патни трошоци Archives - Република https://republika.mk/tema/patni-troshoci/ За подобро да се разбереме Sat, 11 Feb 2023 20:03:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png патни трошоци Archives - Република https://republika.mk/tema/patni-troshoci/ 32 32 73 патници земале 360.000 евра за патни трошоци за 2022 година https://republika.mk/vesti/makedonija/73-patnitsi-zemale-360-000-evra-za-patni-troshotsi-za-2022-godina/ Sat, 11 Feb 2023 20:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=607871

73 народни избраници за 11 месеци инкасирале 360 000 евра народни пари за да ги покријат своите патни трошоци, објави ТВ Сител, врз основа на податоци добиени преку барање за информации од јавен карактер. Од пресметката е одземен месец август, кога пратениците се на колективен одмор и Собранието не работи.

Според податоците кои ги објави телевизијата, народните избраници од најголемата владејачка партија, СДСМ, пријавиле најмногу патни трошоци. 23 пратеници добиле 133.000 евра. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е втора на оваа листа. 23 пратеници од оваа партија побарале 132 илјада евра за патни трошоци.

Сумите кои минатата година ги пријавиле пратениците варираат од 7.800 до 770.000 денари.

Апсолутни рекордери за оваа година се Мирче Аџиоски, Јадранка Поцкова и Сурија Рашиди. На овие пратеници на сметките им легнале од 706 до 770 илјади денари.

Целата сторија може да ја прочитате тука.

The post 73 патници земале 360.000 евра за патни трошоци за 2022 година appeared first on Република.

]]>

73 народни избраници за 11 месеци инкасирале 360 000 евра народни пари за да ги покријат своите патни трошоци, објави ТВ Сител, врз основа на податоци добиени преку барање за информации од јавен карактер. Од пресметката е одземен месец август, кога пратениците се на колективен одмор и Собранието не работи. Според податоците кои ги објави телевизијата, народните избраници од најголемата владејачка партија, СДСМ, пријавиле најмногу патни трошоци. 23 пратеници добиле 133.000 евра. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е втора на оваа листа. 23 пратеници од оваа партија побарале 132 илјада евра за патни трошоци. Сумите кои минатата година ги пријавиле пратениците варираат од 7.800 до 770.000 денари. Апсолутни рекордери за оваа година се Мирче Аџиоски, Јадранка Поцкова и Сурија Рашиди. На овие пратеници на сметките им легнале од 706 до 770 илјади денари. Целата сторија може да ја прочитате тука.

The post 73 патници земале 360.000 евра за патни трошоци за 2022 година appeared first on Република.

]]>
Левица: Патарините како незаконски надоместок за пратениците под закрила на Уставниот суд https://republika.mk/vesti/makedonija/levitsa-patarinite-kako-nezakonski-nadomestok-za-pratenitsite-pod-zakrila-na-ustavniot-sud/ Mon, 06 Feb 2023 20:21:40 +0000 https://republika.mk/?p=605671

Уставниот суд под раководство на Добрила Кацарска повторно се стави во служба на привилегиите на естаблишментот, реагира Левица откако Уставниот суд одлучи да не поднесе постапка по иницијативата на Левица за оценување на уставноста на одлуката на пратениците да им се исплаќаат трошоци за патарини.

Ваквата привилегија се коси со неколку законски одредби од Законот за пратеници и Законот за Собранието, каде прецизно се наведени финансиските привилегии на народните избраници, меѓу кои не се споменати трошоци за патарини, потенцираат од партијата.

Левица во својата иницијатива потенцира дека иницијативата со оспорените точки од одлуката се нарушува системот на нормативна хиерархија и конзистентноста на уставниот поредок и усогласеноста на подзаконските акти со законите и Уставот.

Единствено уставниот судија Дарко Костадиновски јасно укажува во своето издвоено мислење дека наводите во иницијативата се ОСНОВАНИ, затоа што оспорените одредби можат уставно-правно да се оспорат. Дополнително, Костадиновски во своето издвоено мислење ја потенцира и правната сигурност, од каде и произлегува стандардот на недопуштеност materia legis да биде уредувана со подзаконски прописи.Костадиновски констатира дека правото на надоместок за трошоци за патарина, кое не е предвидено во законска норма, не може да биде утврдено во подзаконски акт, со што работното тело кое ја донело оспорената одлука излегува од дадената законска рамка и ги пречекорува своите овластувања ставајќи се во улога на законодавец со воведување, односно утврдување на ново право што исклучиво е законско уредување.Останатите судии во состав: Добрила Кацарска, Насер Ајдари, Татјана Васиќ-Бозаџиева, Осман Кадриу, Вангелина Маркудова и Фатмир Скендер, за жал, наместо правна сигурност и владеење на правото, одбраа да застанат во заштита на интересите на пратениците, велат од Левица во реакцијата.

The post Левица: Патарините како незаконски надоместок за пратениците под закрила на Уставниот суд appeared first on Република.

Уставен ги заштити пратениците и не ги гибна нивните патни трошоци https://republika.mk/vesti/makedonija/ustaven-gi-zashtiti-pratenicite-i-ne-gi-gibna-nivnite-patni-troshoci/ Wed, 23 Nov 2022 15:59:36 +0000 https://republika.mk/?p=577424

Уставниот суд денеска ја одржа 37. седница на којашто расправаше и одлучуваше по девет иницијативи за оценување на уставност и законитост.

На седницата, како што информираше прес-службата на Уставен суд, било одлучено да не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста за точките 3 и 4 од Одлуката за висината на надоместокот на пратениците за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели и надоместок на трошоци за патарина. Иницијативата беше поднесена од пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов.

Како што образложија судиите, таква одлука е донесена врз основа на тоа што Комисијата за прашањата на изборите и именувањата како постојано работно тело на Собранието, надлежно за определувањето на висината на надоместокот на трошоците кои, во согласност со прописите им се признаваат на пратениците, е надлежен орган за донесување на оспорената одлука.

Правото кое пратениците го имаат на надомест за користење на автомобили во лична сопственост за службени цели и висината на овој надомест, се утврдени со Законот за пратениците. Со оспорената одлука се разработуваат условите за остварување на ова право, односно се прецизираат случаите кога се смета дека возилото се користи за службени цели. Оспорените точки 3 и 4 од Одлуката се во согласност со Законот за јавните патишта и со нив изворно не се утврдува право на пратениците. Станува збор за правно прашање, по кое веќе Судот претходно расправал и зазел став во предметот У.бр.85/2006, при што предмет на оцена била иста одлука на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието, при што истиот став беше прифатен и во овој предмет, додадоа од прес-службата.

На седницата е одлучено да не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 111 став 4 од Законот за административни службеници, иницијатива поднесена од Љупчо Јосев.

Не е поведена постапка ми за оценување на уставноста на делот: „на некој предмет или право што се запишани во јавни книги“ од став 1 на член 128 од Законот за стечај, за иницијативата на Бобан Богдановски, адвокат од Скопје.

Исто така, не е поведема постапка за оценување на уставноста на член 40 ставови 3, 4 и 6 од Законот за процена, чиј поднесител е Душан Димитров, како и за оценување на уставноста на член 62-а ст.1 во делот „од денот на издавање на одобрението за градење “ од Законот за градење и се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на член 62-а став 2 во делот „од денот на издавање на одобрението за градење“ од Законот за градење.

Судот не поведе постапка ниту за оценување на уставноста на член 136 став 7 од Законот за високото образование и ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 187 став 4 од Законот означен во точката 1 од ова решение, поднесена од Центар за напредни истражувања, застапуван од д-р Темелко Ристески.

Судиите не поведо постапка и за оценување на уставноста на член 219 став 2 од Колективниот договор на МВР и ја отфрлија иницијативата во делот во кој се бара оценка на меѓусебната согласност на член 219 став 2 со член 243 став 3 од актот означен во точката 1 на ова решение, што ја поднесе Синдикатот на Полиција на Македонија од Велес.

Покрај ова, не е поведена постапка ниту за оценување на уставноста и законитоста на член 6, член 8 и член 9 од Колективниот договор на Агенцијата за пошти, склучен помеѓу Агенцијата за пошти и Синдикалната организација при Агенцијата за пошти бр.01-152/1 од 26 јули 2018 година, иницијатива што ја поднесе Агенцијата за пошти Скопје, застапувана од директор Билјана Аврамоска Ѓореска.

На седницата беше отфрлена и иницијативата за Буџетот на Општина Демир Хисар за 2021 година, донесен од Советот на Општина Демир Хисар, на 49-тата седница, одржана на 12 март 2021 година, објавен во „Службен гласник на Општина Демир Хисар” број 4 од 18 март 2021 година.

Завршна сметка на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2020 година, донесена од Советот на Општина Демир Хисар, на 49-тата седница, одржана на 12.03.2021 година, објавена во „Службен гласник на Општина Демир Хисар” број 4 од 18.03.2021 година, додадоа од Уставен суд.

The post Уставен ги заштити пратениците и не ги гибна нивните патни трошоци appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд денеска ја одржа 37. седница на којашто расправаше и одлучуваше по девет иницијативи за оценување на уставност и законитост. На седницата, како што информираше прес-службата на Уставен суд, било одлучено да не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста за точките 3 и 4 од Одлуката за висината на надоместокот на пратениците за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели и надоместок на трошоци за патарина. Иницијативата беше поднесена од пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов. Како што образложија судиите, таква одлука е донесена врз основа на тоа што Комисијата за прашањата на изборите и именувањата како постојано работно тело на Собранието, надлежно за определувањето на висината на надоместокот на трошоците кои, во согласност со прописите им се признаваат на пратениците, е надлежен орган за донесување на оспорената одлука.
Правото кое пратениците го имаат на надомест за користење на автомобили во лична сопственост за службени цели и висината на овој надомест, се утврдени со Законот за пратениците. Со оспорената одлука се разработуваат условите за остварување на ова право, односно се прецизираат случаите кога се смета дека возилото се користи за службени цели. Оспорените точки 3 и 4 од Одлуката се во согласност со Законот за јавните патишта и со нив изворно не се утврдува право на пратениците. Станува збор за правно прашање, по кое веќе Судот претходно расправал и зазел став во предметот У.бр.85/2006, при што предмет на оцена била иста одлука на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието, при што истиот став беше прифатен и во овој предмет, додадоа од прес-службата.
На седницата е одлучено да не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 111 став 4 од Законот за административни службеници, иницијатива поднесена од Љупчо Јосев. Не е поведена постапка ми за оценување на уставноста на делот: „на некој предмет или право што се запишани во јавни книги“ од став 1 на член 128 од Законот за стечај, за иницијативата на Бобан Богдановски, адвокат од Скопје. Исто така, не е поведема постапка за оценување на уставноста на член 40 ставови 3, 4 и 6 од Законот за процена, чиј поднесител е Душан Димитров, како и за оценување на уставноста на член 62-а ст.1 во делот „од денот на издавање на одобрението за градење “ од Законот за градење и се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на член 62-а став 2 во делот „од денот на издавање на одобрението за градење“ од Законот за градење. Судот не поведе постапка ниту за оценување на уставноста на член 136 став 7 од Законот за високото образование и ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 187 став 4 од Законот означен во точката 1 од ова решение, поднесена од Центар за напредни истражувања, застапуван од д-р Темелко Ристески. Судиите не поведо постапка и за оценување на уставноста на член 219 став 2 од Колективниот договор на МВР и ја отфрлија иницијативата во делот во кој се бара оценка на меѓусебната согласност на член 219 став 2 со член 243 став 3 од актот означен во точката 1 на ова решение, што ја поднесе Синдикатот на Полиција на Македонија од Велес. Покрај ова, не е поведена постапка ниту за оценување на уставноста и законитоста на член 6, член 8 и член 9 од Колективниот договор на Агенцијата за пошти, склучен помеѓу Агенцијата за пошти и Синдикалната организација при Агенцијата за пошти бр.01-152/1 од 26 јули 2018 година, иницијатива што ја поднесе Агенцијата за пошти Скопје, застапувана од директор Билјана Аврамоска Ѓореска. На седницата беше отфрлена и иницијативата за Буџетот на Општина Демир Хисар за 2021 година, донесен од Советот на Општина Демир Хисар, на 49-тата седница, одржана на 12 март 2021 година, објавен во „Службен гласник на Општина Демир Хисар” број 4 од 18 март 2021 година.