Педро Алмодовар Archives - Република https://republika.mk/tema/pedro-almodovar/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Sep 2024 07:10:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Педро Алмодовар Archives - Република https://republika.mk/tema/pedro-almodovar/ 32 32 „Златен лав“ во Венеција за филмот на Алмодовар „Соседната соба“ https://republika.mk/scena/film/zlaten-lav-vo-venetsija-za-filmot-na-almodovar-sosednata-soba/ Sun, 08 Sep 2024 07:10:58 +0000 https://republika.mk/?p=814254

Првиот филм на англиски јазик на шпански режисер Педро Алмодовар, „Соседната соба„“ (The Room Next Door), кој обработува теми за евтаназија и климатски промени, во саботата ја доби престижната награда „Златен лав“ на Филмскиот фестивал во Венецијаа.

Филмот, во кој главните улоги ги толкуваат Тилда Свинтон и Џулијан Мур, доби 18-минутни овации кога беше премиерно прикажан во Венеција претходно оваа седмица, едни од најдолгите овации во последно време.

Алмодовар е миленик на фестивалските кругови и беше награден со Награда за животно дело во Венеција во 2019 година за неговите смели уметнички креации на шпански јазик, често проткаени со хумор и сатира. Исто така, ја освои наградата Оскар за најдобар странски филм за неговото остварување од 1999 година „Сѐ за мојата мајка“.

Сега на 74-годишна возраст, Алдомовар одлучи да се обиде на англиски јазик, а на новинарите им кажа дека тоа е како научна фантастика.

Говорејќи во пресрет на премиерата, рече дека неговиот филм ја истакнува важноста на негувањето на животот, но исто така јасно стави до знаење дека луѓето треба да можат достоинствено да умрат во време кое самите ќе го изберат.

Тоа е филм кој ја заговара евтаназијата“, рече тој,критикувајќи ги земјите како САД каде што евтаназијата е нелегална, за разлика од неговата родна Шпанија.

„Сребрениот лав“ беше изненадување бидејќи ѝ припадна на италијанската режисерка Маура Делперо за нејзината драма во бавен ритам „Vermiglio“, сместена во италијанските Алпи за време на Втората светска војна.

Австралијката Никол Кидман ја доби наградата за најдобра актерка за нејзината главна улога во еротскиот трилер „Babygirl“, во кој го толкува ликот на закоравена извршна директорка којашто ги загрозува и својата кариера и своето семејство со токсична афера со млад приправник.

Кидман беше во Венеција во саботата, но не присуствуваше на доделувањето на наградите откако дозна дека нејзината мајка ненадејно починала.

Французинот Винсент Линдон беше прогласен за најдобар актер за улогата во „The Quiet Son“, современа драма на француски јазик за семејство растурено од екстремниот десничарски радикализам.

Наградата за најдобар режисер му припадна на американскиот режисер Брејди Корбет за неговиот 3,5-часовен филм „The Brutalist“, епска приказна за Унгарец кој го преживеал холокаустот кој сака да го обнови својот живот во САД. Него го игра Адриен Броди.

 

The post „Златен лав“ во Венеција за филмот на Алмодовар „Соседната соба“ appeared first on Република.

]]>

Првиот филм на англиски јазик на шпански режисер Педро Алмодовар, „Соседната соба„“ (The Room Next Door), кој обработува теми за евтаназија и климатски промени, во саботата ја доби престижната награда „Златен лав“ на Филмскиот фестивал во Венецијаа. Филмот, во кој главните улоги ги толкуваат Тилда Свинтон и Џулијан Мур, доби 18-минутни овации кога беше премиерно прикажан во Венеција претходно оваа седмица, едни од најдолгите овации во последно време. Алмодовар е миленик на фестивалските кругови и беше награден со Награда за животно дело во Венеција во 2019 година за неговите смели уметнички креации на шпански јазик, често проткаени со хумор и сатира. Исто така, ја освои наградата Оскар за најдобар странски филм за неговото остварување од 1999 година „Сѐ за мојата мајка“. Сега на 74-годишна возраст, Алдомовар одлучи да се обиде на англиски јазик, а на новинарите им кажа дека тоа е како научна фантастика. Говорејќи во пресрет на премиерата, рече дека неговиот филм ја истакнува важноста на негувањето на животот, но исто така јасно стави до знаење дека луѓето треба да можат достоинствено да умрат во време кое самите ќе го изберат.
Тоа е филм кој ја заговара евтаназијата“, рече тој,критикувајќи ги земјите како САД каде што евтаназијата е нелегална, за разлика од неговата родна Шпанија.
„Сребрениот лав“ беше изненадување бидејќи ѝ припадна на италијанската режисерка Маура Делперо за нејзината драма во бавен ритам „Vermiglio“, сместена во италијанските Алпи за време на Втората светска војна. Австралијката Никол Кидман ја доби наградата за најдобра актерка за нејзината главна улога во еротскиот трилер „Babygirl“, во кој го толкува ликот на закоравена извршна директорка којашто ги загрозува и својата кариера и своето семејство со токсична афера со млад приправник. Кидман беше во Венеција во саботата, но не присуствуваше на доделувањето на наградите откако дозна дека нејзината мајка ненадејно починала. Французинот Винсент Линдон беше прогласен за најдобар актер за улогата во „The Quiet Son“, современа драма на француски јазик за семејство растурено од екстремниот десничарски радикализам. Наградата за најдобар режисер му припадна на американскиот режисер Брејди Корбет за неговиот 3,5-часовен филм „The Brutalist“, епска приказна за Унгарец кој го преживеал холокаустот кој сака да го обнови својот живот во САД. Него го игра Адриен Броди.  

The post „Златен лав“ во Венеција за филмот на Алмодовар „Соседната соба“ appeared first on Република.

]]>
Бурен аплауз и овации за првиот филм на англиски на Педро Алмодовар во Венеција https://republika.mk/scena/film/buren-aplauz-i-ovatsii-za-prviot-film-na-angliski-na-pedro-almodovar-vo-venetsija/ Tue, 03 Sep 2024 08:33:58 +0000 https://republika.mk/?p=812558

Со бурен аплауз и овации беше пречекан новиот филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар „Собата до врата“ синоќа на Филмскиот фестивал во Венеција кој е во тек. Ова прв филм снимен на англиски на врвниот шпански режисер во кој главните улоги ги толкуваат Тилда Свинтон и  Џулијан Мур.

Медиумите пишуваат дека најновиот филм на Алмодовар добил 17-минутни овации по премиерата.

Филмот „Собата до врата“ (The Room Next Door), е адаптација на романот на Сигрид Нуњез, What Are You Going Through и ги следи најпродаваните писатели Ингрид (Мур) и Марта (Свинтон) додека го обновуваат своето пријателство откако изгубиле контакт. Додека се нурнати во минатите спомени, анегдоти, уметност и филмови, Марта, која се бори со рак на грлото на матката во терминална фаза, сака да умре достоинствено и ја замолува Ингрид да биде во соседната соба кога ќе земе апчиња за евтаназија.

На прес-конференцијата на филмот претходно истиот ден, шпанскиот автор, познат по филмовите како „Жена на работ на нервен слом“ и „Се за мојата мајка“, разговараше за тоа како филмот е про-евтаназија.

Овој филм е во корист на евтаназијата, рече тој.

Свинтон и Мур велат дека се огромни обожаватели на Алмодовар. Мур вели дека не познава режисер во целиот свет кој би можел да сними подобар филм за женското пријателство.

 

The post Бурен аплауз и овации за првиот филм на англиски на Педро Алмодовар во Венеција appeared first on Република.

]]>

Со бурен аплауз и овации беше пречекан новиот филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар „Собата до врата“ синоќа на Филмскиот фестивал во Венеција кој е во тек. Ова прв филм снимен на англиски на врвниот шпански режисер во кој главните улоги ги толкуваат Тилда Свинтон и  Џулијан Мур. Медиумите пишуваат дека најновиот филм на Алмодовар добил 17-минутни овации по премиерата. Филмот „Собата до врата“ (The Room Next Door), е адаптација на романот на Сигрид Нуњез, What Are You Going Through и ги следи најпродаваните писатели Ингрид (Мур) и Марта (Свинтон) додека го обновуваат своето пријателство откако изгубиле контакт. Додека се нурнати во минатите спомени, анегдоти, уметност и филмови, Марта, која се бори со рак на грлото на матката во терминална фаза, сака да умре достоинствено и ја замолува Ингрид да биде во соседната соба кога ќе земе апчиња за евтаназија. На прес-конференцијата на филмот претходно истиот ден, шпанскиот автор, познат по филмовите како „Жена на работ на нервен слом“ и „Се за мојата мајка“, разговараше за тоа како филмот е про-евтаназија.
Овој филм е во корист на евтаназијата, рече тој.
Свинтон и Мур велат дека се огромни обожаватели на Алмодовар. Мур вели дека не познава режисер во целиот свет кој би можел да сними подобар филм за женското пријателство.  

The post Бурен аплауз и овации за првиот филм на англиски на Педро Алмодовар во Венеција appeared first on Република.

]]>