патувачки фестивал Archives - Република https://republika.mk/tema/patuvachki-festival/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jul 2024 12:10:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png патувачки фестивал Archives - Република https://republika.mk/tema/patuvachki-festival/ 32 32 Патувачки фестивал „Културен амалгам“ во КИЦ https://republika.mk/vesti/kultura/patuvachki-festival-kulturen-amalgam-vo-kits/ Tue, 23 Jul 2024 12:10:33 +0000 https://republika.mk/?p=799552

Културниот информативен центар (КИЦ) во Скопје во соработка со сродните културни центри од Скопје, Кратово, Крушево и Битола организира интердисциплинарен и мултимедијален патувачки фестивал „Културен амалгам“ кој ќе започне денеска, на 23 јули (вторник) со почеток во 20 часот во просториите „Империјал 2“ и „Салон 19:19“.

Во својата основа овој фестивал има за задача да отвори врати кон вистинска и коренита децентрализација на културата во Македонија преку поставување темели на соработка и градење на културна свест во различни средини низ различни градови, истакнуваат од КИЦ.

Фестивалот ќе започне со изложба на фотографии од Никола Јовановиќ насловена како „24“, а составена од 20 црно-бели фотографии на кои се прикажани портрети и сцени од музичкиот свет кои досега не биле објавени. Фотографиите се снимени во периодот од 2023 до 2024 година на различни локации и, како што велат организаторите, секоја од нив раскажува некоја своја приказна.

Јовановиќ е млад фотограф роден во Скопје, кој активно се бави со фотографија веќе неколку години. Кон крајот на 2020 година почнува активно да се бави со портретна и музичка фотографија. Црно-белата фотографија е негов заштитен знак, негува ретро стил налик на оној од крајот на 20 век“, додаваат од КИЦ.

Исто така, на фестивалот ќе бидат прикажани и филмовите „Митот за Сара“, „Мангава диско панк“ и „Долу од рајот“ од Саша Станишиќ во „Салон 19:19“ со почеток од 21 часот.

„Станишиќ е независсен продуцент, режисер и писател од Скопје. Тој е претставник на новата генерација на режисери од Македонија чиј фокус на интерес е сместен на локалните реалистични дискурси кои можат да се протегнат или аплицираат по својата универзалност и на други делови од планетата, неговите партикуларни теми често во себе кријат општа човечка детерминанта“, информираат организаторите.

Филмот „Митот за Сара“ е за познатата француска актерка Сара Бернард, која во 1917 година ги посетува француските војници на Македонскиот фронт во близија на градот Битола. Пред нив изведува делови на Хамлет, лик кој таа, за првпат во историјата како жена го игра 20 години порано во Париз.

Додека пак, „Манга диско панк“ (од ромски превод, „Го сакам диско-панкот“) зборува за единствениот панк-рок бенд во Шутка.

А, приказната во „Долу од рајот“ се врти околу Ана, 15 годинишна девојка која ја заменува Сим-картичката од нејзиниот телефон со Сим-картичката на нејзиниот покоен дедо.

Следните настани на „Културен амалгам“ ќе се случат на 27 јули во Дом на култура „Лазар Софијанов“ во Кратово, потоа на 6 август во „Спомен куќа Тодор Проески“ во Крушево, а на 22 август во Културниот информативен центар во Битола.

The post Патувачки фестивал „Културен амалгам“ во КИЦ appeared first on Република.

]]>

Културниот информативен центар (КИЦ) во Скопје во соработка со сродните културни центри од Скопје, Кратово, Крушево и Битола организира интердисциплинарен и мултимедијален патувачки фестивал „Културен амалгам“ кој ќе започне денеска, на 23 јули (вторник) со почеток во 20 часот во просториите „Империјал 2“ и „Салон 19:19“.
Во својата основа овој фестивал има за задача да отвори врати кон вистинска и коренита децентрализација на културата во Македонија преку поставување темели на соработка и градење на културна свест во различни средини низ различни градови, истакнуваат од КИЦ.
Фестивалот ќе започне со изложба на фотографии од Никола Јовановиќ насловена како „24“, а составена од 20 црно-бели фотографии на кои се прикажани портрети и сцени од музичкиот свет кои досега не биле објавени. Фотографиите се снимени во периодот од 2023 до 2024 година на различни локации и, како што велат организаторите, секоја од нив раскажува некоја своја приказна.
Јовановиќ е млад фотограф роден во Скопје, кој активно се бави со фотографија веќе неколку години. Кон крајот на 2020 година почнува активно да се бави со портретна и музичка фотографија. Црно-белата фотографија е негов заштитен знак, негува ретро стил налик на оној од крајот на 20 век“, додаваат од КИЦ.
Исто така, на фестивалот ќе бидат прикажани и филмовите „Митот за Сара“, „Мангава диско панк“ и „Долу од рајот“ од Саша Станишиќ во „Салон 19:19“ со почеток од 21 часот.
„Станишиќ е независсен продуцент, режисер и писател од Скопје. Тој е претставник на новата генерација на режисери од Македонија чиј фокус на интерес е сместен на локалните реалистични дискурси кои можат да се протегнат или аплицираат по својата универзалност и на други делови од планетата, неговите партикуларни теми често во себе кријат општа човечка детерминанта“, информираат организаторите.
Филмот „Митот за Сара“ е за познатата француска актерка Сара Бернард, која во 1917 година ги посетува француските војници на Македонскиот фронт во близија на градот Битола. Пред нив изведува делови на Хамлет, лик кој таа, за првпат во историјата како жена го игра 20 години порано во Париз. Додека пак, „Манга диско панк“ (од ромски превод, „Го сакам диско-панкот“) зборува за единствениот панк-рок бенд во Шутка. А, приказната во „Долу од рајот“ се врти околу Ана, 15 годинишна девојка која ја заменува Сим-картичката од нејзиниот телефон со Сим-картичката на нејзиниот покоен дедо. Следните настани на „Културен амалгам“ ќе се случат на 27 јули во Дом на култура „Лазар Софијанов“ во Кратово, потоа на 6 август во „Спомен куќа Тодор Проески“ во Крушево, а на 22 август во Културниот информативен центар во Битола.