Пацио Archives - Република https://republika.mk/tema/patsio/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Oct 2023 20:13:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пацио Archives - Република https://republika.mk/tema/patsio/ 32 32 Пуштено во употреба пациото во НУ Завод и Музеј-Битола https://republika.mk/vesti/kultura/pushteno-vo-upotreba-patsioto-vo-nu-zavod-i-muzej-bitola/ Thu, 19 Oct 2023 20:32:15 +0000 https://republika.mk/?p=693019

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, евроамбасадорот Дејвид Гир и градоначалникот Тони Коњановски, вечерва во Битола присуствуваа на свечено отворање на реконструираниот простор – пацио, кое е во состав на НУ Завод и Музеј-Битола.

Во изминатиот период институцијата изврши инфраструктурни зафати во овој дел од објектот каде што се поставени нова инсталација, одвод, гранитни плочи и коцки, но и пристапни рампи за лица со попреченост, истакна министерката Костадиновска Стојчевска и додаде дека просторот сега е претворен во лапидариум каде што се поставени 15 мермерни скулптури со соодветно осветлување кои досега не биле презентирани пред јавноста, како и споменици од различни временски периоди откриени на Хераклеја и на други наоѓалишта.

-Морам да истакнам дека станува збор за уште еден успешен проект што Заводот и музеј Битола го реализира со грант од ИПА-програмата во рамките на проектот „Смарт фор ју ту“ (SMART4YOU2), кофинансиран од страна на ЕУ и Министерството за локална самоуправа.

Целта на проектот е афирмација на културните вредности што ги поседува регионот со прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Албанија, а тоа ќе придонесе за зацврстување на културната соработка, како и за развој на туристичките потенцијали меѓу општините Битола, Корча и Пустец.

The post Пуштено во употреба пациото во НУ Завод и Музеј-Битола appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, евроамбасадорот Дејвид Гир и градоначалникот Тони Коњановски, вечерва во Битола присуствуваа на свечено отворање на реконструираниот простор – пацио, кое е во состав на НУ Завод и Музеј-Битола. Во изминатиот период институцијата изврши инфраструктурни зафати во овој дел од објектот каде што се поставени нова инсталација, одвод, гранитни плочи и коцки, но и пристапни рампи за лица со попреченост, истакна министерката Костадиновска Стојчевска и додаде дека просторот сега е претворен во лапидариум каде што се поставени 15 мермерни скулптури со соодветно осветлување кои досега не биле презентирани пред јавноста, како и споменици од различни временски периоди откриени на Хераклеја и на други наоѓалишта. -Морам да истакнам дека станува збор за уште еден успешен проект што Заводот и музеј Битола го реализира со грант од ИПА-програмата во рамките на проектот „Смарт фор ју ту“ (SMART4YOU2), кофинансиран од страна на ЕУ и Министерството за локална самоуправа. Целта на проектот е афирмација на културните вредности што ги поседува регионот со прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Албанија, а тоа ќе придонесе за зацврстување на културната соработка, како и за развој на туристичките потенцијали меѓу општините Битола, Корча и Пустец.

The post Пуштено во употреба пациото во НУ Завод и Музеј-Битола appeared first on Република.

]]>