палантир Archives - Република https://republika.mk/tema/palantir/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Feb 2024 08:44:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png палантир Archives - Република https://republika.mk/tema/palantir/ 32 32 Технолошките гиганти ја претворија Украина во лабораторија за воено тестирање на вештачката интелигенција https://republika.mk/vesti/svet/tehnoloshkite-giganti-ja-pretvorija-ukraina-vo-laboratorija-za-voeno-testirane-na-veshtachkata-inteligentsija/ Mon, 26 Feb 2024 20:06:20 +0000 https://republika.mk/?p=748061

Најголемите светски технолошки компании „Мајкрософт“, „Амазон“, „Гугл“, „Старлинк“ и „Клирвју“ го искористија конфликтот во Украина за да ги тестираат способностите на своите призводи, вклучувајќи ги и системите за препознавање лица, пипшува магазинот „Тајм“.

Конкретно, ИТ гигантите активно соработуваа со властите во Киев во однос на одбивањето на сајбер напади, но истовремено пренесоа важни податоци и услуги во облак (клауд).

Украинското Министерство за дигитални информации, поддржано од западните технолошки гиганти, собрало „ИТ армија“ од 400.000 хакери доброволци за да ги одбијат сајбер нападите, но и тие самите да нападнат.

Како што пишува „Тајм“, шефот наедна од најголемите компании за развој на вештачката интелигенција „Палантир Технолоџис“ пристигнал во Киев во првите месеци од конфликтот за да добие дозвола за обработка на сетови на податоци од дронови, радари и сателити. Со тие собрани податоци, во иднина вештачката интелигенција ќе „учи“ да детектира движење на војниците и артилериски оган.

Именувана според мистичните камења за гледање во „Господарот на прстените“, компанијата „Палантир“ обезбедува софтвер за вештачка интелигенција на повеќето разузнавачки организации во САД. Сега, извршниот директор на Палантир ја користи можноста, преку активноста во Украина, да ја исполни својата мисија да го „брани Западот“.

Софтверот на „Палантир“ користи вештачка интелигенција за анализа на сателитски снимки, податоци со отворен код, снимки од беспилотни летала и извештаи од земјата за на командантите на украинските сили да им ги претстави на воените опции.

Украинските власти ја користат анализата на податоци на „Палантир“ за проекти кои се многу подалеку од разузнавањето на бојното поле, вклучително и чистење на нагазни мини, преселување на раселените бегалци и идентификување на корупцијата.

The post Технолошките гиганти ја претворија Украина во лабораторија за воено тестирање на вештачката интелигенција appeared first on Република.

]]>

Најголемите светски технолошки компании „Мајкрософт“, „Амазон“, „Гугл“, „Старлинк“ и „Клирвју“ го искористија конфликтот во Украина за да ги тестираат способностите на своите призводи, вклучувајќи ги и системите за препознавање лица, пипшува магазинот „Тајм“. Конкретно, ИТ гигантите активно соработуваа со властите во Киев во однос на одбивањето на сајбер напади, но истовремено пренесоа важни податоци и услуги во облак (клауд). Украинското Министерство за дигитални информации, поддржано од западните технолошки гиганти, собрало „ИТ армија“ од 400.000 хакери доброволци за да ги одбијат сајбер нападите, но и тие самите да нападнат. Како што пишува „Тајм“, шефот наедна од најголемите компании за развој на вештачката интелигенција „Палантир Технолоџис“ пристигнал во Киев во првите месеци од конфликтот за да добие дозвола за обработка на сетови на податоци од дронови, радари и сателити. Со тие собрани податоци, во иднина вештачката интелигенција ќе „учи“ да детектира движење на војниците и артилериски оган. Именувана според мистичните камења за гледање во „Господарот на прстените“, компанијата „Палантир“ обезбедува софтвер за вештачка интелигенција на повеќето разузнавачки организации во САД. Сега, извршниот директор на Палантир ја користи можноста, преку активноста во Украина, да ја исполни својата мисија да го „брани Западот“. Софтверот на „Палантир“ користи вештачка интелигенција за анализа на сателитски снимки, податоци со отворен код, снимки од беспилотни летала и извештаи од земјата за на командантите на украинските сили да им ги претстави на воените опции. Украинските власти ја користат анализата на податоци на „Палантир“ за проекти кои се многу подалеку од разузнавањето на бојното поле, вклучително и чистење на нагазни мини, преселување на раселените бегалци и идентификување на корупцијата.

The post Технолошките гиганти ја претворија Украина во лабораторија за воено тестирање на вештачката интелигенција appeared first on Република.

]]>