Ние ќе се залагаме правда да има подеднакво за сите во Македонија и за мене слоганот -Нема правда нема мир- сеуште важи и до денеска не сум отстапил ни милиметар од тие мои заложби во Шарената револуција“, рече кандидатот за Претседател на Македонија, Максим Димитриевски.
Неговиот караван денеска ќе ги посети и Гевгелија и Дојран, како и уште неколку места во тој регион.  

The post Димитриевски: Наша заложба е пензионерите да добијат 13-та пензија appeared first on Република.

]]>
Велковски: Пензионерите ќе добијат покачување од 5.000 денари уште во првата година од мандатот на ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/ekonomija/velkovski-penzionerite-ke-dobijat-pokachuvane-od-5-000-denari-ushte-vo-prvata-godina-od-mandatot-na-vmro-dpmne/ Fri, 05 Apr 2024 15:17:44 +0000 https://republika.mk/?p=762714

Денеска сме во Ѓорче Петров каде што направивме средба со пензионерите и ги истакнаа сите проблеми со кои се соочуваат како пензионери и тоа од немањето капацитети во старските домови, до поддршката која треба да си ја имаат како стари лица, ова денеска во изјава за медиумите го вели дополнителниот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.

Она што е главно барање на нив е висината на нивните пензии кои што верувајте се многу мали, односно дури две третини од пензионерите во Македонија и тука во Ѓорче Петров имаат пензии под минималната плата, односно под 20 илјади денари и тоа е главното нивно прашање дали 5 илјади денари кои се предвидени во изборната кампања ќе бидат испочитувани и дадени во првата година, вели Велковски.

Тој додава дека тоа е ветување кое можат да го дадат и дека тие пет илјади денари ќе бидат основица на нивните пензии уште во првата година од овој мандат.

The post Велковски: Пензионерите ќе добијат покачување од 5.000 денари уште во првата година од мандатот на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

Некој 600, а некој 3000 денари, денеска пензионерите ќе ги добијат зголемените пензии! https://republika.mk/vesti/ekonomija/nekoj-600-a-nekoj-3000-denari-deneska-penzionerite-ke-gi-dobijat-zgolemenite-penzii/ Mon, 01 Apr 2024 08:31:27 +0000 https://republika.mk/?p=760808

Денеска, околу 337.000 пензионери во државата ќе добијат повисоки пензии за 5,3%, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

Новата методологија предвидува усогласување на пензиите со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата на сите вработени во државата и 50% пораст на трошоци на живот, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика.

Пресметките покажуваат дека зависно од групата, пензионерите можат да очекуваат зголемување од 600 до 3.000 денари.

Најниската категорија пензии која се движи од 12.500 до 16.000 денари, во која спаѓаат 40% од пензионерите ќе добие зголемување на пензијата од 662 до 850 денари.

93.000 пензионери кои земаат пензија од 20.000 до 32.000 денари, ќе добијат зголемување од 1060 до 1.696 денари.

Оние, пак, кои досега земаа пензија меѓу 30.000 и 50.000 денари, ќе добијат зголемување од 1590 до 2.650 денари, додека тие кои земаат пензија повисока од 54.000 денари ќе добијат зголемување од околу 3.000 денари.

The post Некој 600, а некој 3000 денари, денеска пензионерите ќе ги добијат зголемените пензии! appeared first on Република.

]]>

Денеска, околу 337.000 пензионери во државата ќе добијат повисоки пензии за 5,3%, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Новата методологија предвидува усогласување на пензиите со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата на сите вработени во државата и 50% пораст на трошоци на живот, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Пресметките покажуваат дека зависно од групата, пензионерите можат да очекуваат зголемување од 600 до 3.000 денари. Најниската категорија пензии која се движи од 12.500 до 16.000 денари, во која спаѓаат 40% од пензионерите ќе добие зголемување на пензијата од 662 до 850 денари. 93.000 пензионери кои земаат пензија од 20.000 до 32.000 денари, ќе добијат зголемување од 1060 до 1.696 денари. Оние, пак, кои досега земаа пензија меѓу 30.000 и 50.000 денари, ќе добијат зголемување од 1590 до 2.650 денари, додека тие кои земаат пензија повисока од 54.000 денари ќе добијат зголемување од околу 3.000 денари.

The post Некој 600, а некој 3000 денари, денеска пензионерите ќе ги добијат зголемените пензии! appeared first on Република.

]]>