патен правец Archives - Република https://republika.mk/tema/paten-pravets/ За подобро да се разбереме Tue, 21 May 2024 14:05:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png патен правец Archives - Република https://republika.mk/tema/paten-pravets/ 32 32 Пуштен во употреба на нов патен правец меѓу Албанија и Косово, во подрачјето на областа Гора https://republika.mk/vesti/balkan/pushten-vo-upotreba-na-nov-paten-pravets-megu-albanija-i-kosovo-vo-podrachjeto-na-oblasta-gora/ Tue, 21 May 2024 14:05:49 +0000 https://republika.mk/?p=780564

Албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук објави отворање на нов патен правец меѓу Косово и Албанија во пограничниот регион Хас,  во Североисточна Албанија.

Рама објави фотографии од новиот пат Добруна-Блиниште, додавајќи дека неговата изградба е резултат на обврската преземена на заедничката средба меѓу владите на Косово и Албанија.

- Отворен е патот Добруна-Блиниште, Хас, на границата Албанија - Косово. Обврска преземена за време на заедничката средба меѓу Владата на Албанија и Владата на Косово, која веќе ги зближува нашите две земји не само физички, туку и економски преку олеснување на движењето на граѓаните од двете страни на границата, напиша Рама.

Патот поврзува села од областа Гора од двете страни на границата. Шест села се од албанска страна и територијално припаѓаат на округот  Кукс. Селата во  југозападно Косово  се во општините Призрен и Драгаш.

Главен граничен премин меѓу двете земји е Морина - Врмица, која го поврзува албанскиот град Кукс со косовскиот град Призрен.

Од минатиот месец, во период од 9 месеци, како и за сите празници и викенди,  албанските и косовските граѓани  минуваат без контрола, врз основа на договорот меѓу министерствата за внатрешни работи.

The post Пуштен во употреба на нов патен правец меѓу Албанија и Косово, во подрачјето на областа Гора appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук објави отворање на нов патен правец меѓу Косово и Албанија во пограничниот регион Хас,  во Североисточна Албанија. Рама објави фотографии од новиот пат Добруна-Блиниште, додавајќи дека неговата изградба е резултат на обврската преземена на заедничката средба меѓу владите на Косово и Албанија.
- Отворен е патот Добруна-Блиниште, Хас, на границата Албанија - Косово. Обврска преземена за време на заедничката средба меѓу Владата на Албанија и Владата на Косово, која веќе ги зближува нашите две земји не само физички, туку и економски преку олеснување на движењето на граѓаните од двете страни на границата, напиша Рама.
Патот поврзува села од областа Гора од двете страни на границата. Шест села се од албанска страна и територијално припаѓаат на округот  Кукс. Селата во  југозападно Косово  се во општините Призрен и Драгаш. Главен граничен премин меѓу двете земји е Морина - Врмица, која го поврзува албанскиот град Кукс со косовскиот град Призрен. Од минатиот месец, во период од 9 месеци, како и за сите празници и викенди,  албанските и косовските граѓани  минуваат без контрола, врз основа на договорот меѓу министерствата за внатрешни работи.

The post Пуштен во употреба на нов патен правец меѓу Албанија и Косово, во подрачјето на областа Гора appeared first on Република.

]]>