патарини Archives - Република https://republika.mk/tema/patarini/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 09:58:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png патарини Archives - Република https://republika.mk/tema/patarini/ 32 32 Началник фатен како не плаќа патарини ќе се гони за злоупотреба на служба https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nachalnik-faten-kako-ne-plaka-patarini-ke-se-goni-za-zloupotreba-na-sluzhba/ Wed, 06 Nov 2024 09:58:20 +0000 https://republika.mk/?p=834650

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупциіа, поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“ по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавениот, вработен во МВР на работното место началник на Отсекот за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Кочани - СВР Штип, на 11.07.2024 во неколку наврати со неговото приватно возило ги поминал наплатните станици Кадрифаково и Преод без да плати поединечен билет за патарина, односно на вработените во кабината им ја покажувал службената легитимација и ги поминувал наплатните станици, соопштува МВР.

Во врска со настанот, од Јавното претпријатие „Државни патишта“ доставен е видео материјал од безбедносните камери на наведените наплатни станици на кои се гледа како пријавениот ја покажува службената легитимација.

https://youtu.be/T7ITbsKhyyM?si=IhfaM7JswZFtwCxL

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Одделот за дисциплински и судски постапки против А.М. ќе поднесе предлог за поведуванье на постапка за утврдуванье на одговорност за кршење на работната дисциплина и ќе биде отстранет од работното место до завршување на постапката.

The post Началник фатен како не плаќа патарини ќе се гони за злоупотреба на служба appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупциіа, поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“ по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавениот, вработен во МВР на работното место началник на Отсекот за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Кочани - СВР Штип, на 11.07.2024 во неколку наврати со неговото приватно возило ги поминал наплатните станици Кадрифаково и Преод без да плати поединечен билет за патарина, односно на вработените во кабината им ја покажувал службената легитимација и ги поминувал наплатните станици, соопштува МВР.
Во врска со настанот, од Јавното претпријатие „Државни патишта“ доставен е видео материјал од безбедносните камери на наведените наплатни станици на кои се гледа како пријавениот ја покажува службената легитимација. https://youtu.be/T7ITbsKhyyM?si=IhfaM7JswZFtwCxL Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Одделот за дисциплински и судски постапки против А.М. ќе поднесе предлог за поведуванье на постапка за утврдуванье на одговорност за кршење на работната дисциплина и ќе биде отстранет од работното место до завршување на постапката.

The post Началник фатен како не плаќа патарини ќе се гони за злоупотреба на служба appeared first on Република.

]]>
ЈПДП: Клубот „The Distinguished Gentleman’s Drive“ доби дозвола само за непречено движење, но не и за неплаќање на патарина https://republika.mk/vesti/makedonija/jpdp-klubot-the-distinguished-gentleman-s-drive-dobi-dozvola-samo-za-neprecheno-dvizhene-no-ne-i-za-neplakane-na-patarina/ Mon, 28 Oct 2024 17:37:25 +0000 https://republika.mk/?p=831797

Во врска со изнесените податоци во медиумите со кои се повикува Јавното претпријате за државни патишта (ЈПДП) на одговорност заради пропуштање на возила без да платат патарина на наплатните станици Петровец, Сопот, Отовица и Градско, од ЈПДП ја известуваат јавноста дека барањето било поднесено од „The Distinguished Gentleman’s Drive“ 2024 клубот кој традиционално по 4. пат, организираше меѓународен хуманитарен настан, односно глобален собир на историски возила кој се одржа на 29 Септември 2024 година, во 64 држави, во повеќе од 180 градови ширум светот, со цел подигање на свеста во борбата против машките болести меѓу кои и рак на простата и секој член на клубот на овој ден донира одредена сума на сметката на клубот во Лондон.

„The Distinguished Gentleman’s Crew Skopje“ се обратија со Барање до Јавното претпријатие за државни патишта за непрекинато движење на конвојот составен од дваесетина возила т.н олдтајмери што им беше одобрено, а барањето за ослободување од плаќање на патарини не беше одобрено и е во фаза на фактурирање, велат од ЈПДП.

The post ЈПДП: Клубот „The Distinguished Gentleman’s Drive“ доби дозвола само за непречено движење, но не и за неплаќање на патарина appeared first on Република.

]]>

Во врска со изнесените податоци во медиумите со кои се повикува Јавното претпријате за државни патишта (ЈПДП) на одговорност заради пропуштање на возила без да платат патарина на наплатните станици Петровец, Сопот, Отовица и Градско, од ЈПДП ја известуваат јавноста дека барањето било поднесено од „The Distinguished Gentleman’s Drive“ 2024 клубот кој традиционално по 4. пат, организираше меѓународен хуманитарен настан, односно глобален собир на историски возила кој се одржа на 29 Септември 2024 година, во 64 држави, во повеќе од 180 градови ширум светот, со цел подигање на свеста во борбата против машките болести меѓу кои и рак на простата и секој член на клубот на овој ден донира одредена сума на сметката на клубот во Лондон.
„The Distinguished Gentleman’s Crew Skopje“ се обратија со Барање до Јавното претпријатие за државни патишта за непрекинато движење на конвојот составен од дваесетина возила т.н олдтајмери што им беше одобрено, а барањето за ослободување од плаќање на патарини не беше одобрено и е во фаза на фактурирање, велат од ЈПДП.

The post ЈПДП: Клубот „The Distinguished Gentleman’s Drive“ доби дозвола само за непречено движење, но не и за неплаќање на патарина appeared first on Република.

]]>
ЈПДП ќе го разреши Митревски и ќе ги преиспита наводните злоупотреби https://republika.mk/vesti/makedonija/jpdp-ke-go-razreshi-mitrevski-i-ke-gi-preispita-navodnite-zloupotrebi/ Mon, 14 Oct 2024 12:13:17 +0000 https://republika.mk/?p=826614

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека лицето Миланчо Митревски на 28.07.2024 година е назначен со времено задолжение од три месеци за координатор за контрола во Одделението за наплата на патарини и контрола.

Јавното претпријатие за државни патишта ќе го прекине временото задолжение за координатор за контрола и ќе ги преиспита изнесените наводи во јавноста, затоа што Законот треба да важи за сите независно на која позиција или функција се.

Претходно СДСМ излезе со серија обвинувања.

Новите скандали кои ја тресат ЈПДП покажуваат дека во ДПМНЕ нема никаква промена, се враќа грубата партизација и бруталната злоупотреба на институциите.

Шефот на контрола во Наплатната служба на патарините во Петровец, Миланчо Митревски, ДПМНЕ и Коце Трајановски го поставија на оваа позиција иако не ги исполнува условите поради тоа што бил фатен со бројни злоупотреби. Митревски наплаќал повеќе пари на патарините, а вишокот пари си ги земал за себе.

Но скандалот е уште поголем затоа што кадарот на Коце и ДПМНЕ, Митревски не плаќа патарини.

За ова говорат снимки од патарините кои ни ги доставија свиркачи, како и електронската евиденција на патарините кои целосно потврдуваат дека Митревски кога проаѓа со возилото на патарина не плаќа патарина откако е назначен.

Тоа што ДПМНЕ застана во целосна одбрана на Митревски говори дека ДПМНЕ вака ја замислува власта.

Партиските шерифи да ја злоупотребуваат позицијата, да не ги почитуваат законите и прописите, да не плаќаат патарина, со еден збор да прават што сакаат.

СДСМ повикува на итна одговорност и разрешување, потенцирајќи дека злоупотребите се показател за неспособноста на раководството на ЈПДП и Коце Трајановски.

The post ЈПДП ќе го разреши Митревски и ќе ги преиспита наводните злоупотреби appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека лицето Миланчо Митревски на 28.07.2024 година е назначен со времено задолжение од три месеци за координатор за контрола во Одделението за наплата на патарини и контрола. Јавното претпријатие за државни патишта ќе го прекине временото задолжение за координатор за контрола и ќе ги преиспита изнесените наводи во јавноста, затоа што Законот треба да важи за сите независно на која позиција или функција се. Претходно СДСМ излезе со серија обвинувања. Новите скандали кои ја тресат ЈПДП покажуваат дека во ДПМНЕ нема никаква промена, се враќа грубата партизација и бруталната злоупотреба на институциите. Шефот на контрола во Наплатната служба на патарините во Петровец, Миланчо Митревски, ДПМНЕ и Коце Трајановски го поставија на оваа позиција иако не ги исполнува условите поради тоа што бил фатен со бројни злоупотреби. Митревски наплаќал повеќе пари на патарините, а вишокот пари си ги земал за себе. Но скандалот е уште поголем затоа што кадарот на Коце и ДПМНЕ, Митревски не плаќа патарини. За ова говорат снимки од патарините кои ни ги доставија свиркачи, како и електронската евиденција на патарините кои целосно потврдуваат дека Митревски кога проаѓа со возилото на патарина не плаќа патарина откако е назначен. Тоа што ДПМНЕ застана во целосна одбрана на Митревски говори дека ДПМНЕ вака ја замислува власта. Партиските шерифи да ја злоупотребуваат позицијата, да не ги почитуваат законите и прописите, да не плаќаат патарина, со еден збор да прават што сакаат. СДСМ повикува на итна одговорност и разрешување, потенцирајќи дека злоупотребите се показател за неспособноста на раководството на ЈПДП и Коце Трајановски.

The post ЈПДП ќе го разреши Митревски и ќе ги преиспита наводните злоупотреби appeared first on Република.

]]>
Од денеска намалени цените на пет патарини во централна Грција https://republika.mk/vesti/balkan/od-deneska-namaleni-tsenite-na-pet-patarini-vo-tsentralna-grtsija/ Tue, 01 Oct 2024 10:50:15 +0000 https://republika.mk/?p=821365

Намалувањето на цените на пет патарини во централна Грција, на автопатот Солун – Атина најавено минатиот месец, од денеска стапува во сила со што патувањето со автомобил ќе биде за околу 17 отсто поевтино, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Фејсбук напиша дека „октомври започнува со уште едно намалување во патниот транспорт, овој пат со намалување на патарините на делницата Малиакос-Клиди“ и објасни дека со ова намалување, вкупната наплата за минување низ петте станици за 2024 година е 13,70 евра од 16,50 евра колку што е денес, додека во 2025 година наплатата ќе биде 14,40 евра од 17,40 евра што возачот ќе требаше да плати доколку не беше воведено намалувањето.

Ова стана возможно бидејќи избравме бенефитот од рефинансирањето што го обезбедивме да го искористиме до крајот на 2025 година во корист на нашите сограѓани, наместо да го префрлиме износот во државниот буџет. Па така од денеска оние кои минуваат низ централна Грција ќе плаќаат намалени патарини од 2,8 до 3 евра, напиша Мицотакис.

Како што објави МИА на почетокот на септември, намалувањето на цените за 17 отсто за лесните возила и пет проценти за тешките возила ќе важи 15 месеци, до крајот на 2025 година и е резултат на искористување на 15,8 милиони евра, што произлегоа од рефинансирањето на договорот за концесија на конкретниот дел на автопатот.

Петте патарини се во централниот дел на Грција, во близина на градовите Катерини, Лариса, Волос и Ламија.

Дополнително, од 6 октомври ќе се намали и цената на патарините на обиколницата „Атики одос“ во областа, Атика поширокиот регион на Атина од 2,80 на 2,50 евра.

 

The post Од денеска намалени цените на пет патарини во централна Грција appeared first on Република.

]]>

Намалувањето на цените на пет патарини во централна Грција, на автопатот Солун – Атина најавено минатиот месец, од денеска стапува во сила со што патувањето со автомобил ќе биде за околу 17 отсто поевтино, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Фејсбук напиша дека „октомври започнува со уште едно намалување во патниот транспорт, овој пат со намалување на патарините на делницата Малиакос-Клиди“ и објасни дека со ова намалување, вкупната наплата за минување низ петте станици за 2024 година е 13,70 евра од 16,50 евра колку што е денес, додека во 2025 година наплатата ќе биде 14,40 евра од 17,40 евра што возачот ќе требаше да плати доколку не беше воведено намалувањето. Ова стана возможно бидејќи избравме бенефитот од рефинансирањето што го обезбедивме да го искористиме до крајот на 2025 година во корист на нашите сограѓани, наместо да го префрлиме износот во државниот буџет. Па така од денеска оние кои минуваат низ централна Грција ќе плаќаат намалени патарини од 2,8 до 3 евра, напиша Мицотакис. Како што објави МИА на почетокот на септември, намалувањето на цените за 17 отсто за лесните возила и пет проценти за тешките возила ќе важи 15 месеци, до крајот на 2025 година и е резултат на искористување на 15,8 милиони евра, што произлегоа од рефинансирањето на договорот за концесија на конкретниот дел на автопатот. Петте патарини се во централниот дел на Грција, во близина на градовите Катерини, Лариса, Волос и Ламија. Дополнително, од 6 октомври ќе се намали и цената на патарините на обиколницата „Атики одос“ во областа, Атика поширокиот регион на Атина од 2,80 на 2,50 евра.  

The post Од денеска намалени цените на пет патарини во централна Грција appeared first on Република.

]]>
Од денеска поевтини патерини во дел од Грција https://republika.mk/vesti/balkan/od-deneska-poevtini-paterini-vo-del-od-grtsija/ Tue, 01 Oct 2024 10:13:07 +0000 https://republika.mk/?p=821310

Намалувањето на цените на пет патарини во централна Грција, на автопатот Солун – Атина најавено минатиот месец, од денеска стапува во сила со што патувањето со автомобил ќе биде за околу 17 отсто поевтино, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Фејсбук напиша дека „октомври започнува со уште едно намалување во патниот транспорт, овој пат со намалување на патарините на делницата Малиакос-Клиди“ и објасни дека со ова намалување, вкупната наплата за минување низ петте станици за 2024 година е 13,70 евра од 16,50 евра колку што е денес, додека во 2025 година наплатата ќе биде 14,40 евра од 17,40 евра што возачот ќе требаше да плати доколку не беше воведено намалувањето.

Ова стана возможно бидејќи избравме бенефитот од рефинансирањето што го обезбедивме да го искористиме до крајот на 2025 година во корист на нашите сограѓани, наместо да го префрлиме износот во државниот буџет. Па така од денеска оние кои минуваат низ централна Грција ќе плаќаат намалени патарини од 2,8 до 3 евра, напиша Мицотакис.

Како што објави МИА на почетокот на септември, намалувањето на цените за 17 отсто за лесните возила и пет проценти за тешките возила ќе важи 15 месеци, до крајот на 2025 година и е резултат на искористување на 15,8 милиони евра, што произлегоа од рефинансирањето на договорот за концесија на конкретниот дел на автопатот.

Петте патарини се во централниот дел на Грција, во близина на градовите Катерини, Лариса, Волос и Ламија.

Дополнително, од 6 октомври ќе се намали и цената на патарините на обиколницата „Атики одос“ во областа, Атика поширокиот регион на Атина од 2,80 на 2,50 евра.

The post Од денеска поевтини патерини во дел од Грција appeared first on Република.

]]>

Намалувањето на цените на пет патарини во централна Грција, на автопатот Солун – Атина најавено минатиот месец, од денеска стапува во сила со што патувањето со автомобил ќе биде за околу 17 отсто поевтино, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Фејсбук напиша дека „октомври започнува со уште едно намалување во патниот транспорт, овој пат со намалување на патарините на делницата Малиакос-Клиди“ и објасни дека со ова намалување, вкупната наплата за минување низ петте станици за 2024 година е 13,70 евра од 16,50 евра колку што е денес, додека во 2025 година наплатата ќе биде 14,40 евра од 17,40 евра што возачот ќе требаше да плати доколку не беше воведено намалувањето.
Ова стана возможно бидејќи избравме бенефитот од рефинансирањето што го обезбедивме да го искористиме до крајот на 2025 година во корист на нашите сограѓани, наместо да го префрлиме износот во државниот буџет. Па така од денеска оние кои минуваат низ централна Грција ќе плаќаат намалени патарини од 2,8 до 3 евра, напиша Мицотакис.
Како што објави МИА на почетокот на септември, намалувањето на цените за 17 отсто за лесните возила и пет проценти за тешките возила ќе важи 15 месеци, до крајот на 2025 година и е резултат на искористување на 15,8 милиони евра, што произлегоа од рефинансирањето на договорот за концесија на конкретниот дел на автопатот. Петте патарини се во централниот дел на Грција, во близина на градовите Катерини, Лариса, Волос и Ламија. Дополнително, од 6 октомври ќе се намали и цената на патарините на обиколницата „Атики одос“ во областа, Атика поширокиот регион на Атина од 2,80 на 2,50 евра.

The post Од денеска поевтини патерини во дел од Грција appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава за 18 полицајци и вработени на патарината Романовце! https://republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-za-18-politsajtsi-i-vraboteni-na-patarinata-romanovtse/ Tue, 01 Oct 2024 08:35:38 +0000 https://republika.mk/?p=821241

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против 18 службени лица (12 – дванаесет се полициски службеници – припадници на Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај, додека останатите шест се вработени како службени лица на наплатна рампа Романовце при Јавното претпријатие за Државни патишта) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластувања“ по член 353 од Кривичниот законик.

По преземени мерки било констатирано дека шест службени лица од патарината Романовце, со претходно изготвен список на регистарски таблички на приватни возила, им овозможиле на 12 полициски службеници премин без да се изврши наплата 959 пати во периодот од 01 јануари 2024 година до 15 август 2024 година, односно ја искористиле својата службена положба на полициски службеници и прибавиле материјална корист со неплаќање билет за премин на наплатна станица Романовце на автопатот Куманово – Миладиновци и обратно со своите приватни возила.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, согласно своите надлежности и овластувања, против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка

The post Кривична пријава за 18 полицајци и вработени на патарината Романовце! appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против 18 службени лица (12 – дванаесет се полициски службеници – припадници на Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај, додека останатите шест се вработени како службени лица на наплатна рампа Романовце при Јавното претпријатие за Државни патишта) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластувања“ по член 353 од Кривичниот законик. По преземени мерки било констатирано дека шест службени лица од патарината Романовце, со претходно изготвен список на регистарски таблички на приватни возила, им овозможиле на 12 полициски службеници премин без да се изврши наплата 959 пати во периодот од 01 јануари 2024 година до 15 август 2024 година, односно ја искористиле својата службена положба на полициски службеници и прибавиле материјална корист со неплаќање билет за премин на наплатна станица Романовце на автопатот Куманово – Миладиновци и обратно со своите приватни возила. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, согласно своите надлежности и овластувања, против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка

The post Кривична пријава за 18 полицајци и вработени на патарината Романовце! appeared first on Република.

]]>
Хрватска ќе добие нов систем за наплата на автопатите https://republika.mk/vesti/balkan/hrvatska-ke-dobie-nov-sistem-za-naplata-na-avtopatite/ Wed, 25 Sep 2024 15:59:30 +0000 https://republika.mk/?p=819605

Во Хрватска по летото 2026 година ќе биде во функција нов систем за наплата на автопатиштата, што ќе значи крај на наплатните пунктови.
Новиот систем ќе вклучува два начина на наплата на патарина. Едниот е оној што веќе постои, а тоа е користење на уреди за електронска наплата (ENC), додека другиот е автоматско читање на регистарски таблички на возилата (ALPR).

Предвидени се 208 наплатни пунктови кои ќе бидат на автопатски клучки, како и 140 колосеци за брза регистрација на возила чии корисници не се регистрирани на еден од двата наведени начини.

Тешките возила од третата и четвртата категорија ќе треба да го имаат уредот ENC, кој секогаш ќе треба да биде на шофершајбната, додека корисниците на другите возила ќе можат да изберат една од двете опции за плаќање патарина.

Оние кои ќе одлучат да ја платат патарината со читање на бројот на регистарската табличка, ќе треба да се регистрираат преку интернет порталот или мобилната апликација на продажните места на „Hrvatske autoceste“ (HAC) или преку продажните партнери (бројни бензински пумпи и пумпи за технички преглед).

На секој влез на автопатот ќе има барем една патека за брза регистрација на возилото, каде што корисникот ќе може да се регистрира на едноставен начин – камерата ќе му ја чита регистарската табличка, возачот ќе потврди дека отчитувањето е точно, ќе ја допре кредитната картичка и системот ќе испечати потврда дека е регистрирана во системот. На крајот патарината ќе ја платат според поминатите километри.

Надлежните очекуваат дека новиот систем за наплата значително ќе го намали метежот на автопатите. Новиот систем ќе чини 80 милиони евра, а ќе го имплементира конзорциум на словачката компанија Sky Toll и чешката компанија TollNet, објави ХРТ.

The post Хрватска ќе добие нов систем за наплата на автопатите appeared first on Република.

]]>

Во Хрватска по летото 2026 година ќе биде во функција нов систем за наплата на автопатиштата, што ќе значи крај на наплатните пунктови. Новиот систем ќе вклучува два начина на наплата на патарина. Едниот е оној што веќе постои, а тоа е користење на уреди за електронска наплата (ENC), додека другиот е автоматско читање на регистарски таблички на возилата (ALPR). Предвидени се 208 наплатни пунктови кои ќе бидат на автопатски клучки, како и 140 колосеци за брза регистрација на возила чии корисници не се регистрирани на еден од двата наведени начини. Тешките возила од третата и четвртата категорија ќе треба да го имаат уредот ENC, кој секогаш ќе треба да биде на шофершајбната, додека корисниците на другите возила ќе можат да изберат една од двете опции за плаќање патарина. Оние кои ќе одлучат да ја платат патарината со читање на бројот на регистарската табличка, ќе треба да се регистрираат преку интернет порталот или мобилната апликација на продажните места на „Hrvatske autoceste“ (HAC) или преку продажните партнери (бројни бензински пумпи и пумпи за технички преглед). На секој влез на автопатот ќе има барем една патека за брза регистрација на возилото, каде што корисникот ќе може да се регистрира на едноставен начин – камерата ќе му ја чита регистарската табличка, возачот ќе потврди дека отчитувањето е точно, ќе ја допре кредитната картичка и системот ќе испечати потврда дека е регистрирана во системот. На крајот патарината ќе ја платат според поминатите километри. Надлежните очекуваат дека новиот систем за наплата значително ќе го намали метежот на автопатите. Новиот систем ќе чини 80 милиони евра, а ќе го имплементира конзорциум на словачката компанија Sky Toll и чешката компанија TollNet, објави ХРТ.

The post Хрватска ќе добие нов систем за наплата на автопатите appeared first on Република.

]]>
На патарините ширум земјава во август се наплатени рекордни 7.804.840 евра https://republika.mk/vesti/makedonija/na-patarinite-shirum-zemjava-vo-avgust-se-naplateni-rekordni-7-804-840-evra/ Tue, 03 Sep 2024 19:39:36 +0000 https://republika.mk/?p=812842

Во август годинава на патарините наплатени се 7.804.840 евра што претставува рекордна месечна наплата. Споредено со истиот месец минатата година наплатени се 241.329 евра повеќе, информира директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски, кој денеска го посети Оперативниот центар во Петровец, соопшти прес-службата на ЈПДП.

Трајановски бил информиран дека продолжува трендот на зголемување на приходите по основ на наплата на патарини.

Оперативниот центар во Петровец претставува мултифункционална целина преку која се мониторира работењето на сите наплатни станици и сите активности поврзани со наплатата на патарина.

За негово успешно функционирање потребно беше да се направи доекипирање во делот на контролата и во делот на електронската наплата затоа што имаше недостаток на кадар во таканаречениот Контролен центар кој 24/7 ја следи состојбата на наплатните станици во живо, преку лајв стрим, а во исто време се прави и контрола на работењето преку системот за видео надзор со прегледување на снимен видео материјал, информираат од ЈПДП.

Директорот Трајановски во „VideoWall“ просторијата разговарал со вработените при што, како што стои во соопштението, побарал поголема професионалност и посветеност во работата.

Исто така, можеше и лично да се увери како преку софистицирани софтверски програми се контролира и работењето на секој вработен оператор-инкасант вонаплатните кабини, како се следи сообраќајот на самите наплатни ленти, како се детектира секој проблем во и околу наплатните станици. Во „WideoWall“ просторијата се надгледуваат и влезот, излезот и состојбата на тунелите кај Демир Капија-Смоквица, соошти ЈПДП.

Трајановски остварил средба и со одговорните на наплатните станици кои го запознале со секојдневните проблеми со кои се соочуваат и од кои, стои во соопштението, очекува, исто така максимална посветеност и професионалност во извршувањето на работата. Побарал и поголема ангажираност од страна на стручните служби и преземање на поактивни мерки за намалување на бројот на возила кои избегнуваат плаќање на патарина, како и процесирање на избегнувањето плаќање преку соодветно фактурирање и достава на фактури за ненаплатена патарина до корисниците на автопатски услуги кои не плаќаат патарина.

Имено, од страна на контролорите во Контролниот центар евидентирани се над 500.000 возила кои поминале на наплатните станици без да извршат плаќање. За таа цел, во план е организирање и на контроли на отворен пат во соработка со Министерството за внатрешни работи и Инспекторатот за транспорт и сообраќај.

Од почеток на годинава, за периодот јануари-август годинава остварен е вкупен промет од наплата на патарина, надополнување, продажба на уреди и наплата од поминувања од Опен Балкан во висина од 45.079.748 евра.

Од почетокот на електронската наплата, пак, од 3 јули 2019 до 1. месецов продадени се 33.620 Мтаг уреди и 195.825 МСмарт картички, или вкупно 229.455 електронски уреди.

The post На патарините ширум земјава во август се наплатени рекордни 7.804.840 евра appeared first on Република.

]]>

Во август годинава на патарините наплатени се 7.804.840 евра што претставува рекордна месечна наплата. Споредено со истиот месец минатата година наплатени се 241.329 евра повеќе, информира директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски, кој денеска го посети Оперативниот центар во Петровец, соопшти прес-службата на ЈПДП. Трајановски бил информиран дека продолжува трендот на зголемување на приходите по основ на наплата на патарини. Оперативниот центар во Петровец претставува мултифункционална целина преку која се мониторира работењето на сите наплатни станици и сите активности поврзани со наплатата на патарина.
За негово успешно функционирање потребно беше да се направи доекипирање во делот на контролата и во делот на електронската наплата затоа што имаше недостаток на кадар во таканаречениот Контролен центар кој 24/7 ја следи состојбата на наплатните станици во живо, преку лајв стрим, а во исто време се прави и контрола на работењето преку системот за видео надзор со прегледување на снимен видео материјал, информираат од ЈПДП.
Директорот Трајановски во „VideoWall“ просторијата разговарал со вработените при што, како што стои во соопштението, побарал поголема професионалност и посветеност во работата.
Исто така, можеше и лично да се увери како преку софистицирани софтверски програми се контролира и работењето на секој вработен оператор-инкасант вонаплатните кабини, како се следи сообраќајот на самите наплатни ленти, како се детектира секој проблем во и околу наплатните станици. Во „WideoWall“ просторијата се надгледуваат и влезот, излезот и состојбата на тунелите кај Демир Капија-Смоквица, соошти ЈПДП.
Трајановски остварил средба и со одговорните на наплатните станици кои го запознале со секојдневните проблеми со кои се соочуваат и од кои, стои во соопштението, очекува, исто така максимална посветеност и професионалност во извршувањето на работата. Побарал и поголема ангажираност од страна на стручните служби и преземање на поактивни мерки за намалување на бројот на возила кои избегнуваат плаќање на патарина, како и процесирање на избегнувањето плаќање преку соодветно фактурирање и достава на фактури за ненаплатена патарина до корисниците на автопатски услуги кои не плаќаат патарина. Имено, од страна на контролорите во Контролниот центар евидентирани се над 500.000 возила кои поминале на наплатните станици без да извршат плаќање. За таа цел, во план е организирање и на контроли на отворен пат во соработка со Министерството за внатрешни работи и Инспекторатот за транспорт и сообраќај. Од почеток на годинава, за периодот јануари-август годинава остварен е вкупен промет од наплата на патарина, надополнување, продажба на уреди и наплата од поминувања од Опен Балкан во висина од 45.079.748 евра. Од почетокот на електронската наплата, пак, од 3 јули 2019 до 1. месецов продадени се 33.620 Мтаг уреди и 195.825 МСмарт картички, или вкупно 229.455 електронски уреди.

The post На патарините ширум земјава во август се наплатени рекордни 7.804.840 евра appeared first on Република.

]]>
Се намалуваат цените на пет патарини на автопатот Солун – Атина https://republika.mk/vesti/balkan/se-namaluvaat-tsenite-na-pet-patarini-na-avtopatot-solun-atina/ Tue, 03 Sep 2024 07:16:55 +0000 https://republika.mk/?p=812514

За околу три евра поевтино ќе биде патувањето со автомобил меѓу Солун и Атина со намалувањето на цените на пет патарини во централна Грција, што вчера го соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Намалувањето на цените за 17 отсто за лесните возила и пет проценти за тешките, што ќе трае 15 месеци, ќе стапи во сила на 1 октомври, а ќе важи до крајот на 2025 година, е резултат на искористување на 15,8 милиони евра, што произлегле од рефинансирањето на договорот за концесија на конкретниот дел на автопатот.

Поконкретно за автомобилите, по промената на цените, за петте патарини до крајот на годинава, граѓаните ќе плаќаат 13,7 евра, наспроти 16,5 колку што е сега, а во 2025 година, цените ќе бидат за три евра пониски, односно од 17,4 на 14,4 евра.

Петте патарини се во централниот дел на Грција, во близина на градовите Катерини, Лариса, Волос и Ламија.

Грчкиот премиер објасни дека со намалувањето на каматните стапки од рефинансирањето на договорот за концесија на делот од автопатот, државата е со придобивка од нешто помалку од 16 милиони евра, по што решиле, конкретните средства, наместо да бидат вклучени во државниот буџет како вонреден приход, „да ги вратат на локалното население“.

Сметаме дека е фер да можеме да ги вратиме парите во локалната заедница, но не само тоа, ова значи дека секој што ќе патува од Атина во Солун преку автопатот ќе ја има оваа придобивка. Нагласувам дека ова е од 1 октомври до 31 декември 2025 година, што во суштина го покрива периодот кога сметаме дека сè уште ќе има притисоци во однос на инфлацијата, дури и да се намалува, рече Мицотакис.

 

The post Се намалуваат цените на пет патарини на автопатот Солун – Атина appeared first on Република.

]]>

За околу три евра поевтино ќе биде патувањето со автомобил меѓу Солун и Атина со намалувањето на цените на пет патарини во централна Грција, што вчера го соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Намалувањето на цените за 17 отсто за лесните возила и пет проценти за тешките, што ќе трае 15 месеци, ќе стапи во сила на 1 октомври, а ќе важи до крајот на 2025 година, е резултат на искористување на 15,8 милиони евра, што произлегле од рефинансирањето на договорот за концесија на конкретниот дел на автопатот. Поконкретно за автомобилите, по промената на цените, за петте патарини до крајот на годинава, граѓаните ќе плаќаат 13,7 евра, наспроти 16,5 колку што е сега, а во 2025 година, цените ќе бидат за три евра пониски, односно од 17,4 на 14,4 евра. Петте патарини се во централниот дел на Грција, во близина на градовите Катерини, Лариса, Волос и Ламија. Грчкиот премиер објасни дека со намалувањето на каматните стапки од рефинансирањето на договорот за концесија на делот од автопатот, државата е со придобивка од нешто помалку од 16 милиони евра, по што решиле, конкретните средства, наместо да бидат вклучени во државниот буџет како вонреден приход, „да ги вратат на локалното население“.
Сметаме дека е фер да можеме да ги вратиме парите во локалната заедница, но не само тоа, ова значи дека секој што ќе патува од Атина во Солун преку автопатот ќе ја има оваа придобивка. Нагласувам дека ова е од 1 октомври до 31 декември 2025 година, што во суштина го покрива периодот кога сметаме дека сè уште ќе има притисоци во однос на инфлацијата, дури и да се намалува, рече Мицотакис.
 

The post Се намалуваат цените на пет патарини на автопатот Солун – Атина appeared first on Република.

]]>
На наплатните рампи во јули има промет повеќе од лани, парите постоеле и минатата година само што не завршувале во државната каса https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-na-naplatnite-rampi-vo-juli-ima-promet-poveke-od-lani-parite-postoele-i-minatata-godina-samo-shto-ne-zavrshuvale-vo-drzhavnata-kasa/ Mon, 12 Aug 2024 08:28:59 +0000 https://republika.mk/?p=805706

Премиерот Мицкоски на Фејсбук напиша дека Директорот на Државните патишта Коце Трајановски го информирал дека на наплатните рампи во јули има промет од
од 470.194.563 денари што е повеќе за цели 16.071.251 денари, споредено со истиот период лани.

Овие пари постоеле и минатата година, само разликата е што не завршувале во касата на државата, каде сега од тие пари градиме градинки, училишта, патишта

 

The post На наплатните рампи во јули има промет повеќе од лани, парите постоеле и минатата година само што не завршувале во државната каса appeared first on Република.

]]>

Премиерот Мицкоски на Фејсбук напиша дека Директорот на Државните патишта Коце Трајановски го информирал дека на наплатните рампи во јули има промет од од 470.194.563 денари што е повеќе за цели 16.071.251 денари, споредено со истиот период лани.
Овие пари постоеле и минатата година, само разликата е што не завршувале во касата на државата, каде сега од тие пари градиме градинки, училишта, патишта
 

The post На наплатните рампи во јули има промет повеќе од лани, парите постоеле и минатата година само што не завршувале во државната каса appeared first on Република.

]]>
Од полноќ, нови цени на патарините во Србија https://republika.mk/vesti/balkan/od-polnok-novi-tseni-na-patarinite-vo-srbija/ Tue, 09 Jul 2024 15:10:00 +0000 https://republika.mk/?p=795028

Возењето по автопатиштата во Србија од среда, 10 јули, поскапува за околу 10 отсто. Попусти и натаму ќе имаат корисниците на електронската наплата од шест отсто, како и камионите со мотори „евро 6“ од 10 отсто, јави дописникот на МИА од Белград.

За македонските возачи од категоријата на автомобили најскапа патарината ќе биде на наплатните станици од Прешево до Суботица која ќе чини 2.690 динари или 23 евра. Од Прешево до Белград патарината ќе изнесува 1.890 динари или 16 евра, а од Прешево до наплатната станица Шид и хрватската граница 2.390 динари или 20 евра во еден правец.

Од останатите патарини од Белград до Шид ќе чини 500 динари, од Обреновац до Прељина 560 динари, од Белград до Суботица 800 динари, од Белград до Ниш 1.130 динари, од Белград до Димитровград 1.670 динари.

Во зависност од категоријата, патарината од Белград до Рума ќе изнесува 200 динари, до Сремска Митровица 270 динари, за Инџија 710 динари, и за Нови Сад 490 динари.

Поскапена е патарината и на автопатот „Милош Велики“, па од Белград, односно од Обреновац, каде има наплатна рампа, до Чачак ќе чини 560 динари.

Попусти ќе продолжат да остваруваат корисниците на електронска наплата т.е. таг од 6 отсто, како и камионите со мотори „ЕУРО 6“ од 10 отсто.

Министерот за транспорт, градежништво и инфраструктура Горан Весиќ изјави дека српскиот таг сè уште може да се користи само во Македонија и Црна Гора и обратно.

-Во моментов имаме 66.000 корисници кои го имаат тој Отворен Балкан таг и сигурен сум дека ќе има уште многу такви тагови кога ќе се заврши интеграцијата со Грција, бидејќи голем број српски автомобили влегуваат во Грција, понекогаш и околу 10.000 дневно, тоа е многу важно да се направи, а сигурен сум дека кога ќе создадеме нова компанија за патарини, ќе имаме напредок и во тоа, рече Весиќ на РТС.

Тој очекува меѓу 48 и 50 милијарди динари од наплата на патарина во Србија оваа година, а до 75-80 милијарди во следните две години.

 

The post Од полноќ, нови цени на патарините во Србија appeared first on Република.

]]>

Возењето по автопатиштата во Србија од среда, 10 јули, поскапува за околу 10 отсто. Попусти и натаму ќе имаат корисниците на електронската наплата од шест отсто, како и камионите со мотори „евро 6“ од 10 отсто, јави дописникот на МИА од Белград. За македонските возачи од категоријата на автомобили најскапа патарината ќе биде на наплатните станици од Прешево до Суботица која ќе чини 2.690 динари или 23 евра. Од Прешево до Белград патарината ќе изнесува 1.890 динари или 16 евра, а од Прешево до наплатната станица Шид и хрватската граница 2.390 динари или 20 евра во еден правец. Од останатите патарини од Белград до Шид ќе чини 500 динари, од Обреновац до Прељина 560 динари, од Белград до Суботица 800 динари, од Белград до Ниш 1.130 динари, од Белград до Димитровград 1.670 динари. Во зависност од категоријата, патарината од Белград до Рума ќе изнесува 200 динари, до Сремска Митровица 270 динари, за Инџија 710 динари, и за Нови Сад 490 динари. Поскапена е патарината и на автопатот „Милош Велики“, па од Белград, односно од Обреновац, каде има наплатна рампа, до Чачак ќе чини 560 динари. Попусти ќе продолжат да остваруваат корисниците на електронска наплата т.е. таг од 6 отсто, како и камионите со мотори „ЕУРО 6“ од 10 отсто. Министерот за транспорт, градежништво и инфраструктура Горан Весиќ изјави дека српскиот таг сè уште може да се користи само во Македонија и Црна Гора и обратно. -Во моментов имаме 66.000 корисници кои го имаат тој Отворен Балкан таг и сигурен сум дека ќе има уште многу такви тагови кога ќе се заврши интеграцијата со Грција, бидејќи голем број српски автомобили влегуваат во Грција, понекогаш и околу 10.000 дневно, тоа е многу важно да се направи, а сигурен сум дека кога ќе создадеме нова компанија за патарини, ќе имаме напредок и во тоа, рече Весиќ на РТС. Тој очекува меѓу 48 и 50 милијарди динари од наплата на патарина во Србија оваа година, а до 75-80 милијарди во следните две години.  

The post Од полноќ, нови цени на патарините во Србија appeared first on Република.

]]>
Од 10 јули: Поскапуваат патарините во Србија https://republika.mk/vesti/balkan/od-10-juli-poskapuvaat-patarinite-vo-srbija/ Sat, 06 Jul 2024 10:15:25 +0000 https://republika.mk/?p=793993

Во Србија од 10 јули ќе има поскапување на патарините, откако Владата на Србија го одобри новиот ценовник на Јавното претпријатие Патишта на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Новите цени на патарините ќе поскапат линерано за 10 отсто.

Цената на патарината од Белград – Ниш Југ ќе изнесува 1.130,00 динари додека старата цена изнесуваше 1.020,00 што е за 110 динари поскапо или околу 0,90 центи. Останатите цени на одделни делници се:

Белград – Суботица: нова цена 800,00 динари (стара цена 730,00)
Белград – Шид: 500,00 динари (450,00 динари),
Обреновац – Прељина: 560,00 динари (510,00)
Белград – Врбас: 470,00 динари (420,00)
Белград – Димитровград: нова цена 1.670 (до сега 1.510 динари)

The post Од 10 јули: Поскапуваат патарините во Србија appeared first on Република.

]]>

Во Србија од 10 јули ќе има поскапување на патарините, откако Владата на Србија го одобри новиот ценовник на Јавното претпријатие Патишта на Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Новите цени на патарините ќе поскапат линерано за 10 отсто. Цената на патарината од Белград – Ниш Југ ќе изнесува 1.130,00 динари додека старата цена изнесуваше 1.020,00 што е за 110 динари поскапо или околу 0,90 центи. Останатите цени на одделни делници се: Белград – Суботица: нова цена 800,00 динари (стара цена 730,00) Белград – Шид: 500,00 динари (450,00 динари), Обреновац – Прељина: 560,00 динари (510,00) Белград – Врбас: 470,00 динари (420,00) Белград – Димитровград: нова цена 1.670 (до сега 1.510 динари)

The post Од 10 јули: Поскапуваат патарините во Србија appeared first on Република.

]]>
Од 10 јули поскапи патарини низ Србија https://republika.mk/vesti/balkan/od-10-juli-poskapi-patarini-niz-srbija/ Sat, 06 Jul 2024 07:23:15 +0000 https://republika.mk/?p=793946

Владата на Србија даде зелено светло за новиот ценовник на Јавното претпријатие Путеви Србије.

Новите цени на патарините ќе важат од 10 јули, стои во новата Одлука за висината на посебната такса за користење на јавниот пат, неговиот дел и патниот објект, што ја донесе Јавното претпријатие Путеви Србије.

Ова се дел од нови цени на поединечните делници на српските автопати:

Белград – Шид: нова цена 500 динари (стара цена 450 динари)

Обреновац – Прељина: нова цена 560 динари (стара цена 510 динари)

Белград – Суботица: нова цена 800 динари (стара цена 730 динари)

Белград – Врбас: нова цена 470 динари (стара цена 420 динари)

Белград – Ниш југ: нова цена 1.130 динари (стара цена 1.020 динари)

Белград – Димитровград: нова цена 1.670 динари (стара цена 1.510 динари)

Белград – Баточина: нова цена 500 динари (стара цена 450 динари)

The post Од 10 јули поскапи патарини низ Србија appeared first on Република.

]]>

Владата на Србија даде зелено светло за новиот ценовник на Јавното претпријатие Путеви Србије. Новите цени на патарините ќе важат од 10 јули, стои во новата Одлука за висината на посебната такса за користење на јавниот пат, неговиот дел и патниот објект, што ја донесе Јавното претпријатие Путеви Србије.

Ова се дел од нови цени на поединечните делници на српските автопати:

Белград – Шид: нова цена 500 динари (стара цена 450 динари) Обреновац – Прељина: нова цена 560 динари (стара цена 510 динари) Белград – Суботица: нова цена 800 динари (стара цена 730 динари) Белград – Врбас: нова цена 470 динари (стара цена 420 динари) Белград – Ниш југ: нова цена 1.130 динари (стара цена 1.020 динари) Белград – Димитровград: нова цена 1.670 динари (стара цена 1.510 динари) Белград – Баточина: нова цена 500 динари (стара цена 450 динари)

The post Од 10 јули поскапи патарини низ Србија appeared first on Република.

]]>
Од патарина за пет месеци инкасирани 23,6 милиони евра, во пораст користењето електронски уреди https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-patarina-za-pet-mesetsi-inkasirani-23-6-milioni-evra-vo-porast-koristeneto-elektronski-uredi/ Tue, 04 Jun 2024 07:47:08 +0000 https://republika.mk/?p=784547

Од наплата на патарина во првите пет месеци од годинава се собрани 1.454.587.856 денари (23.651.835 евра) што во однос на истиот период за 2023 година претставува зголемување или повеќе остварен приход за 132.635.906 денари (2.156.681 евро).

Тенденцијата за зголемен остварен приход во 2024 година е константна, со пораст од 10,2 проценти за периодот јануари-мај годинава, информираа за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Износот на наплатените средства на патарините е различен и се движи од 155.827.545 денари на Романовце до 53.038.529 денари на Демир Капија.

ЈПДП минатата година ја заврши со рекорден приход од патарини во износ од 62 милиони евра, за 100 проценти повеќе споредено со 2020 година кога наплатата изнесуваше 34 милиони евра. Во 2021 година по тој основ беа инаксирани 46 милиони евра, а во 2022 година 53 милиони евра. Вкупните приходи на ЈПДП од наплата на патарина за 2024 година се проектирани на износ од 4.400.000.000 денари.

Системот на еден „таг“ има 1 864 корисници, нова регионална платформа Toll4All

Податоците на ЈПДП покажуваат дека системот за заедничка електронска наплата на патарина со примена на еден „таг“ при патување во државава и во Србија, што е оперативен од крајот на јуни лани, досега има 1864 корисници.

-Еден таг во двете држави го користат преку 1800 иматели на тагови, или поточно 1864 корисници. Во периодот откако започна функционалната операбилност, секојдневно се користи и над 21 милион денари се наплатени од користење на српски тагови во Македонија, велат од ЈПДП за МИА.

Во однос на придобивките од проектот, како што оценуваат, позитивниот ефект се гледа и на проширувањето на нова платформа Toll4All во кој ќе бидат вклучени и државите од регионот, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Грција.

На тој проект активно се работи, а дополнително ќе има известување од моментот кога ќе се вклучат и другите држави.

Еден „таг“ функционира како активност од иницијативата „Отворен Балкан“. ТАГ-от (микробранов транспондер) треба да се регистрира (преконфигурира) на веб пoрталот openbalkan-etc.com.

Годинава продадени 7.501 МКартички и 5 983 МТаг уреди

Електронскиот систем за наплата на патарини во државава беше воведен во јули 2019 година. Последните податоци покажуваат дека трендот на користење на електронските уреди се движи по нагорна линија и веќе се искачи на 30 проценти, односно според ЈПДП, граѓаните почнуваат да ги сфаќаат придобивките од брзо и ефикасно поминување на наплантите станици со М-кард и М-таг. На наплатните станици на кои функционира електронската наплата, учество на електронските уреди се движи од 28 проценти до 40 проценти.

Од почетокот на оваа година, за периодот јануари-мај, продадени се 7501 МКартички и 5983 МТаг уреди. За нивно надополнување во оваа година има вкупно 194.853 поединечни операции. Факт е, оценуваат од ЈПДП, дека тенденцијата на зголемување на учеството на електронски уреди во наплатата на патарина се зголемува константно.

Од 2019 година, пак, кога е воведена електронската наплата досега продадени се 177.688 М-картички и 27.088 М-таг уреди. Сепак, 57 проценти од учесниците во сообраќајот се уште преферираат да плаќаат во готовина, а 12,23 проценти плаќаат со користење на платежни картички за наплатата.

Покрај на седумте наплатни станици на Коридор 10, од неодамна електронска наплата има и на патарините Глумово и Желино, како дел од проектот за модернизација на наплатните станици на Коридор 8.

Наплатната станица Глумово профункционира како целосно електронска на 4 април годинава, а наплатната станица Желино, се трансформираше во електронскиот систем еден месец подоцна, на 3 мај година. Процесот, како што истакнуваат од ЈПДП, продолжува и понатаму.

Со проектот за модернизација на Коридорот 8 се опфатени и станиците Миладиновци, Тетово и Гостивар.

The post Од патарина за пет месеци инкасирани 23,6 милиони евра, во пораст користењето електронски уреди appeared first on Република.

]]>

Од наплата на патарина во првите пет месеци од годинава се собрани 1.454.587.856 денари (23.651.835 евра) што во однос на истиот период за 2023 година претставува зголемување или повеќе остварен приход за 132.635.906 денари (2.156.681 евро). Тенденцијата за зголемен остварен приход во 2024 година е константна, со пораст од 10,2 проценти за периодот јануари-мај годинава, информираа за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Износот на наплатените средства на патарините е различен и се движи од 155.827.545 денари на Романовце до 53.038.529 денари на Демир Капија. ЈПДП минатата година ја заврши со рекорден приход од патарини во износ од 62 милиони евра, за 100 проценти повеќе споредено со 2020 година кога наплатата изнесуваше 34 милиони евра. Во 2021 година по тој основ беа инаксирани 46 милиони евра, а во 2022 година 53 милиони евра. Вкупните приходи на ЈПДП од наплата на патарина за 2024 година се проектирани на износ од 4.400.000.000 денари. Системот на еден „таг“ има 1 864 корисници, нова регионална платформа Toll4All Податоците на ЈПДП покажуваат дека системот за заедничка електронска наплата на патарина со примена на еден „таг“ при патување во државава и во Србија, што е оперативен од крајот на јуни лани, досега има 1864 корисници. -Еден таг во двете држави го користат преку 1800 иматели на тагови, или поточно 1864 корисници. Во периодот откако започна функционалната операбилност, секојдневно се користи и над 21 милион денари се наплатени од користење на српски тагови во Македонија, велат од ЈПДП за МИА. Во однос на придобивките од проектот, како што оценуваат, позитивниот ефект се гледа и на проширувањето на нова платформа Toll4All во кој ќе бидат вклучени и државите од регионот, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Грција. На тој проект активно се работи, а дополнително ќе има известување од моментот кога ќе се вклучат и другите држави. Еден „таг“ функционира како активност од иницијативата „Отворен Балкан“. ТАГ-от (микробранов транспондер) треба да се регистрира (преконфигурира) на веб пoрталот openbalkan-etc.com. Годинава продадени 7.501 МКартички и 5 983 МТаг уреди Електронскиот систем за наплата на патарини во државава беше воведен во јули 2019 година. Последните податоци покажуваат дека трендот на користење на електронските уреди се движи по нагорна линија и веќе се искачи на 30 проценти, односно според ЈПДП, граѓаните почнуваат да ги сфаќаат придобивките од брзо и ефикасно поминување на наплантите станици со М-кард и М-таг. На наплатните станици на кои функционира електронската наплата, учество на електронските уреди се движи од 28 проценти до 40 проценти. Од почетокот на оваа година, за периодот јануари-мај, продадени се 7501 МКартички и 5983 МТаг уреди. За нивно надополнување во оваа година има вкупно 194.853 поединечни операции. Факт е, оценуваат од ЈПДП, дека тенденцијата на зголемување на учеството на електронски уреди во наплатата на патарина се зголемува константно. Од 2019 година, пак, кога е воведена електронската наплата досега продадени се 177.688 М-картички и 27.088 М-таг уреди. Сепак, 57 проценти од учесниците во сообраќајот се уште преферираат да плаќаат во готовина, а 12,23 проценти плаќаат со користење на платежни картички за наплатата. Покрај на седумте наплатни станици на Коридор 10, од неодамна електронска наплата има и на патарините Глумово и Желино, како дел од проектот за модернизација на наплатните станици на Коридор 8. Наплатната станица Глумово профункционира како целосно електронска на 4 април годинава, а наплатната станица Желино, се трансформираше во електронскиот систем еден месец подоцна, на 3 мај година. Процесот, како што истакнуваат од ЈПДП, продолжува и понатаму. Со проектот за модернизација на Коридорот 8 се опфатени и станиците Миладиновци, Тетово и Гостивар.

The post Од патарина за пет месеци инкасирани 23,6 милиони евра, во пораст користењето електронски уреди appeared first on Република.

]]>
Поскапи патарини во северна Грција https://republika.mk/vesti/balkan/poskapi-patarini-vo-severna-grtsija/ Mon, 01 Apr 2024 10:56:51 +0000 https://republika.mk/?p=760897

Нови цени, во просек повисоки за 30 до 35 отсто, од денеска се воведени на патарините на автопатот Егнатија во северна Грција, што се протега од Игуменица на запад до границата со Турција кај Кипи на исток, јави дописничката на МИА од Атина.

Од компанијата ги соопштија новите, променети цени што важат од денеска, а соодветната министерска одлука во четвртокот беше објавена во Службен весник на Грција.

Патарината што е веднаш по границата со Македонија при влезот во Грција од 1,80 се зголемува на 2,40 евра, патарината кај Аспровалта од 0,90 се зголемува на 1,20 евра, кај Кавала од 1,40 на 1,85 евра.

Единствено намалување на цените има на патарината кај Солун на пат кон Атина (од 1,20 на од 0,90) и на онаа кон Промахонас на границата со Бугарија (од 2 евра на 1,90).

The post Поскапи патарини во северна Грција appeared first on Република.

]]>

Нови цени, во просек повисоки за 30 до 35 отсто, од денеска се воведени на патарините на автопатот Егнатија во северна Грција, што се протега од Игуменица на запад до границата со Турција кај Кипи на исток, јави дописничката на МИА од Атина. Од компанијата ги соопштија новите, променети цени што важат од денеска, а соодветната министерска одлука во четвртокот беше објавена во Службен весник на Грција. Патарината што е веднаш по границата со Македонија при влезот во Грција од 1,80 се зголемува на 2,40 евра, патарината кај Аспровалта од 0,90 се зголемува на 1,20 евра, кај Кавала од 1,40 на 1,85 евра. Единствено намалување на цените има на патарината кај Солун на пат кон Атина (од 1,20 на од 0,90) и на онаа кон Промахонас на границата со Бугарија (од 2 евра на 1,90).

The post Поскапи патарини во северна Грција appeared first on Република.

]]>
Првата наплата веќе не е 1.80: Oд денеска до 35% поскапи патарини кон Халкидики https://republika.mk/vesti/balkan/prvata-naplata-veke-ne-e-1-80-od-deneska-do-35-poskapi-patarini-kon-halkidiki/ Mon, 01 Apr 2024 10:31:23 +0000 https://republika.mk/?p=760881

Нови цени, во просек повисоки за 30 до 35 отсто, од денеска се воведени на патарините на автопатот Егнатија во северна Грција, што се протега од Игуменица на запад до границата со Турција кај Кипи на исток, јави дописничката на МИА од Атина.

Од компанијата ги соопштија новите, променети цени што важат од денеска, а соодветната министерска одлука во четвртокот беше објавена во Службен весник на Грција.

Патарината што е веднаш по границата со Македонија при влезот во Грција од 1,80 се зголемува на 2,40 евра, патарината кај Аспровалта од 0,90 се зголемува на 1,20 евра, кај Кавала од 1,40 на 1,85 евра.

Единствено намалување на цените има на патарината кај Солун на пат кон Атина (од 1,20 на од 0,90) и на онаа кон Промахонас на границата со Бугарија (од 2 евра на 1,90).

The post Првата наплата веќе не е 1.80: Oд денеска до 35% поскапи патарини кон Халкидики appeared first on Република.

]]>

Нови цени, во просек повисоки за 30 до 35 отсто, од денеска се воведени на патарините на автопатот Егнатија во северна Грција, што се протега од Игуменица на запад до границата со Турција кај Кипи на исток, јави дописничката на МИА од Атина. Од компанијата ги соопштија новите, променети цени што важат од денеска, а соодветната министерска одлука во четвртокот беше објавена во Службен весник на Грција. Патарината што е веднаш по границата со Македонија при влезот во Грција од 1,80 се зголемува на 2,40 евра, патарината кај Аспровалта од 0,90 се зголемува на 1,20 евра, кај Кавала од 1,40 на 1,85 евра. Единствено намалување на цените има на патарината кај Солун на пат кон Атина (од 1,20 на од 0,90) и на онаа кон Промахонас на границата со Бугарија (од 2 евра на 1,90).

The post Првата наплата веќе не е 1.80: Oд денеска до 35% поскапи патарини кон Халкидики appeared first on Република.

]]>
Турција драстично ги зголеми патарините за автопати и мостови https://republika.mk/vesti/balkan/turtsija-drastichno-gi-zgolemi-patarinite-za-avtopati-i-mostovi/ Tue, 02 Jan 2024 11:43:30 +0000 https://republika.mk/?p=728956

Од 2 јануари, стапува на сила зголемување на таксите за патарините, пренесуваат турските медиуми, цитирани од БТА. Патарините на автопатите и мостовите над Босфор, со кои управува Генералниот директорат за автопати, се зголемени во просек за 76 отсто, додека патарините на автопатите и мостовите со кои управуваат приватни компании се зголемени во просек за 50 отсто, соопшти бизнис публикацијата Дуња.

Преминувањето на мостовите „Маченици 15-ти јули“ и „Фатих Султан Мехмет“ преку Босфорот во Истанбул сега чини меѓу 15 и 110 турски лири во зависност од категоријата на автомобилот (тоа е 6 турски лири за мотоцикли). Надоместоците за мостот Јавуз Султан Селим (т.н. Трет мост преку Босфор) се движат од 25 до 275 лири. За да го поминете мостот Османгази преку заливот Измит, ќе платите од 205 до 920 турски лири, а за мостот Чанаккале 1915, кој ги поврзува европскиот и азискиот брег преку Дарданелите, цената варира помеѓу 75 и 1400 турски лири.

Според сегашниот курс, 10 турски лири изнесуваат околу 0,30 евра.

 

The post Турција драстично ги зголеми патарините за автопати и мостови appeared first on Република.

]]>

Од 2 јануари, стапува на сила зголемување на таксите за патарините, пренесуваат турските медиуми, цитирани од БТА. Патарините на автопатите и мостовите над Босфор, со кои управува Генералниот директорат за автопати, се зголемени во просек за 76 отсто, додека патарините на автопатите и мостовите со кои управуваат приватни компании се зголемени во просек за 50 отсто, соопшти бизнис публикацијата Дуња. Преминувањето на мостовите „Маченици 15-ти јули“ и „Фатих Султан Мехмет“ преку Босфорот во Истанбул сега чини меѓу 15 и 110 турски лири во зависност од категоријата на автомобилот (тоа е 6 турски лири за мотоцикли). Надоместоците за мостот Јавуз Султан Селим (т.н. Трет мост преку Босфор) се движат од 25 до 275 лири. За да го поминете мостот Османгази преку заливот Измит, ќе платите од 205 до 920 турски лири, а за мостот Чанаккале 1915, кој ги поврзува европскиот и азискиот брег преку Дарданелите, цената варира помеѓу 75 и 1400 турски лири. Според сегашниот курс, 10 турски лири изнесуваат околу 0,30 евра.  

The post Турција драстично ги зголеми патарините за автопати и мостови appeared first on Република.

]]>
Од денеска поскапи патарини низ Грција https://republika.mk/vesti/svet/od-denes-poskapi-patarini-niz-grtsija/ Mon, 01 Jan 2024 19:37:51 +0000 https://republika.mk/?p=728638

Патарините во Грција од денеска се поскапи за 7,6 отсто, одлука што требаше да се примени минатата година, но се одложи, а зголемувања на цените се планирани и во следните две години, јави дописничката на МИА од Атина.

Патувањето со автомобил од Атина за Солун е за нешто повеќе од две евра поскапо, односно од 31, 35 евра колку беше досега, сега веќе чини 33,75 евра.

Според грчките медиуми, цените ќе останат исти на автопатите Егнатиа во северна Грција и на Атики во пошироката област на Атина.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис минатиот месец објасни дека зголемувањето на цените на патарините е обврска на државата кон концесионерите, согласно годишната инфлација во земјата и посочи дека од 2025 година цената ќе биде за уште два проценти повисока, а за 2026 година е планирано уште едно поскапување за два отсто.

Во 2022 година, требало да се донесе одлука за зголемување на патарините за 2023 година врз основа на висината на инфлацијата од септември 2022 година, кога изнесувала 12 отсто, што во пракса значи дека патарините на почетокот на минатата година требало да бидат за 12 проценти поскапи, меѓутоа од Министерството за инфраструктура и транспорт била донесена одлука да се замрзнат цените и да нема промени.

Но, според Маринакис, обврската се одложила и затоа ќе бидат воведени зголемувања во следните три години, односно 7,6 проценти за 2024 година и по дополнителни два отсто за двете наредни години.

The post Од денеска поскапи патарини низ Грција appeared first on Република.

]]>

Патарините во Грција од денеска се поскапи за 7,6 отсто, одлука што требаше да се примени минатата година, но се одложи, а зголемувања на цените се планирани и во следните две години, јави дописничката на МИА од Атина. Патувањето со автомобил од Атина за Солун е за нешто повеќе од две евра поскапо, односно од 31, 35 евра колку беше досега, сега веќе чини 33,75 евра. Според грчките медиуми, цените ќе останат исти на автопатите Егнатиа во северна Грција и на Атики во пошироката област на Атина. Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис минатиот месец објасни дека зголемувањето на цените на патарините е обврска на државата кон концесионерите, согласно годишната инфлација во земјата и посочи дека од 2025 година цената ќе биде за уште два проценти повисока, а за 2026 година е планирано уште едно поскапување за два отсто. Во 2022 година, требало да се донесе одлука за зголемување на патарините за 2023 година врз основа на висината на инфлацијата од септември 2022 година, кога изнесувала 12 отсто, што во пракса значи дека патарините на почетокот на минатата година требало да бидат за 12 проценти поскапи, меѓутоа од Министерството за инфраструктура и транспорт била донесена одлука да се замрзнат цените и да нема промени. Но, според Маринакис, обврската се одложила и затоа ќе бидат воведени зголемувања во следните три години, односно 7,6 проценти за 2024 година и по дополнителни два отсто за двете наредни години.

The post Од денеска поскапи патарини низ Грција appeared first on Република.

]]>
Бочварски – Ксифарас: Ги отвораме прашањата за заеднички гранични премини и поврзан систем за плаќање патарини https://republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-ksifaras-gi-otvorame-prashanata-za-zaednichki-granichni-premini-i-povrzan-sistem-za-plakane-patarini/ Tue, 12 Dec 2023 09:24:46 +0000 https://republika.mk/?p=722041

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски оствари билатерална средба со Јоанис Ксифарас, кој ја предводеше грчката делегација во име на Министерството за инфраструктура и транспорт на Република Грција.

 

Тие на средбата ја потврдија добрата соработка помеѓу Македонија и Грција и разговараа во однос на заедничките заложби за европска интеграција на регионот.

 

Министерот Бочварски ја потенцираше важноста на зголемување на соработката во делот на железничкиот сообраќај и поврзувањето на Битола со Месонисон, во Грција.

 

Исто така двајцата разговараа за отворање на зелени коридори на граничните премини, како и можноста за интероперабилност на патарините.

 

„Разговаравме и разменивме искуства за процесите на олеснување и подобрување на транспортот помеѓу нашите земји, а дадовме и фокус на продлабочување на соработката, особено во делот на туризмот и патничкиот транспорт. Ја отворив темата за отворање на граничниот премин Маркова Нога, како и модернизација на останатите заеднички гранични премини. Македонија работи активно за интеграција и членство во Европската Унија, а поддршката од нашите соседи е  и повеќе од добредојдена.“ – изјави министерот Бочварски.

 

Билатералната средба помеѓу министерот Бочварски и државниот секретар Ксифарас е во рамките на Министерскиот совет, кој овие два дена се одржува во Скопје.

The post Бочварски – Ксифарас: Ги отвораме прашањата за заеднички гранични премини и поврзан систем за плаќање патарини appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски оствари билатерална средба со Јоанис Ксифарас, кој ја предводеше грчката делегација во име на Министерството за инфраструктура и транспорт на Република Грција.   Тие на средбата ја потврдија добрата соработка помеѓу Македонија и Грција и разговараа во однос на заедничките заложби за европска интеграција на регионот.   Министерот Бочварски ја потенцираше важноста на зголемување на соработката во делот на железничкиот сообраќај и поврзувањето на Битола со Месонисон, во Грција.   Исто така двајцата разговараа за отворање на зелени коридори на граничните премини, како и можноста за интероперабилност на патарините.   „Разговаравме и разменивме искуства за процесите на олеснување и подобрување на транспортот помеѓу нашите земји, а дадовме и фокус на продлабочување на соработката, особено во делот на туризмот и патничкиот транспорт. Ја отворив темата за отворање на граничниот премин Маркова Нога, како и модернизација на останатите заеднички гранични премини. Македонија работи активно за интеграција и членство во Европската Унија, а поддршката од нашите соседи е  и повеќе од добредојдена.“ – изјави министерот Бочварски.   Билатералната средба помеѓу министерот Бочварски и државниот секретар Ксифарас е во рамките на Министерскиот совет, кој овие два дена се одржува во Скопје.

The post Бочварски – Ксифарас: Ги отвораме прашањата за заеднички гранични премини и поврзан систем за плаќање патарини appeared first on Република.

]]>
Ќе поскапи одењето на море: Грција ги зголемува патарините https://republika.mk/vesti/balkan/ke-poskapi-odeneto-na-more-grtsija-gi-zgolemuva-patarinite/ Fri, 01 Dec 2023 16:48:22 +0000 https://republika.mk/?p=718432

Патарините во Грција од 2024 година ќе се зголемат за 7,6 отсто, од 2025 година цената ќе биде за уште два проценти повисока, а за 2026 година е планирано уште едно поскапување од два отсто.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, на редовен брифинг со новинарите, објасни дека зголемувањето на цените е обврска на државата кон концесионерите, согласно годишната инфлација во земјата.

Во 2022 година, требало да се донесе одлука за зголемување на патарините за 2023 година врз основа на висината на инфлацијата од септември 2022 година, кога изнесувала 12 отсто, што во пракса значи дека патарините на почетокот на оваа година требало да бидат за 12 проценти поскапи, меѓутоа од Министерството за инфраструктура и транспорт била донесена одлука да се замрзнат цените и да нема промени.

Но, според Маринакис, станува збор за одложување на обврската, која сега треба да се исполни и затоа ќе бидат воведени зголемувања во следните три години, односно 7,6 проценти за 2024 година и по дополнителни два отсто за двете наредни години.

The post Ќе поскапи одењето на море: Грција ги зголемува патарините appeared first on Република.

]]>

Патарините во Грција од 2024 година ќе се зголемат за 7,6 отсто, од 2025 година цената ќе биде за уште два проценти повисока, а за 2026 година е планирано уште едно поскапување од два отсто. Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, на редовен брифинг со новинарите, објасни дека зголемувањето на цените е обврска на државата кон концесионерите, согласно годишната инфлација во земјата. Во 2022 година, требало да се донесе одлука за зголемување на патарините за 2023 година врз основа на висината на инфлацијата од септември 2022 година, кога изнесувала 12 отсто, што во пракса значи дека патарините на почетокот на оваа година требало да бидат за 12 проценти поскапи, меѓутоа од Министерството за инфраструктура и транспорт била донесена одлука да се замрзнат цените и да нема промени. Но, според Маринакис, станува збор за одложување на обврската, која сега треба да се исполни и затоа ќе бидат воведени зголемувања во следните три години, односно 7,6 проценти за 2024 година и по дополнителни два отсто за двете наредни години.

The post Ќе поскапи одењето на море: Грција ги зголемува патарините appeared first on Република.

]]>