Паркови и зеленило Archives - Република https://republika.mk/tema/parkovi-i-zelenilo/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Aug 2024 13:26:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Паркови и зеленило Archives - Република https://republika.mk/tema/parkovi-i-zelenilo/ 32 32 Арсовска се здружи со ДУИ: Јетон Бучи е новиот директор на ЈП „Паркови и зеленило“ https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-se-zdruzhi-so-dui-jeton-buchi-e-noviot-direktor-na-jp-parkovi-i-zelenilo/ Sat, 17 Aug 2024 13:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=807493

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која во нејзиниот мандат постојано разрешува и именува директори на јавните претпријатија, овој пат избра кадар на ДУИ за директор на ЈП „Паркови и зеленило“.

Јетон Бучи ја добил функцијата пред неколку дена, а тоа беше објавено на Фејсбук од неговата партија.

-За директор на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ е именуван Јетон Бучи, пишува во Фејсбук страната на ДУИ.

Последниот директор на ова јавно претпријатие, Мартин Ангеловски, беше назначен на 26 јуни годинава, на 13 август е разрешен поради, како што посочија тогаш од Град Скопје, неправилности при работењето и непочитувањето на договорот за вработување.

Справувањето со корупцијата и самоволието во градот Скопје беше и едно од главните предизборни ветување на градоначалничката Данела Арсовска. Никој не смее да си поигрува со народните пари, а уште помалку со довербата на граѓаните на градот Скопје. Во ЈП „Паркови и зеленило“ е најавена и вонредна ревизија од град Скопје која треба да започне до крајот на оваа недела, се додава во соопштението.

The post Арсовска се здружи со ДУИ: Јетон Бучи е новиот директор на ЈП „Паркови и зеленило“ appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која во нејзиниот мандат постојано разрешува и именува директори на јавните претпријатија, овој пат избра кадар на ДУИ за директор на ЈП „Паркови и зеленило“. Јетон Бучи ја добил функцијата пред неколку дена, а тоа беше објавено на Фејсбук од неговата партија. -За директор на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ е именуван Јетон Бучи, пишува во Фејсбук страната на ДУИ. Последниот директор на ова јавно претпријатие, Мартин Ангеловски, беше назначен на 26 јуни годинава, на 13 август е разрешен поради, како што посочија тогаш од Град Скопје, неправилности при работењето и непочитувањето на договорот за вработување. Справувањето со корупцијата и самоволието во градот Скопје беше и едно од главните предизборни ветување на градоначалничката Данела Арсовска. Никој не смее да си поигрува со народните пари, а уште помалку со довербата на граѓаните на градот Скопје. Во ЈП „Паркови и зеленило“ е најавена и вонредна ревизија од град Скопје која треба да започне до крајот на оваа недела, се додава во соопштението.

The post Арсовска се здружи со ДУИ: Јетон Бучи е новиот директор на ЈП „Паркови и зеленило“ appeared first on Република.

]]>
По два месеци работа, директорот на „Паркови и зеленило“ поднел оставка? https://republika.mk/vesti/skopje/po-dva-mesetsi-rabota-direktorot-na-parkovi-i-zelenilo-podnel-ostavka/ Tue, 13 Aug 2024 11:57:20 +0000 https://republika.mk/?p=806158

Директорот на градското јавно претпријатие „Паркови и зеленила“, Мартин Ангеловски, поднел оставка од функцијата, објави „Скопје1“.  Како што пишува порталот, оставката е депонирана до скопската градоначалничка Данела Арсовска.

Ангеловски е првиот од триесетината директори, кој сам дава оставка, наместо да биде разрешен. Неофицијално, во оставката стои дека е од лични причини. За него, Арсовска посочуваше дека е лице со 15 години работно искуство.

The post По два месеци работа, директорот на „Паркови и зеленило“ поднел оставка? appeared first on Република.

]]>

Директорот на градското јавно претпријатие „Паркови и зеленила“, Мартин Ангеловски, поднел оставка од функцијата, објави „Скопје1“.  Како што пишува порталот, оставката е депонирана до скопската градоначалничка Данела Арсовска. Ангеловски е првиот од триесетината директори, кој сам дава оставка, наместо да биде разрешен. Неофицијално, во оставката стои дека е од лични причини. За него, Арсовска посочуваше дека е лице со 15 години работно искуство.  

The post По два месеци работа, директорот на „Паркови и зеленило“ поднел оставка? appeared first on Република.

]]>
Дебармаалци сами расчистуваат по падот на дрвото, Општина Центар и „Паркови и зеленило“ и денеска ги нема да реагираат https://republika.mk/vesti/skopje/debarmaaltsi-sami-raschistuvaat-po-padot-na-drvoto-opshtina-tsentar-i-parkovi-i-zelenilo-i-deneska-gi-nema-da-reagiraat/ Fri, 26 Jan 2024 15:26:32 +0000 https://republika.mk/?p=737186

The post Дебармаалци сами расчистуваат по падот на дрвото, Општина Центар и „Паркови и зеленило“ и денеска ги нема да реагираат appeared first on Република.

]]>

The post Дебармаалци сами расчистуваат по падот на дрвото, Општина Центар и „Паркови и зеленило“ и денеска ги нема да реагираат appeared first on Република.

]]>
Запалена дирекцијата на ЈП Паркови и зеленило: Видео од безбедносна камера покажува дека пожарот бил подметнат!? https://republika.mk/vesti/skopje/zapalena-direktsijata-na-jp-parkovi-i-zelenilo-video-od-bezbednosna-kamera-pokazhuva-deka-pozharot-bil-podmetnat/ Sat, 14 Jan 2023 21:24:22 +0000 https://republika.mk/?p=596948

ЈП Паркови и зеленило ја информира јавноста дека синоќа околу 1 часот по полноќ избувнал пожар во дирекцијата на претпријатието, поточно во делот на архивата, магацинот и просториите на Секторот за финансии.

По брзата реакција на чуварската служба и брзата интервенција на противпожарната бригада пожарот е навремено изгаснат и не е причинета голема материјална штета, сите документи се сочувани, како и просториите на претпријатието.

Веднаш на лице место излегла увидна екипа на МВР за утврдување на причините за пожарот. Снимките од безбедносните камери на претпријатието покажуваат дека пожарот е подметнат од непознат сторител.

ЈП Паркови и зеленило најостро го осудува овој чин на намерно опожарување на просториите на претпријатието и активно ќе соработува со надлежните органи во собирањето на докази за расчистување на случајот, изнаоѓање на сторителите и нивно изнесување пред лицето на правдата, велат од претпријатието.

The post Запалена дирекцијата на ЈП Паркови и зеленило: Видео од безбедносна камера покажува дека пожарот бил подметнат!? appeared first on Република.

]]>

ЈП Паркови и зеленило ја информира јавноста дека синоќа околу 1 часот по полноќ избувнал пожар во дирекцијата на претпријатието, поточно во делот на архивата, магацинот и просториите на Секторот за финансии. По брзата реакција на чуварската служба и брзата интервенција на противпожарната бригада пожарот е навремено изгаснат и не е причинета голема материјална штета, сите документи се сочувани, како и просториите на претпријатието. Веднаш на лице место излегла увидна екипа на МВР за утврдување на причините за пожарот. Снимките од безбедносните камери на претпријатието покажуваат дека пожарот е подметнат од непознат сторител.
ЈП Паркови и зеленило најостро го осудува овој чин на намерно опожарување на просториите на претпријатието и активно ќе соработува со надлежните органи во собирањето на докази за расчистување на случајот, изнаоѓање на сторителите и нивно изнесување пред лицето на правдата, велат од претпријатието.
 
The post Запалена дирекцијата на ЈП Паркови и зеленило: Видео од безбедносна камера покажува дека пожарот бил подметнат!? appeared first on Република.

]]>
Се формира зелен кордидор на улицата Бутелска и се уредува паркот Скулптура во Гази Баба https://republika.mk/vesti/skopje/se-formira-zelen-kordidor-na-ulicata-butelska-i-se-ureduva-parkot-skulptura-vo-gazi-baba/ Thu, 17 Mar 2022 11:16:58 +0000 https://republika.mk/?p=474240

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ периодов работат на хортикултурно уредување на вториот дел на улицата Бутелска и на паркот Скулптура на 16-та Македонска бригада во општина Гази Баба.

На улицата Бутелска се работи на формирањето на зелен кордиор на површина од 1600 квадратни метри, со обновување и засадување нова тревна површина и одржување на вегетацијата. Реализацијата на зелениот коридор во Бутел се одвива со фрезирање на постојната подлога, нанесување нова квалитетна почва, поставување систем за полевање и садење ново зеленило. На новата уредена зелена површина ќе се засадат листопадни и зимзелени садници и украсни грмушки.

На 16-та Македонска Бригада во општина Гази Баба во тек се активностите за уредување на паркот „Скулптура” со вкупна површина од 4200 квадратни метри. На овој потег се врши интервенција на целата вегетација, обнова на почвата, како и поставување на систем за полевање со што би се овозможило континуирано одржување на зеленилото. Предвиденото зеленило го сочинуваат зимзелени и листопадни садници, кои функционално и естетски одговараат на просторот на кој се прилагодени според климатските услови.

Градот Скопје, заедно со ЈП „Паркови и зеленило“, продолжува со активности за уредување на нови зелени појаси и формирање на зелени коридори низ населените места во Скопје.

The post Се формира зелен кордидор на улицата Бутелска и се уредува паркот Скулптура во Гази Баба appeared first on Република.

„Паркови и зеленило“ посади млади садници на булевар „Крсте Мисирокв“ https://republika.mk/vesti/skopje/parkovi-i-zelenilo-posadi-mladi-sadnici-na-bulevar-krste-misirokv/ Fri, 04 Mar 2022 12:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=467742

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска посадија млади садници на булервар „Крсте Мисирков“. Тие добиле известување од Инспекторатот на Град Скопје дека вчера имало несовесно сечење дрвја на тоа место и денеска посадиле нови садници.

После дојавата во Инспекторатот на Град Скопје за вчерашното несовесно сечење дрвја од непознат сторител на бул. Крсте Мисирков, нашите екипи интервенираа со засадување на млади садници на истото место, објавија од „Паркови и зеленило“.

The post „Паркови и зеленило“ посади млади садници на булевар „Крсте Мисирокв“ appeared first on Република.

ЈП „Паркови и зеленило“ превентивно со ќеси ги заштитија крошните на палмите поради минусните температури https://republika.mk/vesti/skopje/jp-parkovi-i-zelenilo-preventivno-so-kjesi-gi-zashtitija-kroshnite-na-palmite-poradi-minusnite-temperaturi/ Wed, 26 Jan 2022 13:52:39 +0000 https://republika.mk/?p=449811

Деновиве, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ со ќеси ги заштитуваа крошните на палмите на кејот на Вардар во Скопје.

Палмите ги заштитуваме за да можат да ги издржат минусните температури. Напролет ќе биде извадена заштитата, велат од „Паркови и зеленило“.

The post ЈП „Паркови и зеленило“ превентивно со ќеси ги заштитија крошните на палмите поради минусните температури appeared first on Република.

Клупи фрлени во езерцето, превртени тоалети, купишта ѓубре: Градскиот парк вандализиран од невоспитани идиоти https://republika.mk/vesti/skopje/klupi-frleni-vo-ezerceto-prevrteni-toaleti-kupishta-gjubre-gradskiot-park-vandaliziran-od-nevospitani-idioti/ Tue, 18 Jan 2022 08:44:12 +0000 https://republika.mk/?p=446154

Од ЈП „Паркови и зеленило“ објавија јавна реакција за некултурата и вандализмот покажан од посетителите на Градскиот парк во Скопје.

Како што велат од претпријатието, несовесните граѓани зад себе оставиле отпадоци и ѓубре доволни за да се наполни цел камион.

Како ова да не беше доволно, наидовме на три фрлени клупи во езерцето во врвиот дел на паркот по што веднаш ги извадивме, додека во вториот дел затекнавме превртена мобилна тоалетна кабина.

Упатуваме АПЕЛ до сите граѓани да не фрлаат ѓубре и совесно да ги користат и чуваат парковските елементи при посета на парковите и да се грижат за природата која е од огромно значење за сите нас - се вели во реакцијата на „Паркови и зеленило“.

The post Клупи фрлени во езерцето, превртени тоалети, купишта ѓубре: Градскиот парк вандализиран од невоспитани идиоти appeared first on Република.

]]>

Од ЈП „Паркови и зеленило“ објавија јавна реакција за некултурата и вандализмот покажан од посетителите на Градскиот парк во Скопје. Како што велат од претпријатието, несовесните граѓани зад себе оставиле отпадоци и ѓубре доволни за да се наполни цел камион.
Како ова да не беше доволно, наидовме на три фрлени клупи во езерцето во врвиот дел на паркот по што веднаш ги извадивме, додека во вториот дел затекнавме превртена мобилна тоалетна кабина.   Упатуваме АПЕЛ до сите граѓани да не фрлаат ѓубре и совесно да ги користат и чуваат парковските елементи при посета на парковите и да се грижат за природата која е од огромно значење за сите нас - се вели во реакцијата на „Паркови и зеленило“.

The post Клупи фрлени во езерцето, превртени тоалети, купишта ѓубре: Градскиот парк вандализиран од невоспитани идиоти appeared first on Република.

]]>