палачинка-ролат Archives - Република https://republika.mk/tema/palachinka-rolat/ За подобро да се разбереме Mon, 09 Sep 2024 19:03:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png палачинка-ролат Archives - Република https://republika.mk/tema/palachinka-rolat/ 32 32 Палачинка-ролат со сирење и шунка https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/palachinka-rolat-so-sirene-i-shunka/ Mon, 09 Sep 2024 17:58:18 +0000 https://republika.mk/?p=814750

Љубителите на палачинки дефинитивно ќе уживаат во кремавиот и богат вкус на овој солен ролат.

Еве како да го приготвите:

Состојки:

За палачинките:

2 јајца
200 г брашно
1/2 лажиче шеќер
50 мл млеко
250 мл вода
прстофат сол
масло

За филот:

250 г крем-сирење
250 г шунка
250 г овчо сирење
100 мл кечап
оригано

Приготвување:

За приготвување на смесата за палачинките – се матат јајцата со млеко и со 250 мл вода, се додаваат брашното, шеќерот и солта, па добро се мати со жица за матење. Ако е смесата премногу густа, се долева уште малку вода за да не бидат дебели палачинките.

Во тавче се загрева масло, па со лажица се разлева во него од смесата за палачинки (секојпат пред разлевањето смесата се промешува) и се пече од двете страни, додека порумени. На истиот начин се печат шест палачинки.

На работната масичка се става поголемо парче фолија, па преку неа се распоредуваат палачинките една до друга, така што на краевите ќе се преклопуваат.

Подлогата од палачинки се премачкува со крем-сирење и се израмнува со шпакла. Се посипуваат изренданата шунка, овчото сирење и ориганото, па се попрскува со малку кечап.

Ролатот цврсто се мота и се витка во фолијата, па се остава во фрижидер да се стегне. Утредента се сече на парчиња и се послужува.


Извор: Убавина и здравје

The post Палачинка-ролат со сирење и шунка appeared first on Република.

]]>

Љубителите на палачинки дефинитивно ќе уживаат во кремавиот и богат вкус на овој солен ролат. Еве како да го приготвите: Состојки: За палачинките: 2 јајца 200 г брашно 1/2 лажиче шеќер 50 мл млеко 250 мл вода прстофат сол масло За филот: 250 г крем-сирење 250 г шунка 250 г овчо сирење 100 мл кечап оригано Приготвување: За приготвување на смесата за палачинките – се матат јајцата со млеко и со 250 мл вода, се додаваат брашното, шеќерот и солта, па добро се мати со жица за матење. Ако е смесата премногу густа, се долева уште малку вода за да не бидат дебели палачинките. Во тавче се загрева масло, па со лажица се разлева во него од смесата за палачинки (секојпат пред разлевањето смесата се промешува) и се пече од двете страни, додека порумени. На истиот начин се печат шест палачинки. На работната масичка се става поголемо парче фолија, па преку неа се распоредуваат палачинките една до друга, така што на краевите ќе се преклопуваат. Подлогата од палачинки се премачкува со крем-сирење и се израмнува со шпакла. Се посипуваат изренданата шунка, овчото сирење и ориганото, па се попрскува со малку кечап. Ролатот цврсто се мота и се витка во фолијата, па се остава во фрижидер да се стегне. Утредента се сече на парчиња и се послужува.
Извор: Убавина и здравје

The post Палачинка-ролат со сирење и шунка appeared first on Република.

]]>