Папа Фарнциск Archives - Република https://republika.mk/tema/papa-farncisk/ За подобро да се разбереме Thu, 23 May 2024 10:53:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Папа Фарнциск Archives - Република https://republika.mk/tema/papa-farncisk/ 32 32 Претседателката Сиљановска Давкова на аудиенција кај папата Франциск https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-na-audientsija-kaj-papata-frantsisk/ Thu, 23 May 2024 07:42:39 +0000 https://republika.mk/?p=780999

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска со аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск официјално ја почнува неколкудневната посета на Ватикан и Рим во рамки на чествувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј.

Како што јавува известувачот на МИА од Рим, Сиљановска Давкова оваа година ја предводи државно-црковната делегација во посета на Рим и Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свeти Кирил“, а денеска претседателката освен аудиенцијата кај папата и традиционалната размена на подароци, ќе се сретне и со државниот секретар на Ватикан, монсињор Пјетро Паролин.

 

По официјалните средби во Ватикан шефицата на државата ќе даде изјава за медиуми.

На аудиенција кај папата денеска треба да присустува и бугарскиот претседател Румен Радев, но засега, како што велат од кабинетот на Сиљановска Давкова се уште не е потврдено дали двајцата претседатели ќе имаат евентуална средба.

Давкова и Радев оваа година во Рим во различни денови го чествуваат Денот на сесловенскиге просветители. Радев денеска ќе биде во базиликата „Свети Климент“ на литургија за Свети Кирил и во црквата „Санта Марија Маџоре“.

Претседателката Давкова, според агендата утре на 24 Мај ќе го одбележи Денот на сесловенските просветители со посета на базиликата „Свети Климент“ каде се наоѓа гробот на Св. Кирил. Молебенот ќе го водат митрополитот Дебарско-кичевски, Тимотеј и митрополитот Европски, Пимен.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, утре, 23 мај, бугарскиот премиер ќе присуствува на Божествена литургија во базиликата Сан Клементе, каде што е погребан словенскиот првоучител Конст

По молебенот претседателката и делегацијата во базиликата „Санта Марија Маџоре“ ќе положат венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

Во рамки на претстојот во Рим Сиљановска-Давкова утре ќе се сретне со нејзниот италијански колега Серџо Матарела, а по средбата претседателката ќе даде изјава за медиуми на плоштадот Пјаца дел Квирнале.

Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, претседателката Сиљановска Давкова попладнево во Рим ќе присуствува на концертот на Националната установа „Камерен оркестар од Битола“, настан во организација на Министерството за култура.

Ова е прва првата официјална посета во странство на претседателката Сиљановска Давкова, откако победи на претседателските избори на 8 мај. Таа на одбележувањето на 24 Мај ја предводи државно-црковсната делегација, во чиј состав се и заменик-министерот за култура, Онур Али, амбасадорот во Италијанската Република, Весел Мемеди, амбасадорката при Светиот Престол, Марија Ефремова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.  Делегацијата на МПЦ-ОА ја претставуваат владиците Тимотеј и Пимен, додека Католичката црква ја претставува протојереј ставрофор, Зоран Стојанов

The post Претседателката Сиљановска Давкова на аудиенција кај папата Франциск appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска со аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск официјално ја почнува неколкудневната посета на Ватикан и Рим во рамки на чествувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј. Како што јавува известувачот на МИА од Рим, Сиљановска Давкова оваа година ја предводи државно-црковната делегација во посета на Рим и Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свeти Кирил“, а денеска претседателката освен аудиенцијата кај папата и традиционалната размена на подароци, ќе се сретне и со државниот секретар на Ватикан, монсињор Пјетро Паролин.   По официјалните средби во Ватикан шефицата на државата ќе даде изјава за медиуми. На аудиенција кај папата денеска треба да присустува и бугарскиот претседател Румен Радев, но засега, како што велат од кабинетот на Сиљановска Давкова се уште не е потврдено дали двајцата претседатели ќе имаат евентуална средба. Давкова и Радев оваа година во Рим во различни денови го чествуваат Денот на сесловенскиге просветители. Радев денеска ќе биде во базиликата „Свети Климент“ на литургија за Свети Кирил и во црквата „Санта Марија Маџоре“. Претседателката Давкова, според агендата утре на 24 Мај ќе го одбележи Денот на сесловенските просветители со посета на базиликата „Свети Климент“ каде се наоѓа гробот на Св. Кирил. Молебенот ќе го водат митрополитот Дебарско-кичевски, Тимотеј и митрополитот Европски, Пимен. Како што јави дописникот на МИА од Софија, утре, 23 мај, бугарскиот премиер ќе присуствува на Божествена литургија во базиликата Сан Клементе, каде што е погребан словенскиот првоучител Конст По молебенот претседателката и делегацијата во базиликата „Санта Марија Маџоре“ ќе положат венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј. Во рамки на претстојот во Рим Сиљановска-Давкова утре ќе се сретне со нејзниот италијански колега Серџо Матарела, а по средбата претседателката ќе даде изјава за медиуми на плоштадот Пјаца дел Квирнале. Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, претседателката Сиљановска Давкова попладнево во Рим ќе присуствува на концертот на Националната установа „Камерен оркестар од Битола“, настан во организација на Министерството за култура. Ова е прва првата официјална посета во странство на претседателката Сиљановска Давкова, откако победи на претседателските избори на 8 мај. Таа на одбележувањето на 24 Мај ја предводи државно-црковсната делегација, во чиј состав се и заменик-министерот за култура, Онур Али, амбасадорот во Италијанската Република, Весел Мемеди, амбасадорката при Светиот Престол, Марија Ефремова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.  Делегацијата на МПЦ-ОА ја претставуваат владиците Тимотеј и Пимен, додека Католичката црква ја претставува протојереј ставрофор, Зоран Стојанов

The post Претседателката Сиљановска Давкова на аудиенција кај папата Франциск appeared first on Република.

]]>
„Да запре ескалацијата на конфликтот“ – Папата и Бајден разговараа за војната во Израел https://republika.mk/vesti/svet/da-zapre-eskalatsijata-na-konfliktot-papata-i-bajden-razgovaraa-za-vojnata-vo-izrael/ Sun, 22 Oct 2023 18:54:24 +0000 https://republika.mk/?p=693987

Папата Франциск и американскиот претседател Џо Бајден во телефонски разговор разговарале за конфликтот меѓу Израел и Хамас и другите војни во светот, соопшти во неделата Ватикан.

– Разговорот траеше околу 20 минути и беше фокусиран на конфликтните ситуации во светот и потребата да се најдат начини за мир – соопшти Ватикан.

Според соопштението од Белата куќа, Бајден и Папата разговарале за потребата да се запре ескалацијата и да се најдат начини за траен и одржлив мир на Блискиот Исток.

Израел се подготвува за копнен напад врз Газа, две недели по нападот на Хамас врз Израел во кој загинаа 1.400 луѓе.

Претходно, Франциск им кажа на толпата на плоштадот Свети Петар дека е длабоко тажен поради „тешката ситуација во Газа“, каде беа бомбардирани болница и грчка православна црква.

„Запрете, браќа“, рече Папата.

Бајден, кој е католик, во саботата рече дека разговарал со Израелците на прашањето дали ги охрабрува да ја одложат инвазијата на Газа.

Хамас соопшти дека зел околу 200 луѓе како заложници за време на рациите на заедниците и воените бази во јужен Израел.

Папата неколку пати повика на ослободување на заложниците.

The post „Да запре ескалацијата на конфликтот“ – Папата и Бајден разговараа за војната во Израел appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск и американскиот претседател Џо Бајден во телефонски разговор разговарале за конфликтот меѓу Израел и Хамас и другите војни во светот, соопшти во неделата Ватикан.
– Разговорот траеше околу 20 минути и беше фокусиран на конфликтните ситуации во светот и потребата да се најдат начини за мир – соопшти Ватикан.
Според соопштението од Белата куќа, Бајден и Папата разговарале за потребата да се запре ескалацијата и да се најдат начини за траен и одржлив мир на Блискиот Исток. Израел се подготвува за копнен напад врз Газа, две недели по нападот на Хамас врз Израел во кој загинаа 1.400 луѓе. Претходно, Франциск им кажа на толпата на плоштадот Свети Петар дека е длабоко тажен поради „тешката ситуација во Газа“, каде беа бомбардирани болница и грчка православна црква.
„Запрете, браќа“, рече Папата.
Бајден, кој е католик, во саботата рече дека разговарал со Израелците на прашањето дали ги охрабрува да ја одложат инвазијата на Газа. Хамас соопшти дека зел околу 200 луѓе како заложници за време на рациите на заедниците и воените бази во јужен Израел. Папата неколку пати повика на ослободување на заложниците.

The post „Да запре ескалацијата на конфликтот“ – Папата и Бајден разговараа за војната во Израел appeared first on Република.

]]>
Папата го замоли Путин да престане https://republika.mk/vesti/svet/papata-go-zamoli-putin-da-prestane/ Sun, 02 Oct 2022 12:17:03 +0000 https://republika.mk/?p=556518

Папата Франциск денеска „го замоли“ рускиот претседател Владимир Путин „да ја запре спиралата на насилство“ во Украина и изрази длабоко жалење за анексијата на украинските региони, што е „спротивно на меѓународното право“.

Од плоштадот Свети Петар во Ватикан, папата му се обрати на рускиот претседател молејќи го „меѓу другото, од љубов кон сопствениот народ да престане со оваа спирала на насилство и смрт“.

За првпат од почетокот на конфликтот во Украина, на 24 февруари, папата Франциск во свој говор експлицитно го спомена рускиот претседател.

Светиот отец за првпат зборуваше и за руската анексија на украинските територии, осудувајќи ги „овие последни потези што се во спротивност со принципите на меѓународното право“.

-Длабоко жалам за сериозната ситуација што беше создадена во последните денови (…) Тоа го зголемува ризикот од нуклеарна ескалација до степен што постои страв од катастрофални последици надвор од контрола на глобално ниво, рече тој.

Папата, исто така, упати силен апел до украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи го да биде „отворен за сите сериозни предлози за мир“.

Осудувајќи го уште еднаш „лудилото“ и „ужасот“ на војната, папата Франциск инсистираше на почитување на светоста на човечкиот живот и на „суверенитетот и територијалниот интегритет на секоја земја“.

Светата столица од 24 февруари и почетокот на инвазијата врз Украина се обидува да одржи чувствителна дипломатска рамнотежа со двете земји. Претходно, папата ја осуди „суровата и бесмислена“ војна, оставајќи ја отворена можноста за дијалог со Москва.

The post Папата го замоли Путин да престане appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск денеска „го замоли“ рускиот претседател Владимир Путин „да ја запре спиралата на насилство“ во Украина и изрази длабоко жалење за анексијата на украинските региони, што е „спротивно на меѓународното право“. Од плоштадот Свети Петар во Ватикан, папата му се обрати на рускиот претседател молејќи го „меѓу другото, од љубов кон сопствениот народ да престане со оваа спирала на насилство и смрт“. За првпат од почетокот на конфликтот во Украина, на 24 февруари, папата Франциск во свој говор експлицитно го спомена рускиот претседател. Светиот отец за првпат зборуваше и за руската анексија на украинските територии, осудувајќи ги „овие последни потези што се во спротивност со принципите на меѓународното право“. -Длабоко жалам за сериозната ситуација што беше создадена во последните денови (…) Тоа го зголемува ризикот од нуклеарна ескалација до степен што постои страв од катастрофални последици надвор од контрола на глобално ниво, рече тој. Папата, исто така, упати силен апел до украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи го да биде „отворен за сите сериозни предлози за мир“. Осудувајќи го уште еднаш „лудилото“ и „ужасот“ на војната, папата Франциск инсистираше на почитување на светоста на човечкиот живот и на „суверенитетот и територијалниот интегритет на секоја земја“. Светата столица од 24 февруари и почетокот на инвазијата врз Украина се обидува да одржи чувствителна дипломатска рамнотежа со двете земји. Претходно, папата ја осуди „суровата и бесмислена“ војна, оставајќи ја отворена можноста за дијалог со Москва.

The post Папата го замоли Путин да престане appeared first on Република.

]]>
Кличко го покани папата да ја посети Украина https://republika.mk/vesti/svet/klichko-go-pokani-papata-da-ja-poseti-ukraina/ Tue, 15 Mar 2022 16:40:06 +0000 https://republika.mk/?p=473358

Градоначалникот на Киев го покани папата Франциско во главниот град на Украина за да „го покаже своето сочувство“, но Ватикан денеска не соопшти дали понтифот ја прифатил поканата.

„Присуството на  верскиот  водач лично во Киев е клучно за спасување животи и трасирање на патот кон мирот во нашиот град, држава и пошироко“, се вели во писмото од 8 март потпишано од Виталиј Кличко.

Писмото денеска е обелоденето во медиумите.

Кличко, исто така, вели дека ако патувањето до Киев не е возможно, „љубезно бараме заедничка видео конференција, да се снима или да се емитува во живо. Ќе се направат напори да се вклучи претседателот Зеленски во тој повик

The post Кличко го покани папата да ја посети Украина appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Киев го покани папата Франциско во главниот град на Украина за да „го покаже своето сочувство“, но Ватикан денеска не соопшти дали понтифот ја прифатил поканата. „Присуството на  верскиот  водач лично во Киев е клучно за спасување животи и трасирање на патот кон мирот во нашиот град, држава и пошироко“, се вели во писмото од 8 март потпишано од Виталиј Кличко. Писмото денеска е обелоденето во медиумите. Кличко, исто така, вели дека ако патувањето до Киев не е возможно, „љубезно бараме заедничка видео конференција, да се снима или да се емитува во живо. Ќе се направат напори да се вклучи претседателот Зеленски во тој повик

The post Кличко го покани папата да ја посети Украина appeared first on Република.

]]>
Папа Франциск: Запрете со масакрот https://republika.mk/vesti/svet/papa-francisk-zaprete-so-masakrot/ Sun, 13 Mar 2022 13:10:27 +0000 https://republika.mk/?p=472104

Папата Франциск денеска упати остра осуда за рускиот напад врз Украина.

Во името на Бога, нека се слушне плачот на страдалниците и нека престанат бомбардирањата и нападите, рече тој за време на неговата неделна молитва на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Во името на Бога, ве молам, престанете со овој масакр, повика папата. Бомбардирањето на детски болници и цивилни цели е „варварско“ и нема „валидна стратешка причина, додаде тој.

The post Папа Франциск: Запрете со масакрот appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск денеска упати остра осуда за рускиот напад врз Украина.
Во името на Бога, нека се слушне плачот на страдалниците и нека престанат бомбардирањата и нападите, рече тој за време на неговата неделна молитва на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Во името на Бога, ве молам, престанете со овој масакр, повика папата. Бомбардирањето на детски болници и цивилни цели е „варварско“ и нема „валидна стратешка причина, додаде тој.

The post Папа Франциск: Запрете со масакрот appeared first on Република.

]]>