патување пеш Archives - Република https://republika.mk/tema/patuvane-pesh/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Oct 2024 10:40:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png патување пеш Archives - Република https://republika.mk/tema/patuvane-pesh/ 32 32 „Патување пеш“ на Тамара Котевска ги отвора фестивалите во Јапонија и Англија https://republika.mk/scena/film/patuvane-pesh-na-tamara-kotevska-gi-otvora-festivalite-vo-japonija-i-anglija/ Tue, 08 Oct 2024 10:40:50 +0000 https://republika.mk/?p=824137

Документарниот филм „Патување пеш“ на македонската режисерка Тамара Котевска свечено ќе отвора два престижни светски филмски фестивала, во Токио, Јапонија, како и Фестивалот на документарен филм во Фолкстон, Англија. Покрај Токио и Фолкстон, филмот е во официјална селекција во Лос Анџелес, Лондон и Париз. Се најавува домашна и јапонска дистрибуција на филмот.

Отварањето токму на фестивалот во Фолкстон претставува огромна чест за Тамара Котевска и англиските продуценти GRAIN MEDIA бидејќи патувањето на сириското дете бегалче Амал во Англија почна токму од овој град каде бегалците преминуваат од Франција, преку Ла Манш, во Англија и токму тука се судираат со најжестокиот отпор на англиската полиција. Организаторите на фестивалот изјавуваат дека отварањето на Фестивалот за документарен филм во Фолкстон токму со The Walk е покажување пркос на англиските радикалци и обид повторно да се сврти вниманието на жителите на овој приморски град кон еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат во своето секојдневие.

Веднаш по премиерата во Англија, „Патување пеш“ патува на фестивалот Le Grand Bivouac, кој се одржува во Абервил (северо-источен регион на Париз) Франција. Овој фестивал е со фокус на современите индивидуални и колективни општествени проблеми, а филмот e во официјална селекција и ќе биде прикажан вечерта на 21 октомври, 2024.

Ноемвриската тура на фестивали за „Патување пеш“ ќе биде одбележана со свечено отварање на International Refugee Film Festival Tokyo 2024 на 7ми ноември.

Веднаш по Токио, филмот на Котевска ќе биде истовремено прикажан во двата мегалополиси: Лондон и Лос Анџелес. Во Лондон, ќе биде дел од 12тото издание на European Psychoanalytic Film Festival, на 16ти ноември 2024. New Filmmakers Los Angeles Film Festival се случува од 14-17 ноември и во фокус се млади автори кои настапуваат со својот прв или втор филм.

The Walk изминатата година ја имаше светската премиера на престижниот интернационален фестивал за документарни филмови во Њујорк DOC NYC, Европската Премиера на GENEVA INTERNATIONAL FILM FESTIVAL OF HUMAN RIGHTS Женева, по што имаше 5 проекции на престижниот фестивал за документарни филмови во Копенхаген CPH DOX, а Котевска во чест на филмот беше повикана да одржи свечен говор на Венецискиот Филмски Фестивал 2023. Филмот имаше преполна македонска премиера на затварањето на домашниот фестивал за документарни филмови Македокс, по што композиторот Дуке Бојаџиев одржа моќен концерт од музиката на The Walk која ја компонираше.

 

The post „Патување пеш“ на Тамара Котевска ги отвора фестивалите во Јапонија и Англија appeared first on Република.

]]>

Документарниот филм „Патување пеш“ на македонската режисерка Тамара Котевска свечено ќе отвора два престижни светски филмски фестивала, во Токио, Јапонија, како и Фестивалот на документарен филм во Фолкстон, Англија. Покрај Токио и Фолкстон, филмот е во официјална селекција во Лос Анџелес, Лондон и Париз. Се најавува домашна и јапонска дистрибуција на филмот. Отварањето токму на фестивалот во Фолкстон претставува огромна чест за Тамара Котевска и англиските продуценти GRAIN MEDIA бидејќи патувањето на сириското дете бегалче Амал во Англија почна токму од овој град каде бегалците преминуваат од Франција, преку Ла Манш, во Англија и токму тука се судираат со најжестокиот отпор на англиската полиција. Организаторите на фестивалот изјавуваат дека отварањето на Фестивалот за документарен филм во Фолкстон токму со The Walk е покажување пркос на англиските радикалци и обид повторно да се сврти вниманието на жителите на овој приморски град кон еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат во своето секојдневие. Веднаш по премиерата во Англија, „Патување пеш“ патува на фестивалот Le Grand Bivouac, кој се одржува во Абервил (северо-источен регион на Париз) Франција. Овој фестивал е со фокус на современите индивидуални и колективни општествени проблеми, а филмот e во официјална селекција и ќе биде прикажан вечерта на 21 октомври, 2024. Ноемвриската тура на фестивали за „Патување пеш“ ќе биде одбележана со свечено отварање на International Refugee Film Festival Tokyo 2024 на 7ми ноември. Веднаш по Токио, филмот на Котевска ќе биде истовремено прикажан во двата мегалополиси: Лондон и Лос Анџелес. Во Лондон, ќе биде дел од 12тото издание на European Psychoanalytic Film Festival, на 16ти ноември 2024. New Filmmakers Los Angeles Film Festival се случува од 14-17 ноември и во фокус се млади автори кои настапуваат со својот прв или втор филм. The Walk изминатата година ја имаше светската премиера на престижниот интернационален фестивал за документарни филмови во Њујорк DOC NYC, Европската Премиера на GENEVA INTERNATIONAL FILM FESTIVAL OF HUMAN RIGHTS Женева, по што имаше 5 проекции на престижниот фестивал за документарни филмови во Копенхаген CPH DOX, а Котевска во чест на филмот беше повикана да одржи свечен говор на Венецискиот Филмски Фестивал 2023. Филмот имаше преполна македонска премиера на затварањето на домашниот фестивал за документарни филмови Македокс, по што композиторот Дуке Бојаџиев одржа моќен концерт од музиката на The Walk која ја компонираше.  

The post „Патување пеш“ на Тамара Котевска ги отвора фестивалите во Јапонија и Англија appeared first on Република.

]]>
Не смееме да останаме слепи на проблемот со бегалците, рече режисерката Тамара Котевска на македонската премиера на „Патување пеш“ со кој се затвори „МакеДокс“ https://republika.mk/scena/film/ne-smeeme-da-ostaname-slepi-na-problemot-so-begaltsite-reche-rezhiserkata-tamara-kotevska-na-makedonskata-premiera-na-patuvane-pesh-so-koj-se-zatvori-makedoks/ Fri, 23 Aug 2024 09:17:54 +0000 https://republika.mk/?p=809271

Со македонска премиера на документарниот филм „Патување пеш“ на режисерката Тамара Котевска синоќа во „Куршумли ан“ во Скопје се затвори 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.

Светската премиера на филмот на Котевска се одржа на 9 ноември минатата година во Њујорк, на Њујоршкиот фестивал на документарни филмови (Doc NYC), најголемиот американски фестивал за документарци.

Котевска синоќа не беше на промоцијата поради нови проефесионални обврски и имаше видео-обраќање до присутните на премиерата.

За жал, не можев да присуствувам и пораката ја снимив малку порано. Многу ми е тешко што не сум таму на сопствената премиера, со сите вас и да ги почувствувам сите емоции коишто вие ги чувствувате. Лично, бев многу интимно мотивирана да го направам филмот, токму поради тоа што потекнувам од земја во којашто бегалците се невидливи и тоа сите ние го знаеме и го сведочиме. Ние не смееме да останеме слепи на овој проблем. Овој филм е гласот кој се надевам ќе ја разбуди македонската публика да сфати дека бегалците не се невидиливи и постојат во секоја земја. Ова е сериозен проблем кој допрва ќе станува на светско ниво и ние може многу да направиме, пред сè со тоа што нема да имаме предрасуди. Се надевам дека допре до сите вас и ќе направи промена, рече Котевска во нејзиното видео-обраќање.

Филмот го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка што патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, во обид да си најде дом. Филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза, разоткривајќи ја одисејата на Амал, преку два континента, симболот на бегалците низ цел свет. Филмот се снимаше две години, на територија на повеќе од 10 земји.

Главен продуцент на филмот „Патување пеш“ е една од најголемите наградувани британски филмски компании со фокус кон документарните филмови, Греин Медиа (GRAIN MEDIA), македонски ко-продуцент е ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од македонската Агенција за филм. Во филмот учествуваат и актерите Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија.

Филмот имаше европска премиера во конкуренција на најголемиот фестивал за човекови права, во срцето на Женева, Швајцарија – FIFDH, каде имаше две проекции.

Ова е втор долгометражен документарен филм на Котевска и следи после големиот успех на „Медена земја“ за кој доби три големи награди на филмскиот фестивал Санденс во САД во 2019 год, а имаше и две номинации за Оскар следната 2020 година.

По проекцијата на филмот, концерт одржа македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев, кој е автор на музиката во филмот „Патување пеш“.

The post Не смееме да останаме слепи на проблемот со бегалците, рече режисерката Тамара Котевска на македонската премиера на „Патување пеш“ со кој се затвори „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>

Со македонска премиера на документарниот филм „Патување пеш“ на режисерката Тамара Котевска синоќа во „Куршумли ан“ во Скопје се затвори 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Светската премиера на филмот на Котевска се одржа на 9 ноември минатата година во Њујорк, на Њујоршкиот фестивал на документарни филмови (Doc NYC), најголемиот американски фестивал за документарци. Котевска синоќа не беше на промоцијата поради нови проефесионални обврски и имаше видео-обраќање до присутните на премиерата.
За жал, не можев да присуствувам и пораката ја снимив малку порано. Многу ми е тешко што не сум таму на сопствената премиера, со сите вас и да ги почувствувам сите емоции коишто вие ги чувствувате. Лично, бев многу интимно мотивирана да го направам филмот, токму поради тоа што потекнувам од земја во којашто бегалците се невидливи и тоа сите ние го знаеме и го сведочиме. Ние не смееме да останеме слепи на овој проблем. Овој филм е гласот кој се надевам ќе ја разбуди македонската публика да сфати дека бегалците не се невидиливи и постојат во секоја земја. Ова е сериозен проблем кој допрва ќе станува на светско ниво и ние може многу да направиме, пред сè со тоа што нема да имаме предрасуди. Се надевам дека допре до сите вас и ќе направи промена, рече Котевска во нејзиното видео-обраќање.
Филмот го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка што патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, во обид да си најде дом. Филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза, разоткривајќи ја одисејата на Амал, преку два континента, симболот на бегалците низ цел свет. Филмот се снимаше две години, на територија на повеќе од 10 земји. Главен продуцент на филмот „Патување пеш“ е една од најголемите наградувани британски филмски компании со фокус кон документарните филмови, Греин Медиа (GRAIN MEDIA), македонски ко-продуцент е ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од македонската Агенција за филм. Во филмот учествуваат и актерите Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија. Филмот имаше европска премиера во конкуренција на најголемиот фестивал за човекови права, во срцето на Женева, Швајцарија – FIFDH, каде имаше две проекции. Ова е втор долгометражен документарен филм на Котевска и следи после големиот успех на „Медена земја“ за кој доби три големи награди на филмскиот фестивал Санденс во САД во 2019 год, а имаше и две номинации за Оскар следната 2020 година. По проекцијата на филмот, концерт одржа македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев, кој е автор на музиката во филмот „Патување пеш“.

The post Не смееме да останаме слепи на проблемот со бегалците, рече режисерката Тамара Котевска на македонската премиера на „Патување пеш“ со кој се затвори „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>
Распродадени се билетите за „Помеѓу нежноста и насилството“ и „Патување пеш“ со кои вечерва во Куршумли ан се затвора 15-от „МакеДокс“ https://republika.mk/vesti/kultura/rasprodadeni-se-biletite-za-pomegu-nezhnosta-i-nasilstvoto-i-patuvane-pesh-so-koi-vecherva-vo-kurshumli-an-se-zatvora-15-ot-makedoks/ Thu, 22 Aug 2024 13:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=809094

Распродадени се билетите за турскиот краток документарен филм „Помеѓу нежноста и насилството“ на Ширин Бахар Демирел и „Патување пеш“ на македонската режисерка Тамара Котевска со чии филмови се спушта завесата на 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во Куршумли ан во Скопје, соопшти организаторот.

Последниот ден на јубилејното 15. издание „МакеДокс“, на 22 август, ќе почне со објавата и доделувањето на наградите „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Наградата за најдобри етички идеи. Врачувањето на наградите ќе се одржи од 20.30 часот, во Куршумли ан, а потоа следат проекциитте на двата филма.

Во рамки на филмската програма, по доделувањето на наградите, ќе се одржи македонската премиера на долгометражниот документарен филм „Патување пеш“ („The Walk“) на македонската режисерка Тамара Котевска. Филмот веќе ја воодушеви светската публика на бројни фестивали, а сега доаѓа и во Скопје.

Документарниот филм „Патување пеш“ го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка што патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, во обид да си најде дом. Тоа е филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза. Раскажувајќи ја одисејата на Амал, преку два континента, ја пренесува судбината на бегалците низ цел свет. Филмот се снимаше две години на територија на повеќе од 10 земји.

Главен продуцент на филмот „Патување пеш“ е една од најнаградуваните британски филмски компании со фокус на документарни филмови, „Греин Медиа“ (Grain Media), македонски копродуцент е „ОХО Продукција“, a филмот е поддржан и од македонската Агенција за филм. Во филмот учествуваат и актерите Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија, кои ја делат истата судбина како огромен број бегалци кои изгубиле сè, вклучувајќи ги своите домови и фамилии, но продолжуваат да бараат засолниште.

По премиерата на „Патување пеш“ на Тамар Котевска ќе следи уникатно осмислен концерт на Дуке Бојаџиев инспириран од филмот. Концертот е поддржан од УНХЦР - Агенцијата на ОН за бегалци. Дуке Бојаџиев е македонски композитор на филмска музика и пијанист. Низ неговата интернационална кариера во светот на филмската музика има соработувано со добитници на Оскар, како Џонатан Деми и Данис Тановиќ, како и со режисерите Тамара Котевска, Рајко Грлиќ и Столе Попов.

Филмска програма на 22 август ќе има и на Плато пред Музејот на Македонија, каде во 20 часот ќе биде прикажан документарниот филм „Мојата украдена планета“ (Германија / 2024 / 82 мин.) на Фарахназ Шарифи, додека во терминот од 22.30 часот се проекциите на краткиот филм „Помпеја“ (Шпанија / 2023 / 10 мин.) на Марија Кастан де Мигуел и долгометражниот „Да славиме довека“ (Словенија, Италија, Полска, Србија, Австрија / 2024 / 87 мин.) на Маја Доротеја Предлог, кои поради технички проблеми не беа прикажани синоќа.

 

The post Распродадени се билетите за „Помеѓу нежноста и насилството“ и „Патување пеш“ со кои вечерва во Куршумли ан се затвора 15-от „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>

Распродадени се билетите за турскиот краток документарен филм „Помеѓу нежноста и насилството“ на Ширин Бахар Демирел и „Патување пеш“ на македонската режисерка Тамара Котевска со чии филмови се спушта завесата на 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во Куршумли ан во Скопје, соопшти организаторот. Последниот ден на јубилејното 15. издание „МакеДокс“, на 22 август, ќе почне со објавата и доделувањето на наградите „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Наградата за најдобри етички идеи. Врачувањето на наградите ќе се одржи од 20.30 часот, во Куршумли ан, а потоа следат проекциитте на двата филма. Во рамки на филмската програма, по доделувањето на наградите, ќе се одржи македонската премиера на долгометражниот документарен филм „Патување пеш“ („The Walk“) на македонската режисерка Тамара Котевска. Филмот веќе ја воодушеви светската публика на бројни фестивали, а сега доаѓа и во Скопје. Документарниот филм „Патување пеш“ го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка што патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, во обид да си најде дом. Тоа е филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза. Раскажувајќи ја одисејата на Амал, преку два континента, ја пренесува судбината на бегалците низ цел свет. Филмот се снимаше две години на територија на повеќе од 10 земји. Главен продуцент на филмот „Патување пеш“ е една од најнаградуваните британски филмски компании со фокус на документарни филмови, „Греин Медиа“ (Grain Media), македонски копродуцент е „ОХО Продукција“, a филмот е поддржан и од македонската Агенција за филм. Во филмот учествуваат и актерите Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија, кои ја делат истата судбина како огромен број бегалци кои изгубиле сè, вклучувајќи ги своите домови и фамилии, но продолжуваат да бараат засолниште. По премиерата на „Патување пеш“ на Тамар Котевска ќе следи уникатно осмислен концерт на Дуке Бојаџиев инспириран од филмот. Концертот е поддржан од УНХЦР - Агенцијата на ОН за бегалци. Дуке Бојаџиев е македонски композитор на филмска музика и пијанист. Низ неговата интернационална кариера во светот на филмската музика има соработувано со добитници на Оскар, како Џонатан Деми и Данис Тановиќ, како и со режисерите Тамара Котевска, Рајко Грлиќ и Столе Попов. Филмска програма на 22 август ќе има и на Плато пред Музејот на Македонија, каде во 20 часот ќе биде прикажан документарниот филм „Мојата украдена планета“ (Германија / 2024 / 82 мин.) на Фарахназ Шарифи, додека во терминот од 22.30 часот се проекциите на краткиот филм „Помпеја“ (Шпанија / 2023 / 10 мин.) на Марија Кастан де Мигуел и долгометражниот „Да славиме довека“ (Словенија, Италија, Полска, Србија, Австрија / 2024 / 87 мин.) на Маја Доротеја Предлог, кои поради технички проблеми не беа прикажани синоќа.  

The post Распродадени се билетите за „Помеѓу нежноста и насилството“ и „Патување пеш“ со кои вечерва во Куршумли ан се затвора 15-от „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>
Со македонска премиера на документарецот на Тамара Котевска „Патување пеш“ вечерва се затвора „Македокс“ https://republika.mk/scena/film/so-makedonska-premiera-na-dokumentaretsot-na-tamara-kotevska-patuvane-pesh-vecherva-se-zatvora-makedoks/ Thu, 22 Aug 2024 06:08:01 +0000 https://republika.mk/?p=808852

По светската премиера на DOC NYC, документарниот филм „Патување пеш“ [The Walk], денеска ќе ја доживее својата премиера дома, пред македонската публика, на затворањето на 15-то издание на Македокс во Куршумли Ан во 21 часот.

Документарниот филм на македонската режисерка Тамара Котевска, го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка што патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, во обид да си најде дом. Филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза, разоткривајќи ја одисејата на Амал, преку два континента, симболот на бегалците низ цел свет. Филмот се снимаше 2 години, на територија на повеќе од 10 земји.

Јас лично бев интимно мотивирана да го направам овој филм баш поради тоа што потекнувам од земја каде што бегалците се невидливи и тоа сите ние го знаеме и сведочиме. Тоа што го видов од овој проект е дека ние не смееме да останеме слепи на овој проблем и многу ми е мило што денеска овој филм е гласот кој се надевам дека ќе ja разбуди македонската публика да сфати дека бегалците не се невидливи и тие постојат секаде околу нас во нашава земја. Се надевам дека овој филм ќе допре до сите и дека ќе направи промена,“ вели режисерката Тамара Котевска.

Филмот имаше европска премиера во конкуренција на најголемиот фестивал за човекови права, во срцето на Женева, Швајцарија – FIFDH, каде имаше 2 проекции, светската премиера во Њујорк. Ова е втор долгометражен документарен филм на нашата млада режисерка Котевска и следи после големиот успех на „Медена земја“ за кој доби три големи награди на филмскиот фестивал Санденс во САД во 2019 год, а имаше и две номинации за Оскар следната 2020 година.

„УНХЦР е горд што соработува со режисерката на филмот Тамара Котевска и со композиторот и уметникот Дуке Бојаџиев, чија музика ја збогатува емоционалната длабочина и моќната порака на филмот. Ве поканувам сите да го погледнете филмот и да се солидаризирате со бегалците,“ истакна Габриел Гуалано де Годој, претставник на УНХЦР во Македонија.

Главен продуцент на филмот „Патување пеш“ е една од најголемите наградувани британски филмски компании со фокус кон документарните филмови, Греин Медиа (GRAIN MEDIA), македонски ко-продуцент е ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од македонската Агенција за филм.

Во филмот учествуваат и актерите Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија, кои како што велат од ОХО Продукција, ја делат истата судбина како огромен број бегалци кои изгубиле сè, вклучувајќи ги своите домови и фамилии, но продолжуваат да бараат засолниште.

Во моментов во светот има над 35 милиони бегалци, од кои 14 милиони се деца, а повеќето од нив сирачиња, во чија чест, џиновската кукла Амал активно се движи низ светот со својот патувачки театар“, вели продукцијата.

По премиерата, вечерта ќе продолжи со концерт на македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев, кој со своите виртуозни композиции инспирирани од филмот ќе ја заокружи магичната вечер. Концертот е поддржан од УНХЦР.

 

The post Со македонска премиера на документарецот на Тамара Котевска „Патување пеш“ вечерва се затвора „Македокс“ appeared first on Република.

]]>

По светската премиера на DOC NYC, документарниот филм „Патување пеш“ [The Walk], денеска ќе ја доживее својата премиера дома, пред македонската публика, на затворањето на 15-то издание на Македокс во Куршумли Ан во 21 часот. Документарниот филм на македонската режисерка Тамара Котевска, го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка што патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, во обид да си најде дом. Филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза, разоткривајќи ја одисејата на Амал, преку два континента, симболот на бегалците низ цел свет. Филмот се снимаше 2 години, на територија на повеќе од 10 земји.
Јас лично бев интимно мотивирана да го направам овој филм баш поради тоа што потекнувам од земја каде што бегалците се невидливи и тоа сите ние го знаеме и сведочиме. Тоа што го видов од овој проект е дека ние не смееме да останеме слепи на овој проблем и многу ми е мило што денеска овој филм е гласот кој се надевам дека ќе ja разбуди македонската публика да сфати дека бегалците не се невидливи и тие постојат секаде околу нас во нашава земја. Се надевам дека овој филм ќе допре до сите и дека ќе направи промена,“ вели режисерката Тамара Котевска.
Филмот имаше европска премиера во конкуренција на најголемиот фестивал за човекови права, во срцето на Женева, Швајцарија – FIFDH, каде имаше 2 проекции, светската премиера во Њујорк. Ова е втор долгометражен документарен филм на нашата млада режисерка Котевска и следи после големиот успех на „Медена земја“ за кој доби три големи награди на филмскиот фестивал Санденс во САД во 2019 год, а имаше и две номинации за Оскар следната 2020 година.
„УНХЦР е горд што соработува со режисерката на филмот Тамара Котевска и со композиторот и уметникот Дуке Бојаџиев, чија музика ја збогатува емоционалната длабочина и моќната порака на филмот. Ве поканувам сите да го погледнете филмот и да се солидаризирате со бегалците,“ истакна Габриел Гуалано де Годој, претставник на УНХЦР во Македонија.
Главен продуцент на филмот „Патување пеш“ е една од најголемите наградувани британски филмски компании со фокус кон документарните филмови, Греин Медиа (GRAIN MEDIA), македонски ко-продуцент е ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од македонската Агенција за филм. Во филмот учествуваат и актерите Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија, кои како што велат од ОХО Продукција, ја делат истата судбина како огромен број бегалци кои изгубиле сè, вклучувајќи ги своите домови и фамилии, но продолжуваат да бараат засолниште.
Во моментов во светот има над 35 милиони бегалци, од кои 14 милиони се деца, а повеќето од нив сирачиња, во чија чест, џиновската кукла Амал активно се движи низ светот со својот патувачки театар“, вели продукцијата.
По премиерата, вечерта ќе продолжи со концерт на македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев, кој со своите виртуозни композиции инспирирани од филмот ќе ја заокружи магичната вечер. Концертот е поддржан од УНХЦР.  

The post Со македонска премиера на документарецот на Тамара Котевска „Патување пеш“ вечерва се затвора „Македокс“ appeared first on Република.

]]>
The Walk (Патување пеш) на Тамара Котевска се прикажа на два европски фестивали во исто време https://republika.mk/scena/film/the-walk-patuvane-pesh-na-tamara-kotevska-se-prikazha-na-dva-evropski-festivali-vo-isto-vreme/ Wed, 20 Mar 2024 10:51:14 +0000 https://republika.mk/?p=756672

Документарниот филм The Walk (Патување пеш) на Тамара Котевска изминатава недела се прикажуваше на два европски фестивали во исто време. Најпрво, филмот имаше европска премиера во конкуренција на најголемиот фестивал за човекови права, во срцето на Женева, Швајцарија – FIFDH,  каде имаше 2 проекции. Веќе 22 години по ред, FIFDH е посветен на промоција на филмови кои се борат за човекови права. Секоја година, паралелно со главниот собир на Советот за човекови права на Обединетите Нации, фестивалот презентира филмови и одржува жестоки дебати за различни социјални борби и критикуваат насилство врз човечкиот род. На премиерата во Женева беше присутна режисерката Тамара Котевска и директорот на фотографија Жан Дакар со активно учествуво на дебатите поврзани со бегалските кризи и правата на бегалците кризните подрачја ширум светот.

Во исто време филмот имаше рекордни 5 проекции на еден од најголемите фестивали за документарен филм од А Категорија во Европа: CPH:DOX во Копенхаген, Данска, како дел од програмата Highlights. На премиерата во Копенхаген беше присутен кинематографот Самир Љума. Токму филмот „Патување пеш” на Тамара Котевска е избран за специјална проекција после која следеше отворена дебата поддржана од организацијата на Обединетите Нации, со високи претставници на повеќе организации за правата на бегалците ширум светот, меѓу кои UNHCR, Црвениот крст и Данскиот институт за човекови права.

Филмот „Патување пеш“ ја имаше својата светска премиера на најголемиот фестивал за документарни филмови во САД – DOC NYC во Њујорк во ноември минатата година. Тоа е втор долгометражен документарен филм на нашата млада режисерка Котевска и следи после големиот успех на „Медена земја“ за кој доби три големи награди на филмскиот фестивал Санденс во САД во 2019 год, а имаше и две номинации за Оскар следната 2020 год.

„Патување пеш“ го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка, која патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, обидувајќи се да си најде дом. Филмот се снимаше две години на територија на повеќе од 10 земји, помеѓу Сирија на исток и Обединетото Кралство на запад, како и на бреговите на Јужна Африка. Во креативниот тим на филмот, покрај Тамара Котевска,  се и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев. Главен продуцент на филмот е „Grain Media“, една од најголемите британски филмски компании фокусирана на документарните филмови, македонски копродуцент е „ОХО Продукција“, a филмот е поддржан и од Агенцијата за филм на РСМ.

The post The Walk (Патување пеш) на Тамара Котевска се прикажа на два европски фестивали во исто време appeared first on Република.

]]>

Документарниот филм The Walk (Патување пеш) на Тамара Котевска изминатава недела се прикажуваше на два европски фестивали во исто време. Најпрво, филмот имаше европска премиера во конкуренција на најголемиот фестивал за човекови права, во срцето на Женева, Швајцарија – FIFDH,  каде имаше 2 проекции. Веќе 22 години по ред, FIFDH е посветен на промоција на филмови кои се борат за човекови права. Секоја година, паралелно со главниот собир на Советот за човекови права на Обединетите Нации, фестивалот презентира филмови и одржува жестоки дебати за различни социјални борби и критикуваат насилство врз човечкиот род. На премиерата во Женева беше присутна режисерката Тамара Котевска и директорот на фотографија Жан Дакар со активно учествуво на дебатите поврзани со бегалските кризи и правата на бегалците кризните подрачја ширум светот. Во исто време филмот имаше рекордни 5 проекции на еден од најголемите фестивали за документарен филм од А Категорија во Европа: CPH:DOX во Копенхаген, Данска, како дел од програмата Highlights. На премиерата во Копенхаген беше присутен кинематографот Самир Љума. Токму филмот „Патување пеш” на Тамара Котевска е избран за специјална проекција после која следеше отворена дебата поддржана од организацијата на Обединетите Нации, со високи претставници на повеќе организации за правата на бегалците ширум светот, меѓу кои UNHCR, Црвениот крст и Данскиот институт за човекови права. Филмот „Патување пеш“ ја имаше својата светска премиера на најголемиот фестивал за документарни филмови во САД – DOC NYC во Њујорк во ноември минатата година. Тоа е втор долгометражен документарен филм на нашата млада режисерка Котевска и следи после големиот успех на „Медена земја“ за кој доби три големи награди на филмскиот фестивал Санденс во САД во 2019 год, а имаше и две номинации за Оскар следната 2020 год. „Патување пеш“ го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка, која патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, обидувајќи се да си најде дом. Филмот се снимаше две години на територија на повеќе од 10 земји, помеѓу Сирија на исток и Обединетото Кралство на запад, како и на бреговите на Јужна Африка. Во креативниот тим на филмот, покрај Тамара Котевска,  се и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев. Главен продуцент на филмот е „Grain Media“, една од најголемите британски филмски компании фокусирана на документарните филмови, македонски копродуцент е „ОХО Продукција“, a филмот е поддржан и од Агенцијата за филм на РСМ.

The post The Walk (Патување пеш) на Тамара Котевска се прикажа на два европски фестивали во исто време appeared first on Република.

]]>
„Патување пеш“ на Котевска е приказна раскажана преку силата на светските симболи за моќ, но директно укажува на нивните ограничувања, пишува во рецензијата „Холивуд Репортер“ https://republika.mk/scena/film/patuvane-pesh-na-kotevska-e-prikazna-raskazhana-preku-silata-na-svetskite-simboli-za-mok-no-direktno-ukazhuva-na-nivnite-ogranichuvana-pishuva-vo-retsenzijata-holivud-reporter/ Wed, 29 Nov 2023 10:22:36 +0000 https://republika.mk/?p=717475

Вториот долгометражен документарен филм на Тамара Котевска ги преплетува приказните на децата бегалци со слики од проект што ја користи уметноста на кукларството за да ја подигне свеста за младите животи нарушени од војна и прогон, пишува филмската критичарка Шери Линден во „Холивуд Репортер“ за новиот филм на Котевска „Патување пеш“.

Со нејзиниот прв долгометражен документарен филм номиниран за Оскар, чудото „Медена земја“, Тамара Котевска ja делеше режијата заедно со Љубомир Стефанов за да осветлат еден далечен дел од светот. Со вториот филм, таа го врти вниманието кон приказна од насловните страници што се одвива пред нашите очи, глобалната бегалска криза. Иако овој пат темата е малку подиректно политичка, режисерката ја филтрирала низ креативни леќи, прикажувајќи една поинаква бајка. Како и со сите добри бајки, и оваа нуди повисока верзија на реалноста, спојувајќи го фантастичното со секојдневието. Во центарот на приказната е Малата Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри сопственост на десетгодишно девојче-бегалец од Сирија.

„Патување пеш“ го добил своето име од меѓународен проект креиран да ја крене свеста и да собере средства за помош на раселени деца. Амал и нејзините куклари, предводени од уметничкиот директор, Амир Низар Зуаби, пропатувале илјадници километри во повеќе од десетина земји од јули 2021 година и сега се во Мексико, по нивното пропатување пеш низ САД. Но документарецот на Котевска не е толку многу за тој проект, колку што е негова дестилација, затоа што го испреплетува патувањето на Амал ширум Европа со една симболична приказна за реално девојче што останало сираче во војната.

Движејќи се низ градските улици и селските плоштади и низ ненаселени пејзажи, Малата Амал е механички и уметнички подвиг кој не може да се игнорира. Котевска и монтажерот Мартин Иванов умешно ја склопуваат сцената на градењето на куклата Амал во три минути. Сцените на дизајнирање, сликање, работата со алатки и тестовите на кукларите во компанијата „Хендспринг Папет Компани“ , јужноафриканска компанија што е одговорна за изработката на Амал се испресечени со погледите на младата девојка која ја црта малата Амал, како некој вид на автопортрет.

Откако ги изгубила домот и семејството во Алепо, тоа девојче сега се наоѓа на спротивната страна од границата, под закрила на Фондацијата „Карам“ во Турција, со надеж дека можеби ќе ја поврзат со некој преостанат жив роднина. Сличните кадри меѓу куклата и вистинската девојка ја нагласуваат нивната симболична врска. Работејќи на разговорите со Асил и другите деца бегалци, режисерката креирала нарација која е слободна, поетска и остра. „Морам да најдам место каде што ќе ги оставам кошмарите зад себе“, вели Амал.

Тие лоши сништа продираат во будните часови низ звук и визуелни слики, со неколку кратки рафални снимки што покажуваат бомби што експлодираат и луѓе кои се бегаат од воените подрачја во Алепо. Додека прошетката на Амал напредува, од Турција преку Грција, Италија, Франција и Британија, каде завршува со трогателна оперска кулминација на Англискиот Канал, Котевска вметнува сцени од училница: Асил и другите деца бегалци учат за европската култура. Нивните очајни претпоставки за доминантната религија во Италија се бесценет потсетник на извештаченоста на многуте општествени поделби до кои се држиме.

Самата Амал има контакт со природата, како и со луѓето. Камерата предводена од Жан Дакар и Самир Љума ни ја презентира убавината на се’ околу нас, од трепетот на гулабите на минарињата до струењето на ветерот по пустинските дини, но и шаторите со раселени луѓе по градските улици, болната надеж во погледот на Амал и психичките рани што ги носат сите бегалци кои ги среќава по пат. Огромното девојче, толку очигледно нечовечко, а сепак, толку симпатично, е многу постара од она што навистина е, таа е олицетворение на сочувство, исповедник на децата и возрасните во бегалскиот камп, а како ед од најмачните исповеди е на бегалецот од Гамбија кој го опишува своето речиси смртоноснпатување до Европскиот континент.

Трите главни куклари ја контролираат Амал и ги насочуваат нејзините движења. Оној во отворениот кафез на нејзиниот корсет над здолништето со бранови управува со неа обично со сигурен, а некогаш неодлучен чекор. За нејзините раце се потребни двајца куклари за кои, што е најважно, патувањето на Амал низ Европа, има длабоко лично значење: Фида Зидан од Палестина и Муад Румие, од Сирија. Котевска посветува време на секој од нив и интимно навлегува во нивните приказни, оставајќи трогателен впечаток.

Како што патешествието на Амал доаѓа до момент на очај (откако наидува на анти-имиграциски протести во Грција, на пример), лицата на кукларите откриваат колку силно тие ја чувствуваат својата борба – Фида во однос на загубата на земјата и слободата на Палестина и нејзините луѓе, а Муад за тоа дека е откинат од својот дом во Сирија и како неговите спомени од таму му исчезнуваат пред очи. Во гласната нарација што не може, а да не потсети на тековното уништување во Газа, Амал се прашува: „Кога се што ќе остане од нашите животи е пустош, прав и рушевини, дали некој ќе знае дека некогаш постоевме?“

Свесен за размерот и театралноста на патувањето на Амал и нејзината улога како замена за милиони (речиси половина од светските бегалци се помлади од 18 години), „Патување пеш“ е приказна раскажана преку силата на светските симболи за моќ, но директно укажува на нивните ограничувања. Посетата на Амал на Папата во Ватикан во текот на церемонијата со која се слават децата, ги зафаќа двата краеви на тој спектар, а пак посетата на организацијата за човекови права на Советот на Европа во Стразбург болно ги покажува ограничувањата на Европа: се што можат претставниците на групата да и дадат на Амал е знамето на Европа и лажен пасош, поттикнувајќи ја да го сподели со останатите деца кои ги среќава по пат.

Настрана од ваквите празни гестови, децата пак со кои се сретнува Амал обично ја пречекуваат со чудење и одушевување. Некои возрасни ја гледаат како Тројански коњ, некои искажуваат лутина, а други копнежливо се придружуваат на нејзината цел да ја прошират веста. Осветлувајќи ја приказната која го добива вниманието на медиумите, „Патување пеш“ не се одлучува за завземање политичка страна или предизвикување конфликт. Овој филм ја содржи сржта на животот отелотворен во дрвена кукла - бегалец и е приказна излезена директно од срцето.

The post „Патување пеш“ на Котевска е приказна раскажана преку силата на светските симболи за моќ, но директно укажува на нивните ограничувања, пишува во рецензијата „Холивуд Репортер“ appeared first on Република.

]]>

Вториот долгометражен документарен филм на Тамара Котевска ги преплетува приказните на децата бегалци со слики од проект што ја користи уметноста на кукларството за да ја подигне свеста за младите животи нарушени од војна и прогон, пишува филмската критичарка Шери Линден во „Холивуд Репортер“ за новиот филм на Котевска „Патување пеш“. Со нејзиниот прв долгометражен документарен филм номиниран за Оскар, чудото „Медена земја“, Тамара Котевска ja делеше режијата заедно со Љубомир Стефанов за да осветлат еден далечен дел од светот. Со вториот филм, таа го врти вниманието кон приказна од насловните страници што се одвива пред нашите очи, глобалната бегалска криза. Иако овој пат темата е малку подиректно политичка, режисерката ја филтрирала низ креативни леќи, прикажувајќи една поинаква бајка. Како и со сите добри бајки, и оваа нуди повисока верзија на реалноста, спојувајќи го фантастичното со секојдневието. Во центарот на приказната е Малата Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри сопственост на десетгодишно девојче-бегалец од Сирија. „Патување пеш“ го добил своето име од меѓународен проект креиран да ја крене свеста и да собере средства за помош на раселени деца. Амал и нејзините куклари, предводени од уметничкиот директор, Амир Низар Зуаби, пропатувале илјадници километри во повеќе од десетина земји од јули 2021 година и сега се во Мексико, по нивното пропатување пеш низ САД. Но документарецот на Котевска не е толку многу за тој проект, колку што е негова дестилација, затоа што го испреплетува патувањето на Амал ширум Европа со една симболична приказна за реално девојче што останало сираче во војната. Движејќи се низ градските улици и селските плоштади и низ ненаселени пејзажи, Малата Амал е механички и уметнички подвиг кој не може да се игнорира. Котевска и монтажерот Мартин Иванов умешно ја склопуваат сцената на градењето на куклата Амал во три минути. Сцените на дизајнирање, сликање, работата со алатки и тестовите на кукларите во компанијата „Хендспринг Папет Компани“ , јужноафриканска компанија што е одговорна за изработката на Амал се испресечени со погледите на младата девојка која ја црта малата Амал, како некој вид на автопортрет. Откако ги изгубила домот и семејството во Алепо, тоа девојче сега се наоѓа на спротивната страна од границата, под закрила на Фондацијата „Карам“ во Турција, со надеж дека можеби ќе ја поврзат со некој преостанат жив роднина. Сличните кадри меѓу куклата и вистинската девојка ја нагласуваат нивната симболична врска. Работејќи на разговорите со Асил и другите деца бегалци, режисерката креирала нарација која е слободна, поетска и остра. „Морам да најдам место каде што ќе ги оставам кошмарите зад себе“, вели Амал. Тие лоши сништа продираат во будните часови низ звук и визуелни слики, со неколку кратки рафални снимки што покажуваат бомби што експлодираат и луѓе кои се бегаат од воените подрачја во Алепо. Додека прошетката на Амал напредува, од Турција преку Грција, Италија, Франција и Британија, каде завршува со трогателна оперска кулминација на Англискиот Канал, Котевска вметнува сцени од училница: Асил и другите деца бегалци учат за европската култура. Нивните очајни претпоставки за доминантната религија во Италија се бесценет потсетник на извештаченоста на многуте општествени поделби до кои се држиме. Самата Амал има контакт со природата, како и со луѓето. Камерата предводена од Жан Дакар и Самир Љума ни ја презентира убавината на се’ околу нас, од трепетот на гулабите на минарињата до струењето на ветерот по пустинските дини, но и шаторите со раселени луѓе по градските улици, болната надеж во погледот на Амал и психичките рани што ги носат сите бегалци кои ги среќава по пат. Огромното девојче, толку очигледно нечовечко, а сепак, толку симпатично, е многу постара од она што навистина е, таа е олицетворение на сочувство, исповедник на децата и возрасните во бегалскиот камп, а како ед од најмачните исповеди е на бегалецот од Гамбија кој го опишува своето речиси смртоноснпатување до Европскиот континент. Трите главни куклари ја контролираат Амал и ги насочуваат нејзините движења. Оној во отворениот кафез на нејзиниот корсет над здолништето со бранови управува со неа обично со сигурен, а некогаш неодлучен чекор. За нејзините раце се потребни двајца куклари за кои, што е најважно, патувањето на Амал низ Европа, има длабоко лично значење: Фида Зидан од Палестина и Муад Румие, од Сирија. Котевска посветува време на секој од нив и интимно навлегува во нивните приказни, оставајќи трогателен впечаток. Како што патешествието на Амал доаѓа до момент на очај (откако наидува на анти-имиграциски протести во Грција, на пример), лицата на кукларите откриваат колку силно тие ја чувствуваат својата борба – Фида во однос на загубата на земјата и слободата на Палестина и нејзините луѓе, а Муад за тоа дека е откинат од својот дом во Сирија и како неговите спомени од таму му исчезнуваат пред очи. Во гласната нарација што не може, а да не потсети на тековното уништување во Газа, Амал се прашува: „Кога се што ќе остане од нашите животи е пустош, прав и рушевини, дали некој ќе знае дека некогаш постоевме?“ Свесен за размерот и театралноста на патувањето на Амал и нејзината улога како замена за милиони (речиси половина од светските бегалци се помлади од 18 години), „Патување пеш“ е приказна раскажана преку силата на светските симболи за моќ, но директно укажува на нивните ограничувања. Посетата на Амал на Папата во Ватикан во текот на церемонијата со која се слават децата, ги зафаќа двата краеви на тој спектар, а пак посетата на организацијата за човекови права на Советот на Европа во Стразбург болно ги покажува ограничувањата на Европа: се што можат претставниците на групата да и дадат на Амал е знамето на Европа и лажен пасош, поттикнувајќи ја да го сподели со останатите деца кои ги среќава по пат. Настрана од ваквите празни гестови, децата пак со кои се сретнува Амал обично ја пречекуваат со чудење и одушевување. Некои возрасни ја гледаат како Тројански коњ, некои искажуваат лутина, а други копнежливо се придружуваат на нејзината цел да ја прошират веста. Осветлувајќи ја приказната која го добива вниманието на медиумите, „Патување пеш“ не се одлучува за завземање политичка страна или предизвикување конфликт. Овој филм ја содржи сржта на животот отелотворен во дрвена кукла - бегалец и е приказна излезена директно од срцето.

The post „Патување пеш“ на Котевска е приказна раскажана преку силата на светските симболи за моќ, но директно укажува на нивните ограничувања, пишува во рецензијата „Холивуд Репортер“ appeared first on Република.

]]>
Светска премиера на документарецот на Тамара Котевска „Патување пеш“ на фестивал во Њујорк https://republika.mk/scena/film/svetska-premiera-na-dokumentaretsot-na-tamara-kotevska-patuvane-pesh-na-festival-vo-nujork/ Thu, 09 Nov 2023 07:50:16 +0000 https://republika.mk/?p=699712

Новиот документарен филм на режисерката Тамара Котевска, насловен „Патување пеш“ (The Walk), денеска ќе има светска премиера во Њујорк, на DOC NYC - најголем американски фестивал за документарни филмови.

Филмот е посветен на бегалците од Сирија и Палестина, сниман е две години на територија од повеќе од 10 земји, помеѓу Сирија на исток и Обединетото Кралство на запад, како и на бреговите на Јужна Африка. Во реализацијата на филмот учествуваа и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев.

Главен продуцент на филмот е Grain Media - една од најголемите наградувани британски филмски компании фокусирана на документарните филмови. Македонски копродуцент е ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од Агенцијата за филм на Македонија.

Филмот го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка, која патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, обидувајќи се да си најде дом.

Тоа е филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза, која ја следи одисејата на Амал преку два континента. Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија се двајцата исклучително талентирани актери кои се дел овој проект, а ја делат истата судбина како огромен број бегалци кои изгубиле се, вклучувајќи ги своите домови и фамилии, но продолжуваат да бараат засолниште. Во моментов во светот има над 35 милиони бегалци, од кои 14 милиони се деца, а повеќето од нив сирачиња, во чија чест, џиновската кукла Амал активно се движи низ светот со својот патувачки театар, информира продукцијата.

Режисерката Тамара Котевска постигна огромен успех како ко-режисер на документарниот филм „Медена земја“ во 2019 година, кога филмот доби три награди на култниот американски филмски фестивал „Санденс“, а следната година имаше номинации за Оскар во две категории.

 

The post Светска премиера на документарецот на Тамара Котевска „Патување пеш“ на фестивал во Њујорк appeared first on Република.

]]>

Новиот документарен филм на режисерката Тамара Котевска, насловен „Патување пеш“ (The Walk), денеска ќе има светска премиера во Њујорк, на DOC NYC - најголем американски фестивал за документарни филмови. Филмот е посветен на бегалците од Сирија и Палестина, сниман е две години на територија од повеќе од 10 земји, помеѓу Сирија на исток и Обединетото Кралство на запад, како и на бреговите на Јужна Африка. Во реализацијата на филмот учествуваа и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев. Главен продуцент на филмот е Grain Media - една од најголемите наградувани британски филмски компании фокусирана на документарните филмови. Македонски копродуцент е ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од Агенцијата за филм на Македонија. Филмот го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка, која патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, обидувајќи се да си најде дом.
Тоа е филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза, која ја следи одисејата на Амал преку два континента. Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија се двајцата исклучително талентирани актери кои се дел овој проект, а ја делат истата судбина како огромен број бегалци кои изгубиле се, вклучувајќи ги своите домови и фамилии, но продолжуваат да бараат засолниште. Во моментов во светот има над 35 милиони бегалци, од кои 14 милиони се деца, а повеќето од нив сирачиња, во чија чест, џиновската кукла Амал активно се движи низ светот со својот патувачки театар, информира продукцијата.
Режисерката Тамара Котевска постигна огромен успех како ко-режисер на документарниот филм „Медена земја“ во 2019 година, кога филмот доби три награди на култниот американски филмски фестивал „Санденс“, а следната година имаше номинации за Оскар во две категории.  

The post Светска премиера на документарецот на Тамара Котевска „Патување пеш“ на фестивал во Њујорк appeared first on Република.

]]>