парични казни Archives - Република https://republika.mk/tema/parichni-kazni/ За подобро да се разбереме Sun, 18 Jun 2023 16:24:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png парични казни Archives - Република https://republika.mk/tema/parichni-kazni/ 32 32 Парични казни за лицата кои ќе одбијат да дадат податоци на пописот во Албанија https://republika.mk/vesti/balkan/parichni-kazni-za-litsata-koi-ke-odbijat-da-dadat-podatotsi-na-popisot-vo-albanija/ Sun, 18 Jun 2023 16:24:38 +0000 https://republika.mk/?p=652843

Се финализираат подготовките за пописот на населението и домаќинствата на целата територија на Албанија, што ќе почне на 18 септември, потврди директорката на албанскиот Институт за статистика, (ИНСТАТ), Елса Дули.

Таа додаде дека за оваа статистичка операција ќе бидат ангажирани околу 7.000 попишувачи, за што во тек е јавен повик, и оти вкупните трошоци за реализација на пописот се очекува да достигнат 16,9 милиони евра.

Попишувачите ќе одат во секој дом и ќе ги пополнуваат формуларите со одговори што ќе ги даваат граѓаните. Ќе се користи современата техника со таблети, со што ќе се намали времето за информирање од терен до центарот. Се ќе се внесува во таблетите а тоа ќе може да го види и попишаното лице. Доколку граѓанин одбие да биде дел од пописот односно да одбие да биде попишан предвидени се казни од 50 до 100.000 леки (од 470 до 940 евра), наведе Дули.

Според неа, сите жители во Република Албанија, врз основа на Законот за попис, се обврзани да одговорат на прашањата од формуларот, со исклучок на три прашања поврзани со етничката и верска припадност и мајчиниот јазик кои се по избор на граѓанинот, дали ќе сака да одговори или не.

Првиот попис во Албанија е спроведен во 1923 година, а годинешниот ќе биде 12-ти по ред и ќе трае шест недели.

Последниот попис во земјата беше спроведен во 2011 година. Планираниот за 2021 беше одложен поради пандемијата со Ковид-19, а минатата година беше пролонгиран бидејќи „не биле обезбедени неопходните алатки за собирање информации на терен“.

 

The post Парични казни за лицата кои ќе одбијат да дадат податоци на пописот во Албанија appeared first on Република.

]]>

Се финализираат подготовките за пописот на населението и домаќинствата на целата територија на Албанија, што ќе почне на 18 септември, потврди директорката на албанскиот Институт за статистика, (ИНСТАТ), Елса Дули. Таа додаде дека за оваа статистичка операција ќе бидат ангажирани околу 7.000 попишувачи, за што во тек е јавен повик, и оти вкупните трошоци за реализација на пописот се очекува да достигнат 16,9 милиони евра.
Попишувачите ќе одат во секој дом и ќе ги пополнуваат формуларите со одговори што ќе ги даваат граѓаните. Ќе се користи современата техника со таблети, со што ќе се намали времето за информирање од терен до центарот. Се ќе се внесува во таблетите а тоа ќе може да го види и попишаното лице. Доколку граѓанин одбие да биде дел од пописот односно да одбие да биде попишан предвидени се казни од 50 до 100.000 леки (од 470 до 940 евра), наведе Дули.
Според неа, сите жители во Република Албанија, врз основа на Законот за попис, се обврзани да одговорат на прашањата од формуларот, со исклучок на три прашања поврзани со етничката и верска припадност и мајчиниот јазик кои се по избор на граѓанинот, дали ќе сака да одговори или не. Првиот попис во Албанија е спроведен во 1923 година, а годинешниот ќе биде 12-ти по ред и ќе трае шест недели. Последниот попис во земјата беше спроведен во 2011 година. Планираниот за 2021 беше одложен поради пандемијата со Ковид-19, а минатата година беше пролонгиран бидејќи „не биле обезбедени неопходните алатки за собирање информации на терен“.  

The post Парични казни за лицата кои ќе одбијат да дадат податоци на пописот во Албанија appeared first on Република.

]]>