Папокот на светлината Archives - Република https://republika.mk/tema/papokot-na-svetlinata/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Oct 2023 08:14:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Папокот на светлината Archives - Република https://republika.mk/tema/papokot-na-svetlinata/ 32 32 Венко Андоновски ја доби Толстоевата награда за „Папокот на светлината“ https://republika.mk/vesti/kultura/venko-andonovski-ja-dobi-tolstoevata-nagrada-za-papokot-na-svetlinata/ Thu, 05 Oct 2023 08:14:03 +0000 https://republika.mk/?p=688062

Добитник на меѓународната Толстоева награда „Јасна Полјана“ за 2023 година е Венко Андоновски, со романот „Папокот на светлината“.

Романот е објавен во руски превод на еминентната македонистка, преведувачка на над 70 книги од македонски автори и афирматор на македонската култура, Олга Панкина. Олга Панкина ја доби годинешнава награда „Јасна Полјана“ за најдобар превод на руски јазик, за романот на Андоновски.

Ова, на вчерашната церемонија на соопштување на добитникот во Бoљшој театарот во Москва, го соопшти жирито составено од еминентни руски писатели: Владимир Илич Толстој (правнук на Лав Н. Толстој), Алексеј Варламов, Евгениј Водоласкин, Владислав Отрашенко и Павел Басински.

Од 30 номинации од 16 земји и пет континенти, жирито во категоријата „странска литература“ се реши за потесен избор од осум наслови: Палата на соништата на Исмаил Кадаре (Албанија), Внука на Бернхард Шлинк (Германија, познат по романот и филмот „Читачот“), Зимски војник на Даниел Мејсон (САД, познат по „Пијано штимер“), Пиштарки на Фернандо Арамбуру (Шпанија), Кожурец на Џанг Јуеран (Кина), Звукот на нештата што паѓаат на Хуан Габриел Васкез (Колумбија), Ветување на Дејмонд Галгут (Јужна Африка) и Папокот на светлината на македонскиот писател Венко Андоновски.

Одлуката за наградата е донесена едногласно.

Со оваа награда, името на нашиот, македонски писател се придружува кон листата на досегашните добитници: Џулијан Барнз (Велика Британија), Ју Хуа (Кина), Рут Озеки (Kанада-САД), Орхан Памук (Турција), Марио Варгас Љоса (Перу), Патриша Данкер (Велика Британија), Хернан Ривера Летелиер (Чиле) и Амос Оз (Израел).

Меѓународната Толстоева книжевна награда „Јасна Полјана“, за најдобар странски роман преведен на руски е основана во 2015 година, а ја доделуваат Музејот „Јаснаја Полјана“ и „Самсунг Електроникс“.

Книжевниот подем на Андоновски на руското книжевно подрачје започна уште во 2007 година, кога за романот Папокот на светот (повторно во превод на Панкина) ја доби наградата „Југра“ (најдобар роман од сите словенски книжевности преведен на руски јазик). Следуваа три изданија на романот „Азбука за непослушните“ (третиот е двојазичен, руско-македонски) и други признанија, меѓу кои и „Златен витез“ за драматургија, минатата година, кога Панкина преведе и објави на руски три негови драми.

Романот „Папокот на светлината“ го првообјави издавачот „Три“ од Скопје, и за девет месеци доживеа четири македонски изданија (4.000 примероци), а ја доби и наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија.

The post Венко Андоновски ја доби Толстоевата награда за „Папокот на светлината“ appeared first on Република.

]]>

Добитник на меѓународната Толстоева награда „Јасна Полјана“ за 2023 година е Венко Андоновски, со романот „Папокот на светлината“. Романот е објавен во руски превод на еминентната македонистка, преведувачка на над 70 книги од македонски автори и афирматор на македонската култура, Олга Панкина. Олга Панкина ја доби годинешнава награда „Јасна Полјана“ за најдобар превод на руски јазик, за романот на Андоновски. Ова, на вчерашната церемонија на соопштување на добитникот во Бoљшој театарот во Москва, го соопшти жирито составено од еминентни руски писатели: Владимир Илич Толстој (правнук на Лав Н. Толстој), Алексеј Варламов, Евгениј Водоласкин, Владислав Отрашенко и Павел Басински. Од 30 номинации од 16 земји и пет континенти, жирито во категоријата „странска литература“ се реши за потесен избор од осум наслови: Палата на соништата на Исмаил Кадаре (Албанија), Внука на Бернхард Шлинк (Германија, познат по романот и филмот „Читачот“), Зимски војник на Даниел Мејсон (САД, познат по „Пијано штимер“), Пиштарки на Фернандо Арамбуру (Шпанија), Кожурец на Џанг Јуеран (Кина), Звукот на нештата што паѓаат на Хуан Габриел Васкез (Колумбија), Ветување на Дејмонд Галгут (Јужна Африка) и Папокот на светлината на македонскиот писател Венко Андоновски. Одлуката за наградата е донесена едногласно. Со оваа награда, името на нашиот, македонски писател се придружува кон листата на досегашните добитници: Џулијан Барнз (Велика Британија), Ју Хуа (Кина), Рут Озеки (Kанада-САД), Орхан Памук (Турција), Марио Варгас Љоса (Перу), Патриша Данкер (Велика Британија), Хернан Ривера Летелиер (Чиле) и Амос Оз (Израел). Меѓународната Толстоева книжевна награда „Јасна Полјана“, за најдобар странски роман преведен на руски е основана во 2015 година, а ја доделуваат Музејот „Јаснаја Полјана“ и „Самсунг Електроникс“. Книжевниот подем на Андоновски на руското книжевно подрачје започна уште во 2007 година, кога за романот Папокот на светот (повторно во превод на Панкина) ја доби наградата „Југра“ (најдобар роман од сите словенски книжевности преведен на руски јазик). Следуваа три изданија на романот „Азбука за непослушните“ (третиот е двојазичен, руско-македонски) и други признанија, меѓу кои и „Златен витез“ за драматургија, минатата година, кога Панкина преведе и објави на руски три негови драми. Романот „Папокот на светлината“ го првообјави издавачот „Три“ од Скопје, и за девет месеци доживеа четири македонски изданија (4.000 примероци), а ја доби и наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија.

The post Венко Андоновски ја доби Толстоевата награда за „Папокот на светлината“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски во Градската библиотека во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-papokot-na-svetlinata-od-venko-andonovski-vo-gradskata-biblioteka-vo-skopje-2/ Mon, 08 May 2023 07:29:01 +0000 https://republika.mk/?p=638182

В понеделник (8 мај) во 19 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе биде претставен романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски, добитник на наградата „Стале Попов“ за 2022 година. За делото ќе говори проф. д-р Кристина Николовска, фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски, а модератор на настанот ќе биде Братислав Ташковски.

„Папокот на светлината“ е роман за потрагата по Бога, на препознавањето на Бога во човекот и обратно. Ова е роман и за значењето на маргините, за читањето меѓу редови, за сите предизвици и искушенија на современиот човек и неговата секојдневна борба со постмодерниот ѓавол кој доаѓа од сите страни, па и во множина – стои во одлуката на жирито за наградата „Стале Попов“ за 2022 година.

Андоновски е трикратен добитник на ова признание, прв пат во 2001 година за „Папокот на светот“, а во 2012 година за романот „Ќерката на математичарот“. Тој е еден од најчитаните и најизведувани македонски драмски автори во последниве две децении. Делата му се преведени на десетина јазици, меѓу кои и на англиски, француски, руски, унгарски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски. „Папокот на светлината“ (издание на ТРИ) е неговиот петти роман.
Претставувањето на добитниците на најпрестижните награди на Друштвото на писателите на Македонија е долгогодишна традиција на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, која ги поддржува македонската книжевна продукција и македонските автори и преку нивно доближување до читателите.

The post Промоција на „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

Андоновски е трикратен добитник на ова признание, прв пат во 2001 година за „Папокот на светот“, а во 2012 година за романот „Ќерката на математичарот“. Тој е еден од најчитаните и најизведувани македонски драмски автори во последниве две децении. Делата му се преведени на десетина јазици, меѓу кои и на англиски, француски, руски, унгарски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски. „Папокот на светлината“ (издание на ТРИ) е неговиот петти роман. Претставувањето на добитниците на најпрестижните награди на Друштвото на писателите на Македонија е долгогодишна традиција на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, која ги поддржува македонската книжевна продукција и македонските автори и преку нивно доближување до читателите.

The post Промоција на „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски во Градската библиотека во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-papokot-na-svetlinata-od-venko-andonovski-vo-gradskata-biblioteka-vo-skopje/ Fri, 05 May 2023 09:05:31 +0000 https://republika.mk/?p=637214

В понеделник (8 мај) во 19 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе биде претставен романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски, добитник на наградата „Стале Попов“ за 2022 година. За делото ќе говори проф. д-р Кристина Николовска, фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски, а модератор на настанот ќе биде Братислав Ташковски.
-„Папокот на светлината“ е роман за потрагата по Бога, на препознавањето на Бога во човекот и обратно. Ова е роман и за значењето на маргините, за читањето меѓу редови, за сите предизвици и искушенија на современиот човек и неговата секојдневна борба со постмодерниот ѓавол кој доаѓа од сите страни, па и во множина – стои во одлуката на жирито за наградата „Стале Попов“ за 2022 година.

Андоновски е трикратен добитник на ова признание, прв пат во 2001 година за „Папокот на светот“, а во 2012 година за романот „Ќерката на математичарот“. Тој е еден од најчитаните и најизведувани македонски драмски автори во последниве две децении. Делата му се преведени на десетина јазици, меѓу кои и на англиски, француски, руски, унгарски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски. „Папокот на светлината“ (издание на ТРИ) е неговиот петти роман.
Претставувањето на добитниците на најпрестижните награди на Друштвото на писателите на Македонија е долгогодишна традиција на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, која ги поддржува македонската книжевна продукција и македонските автори и преку нивно доближување до читателите.

The post Промоција на „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>

В понеделник (8 мај) во 19 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе биде претставен романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски, добитник на наградата „Стале Попов“ за 2022 година. За делото ќе говори проф. д-р Кристина Николовска, фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски, а модератор на настанот ќе биде Братислав Ташковски. -„Папокот на светлината“ е роман за потрагата по Бога, на препознавањето на Бога во човекот и обратно. Ова е роман и за значењето на маргините, за читањето меѓу редови, за сите предизвици и искушенија на современиот човек и неговата секојдневна борба со постмодерниот ѓавол кој доаѓа од сите страни, па и во множина – стои во одлуката на жирито за наградата „Стале Попов“ за 2022 година. Андоновски е трикратен добитник на ова признание, прв пат во 2001 година за „Папокот на светот“, а во 2012 година за романот „Ќерката на математичарот“. Тој е еден од најчитаните и најизведувани македонски драмски автори во последниве две децении. Делата му се преведени на десетина јазици, меѓу кои и на англиски, француски, руски, унгарски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски. „Папокот на светлината“ (издание на ТРИ) е неговиот петти роман. Претставувањето на добитниците на најпрестижните награди на Друштвото на писателите на Македонија е долгогодишна традиција на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, која ги поддржува македонската книжевна продукција и македонските автори и преку нивно доближување до читателите.

The post Промоција на „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>
„Папокот на светлината“ од Венко Андоновски објавен на руски јазик https://republika.mk/vesti/kultura/papokot-na-svetlinata-od-venko-andonovski-objaven-na-ruski-jazik/ Wed, 22 Feb 2023 07:58:47 +0000 https://republika.mk/?p=611732

Во Москва излезе од печат романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски преведен на руски јазик.

Руското издание на романот „Папокот на светлината“ е издадено во тврд повез, а на корицата е фрагмент од сликата „Гулаби“ на македонскиот уметник Драги Хаџи Николов. Краток предговор за книгата напиша самиот автор.

„Папокот на светлината“ е седмо дело во проектот „Македонскиот роман на 21 век“, што Олга Панкина, познат популаризатор на македонските културни вредности во Русија, го конципира и почна да го реализира во 2014 година во соработка со реномираниот руски издавач Центар за книга „Рудомино“, кој обезбедува натамошна дистрибуција на книгите на  руското јазично подрачје.

Во рамките на тој проект досега беа објавени романите „Храпешко“ на Ермис Лафазановски, „Водена пирамида (Патот на јагулите)“ на Луан Старова, „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли, „Азбука за непослушните“ на Венко Андоновски, „Маџун“ на Влада Урошевиќ и „Фантомско стапало“ на Блаже Миневски.

The post „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски објавен на руски јазик appeared first on Република.

]]>

Во Москва излезе од печат романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски преведен на руски јазик. Руското издание на романот „Папокот на светлината“ е издадено во тврд повез, а на корицата е фрагмент од сликата „Гулаби“ на македонскиот уметник Драги Хаџи Николов. Краток предговор за книгата напиша самиот автор. „Папокот на светлината“ е седмо дело во проектот „Македонскиот роман на 21 век“, што Олга Панкина, познат популаризатор на македонските културни вредности во Русија, го конципира и почна да го реализира во 2014 година во соработка со реномираниот руски издавач Центар за книга „Рудомино“, кој обезбедува натамошна дистрибуција на книгите на  руското јазично подрачје. Во рамките на тој проект досега беа објавени романите „Храпешко“ на Ермис Лафазановски, „Водена пирамида (Патот на јагулите)“ на Луан Старова, „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли, „Азбука за непослушните“ на Венко Андоновски, „Маџун“ на Влада Урошевиќ и „Фантомско стапало“ на Блаже Миневски.

The post „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски објавен на руски јазик appeared first on Република.

]]>