парламент со 90 пратеници Archives - Република https://republika.mk/tema/parlament-so-90-pratenici/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Mar 2024 13:52:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png парламент со 90 пратеници Archives - Република https://republika.mk/tema/parlament-so-90-pratenici/ 32 32 Време е за систем со 90 пратеници и една изборна единица, вели Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/vreme-e-za-sistem-so-90-pratenitsi-i-edna-izborna-edinitsa-veli-mitskoski/ Mon, 25 Mar 2024 13:52:22 +0000 https://republika.mk/?p=758578

Дојдено вистинското време, во услови кога треба да се штеди, парламентот да се сведе на 90 пратеници, а во иднина да се исполни барањето на помалите политички партии за една изборна единица, рече во вчерашното обраќање лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, промовирајќи ја програмата со која партијата ќе настапи на изборите во мај.

 Ќе иницираме сеопфатна дискусија во рамки на Собранието за еднократна и единечна уставна измена со која ќе се намали бројот на пратеници, рече Мицкоски зборувајќи за нивните планови околу уредувањето на македонскиот политички систем.

Зборувајќи за програмата „Платформа 1198“, тој нагласи дека ВМРО – ДПМНЕ знае да прави проекти и програми кои ќе бидат најдобриот одговор за реалните проблеми со кој живеат граѓаните на Македонија. Според него, ова е длабоко визионерска програма посветена на развојот на Македонија, квалитетниот живот на сите граѓани, како и поставување на луѓето на прво место.

Тежината на оваа програма кој низ долготраен процес на консултации и собирање на најдобрите знаења на луѓето кои сакаат да се вградат во напредокот на државата, се состои во даденото ветување дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата си стојат на зборот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

The post Време е за систем со 90 пратеници и една изборна единица, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Со триесет пратеници помалку до 15 амбулантни и 10 противпожарни возила повеќе за една година https://republika.mk/vesti/makedonija/so-trieset-pratenici-pomalku-do-15-ambulantni-i-10-protivpozarni-vozila-povekje-za-edna-godina/ Sun, 30 Jan 2022 08:23:24 +0000 https://republika.mk/?p=451430

ВМРО-ДПМНЕ предлага намалување на бројот на пратеници во македонското Собрание од 120 на 90. Од партијата посочуваат дека 120 пратеници во Собранието е преголем затоа е потребно да се намали на 90 за функционална демократија и намалување на финансиските трошоци, пари на граѓаните.

Ваков пример на Собрание од 90 пратеници има во Република Словенија.

За бројот колку што ќе се намали македонското Собрание, 30 пратеници, граѓаните месечно плаќаат по 51.000 евра по основ на плати и придонеси, а 612 илјади евра годишно. Ако се земе предвид дека на народните претставници им се исплаќа и за патни трошоци државата годишно инкасира скоро еден милион евра. За еден милион евра, заштедени годишно државата може да набави над 15 амбулантни возила и 10 противпожарни возила за граѓаните, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

За овој предлог, како и за предлогот за една изборна единица ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите политички партии на дебата.

Идејата за помал парламент ја отвори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој во интервју рече дека на тој начин ќе се намали бројот на привилегирани пратеници, а со тоа и фрустрацијата на граѓаните.

Сакаме да предложиме концепт за намалување на бројот на пратеници во парламентот од 120 на 90, слично како словенечкиот концепт, како и воведување на една изборна единица. Овој гломазен систем од 120 пратеници е преголем, тој делува премногу фрустрирачки за граѓаните, преголеми се трошоците, преголема е и акумулираната моќ. Со намалување на бројот на пратеници на 90, ќе се намали и бројот на привелигирани пратеници. Ние сме и за воведување на една изборна единица, бидејќи имаше и други политички партии кои го поддржуваат тој концепт. Подготвени сме за овој концепт, вели Мицкоски.

The post Со триесет пратеници помалку до 15 амбулантни и 10 противпожарни возила повеќе за една година appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ предлага намалување на бројот на пратеници во македонското Собрание од 120 на 90. Од партијата посочуваат дека 120 пратеници во Собранието е преголем затоа е потребно да се намали на 90 за функционална демократија и намалување на финансиските трошоци, пари на граѓаните. Ваков пример на Собрание од 90 пратеници има во Република Словенија.
За бројот колку што ќе се намали македонското Собрание, 30 пратеници, граѓаните месечно плаќаат по 51.000 евра по основ на плати и придонеси, а 612 илјади евра годишно. Ако се земе предвид дека на народните претставници им се исплаќа и за патни трошоци државата годишно инкасира скоро еден милион евра. За еден милион евра, заштедени годишно државата може да набави над 15 амбулантни возила и 10 противпожарни возила за граѓаните, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
За овој предлог, како и за предлогот за една изборна единица ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите политички партии на дебата. Идејата за помал парламент ја отвори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој во интервју рече дека на тој начин ќе се намали бројот на привилегирани пратеници, а со тоа и фрустрацијата на граѓаните.
Сакаме да предложиме концепт за намалување на бројот на пратеници во парламентот од 120 на 90, слично како словенечкиот концепт, како и воведување на една изборна единица. Овој гломазен систем од 120 пратеници е преголем, тој делува премногу фрустрирачки за граѓаните, преголеми се трошоците, преголема е и акумулираната моќ. Со намалување на бројот на пратеници на 90, ќе се намали и бројот на привелигирани пратеници. Ние сме и за воведување на една изборна единица, бидејќи имаше и други политички партии кои го поддржуваат тој концепт. Подготвени сме за овој концепт, вели Мицкоски.

The post Со триесет пратеници помалку до 15 амбулантни и 10 противпожарни возила повеќе за една година appeared first on Република.

]]>
ЛДП и ДС го поздравуваат предлогот на Мицкоски за намалување на бројот на пратеници на 90 https://republika.mk/vesti/makedonija/ldp-i-ds-go-pozdravuvaat-predlogot-na-mickoski-za-namaluvanje-na-brojot-na-pratenici-na-90/ Sat, 29 Jan 2022 15:29:41 +0000 https://republika.mk/?p=451247

Лидерите на Демократскиот сојуз (ДС) и на ЛДП го поздравуват синоќешниот предлог на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за намалување на бројот на пратеници во парламентот од 120 на 90, како и тоа што сега за опозициската партија е прифатливо воведување една изборна единица.

„Демократскиот сојуз оценува дека е добро тоа што покрај СДСМ, сега и ВМРО-ДПМНЕ се залага за демократизација на изборниот процес, за една изборна единица,како и за намалување на бројот на пратеници. Полека се гради консензус околу реформа на изборниот процес во целина и очекуваме тоа да се случи со темелни промени на Изборниот законик, за да се обезбедат рамноправни услови и демократски правила за изборен натпревар на сите политички партии. Бараме за измените на Изборниот законик најитно да се закаже расправа во Парламентот и да се донесат промените“, велат од ДС.

И претседателот на ЛДП, Горан Милевски, потсетува дека неговата партија уште во 2010 ја промовирала идејата за намалување на бројот на пратеници на 90. Сепак, вели тој, добро е што и другите партии конечно се свесни дека ни се потребни мали и ефикасни институции.

Предлогот на Мицкоски даден при вчерашното негово гостување во емисијата ’360 степени‘ на Алсат ТВ, е копија на предлогот на ЛДП кој е даден уште пред 12 години. Ние знаеме дека идеите на ЛДП во моментот на предлагање се неразбирливи и неприфатливи, но добро е да се знае дека сме пред времето со нашите ставови. Се радуваме што и другите политички чинители конечно разбираат дека на македонската држава и требаат мали и ефикасни институции, вели Милевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за предлогот за намалување на бројот на пратеници и една изборна единица зборуваше синоќа во интервјуто „360 степени“. Со вакви промени, смета Мицкоски, ќе се намали бројот на привилегирани пратеници, а со тоа и фрустрацијата на граѓаните.

Сакаме да предложиме концепт за намалување на бројот на пратеници во парламентот од 120 на 90, слично како словенечкиот концепт, како и воведување на една изборна единица. Овој гломазен систем од 120 пратеници е преголем, тој делува премногу фрустрирачки за граѓаните, преголеми се трошоците, преголема е и акумулираната моќ. Со намалување на бројот на пратеници на 90, ќе се намали и бројот на привелигирани пратеници. Ние сме и за воведување на една изборна единица, бидејќи имаше и други политички партии кои го поддржуваат тој концепт. Подготвени сме за овој концепт, рече Мицкоски.

На прашањето – дали овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ е искрен, со оглед дека партијата досега се залагаше за мнозински изборен модел, Мицкоски рече дека тој предлог не ја добил поддршката од другите политички партии, па поради тоа и тие се откажале од таа идеја.

The post ЛДП и ДС го поздравуваат предлогот на Мицкоски за намалување на бројот на пратеници на 90 appeared first on Република.