палење Archives - Република https://republika.mk/tema/palenje/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jul 2023 16:28:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png палење Archives - Република https://republika.mk/tema/palenje/ 32 32 Дански националисти запалија Куран пред египетската амбасада во Копенхаген https://republika.mk/vesti/svet/danski-natsionalisti-zapalija-kuran-pred-egipetskata-ambasada-vo-kopenhagen/ Tue, 25 Jul 2023 17:24:55 +0000 https://republika.mk/?p=665199

Петмина антиисламски активисти запалиле Куран пред египетската амбасада во Копенхаген, што е трет ваков инцидент во Данска за помалку од една недела.

Собирот пред амбасадата го одржа група која себеси се нарекува „Дански патриоти“. Истата група претходно организираше палење на Куранот пред ирачката амбасада во Копенхаген.

Данската Влада соопшти дека го осудува „сквернавењето“ на Куранот, велејќи дека тоа е „провокативна и срамна акција“. Сепак, додава дека владата нема моќ да ги блокира ненасилните демонстранти.

Слободата на говор за време на демонстрации не вклучува само вербално изразување. Луѓето можат да се изразат на различни начини, како што се палење предмети, изјави професорката по право на Универзитетот во Копенхаген, Трине Баумбах.

Слични инциденти се случија во Шведска минатиот месец.

Министерството за надворешни работи на Ирак ги повика властите во земјите на Европската Унија „брзо да ја разгледаат таканаречената слобода на изразување и правото на демонстрации“, а властите на Турција соопштија дека остро го осудуваат „грозоморниот напад“ врз Куранот.

Официјална Анкара ја повика Данска да ги преземе неопходните мерки за да ги спречи ваквите „злосторства од омраза“ против исламот.

The post Дански националисти запалија Куран пред египетската амбасада во Копенхаген appeared first on Република.

]]>

Петмина антиисламски активисти запалиле Куран пред египетската амбасада во Копенхаген, што е трет ваков инцидент во Данска за помалку од една недела. Собирот пред амбасадата го одржа група која себеси се нарекува „Дански патриоти“. Истата група претходно организираше палење на Куранот пред ирачката амбасада во Копенхаген. Данската Влада соопшти дека го осудува „сквернавењето“ на Куранот, велејќи дека тоа е „провокативна и срамна акција“. Сепак, додава дека владата нема моќ да ги блокира ненасилните демонстранти.
Слободата на говор за време на демонстрации не вклучува само вербално изразување. Луѓето можат да се изразат на различни начини, како што се палење предмети, изјави професорката по право на Универзитетот во Копенхаген, Трине Баумбах.
Слични инциденти се случија во Шведска минатиот месец. Министерството за надворешни работи на Ирак ги повика властите во земјите на Европската Унија „брзо да ја разгледаат таканаречената слобода на изразување и правото на демонстрации“, а властите на Турција соопштија дека остро го осудуваат „грозоморниот напад“ врз Куранот. Официјална Анкара ја повика Данска да ги преземе неопходните мерки за да ги спречи ваквите „злосторства од омраза“ против исламот.

The post Дански националисти запалија Куран пред египетската амбасада во Копенхаген appeared first on Република.

]]>
Чие е возилото: Владата го осуди палењето на возилото кое го користел Груби, тој се извини на комшијата https://republika.mk/vesti/makedonija/chie-e-voziloto-vladata-go-osudi-paleneto-na-voziloto-koe-go-koristel-grubi-toj-se-izvini-na-komshijata/ Sun, 23 Jul 2023 09:24:25 +0000 https://republika.mk/?p=664378

Безбедноста е врвен приоритет во едно демократско општество. Владата на Република Македонија го осудува чинот на палење на возилото кое го користел првиот заменик претседател на Владата, Артан Груби и смета дека истото е акт на насилство кој е целосно неприфатлив и недозволив во едно демократско општество кое се залага за европски вредности.

Сите надлежни институции, истражните и судските органи, во рамките на своите надлежности постапуваат без одлагање, одлучно и професионално со цел целосно разрешување и расчистување на овој случај во најбрз можен рок, информираат од Владата на РМ.

The post Чие е возилото: Владата го осуди палењето на возилото кое го користел Груби, тој се извини на комшијата appeared first on Република.

]]>

Безбедноста е врвен приоритет во едно демократско општество. Владата на Република Македонија го осудува чинот на палење на возилото кое го користел првиот заменик претседател на Владата, Артан Груби и смета дека истото е акт на насилство кој е целосно неприфатлив и недозволив во едно демократско општество кое се залага за европски вредности. Сите надлежни институции, истражните и судските органи, во рамките на своите надлежности постапуваат без одлагање, одлучно и професионално со цел целосно разрешување и расчистување на овој случај во најбрз можен рок, информираат од Владата на РМ.

The post Чие е возилото: Владата го осуди палењето на возилото кое го користел Груби, тој се извини на комшијата appeared first on Република.

]]>
За да се изрази „одредено мислење“: Во Шведска одобрен собир на кој ќе се палат Библијата и еврејската Тора https://republika.mk/vesti/svet/za-da-se-izrazi-odredeno-mislene-vo-shvedska-odobren-sobir-na-koj-ke-se-palat-biblijata-i-evrejskata-tora/ Fri, 14 Jul 2023 19:03:49 +0000 https://republika.mk/?p=661486

Шведската полиција одобри собир на кој три лица планираат да запалат по еден примерок од Библијата и Тората пред израелската Амбасада во Стокхолм, а Израел веднаш ја осуди одлуката.

Во барањето испратено до полицијата, организаторот наведува дека сака да ги запали овие верски книги како одговор на палењето на Куранот организирано во јуни пред џамија во Стокхолм, што ги налути муслиманите ширум светот.

Собирот треба да се одржи утре меѓу 13:00 и 14:00 часот по локално време.

Полицијата наведе дека не издала одобрение за официјално барање за палење верски книги, туку одобрила јавен собир на кој ќе се изрази „одредено мислење“.

Таа разлика е важна“, додаде Карина Скагерлинд, портпаролка на полицијата во Стокхолм.

Собирот, сепак, предизвика остри критики од страна на Израел и еврејските организации.

Го осудив палењето на Куранот, кој е свет за муслиманите ширум светот, а денес душата ме боли од помислата дека истата судбина ја чека и еврејската Библија, вечната книга на еврејскиот народ“, реагираше израелскиот претседател Исак Херцог.

Јаков Хагоел, претседател на Светската ционистичка организација, оцени дека издавањето ваква полициска дозвола не е „слобода на говор, туку антисемитизам“.

На 28 јуни, Ирачанец кој избегал во Шведска запали неколку страници од Куранот пред главната џамија во Стокхолм на Курбан Бајрам, празник што го слават муслиманите ширум светот.

Настанот предизвика низа реакции во муслиманскиот свет, а Советот за човекови права на ОН во средата донесе резолуција со која го осудува палењето на Куранот и изразувањето на верска омраза.

Сепак, некои земји, главно западни земји, се спротивставија на донесувањето на закони за богохулење, но јасно ги осудија таквите постапки.

The post За да се изрази „одредено мислење“: Во Шведска одобрен собир на кој ќе се палат Библијата и еврејската Тора appeared first on Република.

]]>

Шведската полиција одобри собир на кој три лица планираат да запалат по еден примерок од Библијата и Тората пред израелската Амбасада во Стокхолм, а Израел веднаш ја осуди одлуката. Во барањето испратено до полицијата, организаторот наведува дека сака да ги запали овие верски книги како одговор на палењето на Куранот организирано во јуни пред џамија во Стокхолм, што ги налути муслиманите ширум светот. Собирот треба да се одржи утре меѓу 13:00 и 14:00 часот по локално време. Полицијата наведе дека не издала одобрение за официјално барање за палење верски книги, туку одобрила јавен собир на кој ќе се изрази „одредено мислење“.
Таа разлика е важна“, додаде Карина Скагерлинд, портпаролка на полицијата во Стокхолм.
Собирот, сепак, предизвика остри критики од страна на Израел и еврејските организации.
Го осудив палењето на Куранот, кој е свет за муслиманите ширум светот, а денес душата ме боли од помислата дека истата судбина ја чека и еврејската Библија, вечната книга на еврејскиот народ“, реагираше израелскиот претседател Исак Херцог.
Јаков Хагоел, претседател на Светската ционистичка организација, оцени дека издавањето ваква полициска дозвола не е „слобода на говор, туку антисемитизам“. На 28 јуни, Ирачанец кој избегал во Шведска запали неколку страници од Куранот пред главната џамија во Стокхолм на Курбан Бајрам, празник што го слават муслиманите ширум светот. Настанот предизвика низа реакции во муслиманскиот свет, а Советот за човекови права на ОН во средата донесе резолуција со која го осудува палењето на Куранот и изразувањето на верска омраза. Сепак, некои земји, главно западни земји, се спротивставија на донесувањето на закони за богохулење, но јасно ги осудија таквите постапки.

The post За да се изрази „одредено мислење“: Во Шведска одобрен собир на кој ќе се палат Библијата и еврејската Тора appeared first on Република.

]]>
По палењето и бројните закани: Затворски полицајци земаат боледување само за да не одат на работа https://republika.mk/vesti/makedonija/po-paleneto-i-brojnite-zakani-zatvorski-politsajtsi-zemaat-boleduvane-samo-za-da-ne-odat-na-rabota/ Sat, 29 Apr 2023 08:58:15 +0000 https://republika.mk/?p=635200

Низа боледувања и земени одмори има од затворската полиција во затворот „Идризово“, потврдува директорот Зоран Јовановски во интервју за „Макфакс“. Ова се случува во период кога интензивно беа палени автомобили, а добивале и закани по живот. Околу 15 проценти од затворската полиција во моментов има извадено боледување, а Јовановски посочува дека „штом матичен доктор дал боледување, тогаш се болни“. Тој открива дали затворската полиција отвора боледувања оти се плашат од закани.

Одредени затворски полицајци воопшто не пријавуваат закани од затвореници, а Јовановски вели: „На мое прашање зошто не пријавуваат, велат, за да немаат проблеми“.

Прашан дали се точни информациите дека полицајците добиваат закани и по нивните семејства, тој додава: „Исказите на вработените го потврдуваат тоа дека им се заканувале и дека резултатот на заканите е палењето на возилата“.

Има такви случаиви што даваат отказ, меѓутоа со зголемување на бројот на затворска полиција би се сузбило тоа заканување, додава Јовановски.

Во истото интервју, кое може да го погледнете тука, Јовановски алармира дека во затворот е хаос и е пред колапс, затворениците спијат по ходници, а полицајците се без униформи.

The post По палењето и бројните закани: Затворски полицајци земаат боледување само за да не одат на работа appeared first on Република.

]]>

Низа боледувања и земени одмори има од затворската полиција во затворот „Идризово“, потврдува директорот Зоран Јовановски во интервју за „Макфакс“. Ова се случува во период кога интензивно беа палени автомобили, а добивале и закани по живот. Околу 15 проценти од затворската полиција во моментов има извадено боледување, а Јовановски посочува дека „штом матичен доктор дал боледување, тогаш се болни“. Тој открива дали затворската полиција отвора боледувања оти се плашат од закани. Одредени затворски полицајци воопшто не пријавуваат закани од затвореници, а Јовановски вели: „На мое прашање зошто не пријавуваат, велат, за да немаат проблеми“. Прашан дали се точни информациите дека полицајците добиваат закани и по нивните семејства, тој додава: „Исказите на вработените го потврдуваат тоа дека им се заканувале и дека резултатот на заканите е палењето на возилата“.
Има такви случаиви што даваат отказ, меѓутоа со зголемување на бројот на затворска полиција би се сузбило тоа заканување, додава Јовановски.
Во истото интервју, кое може да го погледнете тука, Јовановски алармира дека во затворот е хаос и е пред колапс, затворениците спијат по ходници, а полицајците се без униформи.

The post По палењето и бројните закани: Затворски полицајци земаат боледување само за да не одат на работа appeared first on Република.

]]>
Триесет дена притвор за мажот кој намерно си ја запали куќата, а се обиде да ја запали куќата и на роднина https://republika.mk/vesti/crna-hronika/trieset-dena-pritvor-za-mazhot-koj-namerno-si-ja-zapali-kukata-a-se-obide-i-na-rodnina/ Tue, 11 Apr 2023 08:03:58 +0000 https://republika.mk/?p=629690

Педесет и седум годишниот жител на Мерово, кој од мештаните во село беше пријавен дека предизвикал пожар и приведен, ноќеска доби и мерка притвор.

Според информациите на СВР Тетово, судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово на А.А (57) од Мерово му определил притвор од 30 дена, по што тој денеска ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа затвор Скопје за издржување на мерката.

Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 57-годишниот А.А. од тетовско Мерово, кој бил пријавен од жители на ова село дека претходно предизвикал пожар во куќата во која престојувал сам и блиската плевна, а се обидел, според пријавеното, да предизвика пожар во уште една куќа, сопственост на негов близок роднина, информираа од СВР Тетово.

Тој беше задржан во Полициската станица Тетово, а противпожарникарската единица информираше дека огнот бил изгнасат за два часа.

The post Триесет дена притвор за мажот кој намерно си ја запали куќата, а се обиде да ја запали куќата и на роднина appeared first on Република.

]]>

Педесет и седум годишниот жител на Мерово, кој од мештаните во село беше пријавен дека предизвикал пожар и приведен, ноќеска доби и мерка притвор. Според информациите на СВР Тетово, судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово на А.А (57) од Мерово му определил притвор од 30 дена, по што тој денеска ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа затвор Скопје за издржување на мерката.
Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 57-годишниот А.А. од тетовско Мерово, кој бил пријавен од жители на ова село дека претходно предизвикал пожар во куќата во која престојувал сам и блиската плевна, а се обидел, според пријавеното, да предизвика пожар во уште една куќа, сопственост на негов близок роднина, информираа од СВР Тетово.
Тој беше задржан во Полициската станица Тетово, а противпожарникарската единица информираше дека огнот бил изгнасат за два часа.

The post Триесет дена притвор за мажот кој намерно си ја запали куќата, а се обиде да ја запали куќата и на роднина appeared first on Република.

]]>
Турција кривично ќе гони двајца европски политичари бидејќи поттикнувале палење на Куранот https://republika.mk/vesti/balkan/turtsija-krivichno-ke-goni-dvajtsa-evropski-politichari-bidejki-pottiknuvale-palene-na-kuranot/ Wed, 01 Feb 2023 10:37:26 +0000 https://republika.mk/?p=603287

Турски обвинители почнаа истрага против дански и холандски политичари под обвинение за поттикнување омраза и непријателство во јавноста и за навреда на верските вредности, јави агенција Анадолија.

Овој потег уследи откако данско-шведскиот екстремист Расмус Палудан минатата недела во два наврати запали примероци од Куранот, прво пред турската амбасада во Шведска, а потоа и пред џамија во Данска.

Палењето на светата книга не е настан што треба да се занемари. Слободата на изразување не може да се користи за поттикнување, навреда, понижување, богохулење и напади врз светите вредности. Европа треба да реагира – изјави портпаролот на турското претседателство Ибрахим Калин.

Едвин Вагенсвелд, крајно десничарски холандски политичар и водач на исламофобната група „Патриотски Европејци против исламизацијата на Западот“ (PEGIDA), искина страници од примерок на Куранот во Хаг, а потоа, како што е објавено на интернет, ги запалил искинатите страници во тепсија.

Осомничените извршиле дела на јавно поттикнување јавна омраза и непријателство кон светите вредности на исламската вероисповед, Куранот и Пратеникот на исламот, и отворено ги навредуваа верските вредности што ги застапува дел од луѓето“, се наведува во соопштението на обвинителите во Анкара.

Многу муслимански држави, а особено Турција, жестоко реагираа поради тоа што надлежните власти дозволија палење на Куранот. Во Турција и во многу други држави се одржаа протести по сквернавењето на Куранот.

Германското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека германскиот конзулат во Истанбул е затворен поради зголемена закана од напад.

Како што јави ДПА, Германија ги предупреди своите граѓани во Истанбул дека ризикот од напад е особено висок во централниот кварт Бејоглу и околу плоштадот Таксим.

Германското МНР соопшти дека потегот за затворање на конзулатот е направен по „проценката на безбедносните власти“ и ги повика граѓаните да бидат особено внимателни и да избегнуваат гужва.

Германија, Шведска, Норвешка и Данска, како и САД, уште минатата недела ги предупредија своите државјани за зголемен ризик од напад во Турција.

Расмус Палудан, лидерот на данската крајнодесничарска партија „Stram Kurs“, минатата недела под полициска заштита изврши провокативен чин на палење на светата книга Куран пред џамија во Копенхаген, а потоа продолжи со провокации и запалил копија од Куранот пред турската амбасада во главниот град на Данска. Тој се закани дека планира да пали по една копија од куранот секоја недела.

The post Турција кривично ќе гони двајца европски политичари бидејќи поттикнувале палење на Куранот appeared first on Република.

]]>

Турски обвинители почнаа истрага против дански и холандски политичари под обвинение за поттикнување омраза и непријателство во јавноста и за навреда на верските вредности, јави агенција Анадолија. Овој потег уследи откако данско-шведскиот екстремист Расмус Палудан минатата недела во два наврати запали примероци од Куранот, прво пред турската амбасада во Шведска, а потоа и пред џамија во Данска.
Палењето на светата книга не е настан што треба да се занемари. Слободата на изразување не може да се користи за поттикнување, навреда, понижување, богохулење и напади врз светите вредности. Европа треба да реагира – изјави портпаролот на турското претседателство Ибрахим Калин.
Едвин Вагенсвелд, крајно десничарски холандски политичар и водач на исламофобната група „Патриотски Европејци против исламизацијата на Западот“ (PEGIDA), искина страници од примерок на Куранот во Хаг, а потоа, како што е објавено на интернет, ги запалил искинатите страници во тепсија.
Осомничените извршиле дела на јавно поттикнување јавна омраза и непријателство кон светите вредности на исламската вероисповед, Куранот и Пратеникот на исламот, и отворено ги навредуваа верските вредности што ги застапува дел од луѓето“, се наведува во соопштението на обвинителите во Анкара.
Многу муслимански држави, а особено Турција, жестоко реагираа поради тоа што надлежните власти дозволија палење на Куранот. Во Турција и во многу други држави се одржаа протести по сквернавењето на Куранот. Германското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека германскиот конзулат во Истанбул е затворен поради зголемена закана од напад. Како што јави ДПА, Германија ги предупреди своите граѓани во Истанбул дека ризикот од напад е особено висок во централниот кварт Бејоглу и околу плоштадот Таксим. Германското МНР соопшти дека потегот за затворање на конзулатот е направен по „проценката на безбедносните власти“ и ги повика граѓаните да бидат особено внимателни и да избегнуваат гужва. Германија, Шведска, Норвешка и Данска, како и САД, уште минатата недела ги предупредија своите државјани за зголемен ризик од напад во Турција. Расмус Палудан, лидерот на данската крајнодесничарска партија „Stram Kurs“, минатата недела под полициска заштита изврши провокативен чин на палење на светата книга Куран пред џамија во Копенхаген, а потоа продолжи со провокации и запалил копија од Куранот пред турската амбасада во главниот град на Данска. Тој се закани дека планира да пали по една копија од куранот секоја недела.

The post Турција кривично ќе гони двајца европски политичари бидејќи поттикнувале палење на Куранот appeared first on Република.

]]>
ЕК го осуди палењето на куранот пред Амбасадата на Турција во Шведска https://republika.mk/vesti/svet/ek-go-osudi-paleneto-na-kuranot-pred-ambasadata-na-turtsija-vo-shvedska/ Mon, 23 Jan 2023 13:26:04 +0000 https://republika.mk/?p=600022

Европска комисија денеска го осуди палењето на куранот пред Амбасадата на Турција во Шведска.

Портпаролот на ЕК истакна дека очекува шведските власти да ги преземат неопходните мерки во овој случај.

Ваквите постапки се некомпатибилни со вредностите на кои е заснована ЕУ. Претходно изјавивме дека расизмот, ксенофобијата, омразата заснована на вера, раса и боја на кожа немаат место во ЕУ, истакна портпаролот на ЕК.

Поради палењето на куранот во Стокхолм, Турција најави дека ќе поднесе тужби пред меѓународните судови. Исто така, Анкара соопшти дека поради инцидентот откажана е посета на шведскиот министер за одбрана на Турција.

The post ЕК го осуди палењето на куранот пред Амбасадата на Турција во Шведска appeared first on Република.

]]>

Европска комисија денеска го осуди палењето на куранот пред Амбасадата на Турција во Шведска. Портпаролот на ЕК истакна дека очекува шведските власти да ги преземат неопходните мерки во овој случај. Ваквите постапки се некомпатибилни со вредностите на кои е заснована ЕУ. Претходно изјавивме дека расизмот, ксенофобијата, омразата заснована на вера, раса и боја на кожа немаат место во ЕУ, истакна портпаролот на ЕК. Поради палењето на куранот во Стокхолм, Турција најави дека ќе поднесе тужби пред меѓународните судови. Исто така, Анкара соопшти дека поради инцидентот откажана е посета на шведскиот министер за одбрана на Турција.

The post ЕК го осуди палењето на куранот пред Амбасадата на Турција во Шведска appeared first on Република.

]]>
Пендаровски го осуди палењето на културниот центар во Битола https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-go-osudi-palenjeto-na-kulturniot-centar-vo-bitola/ Sat, 04 Jun 2022 10:16:11 +0000 https://republika.mk/?p=510996

Претседателот Стево Пендаровски најостро го осуди палењето на влезот во културниот центар на бугарската заедница во Битола. Тој на Твитер напиша дека ваквите чинови се акт на провокација.

Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија“, напиша Пендаровски.


Утринава беше запален влезот на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, а Јавното обвинителство веќе издаде наредба за да биде извршен увид и да бидат откриени сторителите.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izgoreni-vleznata-vrata-i-natpisot-na-bugarskiot-klub-vancho-mihajlov-vo-bitola/

Претходно и Министерството за надворешни работи излезе со реакција осудувајќи го вандалскиот чин во Битола.

 

The post Пендаровски го осуди палењето на културниот центар во Битола appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски најостро го осуди палењето на влезот во културниот центар на бугарската заедница во Битола. Тој на Твитер напиша дека ваквите чинови се акт на провокација.
Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија“, напиша Пендаровски.
Утринава беше запален влезот на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, а Јавното обвинителство веќе издаде наредба за да биде извршен увид и да бидат откриени сторителите. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izgoreni-vleznata-vrata-i-natpisot-na-bugarskiot-klub-vancho-mihajlov-vo-bitola/ Претходно и Министерството за надворешни работи излезе со реакција осудувајќи го вандалскиот чин во Битола.  

The post Пендаровски го осуди палењето на културниот центар во Битола appeared first on Република.

]]>