Пендиков Archives - Република https://republika.mk/tema/pendikov/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Dec 2023 14:09:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пендиков Archives - Република https://republika.mk/tema/pendikov/ 32 32 Пендиков ја даде првата изјавa во Основниот суд во Охрид https://republika.mk/vesti/makedonija/pendikov-ja-dade-prvata-izjava-vo-osnovniot-sud-vo-ohrid/ Fri, 01 Dec 2023 14:09:08 +0000 https://republika.mk/?p=718378

Со сослушување на оштетениот Христијан Пендиков, секретар на сега згаснатиот бугарски културен клуб во Охрид, денеска во Основниот суд во Охрид продолжи судењето против обвинетите Илија Спасески од Охрид и Борче Ангелов од Битола, кои физички го нападнале на 19 јануари.

Во pрвиот исказ пред судот, Пендиков кажа дека обвинетите му нанале тешки телесни повреди и го навредувале на национална основа дека се чуствувал како Бугарин.

Адвокатот на обвинетиот Димитрија Цобоски по завршување на рочиштето уште еднаш повтори дека во целиот случај е вмешана политика и оти Пендиков непосредно го признал постоењето на македонскиот јазик, на кој говорел во судницата. Тој тврди дека не се работи за напад поради национално чувство, за што се товари неговиот клиент, бидејќи неговото семејство добило орден од бугарски министер за надворешни работи за укажана помош при спасување на бугарските државјани во бродската несреќа во Охрид.

- Денеска конечно го сослушавме оштетениот и мило ми е што и тој на непосреден начин го призна постоењето на македонскиот јаизк бидејќи зборува на македонски јазик. Сфативте дека во целата работа е замешана политиката, бидејќи со претстедателски авион на Република Бугарија некој да се земе од една држава и да се носи во друга држава е нон сенс, не забележано. Но, ако добро ме следевте најверојатно ако имало, а не е спорно дека имало некој напад, кој го направил тоа. По мене мотивот е сосема друг, а не припадност на нација, признавање на статус на народи и така натаму, изјави Цобоски.

Тој најави дека ќе приложи дополнителни докази за, како што рече, работите да станат многу појасни.

На новинарско прашање дали во полицискиот записник биле наведени сосема други лица, Цобоски потенцира дека во записникот за извршено обезбедување при увидот на лице место стоеле уште две лица, кои немаат врска со второобвинетиот.

- Друга работа е многу поинтересна во целиот овој настан. На сведок му се предочува пред да биде сослушан и тоа сметам од страна на медиуми или неговиот полномошник, запис кој во никој случај не смеел да се изведе како прв доказ. Со тој доказ на тој што покасно треба да сведочи за тие факти му се отвараат картите и му се дава како на тацна целиот настан. Тој може да манипулира со тоа што рекол или не рекол. И ако ја гледате неговата изјава за овој настан даден на бугарска телевија ќе видите дека тој воопшто не знае ни што било ни како било, бидејќи бил удрен одзади ништо незнае, а сега буквално се му е познато, рече Цобоски.

Застапникот на оштетениот, адвокатот Стефан Камишевски кажа дека судењето почнало одново поради подолг проток на време. Тој смета дека исказот на Пендиков ги опфатил сите аспекти од критичната вечер.

- Сметам дека неговиот исказ ги опфати сите факти и сите аспекти кои се случиле на критичната вечер при случување на кривично правниот настан. Сега останува да видиме какви искази ќе дадат и сведоците, обвинетите и како одбраната ќе постапува понатаму и на крај судот е тој што треба да одлучи, изјави Камишевски.

Тој ги демантира наодите на одбраната дека не се работи за напад поради национални чувства, бидејќи не биле поткрепени со докази.

Пендиков беше нападнат на 19 јануари во угостителски објект на Кејот на Охридското Езеро. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. По неговото лекување во Бугарија, Пендиков доби и бугарско државјанство.

The post Пендиков ја даде првата изјавa во Основниот суд во Охрид appeared first on Република.

]]>

Со сослушување на оштетениот Христијан Пендиков, секретар на сега згаснатиот бугарски културен клуб во Охрид, денеска во Основниот суд во Охрид продолжи судењето против обвинетите Илија Спасески од Охрид и Борче Ангелов од Битола, кои физички го нападнале на 19 јануари. Во pрвиот исказ пред судот, Пендиков кажа дека обвинетите му нанале тешки телесни повреди и го навредувале на национална основа дека се чуствувал како Бугарин. Адвокатот на обвинетиот Димитрија Цобоски по завршување на рочиштето уште еднаш повтори дека во целиот случај е вмешана политика и оти Пендиков непосредно го признал постоењето на македонскиот јазик, на кој говорел во судницата. Тој тврди дека не се работи за напад поради национално чувство, за што се товари неговиот клиент, бидејќи неговото семејство добило орден од бугарски министер за надворешни работи за укажана помош при спасување на бугарските државјани во бродската несреќа во Охрид.
- Денеска конечно го сослушавме оштетениот и мило ми е што и тој на непосреден начин го призна постоењето на македонскиот јаизк бидејќи зборува на македонски јазик. Сфативте дека во целата работа е замешана политиката, бидејќи со претстедателски авион на Република Бугарија некој да се земе од една држава и да се носи во друга држава е нон сенс, не забележано. Но, ако добро ме следевте најверојатно ако имало, а не е спорно дека имало некој напад, кој го направил тоа. По мене мотивот е сосема друг, а не припадност на нација, признавање на статус на народи и така натаму, изјави Цобоски.
Тој најави дека ќе приложи дополнителни докази за, како што рече, работите да станат многу појасни. На новинарско прашање дали во полицискиот записник биле наведени сосема други лица, Цобоски потенцира дека во записникот за извршено обезбедување при увидот на лице место стоеле уште две лица, кои немаат врска со второобвинетиот.
- Друга работа е многу поинтересна во целиот овој настан. На сведок му се предочува пред да биде сослушан и тоа сметам од страна на медиуми или неговиот полномошник, запис кој во никој случај не смеел да се изведе како прв доказ. Со тој доказ на тој што покасно треба да сведочи за тие факти му се отвараат картите и му се дава како на тацна целиот настан. Тој може да манипулира со тоа што рекол или не рекол. И ако ја гледате неговата изјава за овој настан даден на бугарска телевија ќе видите дека тој воопшто не знае ни што било ни како било, бидејќи бил удрен одзади ништо незнае, а сега буквално се му е познато, рече Цобоски.
Застапникот на оштетениот, адвокатот Стефан Камишевски кажа дека судењето почнало одново поради подолг проток на време. Тој смета дека исказот на Пендиков ги опфатил сите аспекти од критичната вечер.
- Сметам дека неговиот исказ ги опфати сите факти и сите аспекти кои се случиле на критичната вечер при случување на кривично правниот настан. Сега останува да видиме какви искази ќе дадат и сведоците, обвинетите и како одбраната ќе постапува понатаму и на крај судот е тој што треба да одлучи, изјави Камишевски.
Тој ги демантира наодите на одбраната дека не се работи за напад поради национални чувства, бидејќи не биле поткрепени со докази. Пендиков беше нападнат на 19 јануари во угостителски објект на Кејот на Охридското Езеро. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. По неговото лекување во Бугарија, Пендиков доби и бугарско државјанство.

The post Пендиков ја даде првата изјавa во Основниот суд во Охрид appeared first on Република.

]]>
Штрајкот на судската администрација го одложи рочиштето од судскиот процес за случајот Пендиков https://republika.mk/vesti/makedonija/shtrajkot-na-sudskata-administratsija-go-odlozhi-rochishteto-od-sudskiot-protses-za-sluchajot-pendikov/ Thu, 21 Sep 2023 09:07:53 +0000 https://republika.mk/?p=683702

Одложено е денешното судското рочиште од процесот што пред Основниот суд во Охрид се води во врска со нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид. Причина за неодржувањето е штрајкот на вработените во судската администрација, кои и денеска протестираат пред судската зграда.

Инаку, во судницата беа присутни и оштетениот Пендиков и првообвинетиот во предметот Илија Спасески.

Адвокатот Стефан Камишевски, застапник на оштетениот, изјави дека државните органи и обвинителството добро си ја завршиле работата со пронаоѓањето на второобвинетиот, против кого исто така е поднесена кривична пријава.

- Лицето е препознаено, поднесено е соодветно обвинение против него, очекуваме постапката против тоа лице да биде споена со оваа постапка и понатаму да се води како еден предмет, за истото кривично дело. Секако тоа ќе биде соопштено на следното рочиште, рече Камишевски.

Застапникот на обвинетиот, адвокатот Димитрија Цобоски, рече дека расправата по предметот не може да се одржи поради протестот на судската администрација, а се работи, како што рече, за предмет што не спаѓа во групата што би се работеле и во вакви услови.

Следното судско рочиште по предметот судијата Бојан Мартиноски го закажа за 26 октомври.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во угостителски објект на Кејот на езерото во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. По неговото лекување во Бугарија, Пендиков доби и бугарско државјанство, кое му беше врачено од потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

The post Штрајкот на судската администрација го одложи рочиштето од судскиот процес за случајот Пендиков appeared first on Република.

]]>

Одложено е денешното судското рочиште од процесот што пред Основниот суд во Охрид се води во врска со нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид. Причина за неодржувањето е штрајкот на вработените во судската администрација, кои и денеска протестираат пред судската зграда. Инаку, во судницата беа присутни и оштетениот Пендиков и првообвинетиот во предметот Илија Спасески. Адвокатот Стефан Камишевски, застапник на оштетениот, изјави дека државните органи и обвинителството добро си ја завршиле работата со пронаоѓањето на второобвинетиот, против кого исто така е поднесена кривична пријава. - Лицето е препознаено, поднесено е соодветно обвинение против него, очекуваме постапката против тоа лице да биде споена со оваа постапка и понатаму да се води како еден предмет, за истото кривично дело. Секако тоа ќе биде соопштено на следното рочиште, рече Камишевски. Застапникот на обвинетиот, адвокатот Димитрија Цобоски, рече дека расправата по предметот не може да се одржи поради протестот на судската администрација, а се работи, како што рече, за предмет што не спаѓа во групата што би се работеле и во вакви услови. Следното судско рочиште по предметот судијата Бојан Мартиноски го закажа за 26 октомври. Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во угостителски објект на Кејот на езерото во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. По неговото лекување во Бугарија, Пендиков доби и бугарско државјанство, кое му беше врачено од потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

The post Штрајкот на судската администрација го одложи рочиштето од судскиот процес за случајот Пендиков appeared first on Република.

]]>
Повторно одложено рочиштето од судскиот процес за случајот Пендиков, обвинетиот бил болен https://republika.mk/vesti/makedonija/povtorno-odlozheno-rochishteto-od-sudskiot-protses-za-sluchajot-pendikov-obvinetiot-bil-bolen/ Wed, 12 Jul 2023 09:05:15 +0000 https://republika.mk/?p=660333

Поради отсуство на првобвинетиот не се одржа денешното рочиште од процесот што во Основниот суд во Охрид се води по предметот по пријавеното претепување на Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид.

Правните застапници на одбраната до Судот доставија медицинска документација со која го правдаа отсуството на првообвинетиот Илија Спасески, кому од лекар специјалист му е одредено боледување со мирување во времетраење од најмалку 15 дена.

Јавното обвинителство од Охрид поднесе обвинителен акт против Спасески, според кој првообвинетиот во предметот се товари за извршено кривично дело „нанесување тешки телесни повреди“, на што обвинетиот се произнесе невин. Спасески во истражната постапка се бранеше со молчење.

Следното судско рочиште по предметот судијата Бојан Мартиноски го закажа за 21 септември.

Адвокатот Стефан Камишевски, застапник на оштетениот, по одложувањето на рочиштето изјави дека обидите за одложување на процесот кажуваат многу за самиот процес.

Обвинетиот треба да биде присутен на судските рочишта и да ја докаже својата невиност. Во спротивно, претпоставувам дека ќе си наоѓа изговори да не доаѓа на судските рочишта, рече Камишевски.

Самиот Пендикот рече дека се чувствува загрозен, дека не се чуствува безбеден, дека постојано добива закани.

Добивам закани на месинџер, на инстаграм, на социјални мрежи, закани на коментари и тоа закани дека сакаат да ме убијат, така да не се чувствувам океј. Пријавено е во полиција и пред месеци и сега, редовно пријавуваме и во ОБСЕ...Се надевам дека одиме нанапред, дека имаме поотворено мислење, не треба да се тепаме заради национално чувство. Не е добро никој да биде тепан и омаловажуван поради својата национална припадност, рече Пендиков, кој смета дека засега не му е потребна полициска заштита.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во угостителски објект на Кејот на езерото во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. По неговото лекување во Бугарија, тој доби и бугарско државјанство, кое му беше врачено од потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

The post Повторно одложено рочиштето од судскиот процес за случајот Пендиков, обвинетиот бил болен appeared first on Република.

]]>

Поради отсуство на првобвинетиот не се одржа денешното рочиште од процесот што во Основниот суд во Охрид се води по предметот по пријавеното претепување на Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид. Правните застапници на одбраната до Судот доставија медицинска документација со која го правдаа отсуството на првообвинетиот Илија Спасески, кому од лекар специјалист му е одредено боледување со мирување во времетраење од најмалку 15 дена. Јавното обвинителство од Охрид поднесе обвинителен акт против Спасески, според кој првообвинетиот во предметот се товари за извршено кривично дело „нанесување тешки телесни повреди“, на што обвинетиот се произнесе невин. Спасески во истражната постапка се бранеше со молчење. Следното судско рочиште по предметот судијата Бојан Мартиноски го закажа за 21 септември. Адвокатот Стефан Камишевски, застапник на оштетениот, по одложувањето на рочиштето изјави дека обидите за одложување на процесот кажуваат многу за самиот процес.
Обвинетиот треба да биде присутен на судските рочишта и да ја докаже својата невиност. Во спротивно, претпоставувам дека ќе си наоѓа изговори да не доаѓа на судските рочишта, рече Камишевски.
Самиот Пендикот рече дека се чувствува загрозен, дека не се чуствува безбеден, дека постојано добива закани.
Добивам закани на месинџер, на инстаграм, на социјални мрежи, закани на коментари и тоа закани дека сакаат да ме убијат, така да не се чувствувам океј. Пријавено е во полиција и пред месеци и сега, редовно пријавуваме и во ОБСЕ...Се надевам дека одиме нанапред, дека имаме поотворено мислење, не треба да се тепаме заради национално чувство. Не е добро никој да биде тепан и омаловажуван поради својата национална припадност, рече Пендиков, кој смета дека засега не му е потребна полициска заштита.
Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во угостителски објект на Кејот на езерото во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. По неговото лекување во Бугарија, тој доби и бугарско државјанство, кое му беше врачено од потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

The post Повторно одложено рочиштето од судскиот процес за случајот Пендиков, обвинетиот бил болен appeared first on Република.

]]>
Охриѓанецот Христијан Пендиков доби бугарски пасош https://republika.mk/vesti/makedonija/ohriganetsot-hristijan-pendikov-dobi-bugarski-pasosh/ Wed, 10 May 2023 12:20:14 +0000 https://republika.mk/?p=639298

Христијан Пендиков,  ја завршил процедурата за добивање на бугарско држјавнство, објавија медиумите од Бугарија.

Молбата на Пендиков за добивање на бугарско државјанство била одобрена од надлежните институции во Софија и тој ги добил бугарскиот пасош и личната карта.

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова лично на официјална церемонија му го врачи бугарското државјанство на Христијан Пендиков.

Јотова рече дека врачувањето и претставува огромна чест и од денес Пендиков ќе има заштита од бугарските институции и станува граѓанин на Бугарија и Европската Унија.

The post Охриѓанецот Христијан Пендиков доби бугарски пасош appeared first on Република.

]]>

Христијан Пендиков,  ја завршил процедурата за добивање на бугарско држјавнство, објавија медиумите од Бугарија. Молбата на Пендиков за добивање на бугарско државјанство била одобрена од надлежните институции во Софија и тој ги добил бугарскиот пасош и личната карта. Бугарската потпретседателка Илијана Јотова лично на официјална церемонија му го врачи бугарското државјанство на Христијан Пендиков. Јотова рече дека врачувањето и претставува огромна чест и од денес Пендиков ќе има заштита од бугарските институции и станува граѓанин на Бугарија и Европската Унија.
 
The post Охриѓанецот Христијан Пендиков доби бугарски пасош appeared first on Република.

]]>
Адвокатот на Пендиков тврди дека натепаниот не може да зборува, интервјуто за бугарска телевизија не го гледал https://republika.mk/vesti/crna-hronika/advokatot-na-pendikov-tvrdi-deka-natepaniot-ne-mozhe-da-zboruva-intervjuto-za-bugarska-televizija-ne-go-gledal/ Tue, 28 Feb 2023 10:30:16 +0000 https://republika.mk/?p=614168

Христијан Пендиков ќе се појави пред охридскиот суд кога ќе треба да сведочи, уверува неговиот адвокат Стефан Карамишевски. Тој по рочиштето посочи дека Пендиков не може да дојде засега поради здравствени проблеми, а по укажувањето дека давал интервју за бугарска телевизија пред неколку дена, рече: „Не сум го гледал тоа интервју“. За адресата, адвокатот посочи дека ќе ја даде кога ќе ја добие од Пендиков.

Го застапувам како жртва и оштетен, додаде адвокатот кој посочи дека Пендиков не може да зборува и има здравствени проблеми.

Пред судот, правниот тим на Пендиков посочи дека не знаат кога натепаниот ќе дојде од Бугарија. Тие тврдат дека отсуството е поради медицински причини. Судот побара адреса за да испратат покана за Пендиков присуствува како сведок на следните рочишта.

The post Адвокатот на Пендиков тврди дека натепаниот не може да зборува, интервјуто за бугарска телевизија не го гледал appeared first on Република.

Адвокатот на напаѓачот: На случајот се дава политички акцент https://republika.mk/vesti/crna-hronika/advokatot-na-napagachot-na-sluchajot-se-dava-politichki-aktsent/ Tue, 28 Feb 2023 10:19:29 +0000 https://republika.mk/?p=614151

Адвокатот Димитрија Цобоски кој го застапува Илија Спасески кој е обвинет дека поради национализам го натепал Христијан Пендиков кој се произнесува како Бугарин, тврди дека тоа не е точно. Тој посочува дека во овој случај прсти замешала политиката.

„Како може да биде напад поради омраза кога неговиот татко спасуваше бугарски државјани во големата бродска несреќа? Тој е воспитан во дух секого да сака и најмалку да мрази било кого. Сега размислете дали може да биде омраза или на ова се дава еден политички акцент, призвук кој се исполитизира до страшни граници. Ова е чисто политичка работа“, кажа адвокатот Димитрија Цобоски.

Адвокатот го коментираше и гостувањето на Пендиков во БТВ, за кое рече: „Неспорно е дека тој не знае кој го удрил од позади, тој не знае кој го шутирал, дека бил тепан 10 минути“.

Прашан за што била тепачката, адвокатот на Илија Спасески рече: „Ќе видиме тоа треба да го докаже обвинителот. Ние имаме објаснување и во текот на постапката ќе го кажеме“.

The post Адвокатот на напаѓачот: На случајот се дава политички акцент appeared first on Република.

]]>

Адвокатот Димитрија Цобоски кој го застапува Илија Спасески кој е обвинет дека поради национализам го натепал Христијан Пендиков кој се произнесува како Бугарин, тврди дека тоа не е точно. Тој посочува дека во овој случај прсти замешала политиката. „Како може да биде напад поради омраза кога неговиот татко спасуваше бугарски државјани во големата бродска несреќа? Тој е воспитан во дух секого да сака и најмалку да мрази било кого. Сега размислете дали може да биде омраза или на ова се дава еден политички акцент, призвук кој се исполитизира до страшни граници. Ова е чисто политичка работа“, кажа адвокатот Димитрија Цобоски. Адвокатот го коментираше и гостувањето на Пендиков во БТВ, за кое рече: „Неспорно е дека тој не знае кој го удрил од позади, тој не знае кој го шутирал, дека бил тепан 10 минути“. Прашан за што била тепачката, адвокатот на Илија Спасески рече: „Ќе видиме тоа треба да го докаже обвинителот. Ние имаме објаснување и во текот на постапката ќе го кажеме“.

The post Адвокатот на напаѓачот: На случајот се дава политички акцент appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Христијан Пендиков може кривично да одговара за тврдењата за малтретирање на Бугари во земјава https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-hristijan-pendikov-mozhe-krivichno-da-odgovara-za-tvrdenata-za-maltretirane-na-bugari-vo-zemjava/ Mon, 27 Feb 2023 14:34:36 +0000 https://republika.mk/?p=613818

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вели дека охриѓанецот Христијан Пендиков може кривично да одговара за тврдењата за малтретирање на Бугари во земјава. Пендиков во интервју дадено за бугарска телевизија обвини дека во Македонија убиваат, тепаат, стрелаат Бугари и дека полицијата на презема мерки.

Маричиќ смета дека Пендиков не го нападнале во Охрид затоа што се чувствува како Бугарин.

Такво тврдење треба да се докаже. Тоа не е точно, според мене, дека е напаѓан затоа што е Бугарин. Ние одговоривме, секако дека не оправдуваме насилство кон никого", изјави Маричиќ за во интервју за Макфакс.

Тој кажа дека момчето ќе сноси одговорност за навредите кон државата.

Би го повикал Обвинителството, исто како што сме го повикале и во најновите случаи сега, секаде каде што има говор на омраза, омаловажување на нашиот народ и на достоинството, да си ја сработи својата работа. Пендиков не треба да биде исклучок", рече Маричиќ.

На 19 јануари две лица во Охрид го нападнале Пендиков, по што Бугарија со владин авион го однесе во Софија на лекување. Потоа беше соопштено дека ќе му обезбедат сместување и обезбедување, затоа што според нив трпел закани по живот.

The post Маричиќ: Христијан Пендиков може кривично да одговара за тврдењата за малтретирање на Бугари во земјава appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вели дека охриѓанецот Христијан Пендиков може кривично да одговара за тврдењата за малтретирање на Бугари во земјава. Пендиков во интервју дадено за бугарска телевизија обвини дека во Македонија убиваат, тепаат, стрелаат Бугари и дека полицијата на презема мерки. Маричиќ смета дека Пендиков не го нападнале во Охрид затоа што се чувствува како Бугарин.
Такво тврдење треба да се докаже. Тоа не е точно, според мене, дека е напаѓан затоа што е Бугарин. Ние одговоривме, секако дека не оправдуваме насилство кон никого", изјави Маричиќ за во интервју за Макфакс.
Тој кажа дека момчето ќе сноси одговорност за навредите кон државата.
Би го повикал Обвинителството, исто како што сме го повикале и во најновите случаи сега, секаде каде што има говор на омраза, омаловажување на нашиот народ и на достоинството, да си ја сработи својата работа. Пендиков не треба да биде исклучок", рече Маричиќ.
На 19 јануари две лица во Охрид го нападнале Пендиков, по што Бугарија со владин авион го однесе во Софија на лекување. Потоа беше соопштено дека ќе му обезбедат сместување и обезбедување, затоа што според нив трпел закани по живот.

The post Маричиќ: Христијан Пендиков може кривично да одговара за тврдењата за малтретирање на Бугари во земјава appeared first on Република.

]]>
Мизрахи: Ако владата имала информација дека случајот Пендиков е заради долг и наркотици, кога ќе побара оставка од Османи кој на своја рака во Софија кажуваше друго https://republika.mk/vesti/makedonija/mizrahi-ako-vladata-imala-informatsija-deka-sluchajot-pendikov-e-zaradi-dolg-i-narkotitsi-koga-ke-pobara-ostavka-od-osmani-koj-na-svoja-raka-vo-sofija-kazhuvashe-drugo/ Thu, 23 Feb 2023 17:15:09 +0000 https://republika.mk/?p=612470

Ја ставивте Македонија во неубава ситуација да се ревидира антифаштичкото минато, баш од оние кои биле на спротивната страна. Тоа стигна до степен за гребење на натписите „бугарски фашистички окупатор“ на споменици, да не се споменуваат над 20.000 македонски жртви, да не се споменуваат партизаните и ескалираше да министерството за култура и образование функционираат како подружници на бугарските, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи на денешната собраниска седница.

Мизрахи запраша дали и имплементирањето на законот за здруженија и фондации кој требаше да одговори на прашања на фашистички имиња и нивни соработници е попречуван заради бугарската декларација.

Потоа таа го потсети Ковачевски дека уште во октомври се фалеше со отворање на македонски клуб во Благоевград и дека ќе ја покани неа на отворањето, но кога се отвори таков клуб, Ковачевски не појде таму, а клубот веднаш беше затворен.

– Во Бугарија не може да има македонско малцинство, а вие не застанавте да го одбраните тоа македонско малцинство. Па повторно да прашам за пресудите на Европскиот суд за човекови права кога ќе застанете на страна на Македонците во Бугарија и кога конечно ќе ме поканите на отворање на македонски клуб во Бугарија, рече Мизрахи.

Мизрахи исто така посочи дека во врска со случајот на Пендиков, за МВР тоа е случај за криминал поврзан со наркотични средства, а Османи на своја рака отиде во Бугарија и рече дека за него важно е што велел Пендиков.

– Оттука, Ковачевски, дали ќе побарате смена на министерот Османи кој на своја рака тврдеше дека Пендиков бил нападнат заради етничка одмазда додека вие и владата сте имале информации дека било поради должничко доверителски односи и наркотици, рече Мизрахи.

The post Мизрахи: Ако владата имала информација дека случајот Пендиков е заради долг и наркотици, кога ќе побара оставка од Османи кој на своја рака во Софија кажуваше друго appeared first on Република.

]]>

Ја ставивте Македонија во неубава ситуација да се ревидира антифаштичкото минато, баш од оние кои биле на спротивната страна. Тоа стигна до степен за гребење на натписите „бугарски фашистички окупатор“ на споменици, да не се споменуваат над 20.000 македонски жртви, да не се споменуваат партизаните и ескалираше да министерството за култура и образование функционираат како подружници на бугарските, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи на денешната собраниска седница. Мизрахи запраша дали и имплементирањето на законот за здруженија и фондации кој требаше да одговори на прашања на фашистички имиња и нивни соработници е попречуван заради бугарската декларација. Потоа таа го потсети Ковачевски дека уште во октомври се фалеше со отворање на македонски клуб во Благоевград и дека ќе ја покани неа на отворањето, но кога се отвори таков клуб, Ковачевски не појде таму, а клубот веднаш беше затворен. – Во Бугарија не може да има македонско малцинство, а вие не застанавте да го одбраните тоа македонско малцинство. Па повторно да прашам за пресудите на Европскиот суд за човекови права кога ќе застанете на страна на Македонците во Бугарија и кога конечно ќе ме поканите на отворање на македонски клуб во Бугарија, рече Мизрахи. Мизрахи исто така посочи дека во врска со случајот на Пендиков, за МВР тоа е случај за криминал поврзан со наркотични средства, а Османи на своја рака отиде во Бугарија и рече дека за него важно е што велел Пендиков. – Оттука, Ковачевски, дали ќе побарате смена на министерот Османи кој на своја рака тврдеше дека Пендиков бил нападнат заради етничка одмазда додека вие и владата сте имале информации дека било поради должничко доверителски односи и наркотици, рече Мизрахи.

The post Мизрахи: Ако владата имала информација дека случајот Пендиков е заради долг и наркотици, кога ќе побара оставка од Османи кој на своја рака во Софија кажуваше друго appeared first on Република.

]]>
Маричиќ за случајот Пендиков: Треба јавноста да ја знае политичката позадина на овој инцидент, но тоа ќе им припадне на институциите https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-za-sluchajot-pendikov-treba-javnosta-da-ja-znae-politichkata-pozadina-na-ovoj-intsident-no-toa-ke-im-pripadne-na-institutsiite/ Thu, 23 Feb 2023 17:07:11 +0000 https://republika.mk/?p=612464

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ попладнево на седница за пратенички прашања во Собранието кажа дека државата во моментот кога се случи инцидентот со Кристијан Пендиков од Охрид изреагирала како што доликува на современа и демократска држава, а институциите дејствувале многу ефикасно изминатиот период.

-Правната постапка веќе е во одмината фаза, упасени се и двајцата сторители на овој случај, едниот Илија Спасески со бугарски пасош на кого му е одземен бугарскиот пасош, и така е пуштен после триесетдневниот притвор, вчера се предаде и лицето Б.А. од Битола, толку е објавено во јавноста, па толку можам да кажам, кое исто така е идентификувано како учесник во овој напад. Пред една недела ОЈО Охрид објави дека бара од Бугарија да се обезбеди можноста да биде испитан Пендиков за да може овој случај да се расчисти до крај и да ја видиме политичката позадина на целиот овој случај, рече Маричиќ.

Според него, „не треба да се занемари фактот дека Пендиков бил активист на ВМРО-ДПМНЕ“.

-Имаме слики од него и изјави кои ги давал за медиумите за време на вашите протести кога „ја спасувавте Македонија“ од нас или од власта во 2017 година. Имаме изјави од Пендиков како не сака да чуе за Бугарија и дека само ВМРО-ДПМНЕ го интересира. Мислам дека ќе биде интересно за јавноста на крајот да не испадне дека и напаѓачите се ваши активисти и членови, а и овој нападнатиов е во најмала рака ваш поранешен член. Треба јавноста да ја знае политичката позади на овој инцидент, но тоа ќе им припадне на институциите да утврдат кои се мотивите за овој напад, нагласи Маричиќ.

Ние на нашите граѓани, додаде тој, треба да им одговориме кој се обидува да внесе немир меѓу граѓаните.

-Како Влада секогаш жестоко сме се спротивставувале на сите видови бугарски провокации и порано и сега, истакна Маичиќ.

The post Маричиќ за случајот Пендиков: Треба јавноста да ја знае политичката позадина на овој инцидент, но тоа ќе им припадне на институциите appeared first on Република.