Пасјак Archives - Република https://republika.mk/tema/pasjak/ За подобро да се разбереме Sat, 14 Sep 2024 15:59:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пасјак Archives - Република https://republika.mk/tema/pasjak/ 32 32 Диви свињи ги пустошат нивите во делчевски Пасјак https://republika.mk/zivot/divi-svini-gi-pustoshat-nivite-vo-delchevski-pasjak/ Sat, 14 Sep 2024 16:28:18 +0000 https://republika.mk/?p=816388

Диви свињи прават пустош во атарот на село Нов Истевник. Меѓу најзагрозените се земјоделските култури во истевнички Пасјак, каде на повеќе места е забележлива штета како на пченката, така и на компирот и на насадите со лешник. Во изминатиот период, како што тврдат мештани, имуни на нападите не останаа ни житариците во овој крај.

-Појавата константно се случува во изминатите 5-6 години најверојатно поради сушата, поради што дивечот се спушта во пониските предели барајќи храна. Поради ова сме принудени понекогаш да дежураме покрај своите ниви. Бараме помош од ловечките друштва и други надлежни органи, за да се намалат штетите од секојдневните влегувања на дивите свињи во нивите, вели делчевецот Драган Анастасовски, кој има свој назад со пченка во Пасјак.

Голем број од земјоделците, како што додава, се двоумат дали следната година да вложат, бидејќи тоа што ќе успеат да го добијат како род, дивите свињи им го преполовуваат.

-Не само што се хранат со нашите култури, туку тие тука и ноќеваат и може да се забележи како се упропастени цели површини ниви и речиси ништо не останува од родот да собереме. Вакви и слични проблеми со дивите свињи ни се случуваат последните неколку години, кога штетите се поголеми од ползата што ја имаме од овие култури и помислуваме да се откажеме од земјоделството поради овие проблеми, додава делчевецот.

Слична е состојбата и кај лешниковиот насад на делчевецот Ванчо, но за слични проблеми алармираат и повратници во селото Нов Истевник кои засега немаат решение за проблемот.

The post Диви свињи ги пустошат нивите во делчевски Пасјак appeared first on Република.

]]>