Патуанели Archives - Република https://republika.mk/tema/patuaneli/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Apr 2022 13:32:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Патуанели Archives - Република https://republika.mk/tema/patuaneli/ 32 32 Николовски – Патуанели: Преку потпишаниот меморандум за соработка отвараме нови можности за соработка во земјоделството меѓу Македонија и Италија https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-patuaneli-preku-potpishaniot-memorandum-za-sorabotka-otvarame-novi-moznosti-za-sorabotka-vo-zemjodelstvoto-megju-severna-makedonija-i-italija/ Thu, 28 Apr 2022 13:32:41 +0000 https://republika.mk/?p=494839

Како дел од работната посета на Република Италија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, оствари работна средба со министерот за политики во земјоделството, прехрана и шумарство на Италијанската Република, Стефано Патуанели.

Загриженост, изразија двајцата министри, за светската кризата и растот на трошоците за производство, која доаѓа како последица на војната во Украина. Изнаоѓањето на алтернативни пазари, како и помошта на домашното земјоделство е клучна во овие моменти. Во таа насока министерот Николовски информираше за активностите кои министерството ги презема во насока за заштита и одржување на домашното производство.

На средбата двајцата министри разговараа околу новите можности за развој на соработката меѓу нашите две пријателски земји, оценувајќи ја како добра досегашната трговската соработка.

Двајцата министри потпишаа и Меморандум за соработка помеѓу двете држави во областа на руралниот развој, органското земјоделство, лозарство и производство на вино, фитосанитарна соработка, осигурувањето и финансиска поддршка во земјоделството, во делот за управување со ресурсите за наводнување, како и заштитените ознаки на потекло и географски ознаки.

По потпишувањето на Меморандумот, двете министерства ќе формираат заеднички работни групи, каде ќе ги дефинираат акциските планови за имплементација и развој на полињата на соработка наведени во Меморандумот. Со овој Меморандум се продолжува соработка од јули 2021 година помеѓу италијанските карабинери и шумската полиција на Република Македонија.

Министерот Николовски го потенцираше своето очекување дека во иднина трговската размена со земјоделски производи ќе се зголеми, а тоа ќе им користи на земјоделските производители во двете земји.

The post Николовски – Патуанели: Преку потпишаниот меморандум за соработка отвараме нови можности за соработка во земјоделството меѓу Македонија и Италија appeared first on Република.

]]>