патриот Archives - Република https://republika.mk/tema/patriot/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Sep 2024 17:03:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png патриот Archives - Република https://republika.mk/tema/patriot/ 32 32 Романија ќе донира два ракетни система „Патриот“ за Украина https://republika.mk/vesti/svet/romanija-ke-donira-dva-raketni-sistema-patriot-za-ukraina/ Tue, 03 Sep 2024 17:02:05 +0000 https://republika.mk/?p=812781

Долниот дом на романскиот Парламент усвои закон со кој се одобрува донацијата на еден одбранбен ракетен систем Патриот на Украина.

Романија, членка на НАТО од 2004 година, дели 650 километри долга граница со Украина. За време на руските напади врз украинските пристаништа од другата страна на Дунав, остатоци од беспилотни летала често паѓаат на романска територија.

Откако претседателот Клаус Јоханис ќе го потпише споменатиот документ и тој ќе стане правен акт, владата ќе издаде наредба за спроведување на донацијата.

Романија одлучи да донира два оперативни система „Патриот“ под услов Алијансата подоцна да ги замени со друг систем „Патриот“.

Во законот усвоен од парламентот се наведува и дека американските заменски системи „Патриот“ не смеат да чинат повеќе од тоа што Романија го платила за двата и дека трошоците ќе бидат платени од „неповратни странски извори“.

Во 2017 година, Романија потпиша договор од четири милијарди долари за купување на системите „Патриот“. Досега на земјата и се испорачани четири системи, од кои два се веќе оперативни.

The post Романија ќе донира два ракетни система „Патриот“ за Украина appeared first on Република.

]]>

Долниот дом на романскиот Парламент усвои закон со кој се одобрува донацијата на еден одбранбен ракетен систем Патриот на Украина. Романија, членка на НАТО од 2004 година, дели 650 километри долга граница со Украина. За време на руските напади врз украинските пристаништа од другата страна на Дунав, остатоци од беспилотни летала често паѓаат на романска територија. Откако претседателот Клаус Јоханис ќе го потпише споменатиот документ и тој ќе стане правен акт, владата ќе издаде наредба за спроведување на донацијата. Романија одлучи да донира два оперативни система „Патриот“ под услов Алијансата подоцна да ги замени со друг систем „Патриот“. Во законот усвоен од парламентот се наведува и дека американските заменски системи „Патриот“ не смеат да чинат повеќе од тоа што Романија го платила за двата и дека трошоците ќе бидат платени од „неповратни странски извори“. Во 2017 година, Романија потпиша договор од четири милијарди долари за купување на системите „Патриот“. Досега на земјата и се испорачани четири системи, од кои два се веќе оперативни.

The post Романија ќе донира два ракетни система „Патриот“ за Украина appeared first on Република.

]]>
САД ќе и обезбедат на Украина уште еден систем „Патриот“ https://republika.mk/vesti/svet/sad-ke-i-obezbedat-na-ukraina-ushte-eden-sistem-patriot/ Wed, 12 Jun 2024 07:59:12 +0000 https://republika.mk/?p=786816

Американскиот претседател Џо Бајден планира да и обезбеди на Украина уште еден систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ за одбрана од руски воздушни напади, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори во американската влада.

Бајден ја донел одлуката по серијата состаноци на високо ниво минатата недела, објави весникот.

Според „Њујорк Тајмс“, системот за кој станува збор се наоѓа во Полска и би можел да биде распореден на линијата на фронтот во Украина за неколку дена. Доколку биде потврдено, тоа ќе биде вториот систем „Патриот“ од американско производство што Вашингтон ќе му го достави на Киев.

Бајден даде зелено светло за првиот систем пред 18 месеци кога украинскиот претседател Володимир Зеленски отпатува во САД првпат по руската инвазија на Украина за да се обрати пред американскиот Конгрес.

The post САД ќе и обезбедат на Украина уште еден систем „Патриот“ appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден планира да и обезбеди на Украина уште еден систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ за одбрана од руски воздушни напади, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори во американската влада. Бајден ја донел одлуката по серијата состаноци на високо ниво минатата недела, објави весникот. Според „Њујорк Тајмс“, системот за кој станува збор се наоѓа во Полска и би можел да биде распореден на линијата на фронтот во Украина за неколку дена. Доколку биде потврдено, тоа ќе биде вториот систем „Патриот“ од американско производство што Вашингтон ќе му го достави на Киев. Бајден даде зелено светло за првиот систем пред 18 месеци кога украинскиот претседател Володимир Зеленски отпатува во САД првпат по руската инвазија на Украина за да се обрати пред американскиот Конгрес.

The post САД ќе и обезбедат на Украина уште еден систем „Патриот“ appeared first on Република.

]]>
Зеленски со порака до Путин: Сите системи „Патриот“ работат и соборуваат руски ракети https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-so-poraka-do-putin-site-sistemi-patriot-rabotat-i-soboruvaat-ruski-raketi/ Mon, 19 Jun 2023 10:25:44 +0000 https://republika.mk/?p=653050

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во своето редовно обраќање до граѓаните, му одговори на рускиот претседател Владимир Путин за неговите минатонеделни тврдења дека се уништени американски противвоздушни системи „Патриот“, што Украина ги доби од Западот.

Зеленски беше дециден дека сите системи за воздушна и ракетна одбрана „Патриот“, што САД и ги доставиле на Украина, сè уште работат.

Тие се уште се на бојното поле, оперативни се и соборуваат руски ракети, што е можно поефикасно. Ниту еден систем за воздушна одбрана „Патриот“ не е уништен, изјави Зеленски.

Како што пишува лондонски „Гардијан“, се чини дека коментарите на украинскиот претседател се одговор на тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин, искажани на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, во кои тој сугерираше дека Москва уништила пет системи Патриот во близина на Киев.

Зеленски им се заблагодари на „бранителите на украинското небо“, вклучително и украинските пилоти, велејќи дека во текот на изминатата недела извршиле повеќе од 100 координирани напади со батерии врз непријателските позиции и заднинскиот дел и дека уништиле речиси триесет проектили и педесет беспилотни летала.

The post Зеленски со порака до Путин: Сите системи „Патриот“ работат и соборуваат руски ракети appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во своето редовно обраќање до граѓаните, му одговори на рускиот претседател Владимир Путин за неговите минатонеделни тврдења дека се уништени американски противвоздушни системи „Патриот“, што Украина ги доби од Западот. Зеленски беше дециден дека сите системи за воздушна и ракетна одбрана „Патриот“, што САД и ги доставиле на Украина, сè уште работат.
Тие се уште се на бојното поле, оперативни се и соборуваат руски ракети, што е можно поефикасно. Ниту еден систем за воздушна одбрана „Патриот“ не е уништен, изјави Зеленски.
Како што пишува лондонски „Гардијан“, се чини дека коментарите на украинскиот претседател се одговор на тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин, искажани на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, во кои тој сугерираше дека Москва уништила пет системи Патриот во близина на Киев. Зеленски им се заблагодари на „бранителите на украинското небо“, вклучително и украинските пилоти, велејќи дека во текот на изминатата недела извршиле повеќе од 100 координирани напади со батерии врз непријателските позиции и заднинскиот дел и дека уништиле речиси триесет проектили и педесет беспилотни летала.

The post Зеленски со порака до Путин: Сите системи „Патриот“ работат и соборуваат руски ракети appeared first on Република.

]]>
Кој е посилен „Патриот“ или „Миг 31“? https://republika.mk/vesti/svet/koj-e-posilen-patriot-ili-mig-31/ Sat, 27 May 2023 18:28:29 +0000 https://republika.mk/?p=645302

Ударните ловци на руските воздухопловни сили МиГ-31К на 16 мај лансираа балистички ракети Кх-47М2 Кинжал врз системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ во украинскиот главен град Киев и наводно успешно уништиле командно/радарско возило и пет батерии за лансирање.

Влегувајќи во употреба од крајот на 2017 година, МиГ-31К брзо забележа зголемување на бројот во служба од над 30 за кои се верува дека моментално се во употреба - иако некои проценки велат дека е над 40. Авионот не е новоизграден, но користи многу голем руски залихи од стотици советски авиони МиГ-31 кои брзо беа ставени во резерва по крајот на Студената војна.

МиГ-31К се приклучија на флота од над 100 пресретнувачи МиГ-31БМ/БСМ во служба, со овие варијанти дизајнирани за борба воздух-воздух со многу долг дострел и соодветно на тоа да носат преголеми проектили воздух-воздух како што е Р-37М .

МиГ-31 е дизајниран со голем дострел и огромен ракетен капацитет за сместување на најголемите ракети воздух-воздух во светот и моментално е најтешкиот авион во светот во борбена улога воздух-воздух.

The post Кој е посилен „Патриот“ или „Миг 31“? appeared first on Република.

]]>

Ударните ловци на руските воздухопловни сили МиГ-31К на 16 мај лансираа балистички ракети Кх-47М2 Кинжал врз системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ во украинскиот главен град Киев и наводно успешно уништиле командно/радарско возило и пет батерии за лансирање. Влегувајќи во употреба од крајот на 2017 година, МиГ-31К брзо забележа зголемување на бројот во служба од над 30 за кои се верува дека моментално се во употреба - иако некои проценки велат дека е над 40. Авионот не е новоизграден, но користи многу голем руски залихи од стотици советски авиони МиГ-31 кои брзо беа ставени во резерва по крајот на Студената војна. МиГ-31К се приклучија на флота од над 100 пресретнувачи МиГ-31БМ/БСМ во служба, со овие варијанти дизајнирани за борба воздух-воздух со многу долг дострел и соодветно на тоа да носат преголеми проектили воздух-воздух како што е Р-37М . МиГ-31 е дизајниран со голем дострел и огромен ракетен капацитет за сместување на најголемите ракети воздух-воздух во светот и моментално е најтешкиот авион во светот во борбена улога воздух-воздух.

The post Кој е посилен „Патриот“ или „Миг 31“? appeared first on Република.

]]>
САД го вооружува Тајван, одобрена испорака вредна 95 милиони долари https://republika.mk/vesti/svet/sad-go-vooruzuva-tajvan-odobrena-isporaka-vredna-95-milioni-dolari/ Wed, 06 Apr 2022 11:24:34 +0000 https://republika.mk/?p=484029

Американскиот Стејт департмент одобри продажба на опрема, обука и други средства за поддршка на системите за воздушна одбрана „Патриот“ во Тајван. Набавката е вредна околу 95 милиони долари.

Пакетот ќе вклучува обука, планирање, поставување, распоредување, работа и одржување на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ и поврзаната опрема, се вели во известувањето на Пентагон до Конгресот.

Оваа предложена продажба им служи на националните, економските и безбедносните интереси на САД со поддршка на континуираните напори на примателот да ги модернизира своите вооружени сили и да одржи кредибилен одбранбен капацитет.

 

Предложената продажба ќе помогне да се обезбеди подготвеност за воздушни операции. Примачот ќе ја користи оваа способност како средство за одвраќање на регионалните закани и зајакнување на одбраната на татковината - се додава во соопштението.

Законот за односи со Тајван бара од Пентагон да ги поддржи напорите на Тајван да се заштити себеси, но не бара од американската војска да го брани Тајван доколку биде нападнат.

Претседателскиот кабинет на Тајван соопшти дека ова е трета најавена продажба на оружје откако претседателот Џо Бајден ја презеде функцијата и ја покажа „цврстата“ природа на нивната врска.

Тајван ќе продолжи да ја демонстрира својата решеност да се брани и да го продлабочи кооперативното партнерство - соопштија од тајванскиот претседателски кабинет.

Тајванскиот министер за одбрана Киу Куо-ченг, претходно изјави дека кинеско-тајванските воени односи се најлоши во последните 40 години.

Во однос на Тајван, Кина не дозволува да се зборува на друг начин освен како дел од нејзината територија, иако Тајван се смета себеси за суверена држава, а стравувањата од кинеско преземање траат со години, пишува „Дејли мејл“.

The post САД го вооружува Тајван, одобрена испорака вредна 95 милиони долари appeared first on Република.

]]>

Американскиот Стејт департмент одобри продажба на опрема, обука и други средства за поддршка на системите за воздушна одбрана „Патриот“ во Тајван. Набавката е вредна околу 95 милиони долари. Пакетот ќе вклучува обука, планирање, поставување, распоредување, работа и одржување на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ и поврзаната опрема, се вели во известувањето на Пентагон до Конгресот.
Оваа предложена продажба им служи на националните, економските и безбедносните интереси на САД со поддршка на континуираните напори на примателот да ги модернизира своите вооружени сили и да одржи кредибилен одбранбен капацитет.   Предложената продажба ќе помогне да се обезбеди подготвеност за воздушни операции. Примачот ќе ја користи оваа способност како средство за одвраќање на регионалните закани и зајакнување на одбраната на татковината - се додава во соопштението.
Законот за односи со Тајван бара од Пентагон да ги поддржи напорите на Тајван да се заштити себеси, но не бара од американската војска да го брани Тајван доколку биде нападнат. Претседателскиот кабинет на Тајван соопшти дека ова е трета најавена продажба на оружје откако претседателот Џо Бајден ја презеде функцијата и ја покажа „цврстата“ природа на нивната врска.
Тајван ќе продолжи да ја демонстрира својата решеност да се брани и да го продлабочи кооперативното партнерство - соопштија од тајванскиот претседателски кабинет.
Тајванскиот министер за одбрана Киу Куо-ченг, претходно изјави дека кинеско-тајванските воени односи се најлоши во последните 40 години. Во однос на Тајван, Кина не дозволува да се зборува на друг начин освен како дел од нејзината територија, иако Тајван се смета себеси за суверена држава, а стравувањата од кинеско преземање траат со години, пишува „Дејли мејл“.

The post САД го вооружува Тајван, одобрена испорака вредна 95 милиони долари appeared first on Република.

]]>