партии Archives - Република https://republika.mk/tema/partii/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Aug 2024 10:06:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png партии Archives - Република https://republika.mk/tema/partii/ 32 32 ДКСК препорача да се укине државното финансирање на партиите и да се казнуваат институциите што кријат податоци https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-preporacha-da-se-ukine-drzhavnoto-finansirane-na-partiite-i-da-se-kaznuvaat-institutsiite-shto-krijat-podatotsi/ Fri, 30 Aug 2024 10:06:50 +0000 https://republika.mk/?p=811500

Во извештајот, ДКСК меѓу другото забележува дека помалку од половината од институциите не ја исполниле законската обврска да достават податоци за службените возила со кои располагаат. Од 826 институции воопшто не доставиле информации, од кои 10 се министерства.

„Најзагрижувачки е фактот дека 826 институции воопшто не доставиле информации, од кои 10 се министерства. Ова претставува сериозен недостаток во исполнувањето на законските обврски и може да укаже на свесно прикривање на информации за избегнување на надзор. Недоставувањето на податоци од страна на голем број институции, вклучително и министерства, е особено проблематично бидејќи овие институции управуваат со значителни ресурси и јавни средства, што може да укаже на потенцијални злоупотреби, каде што службените возила се користат за лични или партиски цели, наместо за потреби на институцијата. Од аспект на превенција, оваа ситуација бара итна реакција. Потребно е да се зајакнат механизмите за надзор и контрола, како и да се воведат построги санкции за институциите кои не ги исполнуваат своите обврски во однос на доставување на информации. Исто така, треба да се разгледа можноста за автоматизирање на процесите за поднесување и обработка на овие податоци“, велат од ДКСК.

Од вкупните извори на финансирање на изборната кампања во износ од 385.022.129 денари, 64 отсто се пари од Буџетот на државата, поради што ДКСК укажува на потребата државното финансирање на партиите да се укине, поради постоење на ризици од корупција и идното влијание на политичките партии врз уредувачката политика на медиумите.

„Истакнавме дека Државната изборна комисија има исплатено само 3 проценти од вкупната обврска за платено политичко рекламирање, соопштуваат од ДКСК.

Што се однесува до парите од донации што се влеваат во партските каси, од Антикорупциска констатирале дека пријавувањето на донациите и трошоците е премногу комплексно и неефикасно, што доведува до зголемени административни трошоци и одложувања.

„Неопходна е реформа на овие процеси за постигнување поголема ефикасност и намалување на можностите за корупција“, препорачуваат од Комисијата.

Извештајот исто така посочува на потребата од зајакнување на системите за мониторинг и надзор за обезбедување поголема транспарентност и отчетност во финансирањето на изборните кампањи.

„Финансиското управување останува сериозен предизвик. ДКСК препорачува воведување нови механизми за следење на приходите и расходите, како и реорганизација на административните процеси за поефикасно управување со ресурсите и намалување на можностите за корупција“, се наведува во извештајот.

Во однос на постапувањето по предмети за овој изборен процес, ДКСК оформила вкупно 65 предмети, кои се резултат на пријави за сомневање за сторени повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, предмети оформени по сопствена иницијатива, по поднесени пријави, како и приговор поднесен од една политичка партија.

„Од вкупно донесените одлуки, донесени се 30 одлуки за запирање, 15 одлуки за отфрлање, додека осум предмети се затворени со заклучоци поради идентична или слична содржина. По предметите за парламентарните избори, покренавме шест иницијативи за поведување постапка за кривично гонење, како и четири иницијативи пред надлежните органи за поведување на постапка за утврдување на одговорност на службени лица“, посочуваат од ДКСК.

Во однос на законската обврска за доставување на извештаи, ДКСК констатира дека четири партии што учествувале на изборите немаат доставено вкупен финансиски извештај, додека значително мал број од фирмите кои вршат платено политичко рекламирање имаат доставено извештаи до ДКСК, со што, како што велат, се нарушува принципот на транспарентност на изборната кампања и се намалува довербата во целокупниот изборен процес, за што не се изречени санкции од страна на надлежните институции.

The post ДКСК препорача да се укине државното финансирање на партиите и да се казнуваат институциите што кријат податоци appeared first on Република.

]]>

Во извештајот, ДКСК меѓу другото забележува дека помалку од половината од институциите не ја исполниле законската обврска да достават податоци за службените возила со кои располагаат. Од 826 институции воопшто не доставиле информации, од кои 10 се министерства.
„Најзагрижувачки е фактот дека 826 институции воопшто не доставиле информации, од кои 10 се министерства. Ова претставува сериозен недостаток во исполнувањето на законските обврски и може да укаже на свесно прикривање на информации за избегнување на надзор. Недоставувањето на податоци од страна на голем број институции, вклучително и министерства, е особено проблематично бидејќи овие институции управуваат со значителни ресурси и јавни средства, што може да укаже на потенцијални злоупотреби, каде што службените возила се користат за лични или партиски цели, наместо за потреби на институцијата. Од аспект на превенција, оваа ситуација бара итна реакција. Потребно е да се зајакнат механизмите за надзор и контрола, како и да се воведат построги санкции за институциите кои не ги исполнуваат своите обврски во однос на доставување на информации. Исто така, треба да се разгледа можноста за автоматизирање на процесите за поднесување и обработка на овие податоци“, велат од ДКСК. Од вкупните извори на финансирање на изборната кампања во износ од 385.022.129 денари, 64 отсто се пари од Буџетот на државата, поради што ДКСК укажува на потребата државното финансирање на партиите да се укине, поради постоење на ризици од корупција и идното влијание на политичките партии врз уредувачката политика на медиумите. „Истакнавме дека Државната изборна комисија има исплатено само 3 проценти од вкупната обврска за платено политичко рекламирање, соопштуваат од ДКСК. Што се однесува до парите од донации што се влеваат во партските каси, од Антикорупциска констатирале дека пријавувањето на донациите и трошоците е премногу комплексно и неефикасно, што доведува до зголемени административни трошоци и одложувања. „Неопходна е реформа на овие процеси за постигнување поголема ефикасност и намалување на можностите за корупција“, препорачуваат од Комисијата. Извештајот исто така посочува на потребата од зајакнување на системите за мониторинг и надзор за обезбедување поголема транспарентност и отчетност во финансирањето на изборните кампањи. „Финансиското управување останува сериозен предизвик. ДКСК препорачува воведување нови механизми за следење на приходите и расходите, како и реорганизација на административните процеси за поефикасно управување со ресурсите и намалување на можностите за корупција“, се наведува во извештајот. Во однос на постапувањето по предмети за овој изборен процес, ДКСК оформила вкупно 65 предмети, кои се резултат на пријави за сомневање за сторени повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, предмети оформени по сопствена иницијатива, по поднесени пријави, како и приговор поднесен од една политичка партија. „Од вкупно донесените одлуки, донесени се 30 одлуки за запирање, 15 одлуки за отфрлање, додека осум предмети се затворени со заклучоци поради идентична или слична содржина. По предметите за парламентарните избори, покренавме шест иницијативи за поведување постапка за кривично гонење, како и четири иницијативи пред надлежните органи за поведување на постапка за утврдување на одговорност на службени лица“, посочуваат од ДКСК. Во однос на законската обврска за доставување на извештаи, ДКСК констатира дека четири партии што учествувале на изборите немаат доставено вкупен финансиски извештај, додека значително мал број од фирмите кои вршат платено политичко рекламирање имаат доставено извештаи до ДКСК, со што, како што велат, се нарушува принципот на транспарентност на изборната кампања и се намалува довербата во целокупниот изборен процес, за што не се изречени санкции од страна на надлежните институции.

The post ДКСК препорача да се укине државното финансирање на партиите и да се казнуваат институциите што кријат податоци appeared first on Република.

]]>
Седум партии и коалиции досега поднеле кандидатски листи за пратеници до ДИК, рокот истекува на полноќ https://republika.mk/vesti/makedonija/sedum-partii-i-koalitsii-dosega-podnele-kandidatski-listi-za-pratenitsi-do-dik-rokot-istekuva-na-polnok/ Tue, 02 Apr 2024 18:22:18 +0000 https://republika.mk/?p=761437

До Државната изборна комисија (ДИК) попладнево листи за кандидати за пратеници доставиле „Работничката партија“ за сите изборни единици, партијата „Твоја“ која има листи за пратеници во Првата, Втората, Третата и Четвртата изборна единица, како и „Аваја“ за Третата, Четвртата, Петтата и Шестата изборна единица.

Претходно, денеска листи поднесоа за сите изборни единици СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, како и партијата Родина.

Рокот за доставување листи за пратеници истекува на полноќ. Единаесетите редовни парламентарни избори ќе се одржат на 8 мај.

The post Седум партии и коалиции досега поднеле кандидатски листи за пратеници до ДИК, рокот истекува на полноќ appeared first on Република.

]]>

До Државната изборна комисија (ДИК) попладнево листи за кандидати за пратеници доставиле „Работничката партија“ за сите изборни единици, партијата „Твоја“ која има листи за пратеници во Првата, Втората, Третата и Четвртата изборна единица, како и „Аваја“ за Третата, Четвртата, Петтата и Шестата изборна единица. Претходно, денеска листи поднесоа за сите изборни единици СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, како и партијата Родина. Рокот за доставување листи за пратеници истекува на полноќ. Единаесетите редовни парламентарни избори ќе се одржат на 8 мај.

The post Седум партии и коалиции досега поднеле кандидатски листи за пратеници до ДИК, рокот истекува на полноќ appeared first on Република.

]]>
За парламентарните избори во Бугарија денеска се пријавија голем број партии https://republika.mk/vesti/balkan/za-parlamentarnite-izbori-vo-bugarija-deneska-se-prijavija-golem-broj-partii/ Tue, 16 Aug 2022 12:05:48 +0000 https://republika.mk/?p=540940

На претпоследниот ден од рокот за пријавување на престојните избори се пријавија „Демократска Бугарија“, „Продолжуваме со промената“, Движењето за права и слободи и националистичкото „Преродба“ и ВМРО, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Никола Минчев од „Продолжуваме со промената“, неговата партија секако ќе работи заедно со „Демократска Бугарија“. Тој не кажа дали ова ќе биде во форма на предизборна или постизборна коалиција, бидејќи се работи за политичка тактика која опција ќе им донесе најмногу мандати во 48. Народно собрание.

Откако ќе ги добијат резултатите од длабоката социолошка студија нарачана од нивна страна, ќе оценат која опција им е подобра за да соберат повеќе гласачи, коментира и Минчев. Тој при излегувањето од Централната изборна комисија рече дека заедно со „Демократска Бугарија“ и со БСП многу добро работеле во 47. Народно собрание.

Минчев рече дека целат во овој формат да имаат мнозинство во идниот парламент на Бугарија.

„Демократска Бугарија“ поднесе документи за учество на предвремените парламентарни избори во Бугарија на 2 октомври. Надежда Јорданова рече дека ќе чекаат „Продолжуваме со промената“ дали ќе учествуваат заедно на изборите бидејќи според неа на Бугарија и треба големо обединување за да се елиминира моделот на Бојко Борисов.

Лидерката на БСП, Корнелија Нинова, по регистрацијата на партијата истакна дека се бореле против корупцијата и го запреле рекетирањето на фирмите додека биле во владејачката коалиција. Таа презентираше четири одлуки со кои БСП гарантира дека ќе ја води Бугарија во наредните месеци доколку влезе во следниот парламент.

Пред сè, бугарските социјалисти ќе инсистираат на воведување мораториум на цената на гасот, водата и парното за домашните потрошувачи; воспостави програма за компензација на бизнисите за разликата во цената; продолжување на социјалната програма и приоритети; а на четврто место пласираше „непосредни“ преговори со руската компанија „Газпром“.

„Преродба“ најавија дека влегуваат во изборна кампања со барање да бидат прва политичка сила, коментира Петар Петров. Од партијата побараа да ги подобрат односите на Бугарија со Русија. Не гледаат со кого би можеле да коалицираат во новиот бугарски парламент.

Откако ВМРО-БНД не успеа да направи коалиција со партиите на Слави Трифонов и поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев, тие најавија дека се пријавуваат за самостојно учество на изборите. Ангел Џамбазки коментира дека на избори одат со платформата на ВМРО-БНД, која се заснова на заштита на бугарскиот интерес, која ја продаде коалицијата „Анти-Македонија“.

Први на изборите се пријавија ГЕРБ, која ја продолжува коалицијата со СДС, како што беше случајот во претходното Народно собрание.

The post За парламентарните избори во Бугарија денеска се пријавија голем број партии appeared first on Република.

]]>

На претпоследниот ден од рокот за пријавување на престојните избори се пријавија „Демократска Бугарија“, „Продолжуваме со промената“, Движењето за права и слободи и националистичкото „Преродба“ и ВМРО, јави дописникот на МИА од Софија. Според Никола Минчев од „Продолжуваме со промената“, неговата партија секако ќе работи заедно со „Демократска Бугарија“. Тој не кажа дали ова ќе биде во форма на предизборна или постизборна коалиција, бидејќи се работи за политичка тактика која опција ќе им донесе најмногу мандати во 48. Народно собрание. Откако ќе ги добијат резултатите од длабоката социолошка студија нарачана од нивна страна, ќе оценат која опција им е подобра за да соберат повеќе гласачи, коментира и Минчев. Тој при излегувањето од Централната изборна комисија рече дека заедно со „Демократска Бугарија“ и со БСП многу добро работеле во 47. Народно собрание. Минчев рече дека целат во овој формат да имаат мнозинство во идниот парламент на Бугарија. „Демократска Бугарија“ поднесе документи за учество на предвремените парламентарни избори во Бугарија на 2 октомври. Надежда Јорданова рече дека ќе чекаат „Продолжуваме со промената“ дали ќе учествуваат заедно на изборите бидејќи според неа на Бугарија и треба големо обединување за да се елиминира моделот на Бојко Борисов. Лидерката на БСП, Корнелија Нинова, по регистрацијата на партијата истакна дека се бореле против корупцијата и го запреле рекетирањето на фирмите додека биле во владејачката коалиција. Таа презентираше четири одлуки со кои БСП гарантира дека ќе ја води Бугарија во наредните месеци доколку влезе во следниот парламент. Пред сè, бугарските социјалисти ќе инсистираат на воведување мораториум на цената на гасот, водата и парното за домашните потрошувачи; воспостави програма за компензација на бизнисите за разликата во цената; продолжување на социјалната програма и приоритети; а на четврто место пласираше „непосредни“ преговори со руската компанија „Газпром“. „Преродба“ најавија дека влегуваат во изборна кампања со барање да бидат прва политичка сила, коментира Петар Петров. Од партијата побараа да ги подобрат односите на Бугарија со Русија. Не гледаат со кого би можеле да коалицираат во новиот бугарски парламент. Откако ВМРО-БНД не успеа да направи коалиција со партиите на Слави Трифонов и поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев, тие најавија дека се пријавуваат за самостојно учество на изборите. Ангел Џамбазки коментира дека на избори одат со платформата на ВМРО-БНД, која се заснова на заштита на бугарскиот интерес, која ја продаде коалицијата „Анти-Македонија“. Први на изборите се пријавија ГЕРБ, која ја продолжува коалицијата со СДС, како што беше случајот во претходното Народно собрание.

The post За парламентарните избори во Бугарија денеска се пријавија голем број партии appeared first on Република.

]]>