„Патот на душата по зборот што гори“ Archives - Република https://republika.mk/tema/patot-na-dushata-po-zborot-shto-gori/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Oct 2022 14:16:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Патот на душата по зборот што гори“ Archives - Република https://republika.mk/tema/patot-na-dushata-po-zborot-shto-gori/ 32 32 Промоција на книгата „Патот на душата по зборот што гори“ од Кристина Краличин https://republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-knigata-patot-na-dushata-po-zborot-shto-gori-od-kristina-kralichin/ Thu, 20 Oct 2022 14:16:26 +0000 https://republika.mk/?p=563634

Стихозбирката „Патот на душата по зборот што гори“ од Кристина Краличин ќе биде промовирана денеска во 17.30 часот во Morris Caffe Bar во Дебар маало во Скопје. Изданието е на ИД-Концепт, а промоцијата се реализира во соработка со издавачката куќа „Чудна шума“. Модератор на настанот ќе биде Билјана Црвенковска, делото ќе го промовира Сребра Ѓорѓијевска, а делови од стихозбирката ќе читаат Јована Аврамовска и Благој Чоревски.

Кристина Краличин е родена во Скопје каде се школувала и завршила на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Љубовта кон пишаниот збор ја носи во себе од своето раѓање, и токму во таа насока ги усмерува своите намери во работата што ја исполнува целосно.

Не само што пишува уште од најраното детство - поезија и раскази, туку водена од предизвикот на текстот, информацијата и пишаната мисла, работи како новинар во една од нашите телевизии 3 години, што ѝ дава искуство пред јавност и пред публика, како да го изнесе своето размислување и да ја почувствува моќта на пишаната или изговорената реч.

Откако има насобрано материјали за да издава книги, таа се решава да го направи првиот чекор кон авторството и да ги обелодени пред јавноста сите свои дела, да си ја разголи душата и да ја претстави својата ризница на убаво напишани мисли.

Во поговорот на нејзиното првенче, стихозбирката „Патот на душата по зборот што гори“, авторката Кристина Краличин вели:

Книгата ја извезов со поетска инспирација, ја врзав со говорот на сетилата, ја проткав со небото, реките, планините, калта и земјата по кои транзитира времето. Се роди спонтано и ненаметливо течејќи низ формите на невозможното, каде што се мие и блеска љубовта како кристално чиста есенција на зборот и мислата. Ја давам несебично, топло и даровно на секој што знае да вреднува подарок испишан со мастилото на срцето.

 

 

The post Промоција на книгата „Патот на душата по зборот што гори“ од Кристина Краличин appeared first on Република.

]]>

Стихозбирката „Патот на душата по зборот што гори“ од Кристина Краличин ќе биде промовирана денеска во 17.30 часот во Morris Caffe Bar во Дебар маало во Скопје. Изданието е на ИД-Концепт, а промоцијата се реализира во соработка со издавачката куќа „Чудна шума“. Модератор на настанот ќе биде Билјана Црвенковска, делото ќе го промовира Сребра Ѓорѓијевска, а делови од стихозбирката ќе читаат Јована Аврамовска и Благој Чоревски. Кристина Краличин е родена во Скопје каде се школувала и завршила на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Љубовта кон пишаниот збор ја носи во себе од своето раѓање, и токму во таа насока ги усмерува своите намери во работата што ја исполнува целосно. Не само што пишува уште од најраното детство - поезија и раскази, туку водена од предизвикот на текстот, информацијата и пишаната мисла, работи како новинар во една од нашите телевизии 3 години, што ѝ дава искуство пред јавност и пред публика, како да го изнесе своето размислување и да ја почувствува моќта на пишаната или изговорената реч. Откако има насобрано материјали за да издава книги, таа се решава да го направи првиот чекор кон авторството и да ги обелодени пред јавноста сите свои дела, да си ја разголи душата и да ја претстави својата ризница на убаво напишани мисли. Во поговорот на нејзиното првенче, стихозбирката „Патот на душата по зборот што гори“, авторката Кристина Краличин вели:
Книгата ја извезов со поетска инспирација, ја врзав со говорот на сетилата, ја проткав со небото, реките, планините, калта и земјата по кои транзитира времето. Се роди спонтано и ненаметливо течејќи низ формите на невозможното, каде што се мие и блеска љубовта како кристално чиста есенција на зборот и мислата. Ја давам несебично, топло и даровно на секој што знае да вреднува подарок испишан со мастилото на срцето.
   

The post Промоција на книгата „Патот на душата по зборот што гори“ од Кристина Краличин appeared first on Република.

]]>