панче тошкоски Archives - Република https://republika.mk/tema/panche-toshkoski/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Feb 2024 09:50:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png панче тошкоски Archives - Република https://republika.mk/tema/panche-toshkoski/ 32 32 Тошковски го прочита писмото од ЕУ: Ниедна друга земја освен Грција нема известено дека не ги прифаќа пасошите со старото име на државата https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-go-prochita-pismoto-od-eu-niedna-druga-zemja-osven-grtsija-nema-izvesteno-deka-ne-gi-prifaka-pasoshite-so-staroto-ime-na-drzhavata/ Sat, 24 Feb 2024 10:24:01 +0000 https://republika.mk/?p=747755

Документот што МВР го добило од македонската постојана мисија во Европската Унија, на кој се повика министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, и чии делови прочита во емисијата „Стадион“, потврдува дека ниедна друга земја, освен Грција, нема известено дека нема да дозволи влез на наши граѓани со пасоши со старото уставно име. Ова го оспори актуелниот министер за надорешни работи, Бујар Османи.

Од друга страна, Тошковски тврди дека кочницата е кај македонската власт, која со Законот за патни исправи ја ограничила важноста на пасошите во 12 февруари. Пред слушателите на Канал 77, Тошковски читаше делови од писмото кое стигнало до МВР на 19 февруари од постојаната мисија на Македонија при ЕУ во Брисел.

Земјите членки изразуваат разбирање за прашањата и волја за надминување на пробемот преку изнаоѓање на законско решение во најкус можен рок…DG Nome,тоа е главен директорат во ЕУ, повтори дека одржа состанок на Комитетот за патни документи било покажано разбирање и флексибилност во однос на техничката природа на прашањата. Со оглед на тоа дека само Грција извести дека не ги прифаќа пасошите со старото име на државата. Во принцип, тоа значи дека граѓаните на Македонија може да влегуваат и излегуваат во другите земји членки, но конечната одлука за прифаќање на старите пасоши е на самата земја членка и тоа може да го направи без навремено да ја информира ЕУ“. (цитат од документот).

При тоа, Тошковски додаде:

Граѓаните треба да ги знаат фактите и кој им ги прави маките. Овој проблем може да се реши со технички и други параметри, како зголемување на луѓе, базни станици, принтање… но, пречката што се појави со 12 февруари не е согласно договорот, туку согласност Законот за патни исправи“, кажа Тошковски.

Како што кажа, поради тоа е инсистирањето да се смени Законот за патни исправи и така да се реши хаосот со пасошите. Според Тошковски, покрај Грција уште Босна и Херцеговина има известено дека нема да дозволи влез на македонски граѓани, кои немаат нови пасоши со уставното име.

The post Тошковски го прочита писмото од ЕУ: Ниедна друга земја освен Грција нема известено дека не ги прифаќа пасошите со старото име на државата appeared first on Република.

]]>

Документот што МВР го добило од македонската постојана мисија во Европската Унија, на кој се повика министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, и чии делови прочита во емисијата „Стадион“, потврдува дека ниедна друга земја, освен Грција, нема известено дека нема да дозволи влез на наши граѓани со пасоши со старото уставно име. Ова го оспори актуелниот министер за надорешни работи, Бујар Османи. Од друга страна, Тошковски тврди дека кочницата е кај македонската власт, која со Законот за патни исправи ја ограничила важноста на пасошите во 12 февруари. Пред слушателите на Канал 77, Тошковски читаше делови од писмото кое стигнало до МВР на 19 февруари од постојаната мисија на Македонија при ЕУ во Брисел.