пенали Archives - Република https://republika.mk/tema/penali/ За подобро да се разбереме Sun, 30 Apr 2023 17:38:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пенали Archives - Република https://republika.mk/tema/penali/ 32 32 Ова е многу важно: Ниту една банка не смее да наплати провизија за предвремена отплата на кредитот https://republika.mk/vesti/ekonomija/ova-e-mnogu-vazhno-nitu-edna-banka-ne-smee-da-naplati-provizija-za-predvremena-otplata-na-kreditot/ Sun, 30 Apr 2023 17:38:05 +0000 https://republika.mk/?p=635584

Договорите за брзите кеш кредити се еклатантен пример за легална пљачка која што ја дозволува државата, вели за Детектор адвокатот Јанаки Митровски.

Овие договори се еклатантен пример за легална пљачка која што за жал се дозволува. Инаку и за банките кога ги споменувате, е добро да се знае дека Законот за облигациони односи ги штити примачите на кредит од наплаќање на пенали за предвремено враќање на кредитот, каде што банката не смее да наплаќа па дури и да стои така во договорот, сум видел некаде дека стои и 5% пенали да се плаќаат. Слободно сите граѓани нека си го уплатат износот кој го должат без пеналите за предвремена отплата, верувајте ми дека банките нема да тужат, бидејќи во Законот за облигациони односи со големи букви стои дека немаат право на тоа.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/retko-koj-od-graganite-znae-deka-ima-rok-od-14-dena-vo-koj-mozhe-da-se-otkazhe-od-kreditot/

Ќе ги платите само каматите кои се доспеани, ниту други камати треба да враќате, но во Законот за финансиски друштва нема ваква одредба, објаснува Митровски.

The post Ова е многу важно: Ниту една банка не смее да наплати провизија за предвремена отплата на кредитот appeared first on Република.

]]>

Владата не само што не изгради Клинички центар, туку и ќе плати 20 милиони евра како пенали за раскинат договор, вели Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-ne-samo-shto-ne-izgradi-klinichki-tsentar-tuku-i-ke-plati-20-milioni-evra-kako-penali-za-raskinat-dogovor-veli-mitskoski/ Sun, 23 Apr 2023 12:52:52 +0000 https://republika.mk/?p=633284

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање поврзано со Клиничкиот Центар јасно потенцираше дека оваа влада една шајка не закова, а не па да изгради клинички Центар.

-Тие шајка не заковаа, а камоли па да зборуваме за Клинички Центар, но ако бидеме сериозни ќе треба да се соочиме со фактот дека ќе треба вие да платите 20 милиони евра пенали кои што италјанската компанија ги бара за раскинатиот договор за Клиничкиот Центар кој што беше потпишан во 2017 година, е тоа е реалноста. Нивната поврзаност со Клиничкиот Центар покрај тоа што бевме најслаби во справувањето со ковид пандемијата, најлоши убедливо е и пеналите кои што вие сега треба како граѓани да ги плаќате. Зошто? Затоа што некој имал хир и прво мислел дека тој проект може да го гради на една локација, па на друга, па на третa, па во суштина шајка не заковаа. Ете отприлика ова е реалноста и поврзаноста на владата на ДУИ и СДС со проектот за Клинички Центар, рече Мицкоски.

The post Владата не само што не изгради Клинички центар, туку и ќе плати 20 милиони евра како пенали за раскинат договор, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање поврзано со Клиничкиот Центар јасно потенцираше дека оваа влада една шајка не закова, а не па да изгради клинички Центар. -Тие шајка не заковаа, а камоли па да зборуваме за Клинички Центар, но ако бидеме сериозни ќе треба да се соочиме со фактот дека ќе треба вие да платите 20 милиони евра пенали кои што италјанската компанија ги бара за раскинатиот договор за Клиничкиот Центар кој што беше потпишан во 2017 година, е тоа е реалноста. Нивната поврзаност со Клиничкиот Центар покрај тоа што бевме најслаби во справувањето со ковид пандемијата, најлоши убедливо е и пеналите кои што вие сега треба како граѓани да ги плаќате. Зошто? Затоа што некој имал хир и прво мислел дека тој проект може да го гради на една локација, па на друга, па на третa, па во суштина шајка не заковаа. Ете отприлика ова е реалноста и поврзаноста на владата на ДУИ и СДС со проектот за Клинички Центар, рече Мицкоски.

The post Владата не само што не изгради Клинички центар, туку и ќе плати 20 милиони евра како пенали за раскинат договор, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Николов: Оваа Влада има пари за пенали, непостоечки функции, ама нема за лечење на граѓаните https://republika.mk/vesti/makedonija/nikolov-ovaa-vlada-ima-pari-za-penali-nepostoechki-funktsii-ama-nema-za-lechene-na-graganite/ Sat, 14 Jan 2023 10:53:48 +0000 https://republika.mk/?p=596768

Надлежните од министерството за здравство потврдија дека цела година не мрднале со прст за да го намалат побарувањето за отштета од раскинувањето на договорот за изградба нов клинички центар во Скопје.

Министерството за здравство ниту информираат, ниту знае дали треба да платат 8 милиони евра, 20 милиони евра или многу повеќе и за ова треба да ја известат јавноста заради тоа што оваа отштета или нивно невнимание треба да го платат граѓаните.

Без грам одговорност за овие суми зборуваат како да се 8 или 20 денари.

Кој ќе сноси одговорност за оваа штета со која директно и свесно го оштетуваат државниот буџет?

Актуелната власт наместо нов клинички центар од наши пари ќе се плаќа милиони евра заради тоа што не е изграден нов клинички центар.

Додека надлежните велат дека немаат доволно средства за најранливите пациенти, бесрамно потврдуваат дека цела година ништо немаат преземено за заштита на милиони евра пари на граѓаните кои сега ќе треба да се плаќаат за раскинување на договор за неизграден нов клинички центар.

Министерството за здравство се само прогласи за ненадлежно за обезбедување на средства за терапија за пациентите со цистична фиброза. Во меѓувреме доцнат сите тендерските процедури за пациентите со ретки болести, а надлежните само ги пренасочуваат пациентите по други институции однесувајќи се како да се сообраќајна полиција.

Притоа не се води грижа за пациентите, а истовремено се наоѓаат средства за разни координатори, заменици координатори, помошници на замениците координатори и слични измислени функции за огромни хонорари за проекти кои не се реализираат, а меѓу овие проекти е неизградениот клинички центар.

Или има за паразити, има за пенали за неградење на нов клинички, но нема за најранливите пациенти со ретки болести. Заради тоа одговорност мора да има и потребно е оваа да ја понесат сите министри за здравство во оваа Влада. Заради тоа час поскоро оваа Влада треба да падне, рече Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=a40NZflRvT0

The post Николов: Оваа Влада има пари за пенали, непостоечки функции, ама нема за лечење на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Надлежните од министерството за здравство потврдија дека цела година не мрднале со прст за да го намалат побарувањето за отштета од раскинувањето на договорот за изградба нов клинички центар во Скопје.

Министерството за здравство ниту информираат, ниту знае дали треба да платат 8 милиони евра, 20 милиони евра или многу повеќе и за ова треба да ја известат јавноста заради тоа што оваа отштета или нивно невнимание треба да го платат граѓаните. Без грам одговорност за овие суми зборуваат како да се 8 или 20 денари. Кој ќе сноси одговорност за оваа штета со која директно и свесно го оштетуваат државниот буџет? Актуелната власт наместо нов клинички центар од наши пари ќе се плаќа милиони евра заради тоа што не е изграден нов клинички центар. Додека надлежните велат дека немаат доволно средства за најранливите пациенти, бесрамно потврдуваат дека цела година ништо немаат преземено за заштита на милиони евра пари на граѓаните кои сега ќе треба да се плаќаат за раскинување на договор за неизграден нов клинички центар. Министерството за здравство се само прогласи за ненадлежно за обезбедување на средства за терапија за пациентите со цистична фиброза. Во меѓувреме доцнат сите тендерските процедури за пациентите со ретки болести, а надлежните само ги пренасочуваат пациентите по други институции однесувајќи се како да се сообраќајна полиција. Притоа не се води грижа за пациентите, а истовремено се наоѓаат средства за разни координатори, заменици координатори, помошници на замениците координатори и слични измислени функции за огромни хонорари за проекти кои не се реализираат, а меѓу овие проекти е неизградениот клинички центар. Или има за паразити, има за пенали за неградење на нов клинички, но нема за најранливите пациенти со ретки болести. Заради тоа одговорност мора да има и потребно е оваа да ја понесат сите министри за здравство во оваа Влада. Заради тоа час поскоро оваа Влада треба да падне, рече Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. https://www.youtube.com/watch?v=a40NZflRvT0

The post Николов: Оваа Влада има пари за пенали, непостоечки функции, ама нема за лечење на граѓаните appeared first on Република.

]]>