Пчела Archives - Република https://republika.mk/tema/pchela/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Jun 2023 09:32:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пчела Archives - Република https://republika.mk/tema/pchela/ 32 32 Бизарна смрт: Загребчанка ја каснала оса, се судрила со трамвај и починала во болница https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/bizarna-smrt-zagrebchanka-ja-kasnala-osa-se-sudrila-so-tramvaj-i-pochinala-vo-bolnitsa/ Mon, 05 Jun 2023 09:32:53 +0000 https://republika.mk/?p=647939

Жена (61) од Загреб наводно поради алергиска реакција на убод од инсект ја загубила контролата над автомобилот кој го возела, се судрила со трамвај кој доаѓал од спротивен правец. Починала во болница, после несреќата, а точната причина за смртта дополнително треба да се утврди.

Според неофицијални информации, 61-годишната жена кратко пред несреќата, претрпела убод од оса или стршен, кој и предизвикал алергиска реакција. Наводно, таа реакција е причина за сообраќајната несреќа и смртта која подоцна настапила во болницата во Загреб.

Автомобилот одеднаш прелетал од левата, на десната лента, а потоа, со голема брзина удрил во трамвај. Изгледаше страшно. Дојде полиција, брза помош и пожарникари, кои мораа да ја сечат вратата за да ја извлечат повредената жена, изјавил сведок на несреќата.

Очевидци тврдат дека целиот преден дел на автомобилот завршил под трамвајот. Жената била пренесена во Клиничкиот болнички центар Загреб, каде што починала, најверојатно поради алергиска реација на убод од инсект. Телото е пренесено во Заводот за судска медицина, каде ешто по извршената обдукција ќе се утврди точната причина за смртта.

 

The post Бизарна смрт: Загребчанка ја каснала оса, се судрила со трамвај и починала во болница appeared first on Република.

]]>

Жена (61) од Загреб наводно поради алергиска реакција на убод од инсект ја загубила контролата над автомобилот кој го возела, се судрила со трамвај кој доаѓал од спротивен правец. Починала во болница, после несреќата, а точната причина за смртта дополнително треба да се утврди. Според неофицијални информации, 61-годишната жена кратко пред несреќата, претрпела убод од оса или стршен, кој и предизвикал алергиска реакција. Наводно, таа реакција е причина за сообраќајната несреќа и смртта која подоцна настапила во болницата во Загреб. Автомобилот одеднаш прелетал од левата, на десната лента, а потоа, со голема брзина удрил во трамвај. Изгледаше страшно. Дојде полиција, брза помош и пожарникари, кои мораа да ја сечат вратата за да ја извлечат повредената жена, изјавил сведок на несреќата. Очевидци тврдат дека целиот преден дел на автомобилот завршил под трамвајот. Жената била пренесена во Клиничкиот болнички центар Загреб, каде што починала, најверојатно поради алергиска реација на убод од инсект. Телото е пренесено во Заводот за судска медицина, каде ешто по извршената обдукција ќе се утврди точната причина за смртта.  

The post Бизарна смрт: Загребчанка ја каснала оса, се судрила со трамвај и починала во болница appeared first on Република.

]]>
Васко Паскали, поранешен секретар на СДСМ Охрид, е каснатиот од пчела кој доби 15.000 евра оштета https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vasko-paskali-poraneshen-sekretar-na-sdsm-ohrid-e-kasnatiot-od-pchela-koj-dobi-15-000-evra-oshteta/ Wed, 05 Jan 2022 19:31:25 +0000 https://republika.mk/?p=441152

Пчелар од Охрид е осуден да плати 15.000 евра оти неговите пчели каснале охриѓанец во 2014, пренесува СДК.МК. Според пресудата на Основниот суд од Охрид изречена после 8 години, лицето претрпело страв, а и имал физички и душевни болки.

Според пресудата, пчеларот се задолжува на тужителот да му исплати штета за претрпени физички болки од 300.000 денари, за претрпен страв од 200.000 денари и за претрпени душевни болки од 100.000 денари, како и трошоци во постапка од над 150.000 денари.

Според образложението од пресудата, пчеларот Лазе Грозданов од село Долно Коњско, Охрид е прогласен за виновен за кривично дело „предизвикување општа опасност“ оти го управувал своето возило во кое имал натоварено пчели. Во образложението стои дека сандаците не биле добро затворени, па од нив излегле рој пчели и го нападнале оштетениот Васко Паскали, кој бил со неговата сопруга и малолетно дете. Паскали со телото го заштитил малото бебе и со трчање се упатил кон неговиот дом. Во моментот на бегање пчелите го касале во пределот на вратот, главата и лицето, по што бил искасан и отечен. Чувствувал тешко дишење и се упатил во охридската Општа болница каде бил сместен на Интерното одделение. Од претрпениот страв и ден денес чувствувал страв од пчели. Судот смета дека од каснувањето на пчелите тужителот се здобил со алергиска реакција и доживеал страв како за себе така и за неговото дете и сопруга.

The post Васко Паскали, поранешен секретар на СДСМ Охрид, е каснатиот од пчела кој доби 15.000 евра оштета appeared first on Република.

]]>

Пчелар од Охрид е осуден да плати 15.000 евра оти неговите пчели каснале охриѓанец во 2014, пренесува СДК.МК. Според пресудата на Основниот суд од Охрид изречена после 8 години, лицето претрпело страв, а и имал физички и душевни болки. Според пресудата, пчеларот се задолжува на тужителот да му исплати штета за претрпени физички болки од 300.000 денари, за претрпен страв од 200.000 денари и за претрпени душевни болки од 100.000 денари, како и трошоци во постапка од над 150.000 денари. Според образложението од пресудата, пчеларот Лазе Грозданов од село Долно Коњско, Охрид е прогласен за виновен за кривично дело „предизвикување општа опасност“ оти го управувал своето возило во кое имал натоварено пчели. Во образложението стои дека сандаците не биле добро затворени, па од нив излегле рој пчели и го нападнале оштетениот Васко Паскали, кој бил со неговата сопруга и малолетно дете. Паскали со телото го заштитил малото бебе и со трчање се упатил кон неговиот дом. Во моментот на бегање пчелите го касале во пределот на вратот, главата и лицето, по што бил искасан и отечен. Чувствувал тешко дишење и се упатил во охридската Општа болница каде бил сместен на Интерното одделение. Од претрпениот страв и ден денес чувствувал страв од пчели. Судот смета дека од каснувањето на пчелите тужителот се здобил со алергиска реакција и доживеал страв како за себе така и за неговото дете и сопруга.

The post Васко Паскали, поранешен секретар на СДСМ Охрид, е каснатиот од пчела кој доби 15.000 евра оштета appeared first on Република.

]]>