патарина Archives - Република https://republika.mk/tema/patarina/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Sep 2024 12:05:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png патарина Archives - Република https://republika.mk/tema/patarina/ 32 32 Излета автомобил по патарината кај Велес https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izleta-avtomobil-po-patarinata-kaj-veles/ Wed, 11 Sep 2024 11:52:29 +0000 https://republika.mk/?p=815310

Вчера околу 14.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопатот А1 Велес – Скопје, по наплатна станица Отовица, патничко возило „опел“ со кривопаланачки регистарски ознаки, управувано од Р.М.(51) од Крива Паланка, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.М.(50), додека со телесни повреди другата сопатничка А.М.(23), двете од Крива Паланка, констатирани во Општата болница во Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Велес.

 

The post Излета автомобил по патарината кај Велес appeared first on Република.

]]>

Вчера околу 14.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопатот А1 Велес – Скопје, по наплатна станица Отовица, патничко возило „опел“ со кривопаланачки регистарски ознаки, управувано од Р.М.(51) од Крива Паланка, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.М.(50), додека со телесни повреди другата сопатничка А.М.(23), двете од Крива Паланка, констатирани во Општата болница во Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Велес.  

The post Излета автомобил по патарината кај Велес appeared first on Република.

]]>
Инцидент на наплатна станица Романовце https://republika.mk/vesti/crna-hronika/intsident-na-naplatna-stanitsa-romanovtse/ Tue, 06 Aug 2024 19:22:51 +0000 https://republika.mk/?p=804048

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Г. од село Калниште, пробиштипско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 17.05.2024 на наплатна станица Романовце, кумановско, пријавениот физички го нападнал М.С..

The post Инцидент на наплатна станица Романовце appeared first on Република.

]]>

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Г. од село Калниште, пробиштипско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 17.05.2024 на наплатна станица Романовце, кумановско, пријавениот физички го нападнал М.С..

The post Инцидент на наплатна станица Романовце appeared first on Република.

]]>
Поскапуваат патарините во Србија https://republika.mk/vesti/balkan/poskapuvaat-patarinite-vo-srbija/ Wed, 10 Jul 2024 07:01:01 +0000 https://republika.mk/?p=795138

Возачите низ Србија од денес ќе издвојуваат за 10 отсто повеќе за патарини од порано. Така возењето од Ниш до Белград со патнички автомобил ќе чини 1.130 динари, од Белград до Шид 500 а до Суботица 800 динари.

Освен во готово со динари или со кредитни картички, за возилата со странски регистарски таблички плаќањето може да се врши и во евра, при што цените како кај нас се заокружени на половина или цело евро.

Новост за возачите на камиони кои користат уреди за електронска наплата е што можат да остварат 10 отсто попуст ако нивните возила се со Еуро 6 стандарди. Но новост е и тоа што од идната година во Србија патарина ќе се плаќа и за брзите магистрали, по цени кои ќе бидат за околу 20 отсто пониски отколку на автопат.

The post Поскапуваат патарините во Србија appeared first on Република.

]]>

Возачите низ Србија од денес ќе издвојуваат за 10 отсто повеќе за патарини од порано. Така возењето од Ниш до Белград со патнички автомобил ќе чини 1.130 динари, од Белград до Шид 500 а до Суботица 800 динари. Освен во готово со динари или со кредитни картички, за возилата со странски регистарски таблички плаќањето може да се врши и во евра, при што цените како кај нас се заокружени на половина или цело евро. Новост за возачите на камиони кои користат уреди за електронска наплата е што можат да остварат 10 отсто попуст ако нивните возила се со Еуро 6 стандарди. Но новост е и тоа што од идната година во Србија патарина ќе се плаќа и за брзите магистрали, по цени кои ќе бидат за околу 20 отсто пониски отколку на автопат.

The post Поскапуваат патарините во Србија appeared first on Република.

]]>
Почина жената во која пукаше тетовец на патарината во Прешево https://republika.mk/vesti/balkan/pochina-zhenata-vo-koja-pukashe-tetovets-na-patarinata-vo-preshevo/ Mon, 08 Apr 2024 07:32:08 +0000 https://republika.mk/?p=763636

Српската државјанка В.Ј. (30) од Трстеник, која беше тешко повредена од огнено оружје кај Прешево кога по расправија во автомобил беше застрелана од македонски државјанин кој потоа се самоуби, им подлегнала на повредите во Универзитетскиот медицински центар Ниш.

Таа беше ранета во ноќта меѓу 7 и 8 март, а вчера им подлегнала на повредите, по точно еден месец борба за живот. Лекарите од Ниш сториле сè за да ѝ го спасат животот, но тешките повреди биле фатални, пренесуваат српските медиуми.

Пациентката В.Ј. (30), која поради прострелни рани на 8 март од ЗЦ Врање била донесена во УЗ УКЦ Ниш, а по операцијата била хоспитализирана на Клиниката за анестезија и покрај сите напори на лекарите од Универзитетскиот клинички центар Ниш, вчера им подлегнала на повредите, потврдено е од Универзитетскиот медицински центар Ниш.

За потсетување, мажот (52) кој пукал во неа е македонски државјанин од албанска националност од Тетово. Тој прво со огнено оружје ја ранил жената, а потоа се застрелал. Им подлегнал на повредите, а на пукањето претходела расправија. Мотивите на убиството и самоубиството се уште не се познати, пишуваат српските медиуми.

The post Почина жената во која пукаше тетовец на патарината во Прешево appeared first on Република.

]]>

Српската државјанка В.Ј. (30) од Трстеник, која беше тешко повредена од огнено оружје кај Прешево кога по расправија во автомобил беше застрелана од македонски државјанин кој потоа се самоуби, им подлегнала на повредите во Универзитетскиот медицински центар Ниш. Таа беше ранета во ноќта меѓу 7 и 8 март, а вчера им подлегнала на повредите, по точно еден месец борба за живот. Лекарите од Ниш сториле сè за да ѝ го спасат животот, но тешките повреди биле фатални, пренесуваат српските медиуми.
Пациентката В.Ј. (30), која поради прострелни рани на 8 март од ЗЦ Врање била донесена во УЗ УКЦ Ниш, а по операцијата била хоспитализирана на Клиниката за анестезија и покрај сите напори на лекарите од Универзитетскиот клинички центар Ниш, вчера им подлегнала на повредите, потврдено е од Универзитетскиот медицински центар Ниш.
За потсетување, мажот (52) кој пукал во неа е македонски државјанин од албанска националност од Тетово. Тој прво со огнено оружје ја ранил жената, а потоа се застрелал. Им подлегнал на повредите, а на пукањето претходела расправија. Мотивите на убиството и самоубиството се уште не се познати, пишуваат српските медиуми.

The post Почина жената во која пукаше тетовец на патарината во Прешево appeared first on Република.

]]>
Трагедија на патарина: Албанец од Македонија пукал во жена му па се самоубил https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tragedija-na-patarina-albanets-od-makedonija-pukal-vo-zhena-mu-pa-se-samoubil/ Fri, 08 Mar 2024 07:54:58 +0000 https://republika.mk/?p=752490

Во тешката состојба е 38 годишната жена која вчера беше застрелана на патарина пред Прешево. Во неа пукал 52 годишен македонски државјанин од албанска националност.

Македонскиот државјанин и жената биле во „ауди“ со македонски регистарски таблички. Во еден момент сопатничката излегла од автомобилот и почнала да бега. Мажот излегол по неа испукал неколку куршуми и ја ранил, а потоа се одалечил од местото на настанот. Набрзо се вратил и си пукал во глава.

Тој им подлегнал на повредите, а на пукањето и претходела расправија. Мотивите за обидот за убиство и самоубиство не се познати.

Лекарите во Врање се борат за животот на жената

 

The post Трагедија на патарина: Албанец од Македонија пукал во жена му па се самоубил appeared first on Република.

]]>

Во тешката состојба е 38 годишната жена која вчера беше застрелана на патарина пред Прешево. Во неа пукал 52 годишен македонски државјанин од албанска националност. Македонскиот државјанин и жената биле во „ауди“ со македонски регистарски таблички. Во еден момент сопатничката излегла од автомобилот и почнала да бега. Мажот излегол по неа испукал неколку куршуми и ја ранил, а потоа се одалечил од местото на настанот. Набрзо се вратил и си пукал во глава. Тој им подлегнал на повредите, а на пукањето и претходела расправија. Мотивите за обидот за убиство и самоубиство не се познати. Лекарите во Врање се борат за животот на жената  

The post Трагедија на патарина: Албанец од Македонија пукал во жена му па се самоубил appeared first on Република.

]]>
Tри евра во еден правец: Поскапуваат патарините во Грција https://republika.mk/zivot/patuvanja/tri-evra-vo-eden-pravets-poskapuvaat-patarinite-vo-grtsija/ Wed, 07 Feb 2024 19:44:11 +0000 https://republika.mk/?p=741586

Во пресметката на трошоците за  одмор во Грција летово треба да го вклучите и поскапувањето на патарините.

Во просек изнесува нешто повеќе од 7,5 отсто, што би значело дека на грчките патарини ќе треба да платите и до три евра повеќе од претходната година. Надлежните најавуваат дека позабележителен скок на цените ќе има следната година.

Цената зависи, се разбира, од делот во кој патувате. Така, од Солун до Атина, наместо 31,35 евра сега цената е 33,75 евра, додека од Атина до Патра сегашната цена е 12,7 евра, додека била 11,8 би била новата.

The post Tри евра во еден правец: Поскапуваат патарините во Грција appeared first on Република.

]]>

Во пресметката на трошоците за  одмор во Грција летово треба да го вклучите и поскапувањето на патарините. Во просек изнесува нешто повеќе од 7,5 отсто, што би значело дека на грчките патарини ќе треба да платите и до три евра повеќе од претходната година. Надлежните најавуваат дека позабележителен скок на цените ќе има следната година. Цената зависи, се разбира, од делот во кој патувате. Така, од Солун до Атина, наместо 31,35 евра сега цената е 33,75 евра, додека од Атина до Патра сегашната цена е 12,7 евра, додека била 11,8 би била новата.

The post Tри евра во еден правец: Поскапуваат патарините во Грција appeared first on Република.

]]>
Од денеска поскапи патарините во Грција https://republika.mk/vesti/balkan/od-deneska-poskapi-patarinite-vo-grtsija/ Mon, 01 Jan 2024 14:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=728693

Патарините во Грција од денеска се поскапи за 7,6 отсто, одлука што требаше да се примени минатата година, но се одложи, а зголемувања на цените се планирани и во следните две години, јави дописничката на МИА од Атина.

Патувањето со автомобил од Атина за Солун е за нешто повеќе од две евра поскапо, односно од 31, 35 евра колку беше досега, сега веќе чини 33,75 евра.

Според грчките медиуми, цените ќе останат исти на автопатите Егнатиа во северна Грција и на Атики во пошироката област на Атина.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис минатиот месец објасни дека зголемувањето на цените на патарините е обврска на државата кон концесионерите, согласно годишната инфлација во земјата и посочи дека од 2025 година цената ќе биде за уште два проценти повисока, а за 2026 година е планирано уште едно поскапување за два отсто.

Во 2022 година, требало да се донесе одлука за зголемување на патарините за 2023 година врз основа на висината на инфлацијата од септември 2022 година, кога изнесувала 12 отсто, што во пракса значи дека патарините на почетокот на минатата година требало да бидат за 12 проценти поскапи, меѓутоа од Министерството за инфраструктура и транспорт била донесена одлука да се замрзнат цените и да нема промени.

Но, според Маринакис, обврската се одложила и затоа ќе бидат воведени зголемувања во следните три години, односно 7,6 проценти за 2024 година и по дополнителни два отсто за двете наредни години.

 

The post Од денеска поскапи патарините во Грција appeared first on Република.

]]>

Патарините во Грција од денеска се поскапи за 7,6 отсто, одлука што требаше да се примени минатата година, но се одложи, а зголемувања на цените се планирани и во следните две години, јави дописничката на МИА од Атина. Патувањето со автомобил од Атина за Солун е за нешто повеќе од две евра поскапо, односно од 31, 35 евра колку беше досега, сега веќе чини 33,75 евра. Според грчките медиуми, цените ќе останат исти на автопатите Егнатиа во северна Грција и на Атики во пошироката област на Атина. Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис минатиот месец објасни дека зголемувањето на цените на патарините е обврска на државата кон концесионерите, согласно годишната инфлација во земјата и посочи дека од 2025 година цената ќе биде за уште два проценти повисока, а за 2026 година е планирано уште едно поскапување за два отсто. Во 2022 година, требало да се донесе одлука за зголемување на патарините за 2023 година врз основа на висината на инфлацијата од септември 2022 година, кога изнесувала 12 отсто, што во пракса значи дека патарините на почетокот на минатата година требало да бидат за 12 проценти поскапи, меѓутоа од Министерството за инфраструктура и транспорт била донесена одлука да се замрзнат цените и да нема промени. Но, според Маринакис, обврската се одложила и затоа ќе бидат воведени зголемувања во следните три години, односно 7,6 проценти за 2024 година и по дополнителни два отсто за двете наредни години.  

The post Од денеска поскапи патарините во Грција appeared first on Република.

]]>
Од година поскапува одењето на одмор во Грција https://republika.mk/vesti/balkan/od-godina-poskapuva-odeneto-na-odmor-vo-grtsija/ Mon, 04 Dec 2023 12:04:37 +0000 https://republika.mk/?p=719416

Цените на патарините за автопат во Грција ќе пораснат од почетокот на следната година, соопшти Министерството за транспорт во Атина, цитирано од БНР. Владиниот портпарол во Атина најави нови повисоки цени на патарините во Грција од 1 јануари следната година.

Цените постепено растат во текот на три години. Во наредната година, со зголемување на таксите за околу 8%, цената на патнички автомобил на делницата Солун – Атина ќе биде 34 евра, на релација Атина – Патра – 13 евра, за Атина – Јанина 42 евра платени по автомобил. За следните две години од 2025 година, на оваа цена ќе се додаде уште 2% зголемување.

За тековната година цените не поскапеа бидејќи Владата го блокираше поскапувањето по договор со компаниите кои ја одржуваат националната патна мрежа. Од почетокот на следната година, пак, ќе се склучи нов договор со повисоки цени, прилагодени на индексот на инфлација, нагласуваат од Министерството за транспорт.

The post Од година поскапува одењето на одмор во Грција appeared first on Република.

]]>

Цените на патарините за автопат во Грција ќе пораснат од почетокот на следната година, соопшти Министерството за транспорт во Атина, цитирано од БНР. Владиниот портпарол во Атина најави нови повисоки цени на патарините во Грција од 1 јануари следната година. Цените постепено растат во текот на три години. Во наредната година, со зголемување на таксите за околу 8%, цената на патнички автомобил на делницата Солун – Атина ќе биде 34 евра, на релација Атина – Патра – 13 евра, за Атина – Јанина 42 евра платени по автомобил. За следните две години од 2025 година, на оваа цена ќе се додаде уште 2% зголемување. За тековната година цените не поскапеа бидејќи Владата го блокираше поскапувањето по договор со компаниите кои ја одржуваат националната патна мрежа. Од почетокот на следната година, пак, ќе се склучи нов договор со повисоки цени, прилагодени на индексот на инфлација, нагласуваат од Министерството за транспорт.

The post Од година поскапува одењето на одмор во Грција appeared first on Република.

]]>
Ќе има зголемени гужви на патот Скопје-Тетово: Од понеделник почнува реконструкција на патарната кај Желино https://republika.mk/zivot/servisi/ke-ima-zgolemeni-guzhvi-na-patot-skopje-tetovo-od-ponedelnik-pochnuva-rekonstruktsija-na-patarnata-kaj-zhelino/ Sat, 21 Oct 2023 09:21:03 +0000 https://republika.mk/?p=693534

Од 23 октомври (понеделник) ќе почне реконструкција на постоечката наплатна станица Желино, на државен пат А2 - делница Скопје - Тетово. Сообраќајот на автопатот ќе се одвива согласно одобрен времен режим на сообраќај, информираат утрово од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, се наведува во соопштението.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Ќе има зголемени гужви на патот Скопје-Тетово: Од понеделник почнува реконструкција на патарната кај Желино appeared first on Република.

]]>

Од 23 октомври (понеделник) ќе почне реконструкција на постоечката наплатна станица Желино, на државен пат А2 - делница Скопје - Тетово. Сообраќајот на автопатот ќе се одвива согласно одобрен времен режим на сообраќај, информираат утрово од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, се наведува во соопштението.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Ќе има зголемени гужви на патот Скопје-Тетово: Од понеделник почнува реконструкција на патарната кај Желино appeared first on Република.

]]>
Поскапуваат патарините во Грција https://republika.mk/vesti/balkan/poskapuvaat-patarinite-vo-grtsija/ Wed, 09 Aug 2023 15:04:48 +0000 https://republika.mk/?p=670467

Концесионерите на главните грчки автопати најавија значително зголемување на патарините кои ќе стапат на сила од следниот месец, што предизвика остра реакција од грчкото Министерство за инфраструктура и транспорт, објавија грчките медиуми.

Во соопштението на министерството, цитирано од АНА-МПА, се вели дека треба да се најде реално решение без да се оптоваруваат граѓаните во 2023 година и се нагласува дека државата ќе ги исцрпи сите опции што и се на располагање за да ги запре едностраните дејствија на компаниите.

Притоа се потсетува дека на 3 јули концесионерите побарале средба во министерството за да се разговара за ажурирање на патарините врз основа на концесиските договори. Одржани се две средби, на 18 и 24 јули, на кои се разговарало за алтернативни сценарија за изнаоѓање решение кое нема да биде товар за граѓаните. Поради тоа, министерството билое изненадено кога на 28 јули пристигнал допис во кој концесионерите се изјасниле дека имаат намера да продолжат со значително зголемување на патарините.

Сајтот newmoney.gr прецизира дека во барањето на концесионерите поскапувањето на некои наплатни пунктови достигнува 16 проценти. Новите цени ќе важат само за периодот септември-декември, бидејќи следниот месец треба да се утврдат надоместоците што треба да се наплатат од почетокот на 2024 година, повторно според индексот на потрошувачките цени.

The post Поскапуваат патарините во Грција appeared first on Република.

]]>

Концесионерите на главните грчки автопати најавија значително зголемување на патарините кои ќе стапат на сила од следниот месец, што предизвика остра реакција од грчкото Министерство за инфраструктура и транспорт, објавија грчките медиуми. Во соопштението на министерството, цитирано од АНА-МПА, се вели дека треба да се најде реално решение без да се оптоваруваат граѓаните во 2023 година и се нагласува дека државата ќе ги исцрпи сите опции што и се на располагање за да ги запре едностраните дејствија на компаниите. Притоа се потсетува дека на 3 јули концесионерите побарале средба во министерството за да се разговара за ажурирање на патарините врз основа на концесиските договори. Одржани се две средби, на 18 и 24 јули, на кои се разговарало за алтернативни сценарија за изнаоѓање решение кое нема да биде товар за граѓаните. Поради тоа, министерството билое изненадено кога на 28 јули пристигнал допис во кој концесионерите се изјасниле дека имаат намера да продолжат со значително зголемување на патарините. Сајтот newmoney.gr прецизира дека во барањето на концесионерите поскапувањето на некои наплатни пунктови достигнува 16 проценти. Новите цени ќе важат само за периодот септември-декември, бидејќи следниот месец треба да се утврдат надоместоците што треба да се наплатат од почетокот на 2024 година, повторно според индексот на потрошувачките цени.

The post Поскапуваат патарините во Грција appeared first on Република.

]]>
Во Шпанија бушат гума на автомобил на патарина, па кога ќе застане да ја смени го ограбуваат https://republika.mk/vesti/svet/vo-shpanija-bushat-guma-na-avtomobil-na-patarina-pa-koga-ke-zastane-da-ja-smeni-go-ograbuvaat/ Sun, 30 Jul 2023 09:36:17 +0000 https://republika.mk/?p=666850

На социјалните мрежи се појави несекојдневна снимка од Шпанија. Видеото кое го објави шпанската полиција прикажува доаѓање на „Порше“ на патарина. И, додека возачот е фокусиран на плаќањето, од возилото зад него излегува кој ги буши гумите на возилото.

https://twitter.com/mossos/status/1681375837273063455?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1681375837273063455%7Ctwgr%5Ed3210911466c3f4a2f7cb001d8d42a9089232625%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fulica.mk%2Fd0b2d0be-d188d0bfd0b0d0bdd0b8d198d0b0-d0b1d183d188d0b0d182-d0b3d183d0bcd0b8-d0bdd0b0-d0b0d0b2d182d0bed0bcd0bed0b1d0b8d0bbd0b8-d0bdd0b0%2F

Целта е јасна, а тоа е да се онеспособи возилото и да се натера возачот да застане покрај автопатот. Во тој момент настапуваат разбојниците, кои ја користат можноста да го ограбат возачот, објави „Насио дигитал“ (Nacio Digital).

Од каталонската полиција не соопштиле колку се чести овие случаи, но веќе се појавиле неколку снимки. Исто така, слично сценарио е забележена и на паркинзи.

The post Во Шпанија бушат гума на автомобил на патарина, па кога ќе застане да ја смени го ограбуваат appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се појави несекојдневна снимка од Шпанија. Видеото кое го објави шпанската полиција прикажува доаѓање на „Порше“ на патарина. И, додека возачот е фокусиран на плаќањето, од возилото зад него излегува кој ги буши гумите на возилото. https://twitter.com/mossos/status/1681375837273063455?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1681375837273063455%7Ctwgr%5Ed3210911466c3f4a2f7cb001d8d42a9089232625%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fulica.mk%2Fd0b2d0be-d188d0bfd0b0d0bdd0b8d198d0b0-d0b1d183d188d0b0d182-d0b3d183d0bcd0b8-d0bdd0b0-d0b0d0b2d182d0bed0bcd0bed0b1d0b8d0bbd0b8-d0bdd0b0%2F Целта е јасна, а тоа е да се онеспособи возилото и да се натера возачот да застане покрај автопатот. Во тој момент настапуваат разбојниците, кои ја користат можноста да го ограбат возачот, објави „Насио дигитал“ (Nacio Digital). Од каталонската полиција не соопштиле колку се чести овие случаи, но веќе се појавиле неколку снимки. Исто така, слично сценарио е забележена и на паркинзи.

The post Во Шпанија бушат гума на автомобил на патарина, па кога ќе застане да ја смени го ограбуваат appeared first on Република.

]]>
Патарините до Халкидики поевтини од Македонија, гориво наточете пред граница https://republika.mk/zivot/patuvanja/patarinite-do-halkidiki-poevtini-od-makedonija-gorivo-natochete-pred-granitsa/ Sun, 09 Jul 2023 10:23:35 +0000 https://republika.mk/?p=659332

Најголем број на македонски туристи во Грција одат со возила па затоа сите ги интересира колку е цената на патарините кај јужниот сосед. Веднаш штом ќе влезете во Грција преку преминот Евзони, на околу 500 метри од границата, ќе наидете на првата патарина во Грција каде патарината за моторни возила е 1,80 евра (во еден правец).

Патарина на обиколницата во Солун (општина Ореокастро)

Цената на патарината за автомобили е 0,50 евра, за мотоцикли 0,30 евра.

наплатна рампа Аспровалта

Возачите на патарина во Аспровалта сега плаќаат 0,60 евра за мотоцикли, 0,90 евра за автомобили и 2,30 – 3,20 евра за големи возила.

Од Солун до Халкидики нема наплата на патарина.

Растојание и цени на патарина Солун – Атина

Растојанието од Солун до Атина е 499 километри, а патувањето со автомобил трае околу 5 часа и 20 минути.

Од Солун до Атина има 11 наплатни пунктови, а вкупната патарина е 31,35 евра.

Цени на патарина и растојание до Лефкада

Од граничниот премин Евзони до Лефкада растојанието е 415 километри, а патувањето со автомобил трае околу 5 часа.

Од Евзони до Лефкада има 8 наплатни пунктови, а вкупната патарина е 14,65 евра.

Цени на патарина и растојание до Тасос

Од граничниот премин Евзони до островот Тасос растојанието е 258 километри, а патувањето со автомобил трае околу 3 часа.

Од Евзони до Тасос има 5 наплатни пунктови, а вкупната патарина е 7,40 евра.

Цени на патарина и растојание до Парга

Од граничниот премин Евзони до Парга растојанието е 386 км, а патувањето со автомобил трае околу 4 часа.
Од Евзони до Парга има 7 наплатни пунктови, а вкупната патарина е 10,60 евра.

Цени на патарина и растојание до Крф

Од граничниот премин Евзони до островот Крф растојанието е 367 километри, а патувањето со автомобил трае околу 4 часа и 10 минути.
Од Евзони до Крф има 7 наплатни пунктови, а вкупната патарина е 10,60 евра.

Горивата во Грција се значително поскапи отколку во Македонија и се движат о 1-95 за безнин и  1.63 евра за дизел.

The post Патарините до Халкидики поевтини од Македонија, гориво наточете пред граница appeared first on Република.

]]>

Најголем број на македонски туристи во Грција одат со возила па затоа сите ги интересира колку е цената на патарините кај јужниот сосед. Веднаш штом ќе влезете во Грција преку преминот Евзони, на околу 500 метри од границата, ќе наидете на првата патарина во Грција каде патарината за моторни возила е 1,80 евра (во еден правец). Патарина на обиколницата во Солун (општина Ореокастро) Цената на патарината за автомобили е 0,50 евра, за мотоцикли 0,30 евра. наплатна рампа Аспровалта Возачите на патарина во Аспровалта сега плаќаат 0,60 евра за мотоцикли, 0,90 евра за автомобили и 2,30 – 3,20 евра за големи возила. Од Солун до Халкидики нема наплата на патарина. Растојание и цени на патарина Солун – Атина Растојанието од Солун до Атина е 499 километри, а патувањето со автомобил трае околу 5 часа и 20 минути. Од Солун до Атина има 11 наплатни пунктови, а вкупната патарина е 31,35 евра. Цени на патарина и растојание до Лефкада Од граничниот премин Евзони до Лефкада растојанието е 415 километри, а патувањето со автомобил трае околу 5 часа. Од Евзони до Лефкада има 8 наплатни пунктови, а вкупната патарина е 14,65 евра. Цени на патарина и растојание до Тасос Од граничниот премин Евзони до островот Тасос растојанието е 258 километри, а патувањето со автомобил трае околу 3 часа. Од Евзони до Тасос има 5 наплатни пунктови, а вкупната патарина е 7,40 евра. Цени на патарина и растојание до Парга Од граничниот премин Евзони до Парга растојанието е 386 км, а патувањето со автомобил трае околу 4 часа. Од Евзони до Парга има 7 наплатни пунктови, а вкупната патарина е 10,60 евра. Цени на патарина и растојание до Крф Од граничниот премин Евзони до островот Крф растојанието е 367 километри, а патувањето со автомобил трае околу 4 часа и 10 минути. Од Евзони до Крф има 7 наплатни пунктови, а вкупната патарина е 10,60 евра. Горивата во Грција се значително поскапи отколку во Македонија и се движат о 1-95 за безнин и  1.63 евра за дизел.

The post Патарините до Халкидики поевтини од Македонија, гориво наточете пред граница appeared first on Република.

]]>
Трошокот за шопинг во Врање скокна – поскапеа патарините во Србија https://republika.mk/vesti/balkan/troshokot-za-shoping-vo-vrane-skokna-poskapea-patarinite-vo-srbija/ Fri, 24 Mar 2023 09:38:19 +0000 https://republika.mk/?p=623132

Србија ги зголеми цените на патарините за 14 отсто. Според одлуката на владата, возачите кои патарината ја плаќаат преку електронски уред ќе добијат попуст од 6 отсто.

Споредено со актуелните цени на патарините, поскапувањето на најдолгите делници ќе биде поскапо за околу 200 динари, додека кај најфреквентните  поскапувањето ќе се биде од 60 до 100 динари.

Новите цени на патарините ќе почнат да важат 8 денови по објавата на одлуката во српскиот службен весник.

The post Трошокот за шопинг во Врање скокна – поскапеа патарините во Србија appeared first on Република.

]]>

Србија ги зголеми цените на патарините за 14 отсто. Според одлуката на владата, возачите кои патарината ја плаќаат преку електронски уред ќе добијат попуст од 6 отсто. Споредено со актуелните цени на патарините, поскапувањето на најдолгите делници ќе биде поскапо за околу 200 динари, додека кај најфреквентните  поскапувањето ќе се биде од 60 до 100 динари. Новите цени на патарините ќе почнат да важат 8 денови по објавата на одлуката во српскиот службен весник.

The post Трошокот за шопинг во Врање скокна – поскапеа патарините во Србија appeared first on Република.

]]>
Автомобил удри во патарината во Куманово- возачот загина https://republika.mk/vesti/crna-hronika/avtomobil-udri-vo-patarinata-vo-kumanovo-vozachot-zagina/ Thu, 09 Mar 2023 09:04:17 +0000 https://republika.mk/?p=617589

Во сообраќајна несреќа на патарината кај Куманово загина возач на автомобил, информираа од МВР.

Според полицијата, несреќата се случила рано утрово на лентата во правец од Скопје кон Куманово. Возилото се забило во бетонски дел на патарината, по што избил и пожар. Возачот загинал на лице место, а во интервенцијата учествувале кумановските пожарникари кои го сечеле автомобилот за да го извлечат загинатиот.

Полицијата засега нема информации за идентитетот на загинатиот:

-На 09.03.2023 околу 03.27 часот во СВР Куманово било пријавено дека на наплатна станица „Романовце“ на автопат Скопје – Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки удрило во столб на наплатната станица, при што настанал пожар на возилото. Притоа, на местото починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово и од вработени во наплатната станица. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, информира МВР.

The post Автомобил удри во патарината во Куманово- возачот загина appeared first on Република.

]]>

Во сообраќајна несреќа на патарината кај Куманово загина возач на автомобил, информираа од МВР. Според полицијата, несреќата се случила рано утрово на лентата во правец од Скопје кон Куманово. Возилото се забило во бетонски дел на патарината, по што избил и пожар. Возачот загинал на лице место, а во интервенцијата учествувале кумановските пожарникари кои го сечеле автомобилот за да го извлечат загинатиот. Полицијата засега нема информации за идентитетот на загинатиот: -На 09.03.2023 околу 03.27 часот во СВР Куманово било пријавено дека на наплатна станица „Романовце“ на автопат Скопје – Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки удрило во столб на наплатната станица, при што настанал пожар на возилото. Притоа, на местото починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово и од вработени во наплатната станица. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, информира МВР.

The post Автомобил удри во патарината во Куманово- возачот загина appeared first on Република.

]]>
Камион се заби во патарината кај Романовце https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kamion-se-zabi-vo-patarinata-kaj-romanovtse/ Tue, 10 Jan 2023 22:07:40 +0000 https://republika.mk/?p=595605

Камион се заби во наплатната станица Романовце пред Куманово, објави порталот 4News.

Во моментов нејасно е како дошло до несреќата, ниту пак, кои се причините.

Во моментот се вози само по  една лента, бидејќи камионот е заглавен во патарината.

The post Камион се заби во патарината кај Романовце appeared first on Република.

]]>

Камион се заби во наплатната станица Романовце пред Куманово, објави порталот 4News. Во моментов нејасно е како дошло до несреќата, ниту пак, кои се причините. Во моментот се вози само по  една лента, бидејќи камионот е заглавен во патарината.

The post Камион се заби во патарината кај Романовце appeared first on Република.

]]>
Во Србија од денеска електронска наплата на патарините https://republika.mk/vesti/balkan/vo-srbija-od-deneska-elektronska-naplata-na-patarinite/ Fri, 30 Dec 2022 09:14:03 +0000 https://republika.mk/?p=591759

Платформа за електронско плаќање патарина (за автопати) во Србија од денеска почнува со работа, јави Танјуг.

Компанијата „Патишта Србија“ ја пушти во употреба услугата, која ќе работи на територијата на Србија и засега е достапна само за физички лица.

Во следната фаза од работењето на службата, врз основа на досега спроведените преговори, се очекува да бидат вклучени и земјите од регионот. Тоа значи дека наскоро плаќањето на патарина преку платформата ќе биде достапно во повеќе земји.

На корисниците на платформата им е потребен електронски уред за плаќање патарина и тековна сметка (дебитна/кредитна картичка).

По користење на одреден дел од автопатот, патарините автоматски ќе се наплаќаат преку регистрираната картичка.

Детални упатства за работа со платформата може да се видат на веб-страницата „Патишта на Србија“.

The post Во Србија од денеска електронска наплата на патарините appeared first on Република.

]]>

Платформа за електронско плаќање патарина (за автопати) во Србија од денеска почнува со работа, јави Танјуг. Компанијата „Патишта Србија“ ја пушти во употреба услугата, која ќе работи на територијата на Србија и засега е достапна само за физички лица. Во следната фаза од работењето на службата, врз основа на досега спроведените преговори, се очекува да бидат вклучени и земјите од регионот. Тоа значи дека наскоро плаќањето на патарина преку платформата ќе биде достапно во повеќе земји. На корисниците на платформата им е потребен електронски уред за плаќање патарина и тековна сметка (дебитна/кредитна картичка). По користење на одреден дел од автопатот, патарините автоматски ќе се наплаќаат преку регистрираната картичка. Детални упатства за работа со платформата може да се видат на веб-страницата „Патишта на Србија“.

The post Во Србија од денеска електронска наплата на патарините appeared first on Република.

]]>
Цената на патарините во Македонија засега останува иста https://republika.mk/vesti/ekonomija/cenata-na-patarinite-vo-makedonija-zasega-ostanuva-ista/ Wed, 30 Nov 2022 10:53:32 +0000 https://republika.mk/?p=579979

Засега останува иста цената на патарините во државава, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Ејуп Рустеми, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на конференцијата „Безбедност на патиштата, предизвици и мерки за безбедни патишта“.

Рустеми информираше дека продолжуваат со модернизација на патарините на Коридорот 8.

Како ЈПДП продолжуваме со модернизација на патарините по Коридорот 8, при што се очекува да почнеме со работа од март следната година и очекуваме до крајот на годината и Коридорот 8 да биде целосно модернизиран, односно да се спроведе електронско плаќање, рече Рустеми.

Со процесот на модернизација сите наплатни станица треба да имаат ист електронски ситем на наплата на патарина, како што е воспоставен и на Коридорот 10. На постоечки наплатни станици на Коридор 8 треба да се изврши реконструкција за поставување на системот на електронска наплата, на кабините, на островот каде што се кабините и на сообраќајните ленти за поминување.

Рустеми исто така напомена дека согласно одлуката од „Отворен Балкан“, продолжуваат со соработка и со јавните претпријатија на Србија и на Албанија за заедничкиот проект за воспоставување еден уред за наплата на патарини во трите држави. Проектот е во фаза на прилагодување на системите, изработка на веб апликација и законски усогласувања.

ЈПДП во вториот квартал годинава наплати патарини во износ од 745.037.340 денари (12 милиони евра). Во споредба со истиот период од минатата година, приходот од патарини е поголем за 13,6 проценти, односно за 89.166.912 денари.

The post Цената на патарините во Македонија засега останува иста appeared first on Република.

]]>

Засега останува иста цената на патарините во државава, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Ејуп Рустеми, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на конференцијата „Безбедност на патиштата, предизвици и мерки за безбедни патишта“. Рустеми информираше дека продолжуваат со модернизација на патарините на Коридорот 8.
Како ЈПДП продолжуваме со модернизација на патарините по Коридорот 8, при што се очекува да почнеме со работа од март следната година и очекуваме до крајот на годината и Коридорот 8 да биде целосно модернизиран, односно да се спроведе електронско плаќање, рече Рустеми.
Со процесот на модернизација сите наплатни станица треба да имаат ист електронски ситем на наплата на патарина, како што е воспоставен и на Коридорот 10. На постоечки наплатни станици на Коридор 8 треба да се изврши реконструкција за поставување на системот на електронска наплата, на кабините, на островот каде што се кабините и на сообраќајните ленти за поминување. Рустеми исто така напомена дека согласно одлуката од „Отворен Балкан“, продолжуваат со соработка и со јавните претпријатија на Србија и на Албанија за заедничкиот проект за воспоставување еден уред за наплата на патарини во трите држави. Проектот е во фаза на прилагодување на системите, изработка на веб апликација и законски усогласувања. ЈПДП во вториот квартал годинава наплати патарини во износ од 745.037.340 денари (12 милиони евра). Во споредба со истиот период од минатата година, приходот од патарини е поголем за 13,6 проценти, односно за 89.166.912 денари.

The post Цената на патарините во Македонија засега останува иста appeared first on Република.

]]>
Од 1 јануари поскапува за 9 отсто патарината во Србија https://republika.mk/vesti/balkan/od-1-januari-poskapuva-za-9-otsto-patarinata-vo-srbija/ Tue, 29 Nov 2022 15:32:56 +0000 https://republika.mk/?p=579665

Патарината во Србија од 1 јануари ќе се зголеми за девет отсто, најави в.д. директорот на јавното претпријатие „Патишта Србија“ Зоран Дробњак, јави МИА од Белград.

Дробњак за весникот „Курир“ изјави дека Владата на Србија го одобрила зголемувањето на патарините.

– Ако цената на патарината за првата категорија возила на делницата Белград – Прешево е 1.490 динари (12,6 евра), сега по поскапувањето ќе биде 1.624 динари (13,8 евра), изјави Дробњак.

Цената на делницата Белград – Димитровград сега е 1.310 динари, а доколку се зголеми цената ќе биде 1.427 динари..

За делницата од патот Белград – Шид, патарината е 420 динари, а ќе биде 457 динари. За делницата Белград – Суботица патарината сега е 640 динари, а по поскапувањето ќе биде 697 динари. Патарината за делницата Белград-Ниш е 890 динари, а од 1 јануари возачите ќе ги чини 970 динари.

Со измената на Одлуката за висината на патарините, изменети се и попустите за електронска наплата (ЕНП), каде за уплати од 20.000 до 50.000 динари попустот ќе биде четири отсто, за уплати од 50.000 до 100.000 шест отсто, и осум отсто за уплати над 100.000 динари.

 

The post Од 1 јануари поскапува за 9 отсто патарината во Србија appeared first on Република.

]]>

Патарината во Србија од 1 јануари ќе се зголеми за девет отсто, најави в.д. директорот на јавното претпријатие „Патишта Србија“ Зоран Дробњак, јави МИА од Белград. Дробњак за весникот „Курир“ изјави дека Владата на Србија го одобрила зголемувањето на патарините. – Ако цената на патарината за првата категорија возила на делницата Белград – Прешево е 1.490 динари (12,6 евра), сега по поскапувањето ќе биде 1.624 динари (13,8 евра), изјави Дробњак. Цената на делницата Белград – Димитровград сега е 1.310 динари, а доколку се зголеми цената ќе биде 1.427 динари.. За делницата од патот Белград – Шид, патарината е 420 динари, а ќе биде 457 динари. За делницата Белград – Суботица патарината сега е 640 динари, а по поскапувањето ќе биде 697 динари. Патарината за делницата Белград-Ниш е 890 динари, а од 1 јануари возачите ќе ги чини 970 динари. Со измената на Одлуката за висината на патарините, изменети се и попустите за електронска наплата (ЕНП), каде за уплати од 20.000 до 50.000 динари попустот ќе биде четири отсто, за уплати од 50.000 до 100.000 шест отсто, и осум отсто за уплати над 100.000 динари.  

The post Од 1 јануари поскапува за 9 отсто патарината во Србија appeared first on Република.

]]>
Се тестира поминувањето со една картичка за патарина низ Македонија, Србија и Албанија https://republika.mk/vesti/balkan/se-testira-pominuvanjeto-so-edna-kartichka-za-patarina-niz-makedonija-srbija-i-albanija/ Tue, 20 Sep 2022 12:17:42 +0000 https://republika.mk/?p=552590

Тестирањето на единствениот електронски систем за наплата на патарините во земјите на „Отворен Балкан“ е во тек, а овие ТАГ уреди ќе можат да се користат во Србија, Албанија и Македонија, јави дописникот на МИА од Белгад.

Како што изјави Дарко Савиќ од „Патишта на Србија“ за РТС, системот ќе почне да функционира кога ќе се потпишат сите договори.

-Системот во моментов е во тест фаза, но очекуваме многу брзо да бидат потпишани конечните договори и системот да профункционира. Многу лесно може да се прошири на други системи за наплата, дури и на системи како што се сателитскиот во Бугарија, како и на системите за наплата во Република Српска, каде што веќе ги тестиравме нашите уреди и тие работат, како и во БиХ и во Црна Гора, кажа Дарко Савиќ.

Тој појасни дека во рамките на „Отворен Балкан“ системот ќе функционира со поврзување на ТАГ уредот со платежната картичка на корисникот и дека не е потребно надополнување, туку парите ќе се симнуваат од сметката на корисникот.

Тој нагласи и дека во Србија во тек е проект за проширување на 26 наплатни станици за корисниците на електронско плаќање за да можат побрзо да минуваат низ наплатните станици.

Во надлежност на „Патишта на Србија“ се автопатишта во должина од 830 километри и 66 наплатни станици, а планирано е да се отворат нови наплатни станици кога ќе се изградат новите автопатишта.

Во Србија електронското плаќање во моментов е најчест начин на наплата на патарината и во системот за наплата има повеќе од 550.000 активни корисници

The post Се тестира поминувањето со една картичка за патарина низ Македонија, Србија и Албанија appeared first on Република.

]]>

Тестирањето на единствениот електронски систем за наплата на патарините во земјите на „Отворен Балкан“ е во тек, а овие ТАГ уреди ќе можат да се користат во Србија, Албанија и Македонија, јави дописникот на МИА од Белгад. Како што изјави Дарко Савиќ од „Патишта на Србија“ за РТС, системот ќе почне да функционира кога ќе се потпишат сите договори. -Системот во моментов е во тест фаза, но очекуваме многу брзо да бидат потпишани конечните договори и системот да профункционира. Многу лесно може да се прошири на други системи за наплата, дури и на системи како што се сателитскиот во Бугарија, како и на системите за наплата во Република Српска, каде што веќе ги тестиравме нашите уреди и тие работат, како и во БиХ и во Црна Гора, кажа Дарко Савиќ. Тој појасни дека во рамките на „Отворен Балкан“ системот ќе функционира со поврзување на ТАГ уредот со платежната картичка на корисникот и дека не е потребно надополнување, туку парите ќе се симнуваат од сметката на корисникот. Тој нагласи и дека во Србија во тек е проект за проширување на 26 наплатни станици за корисниците на електронско плаќање за да можат побрзо да минуваат низ наплатните станици. Во надлежност на „Патишта на Србија“ се автопатишта во должина од 830 километри и 66 наплатни станици, а планирано е да се отворат нови наплатни станици кога ќе се изградат новите автопатишта. Во Србија електронското плаќање во моментов е најчест начин на наплата на патарината и во системот за наплата има повеќе од 550.000 активни корисници

The post Се тестира поминувањето со една картичка за патарина низ Македонија, Србија и Албанија appeared first on Република.

]]>
Од октомври со една картичка за патарина ќе се минува низ Македонија, Албанија и Србија https://republika.mk/vesti/balkan/od-oktomvri-so-edna-kartichka-za-patarina-kje-se-minuva-niz-makedonija-albanija-i-srbija/ Fri, 02 Sep 2022 16:41:32 +0000 https://republika.mk/?p=546857

Министерот за транспорт и врски на Македонија, Благој Бочварски, во рамки на Самитот на лидерите на Отворен Балкан оствари средба со срспкиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Томислав Момировиќ, на која се разговараше за заеднички инфраструктурни проекти и за Отворен Балкан (ОБ) електронска наплата на патарина на автопатиштата на земјите членки на Иницијативата „Отворен Балкан“, јави дописникот на МИА од Белград.

Системот Open Balkan ETC е во тест фаза и до крајот на септември ќе почнеме да користиме еден ТАГ помеѓу Србија, Македонија и Албанија. Секој корисник на ETC наплатата во која било земја во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ ќе може со само еден ТАГ да плаќа патарина во сите други земји од иницијативата „Отворен Балкан“, без запирање или купување дополнителен уред или картичка во земјите каде што неговото возило не е регистрирано, кажа Момировиќ, според соопштението од неговиот кабинет.

Имам одлична соработка и комуникација со мојот колега и министер Момировиќ и нашите разговори секогаш водат до значајни иницијативи за двете земји. Ги потврдивме нашите заеднички определби во насока на поефикасно регионално поврзување и забрзување на економскиот развој. Примарниот фокус го ставаме на реализација на инфраструктурни проекти, особено во делот на железничкото поврзување, што дополнително ќе овозможи раст и забрзан регионален развој меѓу нашите пријателски земји, рече министерот Бочварски.

На средбата повеќе се зборуваше и за тековните проекти за поврзување како што е реконструкција и модернизација на пругата Ниш – Брестовац (границата со Македонија), како и за  функционирањето на интегрираниот граничен премин Прешево – Табановци, се наведува во соопштенеито на српското Министерство за градежништво, сообраќај и инфрастриктура.

The post Од октомври со една картичка за патарина ќе се минува низ Македонија, Албанија и Србија appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски на Македонија, Благој Бочварски, во рамки на Самитот на лидерите на Отворен Балкан оствари средба со срспкиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Томислав Момировиќ, на која се разговараше за заеднички инфраструктурни проекти и за Отворен Балкан (ОБ) електронска наплата на патарина на автопатиштата на земјите членки на Иницијативата „Отворен Балкан“, јави дописникот на МИА од Белград.
Системот Open Balkan ETC е во тест фаза и до крајот на септември ќе почнеме да користиме еден ТАГ помеѓу Србија, Македонија и Албанија. Секој корисник на ETC наплатата во која било земја во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ ќе може со само еден ТАГ да плаќа патарина во сите други земји од иницијативата „Отворен Балкан“, без запирање или купување дополнителен уред или картичка во земјите каде што неговото возило не е регистрирано, кажа Момировиќ, според соопштението од неговиот кабинет.
Имам одлична соработка и комуникација со мојот колега и министер Момировиќ и нашите разговори секогаш водат до значајни иницијативи за двете земји. Ги потврдивме нашите заеднички определби во насока на поефикасно регионално поврзување и забрзување на економскиот развој. Примарниот фокус го ставаме на реализација на инфраструктурни проекти, особено во делот на железничкото поврзување, што дополнително ќе овозможи раст и забрзан регионален развој меѓу нашите пријателски земји, рече министерот Бочварски.
На средбата повеќе се зборуваше и за тековните проекти за поврзување како што е реконструкција и модернизација на пругата Ниш – Брестовац (границата со Македонија), како и за  функционирањето на интегрираниот граничен премин Прешево – Табановци, се наведува во соопштенеито на српското Министерство за градежништво, сообраќај и инфрастриктура.

The post Од октомври со една картичка за патарина ќе се минува низ Македонија, Албанија и Србија appeared first on Република.

]]>