паркирање Archives - Република https://republika.mk/tema/parkiranje/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Apr 2023 08:19:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png паркирање Archives - Република https://republika.mk/tema/parkiranje/ 32 32 За Рамазан Бајрам нема да се наплаќа на дел од јавните паркиралишта https://republika.mk/vesti/skopje/za-ramazan-bajram-nema-da-se-naplaka-na-del-od-javnite-parkiralishta/ Thu, 20 Apr 2023 08:19:06 +0000 https://republika.mk/?p=632375

Утре, 21 април 2023 година, за време на државниот празник – Рамазан Бајрам, јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите.

Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање – без наплата.

Јавните паркиралишта пак, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време и наплата од 00:00 до 24:00 часот.

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, им го честита Рамазан Бајрам, на сите граѓани на Република Македонија, кои го слават овој празник.

The post За Рамазан Бајрам нема да се наплаќа на дел од јавните паркиралишта appeared first on Република.

]]>

Утре, 21 април 2023 година, за време на државниот празник – Рамазан Бајрам, јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите. Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање – без наплата. Јавните паркиралишта пак, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време и наплата од 00:00 до 24:00 часот. ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, им го честита Рамазан Бајрам, на сите граѓани на Република Македонија, кои го слават овој празник.

The post За Рамазан Бајрам нема да се наплаќа на дел од јавните паркиралишта appeared first on Република.

]]>
Бесплатно паркирање во Центар за Велигденските празници, освен в сабота https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/besplatno-parkirane-vo-tsentar-za-veligdenskite-praznitsi-osven-v-sabota/ Thu, 13 Apr 2023 09:16:48 +0000 https://republika.mk/?p=630478

Паркирањето во општина Центар за време на велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани.

Тоа значи дека в петок, в недела и в понеделник граѓаните ќе може да се паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

Изостанува саботата бидејќи во согласност со програмата за неработни денови за 2023 година на Министерството за труд и социјална политика, сабота е работен ден и затоа паркиралиштата ќе работат со вообичаено работно време, соопшти јавното претпријатие ПОЦ.

Депото на пајак-службата ќе работи 24 часа за време на празниците.

 

The post Бесплатно паркирање во Центар за Велигденските празници, освен в сабота appeared first on Република.

]]>

Паркирањето во општина Центар за време на велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани. Тоа значи дека в петок, в недела и в понеделник граѓаните ќе може да се паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“. Изостанува саботата бидејќи во согласност со програмата за неработни денови за 2023 година на Министерството за труд и социјална политика, сабота е работен ден и затоа паркиралиштата ќе работат со вообичаено работно време, соопшти јавното претпријатие ПОЦ. Депото на пајак-службата ќе работи 24 часа за време на празниците.  

The post Бесплатно паркирање во Центар за Велигденските празници, освен в сабота appeared first on Република.

]]>
Бесплатно паркирање во центарот на Скопје за Велигденските празници https://republika.mk/vesti/skopje/besplatno-parkirane-vo-tsentarot-na-skopje-za-veligdenskite-praznitsi/ Thu, 13 Apr 2023 08:38:47 +0000 https://republika.mk/?p=630464

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани. На 14, 16 и на 17 април - петок, недела и понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, информираат денеска од ова претпријатие.

Согласно програмата за неработни денови за 2023 година на Министерството за труд и социјална политика, сабота е работен ден и следствено на тоа, паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието, ќе работат со вообичаено работно време. Депото на „пајак“ службата ќе работи 24/7 за време на празниците, се посочува во соопштението со честитка за празниците.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во дирекцијата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ќе продолжи во вторник со вообичаено работно време.

The post Бесплатно паркирање во центарот на Скопје за Велигденските празници appeared first on Република.

]]>

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани. На 14, 16 и на 17 април - петок, недела и понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, информираат денеска од ова претпријатие. Согласно програмата за неработни денови за 2023 година на Министерството за труд и социјална политика, сабота е работен ден и следствено на тоа, паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието, ќе работат со вообичаено работно време. Депото на „пајак“ службата ќе работи 24/7 за време на празниците, се посочува во соопштението со честитка за празниците. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во дирекцијата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ќе продолжи во вторник со вообичаено работно време.

The post Бесплатно паркирање во центарот на Скопје за Велигденските празници appeared first on Република.

]]>
По случајот со велешанката: Советничката група во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ ќе предложат иницијатива за можност за повластено паркирање на лица со попреченост во целата држава https://republika.mk/vesti/skopje/po-sluchajot-so-veleshankata-sovetnichkata-grupa-vo-sovetot-na-grad-skopje-od-vmro-dpmne-ke-predlozhat-initsijativa-za-mozhnost-za-povlasteno-parkirane-na-litsa-so-poprechenost-vo-tselata-drzhava/ Sat, 18 Mar 2023 07:13:17 +0000 https://republika.mk/?p=620880

По вчерашното случување кога во јавноста излезе случајот каде лице со попреченост кое го посетува град Скопје од друг град од државата, се паркира на место означено за лица со попреченост и покрај уредно платен надомест за паркирање е казнето. Советничката група во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија до Претседателот на Совет на Град Скопје поднесе барање за дополнување на дневниот ред со точка предлог иницијатива за изменување на Програмата за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски Паркинг“ Скопје од страна на лица со попреченост за 2023 година.

Целта на оваа иницијатива е ЈП „Градски паркинг“ Скопје да обезбеди можност за паркирање на лица со попреченост под исти услови независно од нивното место на живеење и да ја прошири листата на дијагнози на лица со попреченост.

Ги повикуваме и очекуваме поддршка и од останатите советнички групи во Советот на Град Скопје за поддршка на оваа иницијатива

The post По случајот со велешанката: Советничката група во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ ќе предложат иницијатива за можност за повластено паркирање на лица со попреченост во целата држава appeared first on Република.

]]>

По вчерашното случување кога во јавноста излезе случајот каде лице со попреченост кое го посетува град Скопје од друг град од државата, се паркира на место означено за лица со попреченост и покрај уредно платен надомест за паркирање е казнето. Советничката група во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија до Претседателот на Совет на Град Скопје поднесе барање за дополнување на дневниот ред со точка предлог иницијатива за изменување на Програмата за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски Паркинг“ Скопје од страна на лица со попреченост за 2023 година. Целта на оваа иницијатива е ЈП „Градски паркинг“ Скопје да обезбеди можност за паркирање на лица со попреченост под исти услови независно од нивното место на живеење и да ја прошири листата на дијагнози на лица со попреченост. Ги повикуваме и очекуваме поддршка и од останатите советнички групи во Советот на Град Скопје за поддршка на оваа иницијатива

The post По случајот со велешанката: Советничката група во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ ќе предложат иницијатива за можност за повластено паркирање на лица со попреченост во целата држава appeared first on Република.

]]>
Христовски: Градски паркинг донесе одлука за намалување на цената на паркирање во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/hristovski-gradski-parking-donese-odluka-za-namaluvanje-na-cenata-na-parkiranje-vo-skopje/ Sat, 29 Jan 2022 12:10:46 +0000 https://republika.mk/?p=451142

На иницијатива на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а согласно Статутот на јавното претпријатие, на седница на Управниот одбор на ЈП Градски паркинг е донесена одлука со која е предвидено намалување на цените на услугите за паркирање на јавните површини во зоните на паркирање во градот Скопје.

Директорот на претпријатието, Бојан Христовски, информира дека согласно одлуката за измена на ценовникот на услуги на Јавното претпријатие Градски паркинг, намалувањето се однесува на час паркирање во следните зони: Зона А0 паркирањето од 100 денари, се намалува на 75 денари, во зона А од 50 денари, се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 денари, износот за паркирањето се намалува на 30 денари и во зона Ц и Д, цената за еден час паркирање од 30 денари се намалува на 25 денари.

Ваквата одлука за поевтинување на паркирањето во Скопје влегува во сила по добивање согласност од Советот на Град Скопје, а истата ќе се применува од 1 март.

Христовски потенцира дека со усвојување на оваа одлука, а сред економска криза, кога цените растат, Јавното претпријатие Градски паркинг им излегува во пресрет на барањата на граѓаните за поевтин паркинг во градот и го реализира она кое е ветено пред скопјани.

Нашата цел како Јавно претпријатие е со своите одлуки секогаш првенствено да бидеме транспарентни во своето работење, да бидеме во служба на граѓаните и да ги реализираме правовремено барањата на граѓаните во градот Скопје. Реализацијата на ова ветување е показател дека тоа што се ветува, треба и се исполнува. Имено, продолжуваме и понатаму активно да работиме во насока на реализација на програмските проекти кои се во интерес на граѓаните, а се во план да се реализираат во наредниот период. Тука би ги истакнал новите катни и монтажни паркиралишта во Чаир, Аеродром, Центар и Кисела Вода, со што ќе овозможи паркирањето во Скопје не само да биде поевтино, туку да биде и подостапно за граѓаните - додава Христовски.

The post Христовски: Градски паркинг донесе одлука за намалување на цената на паркирање во Скопје appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а согласно Статутот на јавното претпријатие, на седница на Управниот одбор на ЈП Градски паркинг е донесена одлука со која е предвидено намалување на цените на услугите за паркирање на јавните површини во зоните на паркирање во градот Скопје. Директорот на претпријатието, Бојан Христовски, информира дека согласно одлуката за измена на ценовникот на услуги на Јавното претпријатие Градски паркинг, намалувањето се однесува на час паркирање во следните зони: Зона А0 паркирањето од 100 денари, се намалува на 75 денари, во зона А од 50 денари, се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 денари, износот за паркирањето се намалува на 30 денари и во зона Ц и Д, цената за еден час паркирање од 30 денари се намалува на 25 денари. Ваквата одлука за поевтинување на паркирањето во Скопје влегува во сила по добивање согласност од Советот на Град Скопје, а истата ќе се применува од 1 март. Христовски потенцира дека со усвојување на оваа одлука, а сред економска криза, кога цените растат, Јавното претпријатие Градски паркинг им излегува во пресрет на барањата на граѓаните за поевтин паркинг во градот и го реализира она кое е ветено пред скопјани.
Нашата цел како Јавно претпријатие е со своите одлуки секогаш првенствено да бидеме транспарентни во своето работење, да бидеме во служба на граѓаните и да ги реализираме правовремено барањата на граѓаните во градот Скопје. Реализацијата на ова ветување е показател дека тоа што се ветува, треба и се исполнува. Имено, продолжуваме и понатаму активно да работиме во насока на реализација на програмските проекти кои се во интерес на граѓаните, а се во план да се реализираат во наредниот период. Тука би ги истакнал новите катни и монтажни паркиралишта во Чаир, Аеродром, Центар и Кисела Вода, со што ќе овозможи паркирањето во Скопје не само да биде поевтино, туку да биде и подостапно за граѓаните - додава Христовски.

The post Христовски: Градски паркинг донесе одлука за намалување на цената на паркирање во Скопје appeared first on Република.

]]>
Општина Аеродром: Внимавајте каде ги паркирате вашите возила! https://republika.mk/vesti/skopje/opshtina-aerodrom-vnimavajte-kade-gi-parkirate-vashite-vozila/ Thu, 27 Jan 2022 10:12:47 +0000 https://republika.mk/?p=450152

Општина Аеродром излезе со апел до граѓаните кои живеат на територија на оваа скопска општина, да ги почитуваат сообраќајните закони и правила и да не паркираат на места што не се наменети за тоа, како што се плочници, тревници и други јавни површини.

Со ваквото несовесно однесување првенствено се загрозува движењето на пешаците, велосипедистите и другите учесници во сообраќајот. Исто така, се нанесува материјална штета на јавните површини, а се уништува и зеленилото и се прави штета врз животната средина – велат од Општина Аеродром.

Според нив, иако тие како Општината ги зголемиле инспекциските контроли на терен, сепак, како што велат оттаму, нивните служби немаат ингеренции да казнуваат, туку само да изрекуваат опомени.

Во таа насока би сакале да ве информираме дека Општина Аеродром поднесе барање до Министерството за внатрешни работи да обезбеди зачестени контроли од страна на полицијата со цел да се превенира ваквото однесување, а во крајна линија и да се казнуваат несовесните возачи кои своите автомобили ги паркираат на несоодветни места. Безбедноста на граѓаните, чистотата на јавните простори и грижата за зелените површини остануваат наш врвен приоритет – информираат од оваа скопска општина.

The post Општина Аеродром: Внимавајте каде ги паркирате вашите возила! appeared first on Република.

]]>

Општина Аеродром излезе со апел до граѓаните кои живеат на територија на оваа скопска општина, да ги почитуваат сообраќајните закони и правила и да не паркираат на места што не се наменети за тоа, како што се плочници, тревници и други јавни површини. Со ваквото несовесно однесување првенствено се загрозува движењето на пешаците, велосипедистите и другите учесници во сообраќајот. Исто така, се нанесува материјална штета на јавните површини, а се уништува и зеленилото и се прави штета врз животната средина – велат од Општина Аеродром. Според нив, иако тие како Општината ги зголемиле инспекциските контроли на терен, сепак, како што велат оттаму, нивните служби немаат ингеренции да казнуваат, туку само да изрекуваат опомени. Во таа насока би сакале да ве информираме дека Општина Аеродром поднесе барање до Министерството за внатрешни работи да обезбеди зачестени контроли од страна на полицијата со цел да се превенира ваквото однесување, а во крајна линија и да се казнуваат несовесните возачи кои своите автомобили ги паркираат на несоодветни места. Безбедноста на граѓаните, чистотата на јавните простори и грижата за зелените површини остануваат наш врвен приоритет – информираат од оваа скопска општина.

The post Општина Аеродром: Внимавајте каде ги паркирате вашите возила! appeared first on Република.

]]>