печатница Archives - Република https://republika.mk/tema/pechatnica/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jan 2024 18:10:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png печатница Archives - Република https://republika.mk/tema/pechatnica/ 32 32 Вработените без плати и во лимбус: Се затвора печатницата „Напредок“ од Тетово, отворена 1948 година https://republika.mk/vesti/makedonija/vrabotenite-bez-plati-i-vo-limbus-se-zatvora-pechatnitsata-napredok-od-tetovo-otvorena-1948-godina/ Wed, 03 Jan 2024 16:58:52 +0000 https://republika.mk/?p=729391

Синдикалната организација на вработените во тетовската печатница Напредок бараат институциите да преземат мерки и се реши нивната состојба со оглед дека од декември 2023 година не работат, а чекаат плати од август 2023 година. Тие побарале од сопственичката структура да им го реши статусот и да им исплати плати, придонеси и К15, но сè уште тоа не е направено.

Печатницата како правен субјект е поделен на две фирми, Напредок 1 и Напредок Принт, чиј пак сопственик е компанијата Просветно дело. Во декември од Просветно дело се изјаснија дека нема да работи печатница Напредок и 15 декември 2023 немаме репроматеријали и не работиме. Ние сме принудени да доаѓаме на работа за да се реши статусот и да ги добиеме неисплатените плати. Досега преку кажан збор имавме неколку најави дека ќе има исплата, но во пракса нема ништо со образложение дека нема пари, дека сметки се блокирани, дека УЈП не работи и слично, информираше на денешната средба со новинарите, Живе Ќировски, претседател на синдикалната организација на вработените во печатницата.

Вработените во тетовска печатница Напредок во текот на годината неколку пати преку медиумите бараа реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување. Проблемите, според нив се почнати од 2020 година.

Напредок Принт нема земено плата за август, септември, октомври, ноември, декември и К15, а Напредок 1 нема земено плата за октомври, ноември, декември и К15. И здравствено осигурување немаат работници. Ние не знаеме како ќе биде решен нашиот статус, ние доаѓаме на работа, не работиме не придонесуваме затоа што нема репроматеријали. Ние доаѓаме на работа затоа што статусот не ние сменет освен поранешните договори за работа. Дали ќе бидеме технолошки вишок прогласени, дали ќе оди во стечај, сите ние сме во исчекување, истакна Живе Ќировски.

За барањата на работниците и синдикатот, МИА го побара Сашо Ангелевски, кој работниците го посочија дека е поставен за управител. Ангелевски во телефонски разговор посочи дека сопственикот ќе се произнесе за состојбата.

Во моментот сопственикот не е тука, ќе добиете од него изјава, ќе ве контактира за кратко време, истакна Ангелевски.

Печатницата Напредок во Тетово постои од 1948 година како државна фирма која во 1989 преминала во акционерско друштво. Од 2006 година е приватизирана со продажба на акциите. 

The post Вработените без плати и во лимбус: Се затвора печатницата „Напредок“ од Тетово, отворена 1948 година appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот Коњановски во посета на „Киро Дандаро“, решавање инфраструктирни проблеми околу печатницата и други фирми https://republika.mk/vesti/makedonija/gradonachalnikot-konjanovski-vo-poseta-na-kiro-dandaro-reshavanje-infrastruktirni-problemi-okolu-pechatnicata-i-drugi-firmi/ Wed, 16 Feb 2022 14:47:31 +0000 https://republika.mk/?p=459448

Со цел согледување на состојбите и предизвиците со кои се соочува бизнис секторот, градоначалникот Тони Коњановски ја посети најстарата фабрика во Битола, печатницата “Киро Дандаро“. Основана после Втората светска војна, печатницата низ годините бележи развоен континуитет, а во моментот таму работат 165 граѓани на Битола.

Од страна на раководството, градоначалникот беше информиран дека со последната инвестиција од крајот на ноември минатата година, фабриката го зголеми капацитетот за 30%, а евидентен е и зголемен извоз за 50%, со извозни активности кои опфаќаат повеќе земји, меѓу кои и Холандија, Англија и Кипар.

Како дел од планираните активности на фабриката, за надминување на моменталната состојба со енергетската криза, раководството ги истакна плановите за поставување на фотоволтаични панели. Нагласија и дека, од големо значење за нив е инфраструктурно поврзување и асфалтирање на улицата пред печатницата, со што ќе се надминат тешкотиите кои честопати се појавуваат пред влезот на фабриката.

Градоначалникот информираше, дека токму поради решавање на ваквите проблеми кои влијаат на работењето на стопанствениците, но и на движењето на граѓаните, локалната самоуправа е насочена кон инфраструктурно уредување на градот, а оваа година, планира комплетна реализација на проектот за изградба, реконструкција и рехабилитација на 23 улици на различни локации во општината.

The post Градоначалникот Коњановски во посета на „Киро Дандаро“, решавање инфраструктирни проблеми околу печатницата и други фирми appeared first on Република.

]]>

Со цел согледување на состојбите и предизвиците со кои се соочува бизнис секторот, градоначалникот Тони Коњановски ја посети најстарата фабрика во Битола, печатницата “Киро Дандаро“. Основана после Втората светска војна, печатницата низ годините бележи развоен континуитет, а во моментот таму работат 165 граѓани на Битола. Од страна на раководството, градоначалникот беше информиран дека со последната инвестиција од крајот на ноември минатата година, фабриката го зголеми капацитетот за 30%, а евидентен е и зголемен извоз за 50%, со извозни активности кои опфаќаат повеќе земји, меѓу кои и Холандија, Англија и Кипар. Како дел од планираните активности на фабриката, за надминување на моменталната состојба со енергетската криза, раководството ги истакна плановите за поставување на фотоволтаични панели. Нагласија и дека, од големо значење за нив е инфраструктурно поврзување и асфалтирање на улицата пред печатницата, со што ќе се надминат тешкотиите кои честопати се појавуваат пред влезот на фабриката. Градоначалникот информираше, дека токму поради решавање на ваквите проблеми кои влијаат на работењето на стопанствениците, но и на движењето на граѓаните, локалната самоуправа е насочена кон инфраструктурно уредување на градот, а оваа година, планира комплетна реализација на проектот за изградба, реконструкција и рехабилитација на 23 улици на различни локации во општината.

The post Градоначалникот Коњановски во посета на „Киро Дандаро“, решавање инфраструктирни проблеми околу печатницата и други фирми appeared first on Република.

]]>