пелагонија Archives - Република https://republika.mk/tema/pelagonija/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Jan 2023 12:51:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пелагонија Archives - Република https://republika.mk/tema/pelagonija/ 32 32 Фејзулаху: Храната во Пелагонија е безбедна, ќе се намали партиципација за периодот кога кујната беше затворена https://republika.mk/vesti/makedonija/fejzulahu-hranata-vo-pelagonija-e-bezbedna-ke-se-namali-partitsipatsija-za-periodot-koga-kujnata-beshe-zatvorena/ Wed, 11 Jan 2023 12:51:03 +0000 https://republika.mk/?p=595793

По сомнежите за наводно труење со храна на студенти сместени во домот „Пелагонија“ во Скопје, мензата од денеска е повторно во функција. А студентите ќе бидат обештетени поради перидот во којшто кујната беше затворена, изјави за МИА директорот на студентскиот дом Агим Фејзулаху.

Тој рече дека земените брисеви се негативни на бактеријата, со што забраната од Државниот пазарен испекторат за функционирањето на кујната денеска е тргната.

Стигнати се резултатите и од од сите брисеви што се земени од кај нас се негативни, односно не е земена бактерија која би предизвикала труење, по прерземени активности донесена е заедничка одлука да започенеме со работа, да биде тргната забрната за работењето на мензата, бидејќи со појавата на симптомите кај некои студенти државниот санитарен инспекторат донесе забрана се додека не излезат резултатите. Институциите ќе си продолжат со постапувањето со цел утврдување на причината за појавата на симптомите, на нас ни беше важно ние да излеземе чисти и нормално да функционираме со цел да понудиме исхрана - вели Фејзулаху.

Тој информира дека периодот додека кујната била затворена со цел студентите да не бидат оштетени, ќе биде одредена помала партиципација.

За овие денови што беа загубени ние како студентски дом ќе дадеме насоки на студентите да платат помала партиципација, ним да им излеземе по пресрет, бидејќи не по нивна вина беа оштетени на некој начин - објаснува директорот.

Од ЈЗУ Институт за јавно здравје Скопје и од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје на нивната веб страна исто така соопштија дека храната во домот е безбедна.

Добиени се резултати и дека сите шест земени примероци од храна ги задоволуваат прописите за микробиолошка безбедност на храната додека од осум земени бриса кај три примерока испитаните параметри не се согласност со микробиолошките критериуми за хигиената на површини и предмети кои доаѓаат во контакт со храната. По добиените резултати земени се контролни брисеви од работните површини каде има позитивен наод. На ден 10.01.2023 год извршен е контролен инспекциски надзор по објектот – кујна на ДСД „Пелагонија“ при што е констатирано дека е постапено по сите точки. Времената забрана престанува да важи и објектот продолжува со работа, е наведено во соопштението.

Тој ден кујната ја користеле околу 600 студенти.

The post Фејзулаху: Храната во Пелагонија е безбедна, ќе се намали партиципација за периодот кога кујната беше затворена appeared first on Република.

]]>

По сомнежите за наводно труење со храна на студенти сместени во домот „Пелагонија“ во Скопје, мензата од денеска е повторно во функција. А студентите ќе бидат обештетени поради перидот во којшто кујната беше затворена, изјави за МИА директорот на студентскиот дом Агим Фејзулаху. Тој рече дека земените брисеви се негативни на бактеријата, со што забраната од Државниот пазарен испекторат за функционирањето на кујната денеска е тргната.
Стигнати се резултатите и од од сите брисеви што се земени од кај нас се негативни, односно не е земена бактерија која би предизвикала труење, по прерземени активности донесена е заедничка одлука да започенеме со работа, да биде тргната забрната за работењето на мензата, бидејќи со појавата на симптомите кај некои студенти државниот санитарен инспекторат донесе забрана се додека не излезат резултатите. Институциите ќе си продолжат со постапувањето со цел утврдување на причината за појавата на симптомите, на нас ни беше важно ние да излеземе чисти и нормално да функционираме со цел да понудиме исхрана - вели Фејзулаху.
Тој информира дека периодот додека кујната била затворена со цел студентите да не бидат оштетени, ќе биде одредена помала партиципација.
За овие денови што беа загубени ние како студентски дом ќе дадеме насоки на студентите да платат помала партиципација, ним да им излеземе по пресрет, бидејќи не по нивна вина беа оштетени на некој начин - објаснува директорот.
Од ЈЗУ Институт за јавно здравје Скопје и од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје на нивната веб страна исто така соопштија дека храната во домот е безбедна. Добиени се резултати и дека сите шест земени примероци од храна ги задоволуваат прописите за микробиолошка безбедност на храната додека од осум земени бриса кај три примерока испитаните параметри не се согласност со микробиолошките критериуми за хигиената на површини и предмети кои доаѓаат во контакт со храната. По добиените резултати земени се контролни брисеви од работните површини каде има позитивен наод. На ден 10.01.2023 год извршен е контролен инспекциски надзор по објектот – кујна на ДСД „Пелагонија“ при што е констатирано дека е постапено по сите точки. Времената забрана престанува да важи и објектот продолжува со работа, е наведено во соопштението. Тој ден кујната ја користеле околу 600 студенти.

The post Фејзулаху: Храната во Пелагонија е безбедна, ќе се намали партиципација за периодот кога кујната беше затворена appeared first on Република.

]]>
Труење од храна во студентскиот дом Пелагонија во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/truene-od-hrana-vo-studentskiot-dom-pelagonija-vo-skopje/ Wed, 28 Dec 2022 13:40:21 +0000 https://republika.mk/?p=591036

Од „Студентски отпор“ велат денес до нив пристигнаа информација за труење од храна во студентскиот дом Пелагонија во Скопје. Навистина сме згрозени од фактот што во моментот многу студенти се жалат и се завршени на инфективните клиники, велат тие.

Прашуваме јавно, ваков ли студентски стандард и студентски оброци ветуваа луѓето од власта или студентите ги гледаат само како пропаганден материјал за користење, како тоа што беше фамозниот „ручек со студентите“ на премиерот?

Студентски отпор будно ја следи ситуацијата во студентскиот дом Пелагонијa, строго го осудува игнорантниот однос на власта кон студентите и ваквите нехумани услови во кои студентите престојуваат!, додаваат од „Студентски отпор“.

The post Труење од храна во студентскиот дом Пелагонија во Скопје appeared first on Република.

Навреме во централна Македонија: Ветер со брзина од 150 км/час носеше се пред себе во Пелагонија https://republika.mk/zivot/servisi/navreme-vo-centralna-makedonija-veter-so-brzina-od-150-kilometri-na-chas-noseshe-se-pred-sebe-vo-pelagonija/ Sat, 20 Aug 2022 17:25:51 +0000 https://republika.mk/?p=542411

Невреме со грмотевици и поројни дождови попладнево е регистрирано во Пелагонија, Велес, Градско и Росоман, информираат од Центар за управување со кризи.

– Силна нестабилност е проследена со интензивен пороен дожд и електрични празнења, како и силен ветер, потенцираат од ЦУК во објава на страницата на Фејсбук.

Претходно, како што посочуваат, интензивна нестабилност имаше и во Пелагонија, каде е забележана и појава на град. На метеоролошката станица во Радарскиот центар Тополчани бил региструран удар на ветер од 150 км/час.

Додека, пак, на подрачјето на Велес во 16:50 часот во селото Каласлари имало запалено сено и паднати бандери. Известени се СВР Велес, а од страна на ТППЕ Велес сеното ќе биде изгасено.

Од ЦУК информираат дека невремето има направено штети и во с.Мартолци, Општина Чашка.

– Од ЈКП „Тополка“ има испратено екипи на терен за расчистување на местото викано Долги Рид, исто така има и паднати бандери за кои се задолжени ЕВН за нивно расчистување. За оваа настаната ситуација известен е и директорот на ЕВН, велат од ЦУК

The post Навреме во централна Македонија: Ветер со брзина од 150 км/час носеше се пред себе во Пелагонија appeared first on Република.

]]>

Невреме со грмотевици и поројни дождови попладнево е регистрирано во Пелагонија, Велес, Градско и Росоман, информираат од Центар за управување со кризи. – Силна нестабилност е проследена со интензивен пороен дожд и електрични празнења, како и силен ветер, потенцираат од ЦУК во објава на страницата на Фејсбук. Претходно, како што посочуваат, интензивна нестабилност имаше и во Пелагонија, каде е забележана и појава на град. На метеоролошката станица во Радарскиот центар Тополчани бил региструран удар на ветер од 150 км/час. Додека, пак, на подрачјето на Велес во 16:50 часот во селото Каласлари имало запалено сено и паднати бандери. Известени се СВР Велес, а од страна на ТППЕ Велес сеното ќе биде изгасено. Од ЦУК информираат дека невремето има направено штети и во с.Мартолци, Општина Чашка.
– Од ЈКП „Тополка“ има испратено екипи на терен за расчистување на местото викано Долги Рид, исто така има и паднати бандери за кои се задолжени ЕВН за нивно расчистување. За оваа настаната ситуација известен е и директорот на ЕВН, велат од ЦУК

The post Навреме во централна Македонија: Ветер со брзина од 150 км/час носеше се пред себе во Пелагонија appeared first on Република.

]]>
Пелагониските земјоделци подготвени за августовска берба и жетва https://republika.mk/vesti/makedonija/pelagoniskite-zemjodelci-podgotveni-za-avgustovska-berba-i-zetva/ Mon, 01 Aug 2022 07:42:30 +0000 https://republika.mk/?p=535556

Во битолскиот дел на Пелагонија најголем дел од жетвените активности се во завршна фаза, а агроексперите советуваат дека после жетвата на житните култури потребно е да се изведи длабоко орање на ослободените површини.

Августовското орање заедно со користењето на органски и минерални ѓубрива претставува многу корисна агротехничка мерка, посочуваат агроексперти за МИА.

Во овој период сувото и жешко августовско време ги принудува фармерите почесто да ги наводнуваат земјоделските површини. Водата несомнено ќе ги зголеми приносите кај пченката, но во втората половина од месецот може да се покаже штетно за цвеклото. Тоа ќе ги намали шеќерните единици и ќе ги влоши технолошките својства на коренот. Месец август е време за берба на некои поледелски култури, како сојата, гравот и други и затоа е многу важно да се утврди точното време за берба, бидејќи од тоа ќе зависи квалитетот на производството, соодветноста за обработка, складирање или директна употреба. При берба, сојата треба да добие кафеавкаста или златно – жолтеникава боја, семето да е цврсто, а листовите да почнат да венеат. Потребно е гравот да се исуши на сонце. Доколку тој содржи влага повеќе од 14 проценти, зрното ќе ја загуби белата боја и ќе пожолти, а исто така не е исклучено и појава на мувла, посочуваат пелагониските агро експерти.

Август е месец, во кој што градинарите имаат обилна работа. Имено, во овој период треба да се продолжи со грижата за првите посадени култури, градинарите во Пелагонија се подготвуваат и за садење на вторите култури, а се наметнува и бербата.

 Треба да се има предвид дека, треба да се отстранат деформираните, заболени и нестандардни плодови од краставици, домати и пипер. Тоа ќе овозможи нормален раст на новите заврзоци, ќе се намали опасноста од зараза и воопшто ќе се добие подобар и порентабилен производ. За да се намали опасноста од болести и штетници во градинарските култури, не е доволно тие само да се испрскаат. Потребно е да се испрска и уништи и плевелот во и покрај површината засадена со градинарски култури. Во овој период сите зеленчукови култури имаат потреба од вода, а најдобро време за наводнување е во раните утрински часови или подоцна навечер. Вода од ХС „Стрежево“ има доволно, посочуваат пелагониските земјоделци.

The post Пелагониските земјоделци подготвени за августовска берба и жетва appeared first on Република.

]]>

Во битолскиот дел на Пелагонија најголем дел од жетвените активности се во завршна фаза, а агроексперите советуваат дека после жетвата на житните култури потребно е да се изведи длабоко орање на ослободените површини. Августовското орање заедно со користењето на органски и минерални ѓубрива претставува многу корисна агротехничка мерка, посочуваат агроексперти за МИА.
Во овој период сувото и жешко августовско време ги принудува фармерите почесто да ги наводнуваат земјоделските површини. Водата несомнено ќе ги зголеми приносите кај пченката, но во втората половина од месецот може да се покаже штетно за цвеклото. Тоа ќе ги намали шеќерните единици и ќе ги влоши технолошките својства на коренот. Месец август е време за берба на некои поледелски култури, како сојата, гравот и други и затоа е многу важно да се утврди точното време за берба, бидејќи од тоа ќе зависи квалитетот на производството, соодветноста за обработка, складирање или директна употреба. При берба, сојата треба да добие кафеавкаста или златно – жолтеникава боја, семето да е цврсто, а листовите да почнат да венеат. Потребно е гравот да се исуши на сонце. Доколку тој содржи влага повеќе од 14 проценти, зрното ќе ја загуби белата боја и ќе пожолти, а исто така не е исклучено и појава на мувла, посочуваат пелагониските агро експерти.
Август е месец, во кој што градинарите имаат обилна работа. Имено, во овој период треба да се продолжи со грижата за првите посадени култури, градинарите во Пелагонија се подготвуваат и за садење на вторите култури, а се наметнува и бербата.  Треба да се има предвид дека, треба да се отстранат деформираните, заболени и нестандардни плодови од краставици, домати и пипер. Тоа ќе овозможи нормален раст на новите заврзоци, ќе се намали опасноста од зараза и воопшто ќе се добие подобар и порентабилен производ. За да се намали опасноста од болести и штетници во градинарските култури, не е доволно тие само да се испрскаат. Потребно е да се испрска и уништи и плевелот во и покрај површината засадена со градинарски култури. Во овој период сите зеленчукови култури имаат потреба од вода, а најдобро време за наводнување е во раните утрински часови или подоцна навечер. Вода од ХС „Стрежево“ има доволно, посочуваат пелагониските земјоделци.

The post Пелагониските земјоделци подготвени за августовска берба и жетва appeared first on Република.

]]>
Педесетина млади се вклучени во проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ https://republika.mk/zivot/kariera/pedesetina-mladi-se-vklucheni-vo-proektot-zajaknuvanje-na-lugjeto-od-pelagonija/ Mon, 18 Apr 2022 15:04:40 +0000 https://republika.mk/?p=490154

Здружението „Про Локал“ од Битола, едно од ретките во Македонија, работи на подобрување на условите за живот на граѓаните. Во партнерство со уште девет локални граѓански организации и со поддршка од Амбасадата на Холандија во земјава, преку МАТРА Програмата се вклучија во реализација на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија/Empowering people of Pelagonija“.

Во проектот за зајакнување на младите во седум рурални општини во Пелагонискиот регион, вклучени се педесеттина млади од регионот кои работат со цел да ги разберат и практикуваат принципите на доброто владеење.

Во рамките на проектот здружението „Про Локал“ организира интензивни и партиципативни работилници, дебати и игри за мотивација кои се само дел од алатките преку кои ги обучуваат младите за активно учество во креирање на политиките на локално ниво. Целта на овој проект е да им помогне на младите да осознаат преку практични примери, преку учество во работењето на општините и Советите, како да ги реализираат нивните идеи.

До крајот на септември оваа година, во Пелагонија, со дополнителна финансиска поддршка и од проектот „Зајакнување на младите од Пелагонија“ ќе бидат отворени две фитнес зони за рекреација на отворено, во Могила и Новаци, ќе бидат уредени два парка во Демир Хисар и Кривогаштани, ќе биде уредено спортското игралиште во Лажани, општина Долнени, ќе биде опремено „Кино на отворено“ во Крушево а во Преспа ќе се формира Младински Хаб за промоција на туризмот.

Овој проект доколку се отслика на национално ниво со неговата имплементација и реализација би имало голема придобивка за сите млади кои сакаат да вложуват во нивниот раст и развој во Македонија. Проектот треба да биде апел и за останатите организации во државата, да вложуваат во младите кои се движечка сила во нашата земја, сѐ со цел да се задржи добар и квалитетен кадар.

The post Педесетина млади се вклучени во проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ appeared first on Република.

]]>

Здружението „Про Локал“ од Битола, едно од ретките во Македонија, работи на подобрување на условите за живот на граѓаните. Во партнерство со уште девет локални граѓански организации и со поддршка од Амбасадата на Холандија во земјава, преку МАТРА Програмата се вклучија во реализација на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија/Empowering people of Pelagonija“. Во проектот за зајакнување на младите во седум рурални општини во Пелагонискиот регион, вклучени се педесеттина млади од регионот кои работат со цел да ги разберат и практикуваат принципите на доброто владеење. Во рамките на проектот здружението „Про Локал“ организира интензивни и партиципативни работилници, дебати и игри за мотивација кои се само дел од алатките преку кои ги обучуваат младите за активно учество во креирање на политиките на локално ниво. Целта на овој проект е да им помогне на младите да осознаат преку практични примери, преку учество во работењето на општините и Советите, како да ги реализираат нивните идеи. До крајот на септември оваа година, во Пелагонија, со дополнителна финансиска поддршка и од проектот „Зајакнување на младите од Пелагонија“ ќе бидат отворени две фитнес зони за рекреација на отворено, во Могила и Новаци, ќе бидат уредени два парка во Демир Хисар и Кривогаштани, ќе биде уредено спортското игралиште во Лажани, општина Долнени, ќе биде опремено „Кино на отворено“ во Крушево а во Преспа ќе се формира Младински Хаб за промоција на туризмот. Овој проект доколку се отслика на национално ниво со неговата имплементација и реализација би имало голема придобивка за сите млади кои сакаат да вложуват во нивниот раст и развој во Македонија. Проектот треба да биде апел и за останатите организации во државата, да вложуваат во младите кои се движечка сила во нашата земја, сѐ со цел да се задржи добар и квалитетен кадар.  

The post Педесетина млади се вклучени во проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ appeared first on Република.

]]>