Памер Archives - Република https://republika.mk/tema/pamer/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Aug 2023 14:27:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Памер Archives - Република https://republika.mk/tema/pamer/ 32 32 Средба Ковачевски – Памер: 30 години партнерски односи и богата секторска соработка меѓу Македонија и Австрија https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-kovachevski-pamer-30-godini-partnerski-odnosi-i-bogata-sektorska-sorabotka-megu-severna-makedonija-i-avstrija/ Fri, 25 Aug 2023 16:18:01 +0000 https://republika.mk/?p=675813

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со новиот амбасадор на Република Австрија во земјава, Мартин Памер.

Премиерот Ковачевски посака добредојде и успешен мандат на амбасадорот Памер, нагласувајќи го очекувањето дека богатото дипломатско искуство на амбасадорот Памер и познавањето на регионот ќе придонесат за натамошно збогатување на одличните односи меѓу Македонија и Австрија.

Заеднички е афирмирано силното и долгогодишно пријателство помеѓу двете земји, кои годинава одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи. Посебно е нагласена успешната економска соработка, што ја докажува фактот дека Австрија е најголемиот странски инвеститор во нашата држава.

На состанокот е разговарано за билатералните односи, но и за актуелни прашања од значење за перспективите на Република Македонија и од регионален контекст.

Истакната е поддршката на Австрија за напредокот на Македонија во евроинтеграцискиот процес, како пример на функционална, мултуетничка и мултирелигиска држава во Европа, којашто придонесува и за стабилноста во регионот и во Европа.

Заеднички е констатирано дека сега е моментот да се продолжи напред, бидејки македонските граѓани заслужуваат европски квалитет на живот и европска иднина.

The post Средба Ковачевски – Памер: 30 години партнерски односи и богата секторска соработка меѓу Македонија и Австрија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со новиот амбасадор на Република Австрија во земјава, Мартин Памер. Премиерот Ковачевски посака добредојде и успешен мандат на амбасадорот Памер, нагласувајќи го очекувањето дека богатото дипломатско искуство на амбасадорот Памер и познавањето на регионот ќе придонесат за натамошно збогатување на одличните односи меѓу Македонија и Австрија. Заеднички е афирмирано силното и долгогодишно пријателство помеѓу двете земји, кои годинава одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи. Посебно е нагласена успешната економска соработка, што ја докажува фактот дека Австрија е најголемиот странски инвеститор во нашата држава. На состанокот е разговарано за билатералните односи, но и за актуелни прашања од значење за перспективите на Република Македонија и од регионален контекст. Истакната е поддршката на Австрија за напредокот на Македонија во евроинтеграцискиот процес, како пример на функционална, мултуетничка и мултирелигиска држава во Европа, којашто придонесува и за стабилноста во регионот и во Европа. Заеднички е констатирано дека сега е моментот да се продолжи напред, бидејки македонските граѓани заслужуваат европски квалитет на живот и европска иднина.

The post Средба Ковачевски – Памер: 30 години партнерски односи и богата секторска соработка меѓу Македонија и Австрија appeared first on Република.

]]>
Груби се сретна со новоименуваниот австриски амбасадор, Мартин Памер https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-se-sretna-so-novoimenuvaniot-avstriski-ambasador-martin-pamer/ Thu, 24 Aug 2023 11:48:21 +0000 https://republika.mk/?p=675393

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците,  Артан Груби, денес оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во
Република Македонија, Мартин Памер, информираат од кабинетот на Груби.

Разговарајќи за пријателските билатерални односи и посакувајќи му добредојде во земјата и успех во извршувањето на должноста, Груби и Памер изразија уверување дека пријателските односи меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат и во иднина.

Груби изрази благодарност за поддршката што нашата земја ја добива од Австрија во реформските процеси поврзани со евроинтеграциите и за динамиката со која се развива соработката меѓу двете земји на повеќе полиња.

Двајцата соговорници разговараа и за процесот на уставни измени и потребата од градење на општествен консензус за евроинтеграции.

Груби ја подвлече потребата од поддршка на опозицијата за процесот на технички измени на Уставот и општата усогласеност на патот кон Брисел, нагласувајќи дека ЕУ и САД не се непријатели на нашата земја, туку напротив, сите достигнувања на земјата се во партнерство и со поддршка на САД и ЕУ.

Груби и Памер разговараа и за меѓуетничките односи и спроведувањето на Охридскиот договор како предуслов за општествена кохезија и еднаквост меѓу заедниците во нашата земја, стои во соопштението.

The post Груби се сретна со новоименуваниот австриски амбасадор, Мартин Памер appeared first on Република.

]]>

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците,  Артан Груби, денес оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во Република Македонија, Мартин Памер, информираат од кабинетот на Груби.
Разговарајќи за пријателските билатерални односи и посакувајќи му добредојде во земјата и успех во извршувањето на должноста, Груби и Памер изразија уверување дека пријателските односи меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат и во иднина. Груби изрази благодарност за поддршката што нашата земја ја добива од Австрија во реформските процеси поврзани со евроинтеграциите и за динамиката со која се развива соработката меѓу двете земји на повеќе полиња. Двајцата соговорници разговараа и за процесот на уставни измени и потребата од градење на општествен консензус за евроинтеграции. Груби ја подвлече потребата од поддршка на опозицијата за процесот на технички измени на Уставот и општата усогласеност на патот кон Брисел, нагласувајќи дека ЕУ и САД не се непријатели на нашата земја, туку напротив, сите достигнувања на земјата се во партнерство и со поддршка на САД и ЕУ. Груби и Памер разговараа и за меѓуетничките односи и спроведувањето на Охридскиот договор како предуслов за општествена кохезија и еднаквост меѓу заедниците во нашата земја, стои во соопштението.

The post Груби се сретна со новоименуваниот австриски амбасадор, Мартин Памер appeared first on Република.

]]>