пакет Archives - Република https://republika.mk/tema/paket/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Dec 2023 13:16:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пакет Archives - Република https://republika.mk/tema/paket/ 32 32 Исплатата почна од овој месец: Кој има право на пари од владината помош https://republika.mk/vesti/ekonomija/isplatata-pochna-od-ovoj-mesets-koj-ima-pravo-na-pari-od-vladinata-pomosh/ Sat, 09 Dec 2023 12:32:20 +0000 https://republika.mk/?p=721253

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани, за справување со енергетската и ценовната криза, предложен од Министерството за труд и социјална политика, а за што беше донесена владина одлука, соопшти владината прес служба.

Овој Предлог на закон, којшто значи државна финансиска поддршка на повеќе ранливи категории на граѓани за справување со продолжените ефекти од енергетската и ценовната криза, Владата го испраќа до Собранието со предлог да биде разгледан и усвоен по скратена постапка.

Со законското решение што се предлага се уредуваат корисниците на финансиската поддршка и висината, начинот за обезбедување и исплатата на финансиската поддршка на социјално ранливите категории на граѓани.

Корисници на финансиската поддршка којашто се обезбедува согласно Предлогот на закон, се лица од социјално ранлива категорија на граѓани, односно:

- корисници на посебен додаток;

- корисници на правото на надоместок заради попреченост;

- самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош;

- корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари;

- ученици од основното, односно средното образование, чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари и

- студенти кои живеат надвор од местото на студирање.

Финансиската поддршка за корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост и самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош – е предвидено да изнесува 2.000 денари месечно, за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година.

Финансиската поддршка за корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари, за период од пет месеци, е предвидено да започне исто така од месец декември 2023 година и да изнесува:

- 3.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина не поголема од 14.000 денари во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка;

- 2.000 денари месечно корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 14.001 денари до 16.000 денари во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка и

-1.500 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 16.001 денари до 19.000 денари во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка.

Финансиската поддршка за ученици од основното, односно средното образование, чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари е предвидено да изнесува 1.200 денари за ученици во основно образование, односно 1.800 денари за ученици во средно образование за период од шест месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година.

Финансиската поддршка за студенти кои живеат надвор од местото на студирање е предвидена во висина на месечниот билет за меѓуградски сообраќај од местото на живеење на студентот до местото на студирањето, во износ не помал од 600 денари и не поголем од 1.200 денари месечно, за период од седум месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година.

Исплатата на финансиската поддршка за: корисници на посебен додаток; корисници на правото на надоместок заради попреченост; самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари е предвидено да се изврши без поднесување на барање од страна на корисниците, врз основа на податоците од евиденциите на центрите за социјална работа и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, за остварено право во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка. Датумот на исплата на финансиската поддршка е предвидено да се објави на веб-страницата на Генералниот секретаријат на Владата на Република  Македонија, Министерството за труд и социјална политика, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на  Македонија и Министерството за образование и наука, најдоцна до 5-ти во месецот за тековниот месец.

За стекнување на правото за финансиска поддршка на ученици од основното, односно средното образование, чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари, Министерството за образование и наука објавува повик на својата веб-страница, којшто е предвидено да трае 7 дена од денот на објавувањето, а заедно со повикот да бидат објавени и соодветните документи за пријава. Пријавата се поднесува во училиштето во кое ученикот е запишан. За учениците кои не се пријавиле или не ги исполниле условите за добивање финансиска поддршка на претходните повици, предвидено е Министерството за образование и наука секој месец да објавува повик, најдоцна до 5-от ден во месецот, а којшто повик трае 7 дена од денот на објавувањето.

За стекнување на правото за финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање предвидено е Министерството за образование и наука да објави повик на својата веб-страница, во времетраење од 7 дена од денот на објавувањето. За добивање на финансиската поддршка, студентот се пријавува на апликацијата e-uslugi.mon.gov.mk и внесува и приложува податоци и докази што се посочени како потребни. Министерството за образование и наука, по извршената проверка на податоците и доказите, во рок од 5 работни дена од денот на пријавувањето на студентот за добивање на финансиската поддршка, ќе утврди статус на прифатено или одбиено барање за финансиска поддршка во самата апликација.

За студентите кои не се пријавиле или не ги исполниле условите за добивање на финансиската поддршка на претходните повици, предвидено е Министерството за образование и наука да објавува повик секој месец, во времетраење од 7 дена од денот на објавувањето, а најдоцна до 5-от ден во месецот. Во Предлогот на закон е предвидена обврска на државните универзитети, секој месец, најдоцна до 10-ти во месецот, до Министерството за образование и наука да доставуваат список на редовни студенти за претходниот месец, со цел проверка на податоците.

Целта на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани, за справување со енергетската и ценовната криза е обезбедување финансиска поддршка за социјално ранливите категории на граѓани.

The post Исплатата почна од овој месец: Кој има право на пари од владината помош appeared first on Република.

]]>

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани, за справување со енергетската и ценовната криза, предложен од Министерството за труд и социјална политика, а за што беше донесена владина одлука, соопшти владината прес служба. Овој Предлог на закон, којшто значи државна финансиска поддршка на повеќе ранливи категории на граѓани за справување со продолжените ефекти од енергетската и ценовната криза, Владата го испраќа до Собранието со предлог да биде разгледан и усвоен по скратена постапка. Со законското решение што се предлага се уредуваат корисниците на финансиската поддршка и висината, начинот за обезбедување и исплатата на финансиската поддршка на социјално ранливите категории на граѓани. Корисници на финансиската поддршка којашто се обезбедува согласно Предлогот на закон, се лица од социјално ранлива категорија на граѓани, односно: - корисници на посебен додаток; - корисници на правото на надоместок заради попреченост; - самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош; - корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари; - ученици од основното, односно средното образование, чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари и - студенти кои живеат надвор од местото на студирање. Финансиската поддршка за корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост и самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош – е предвидено да изнесува 2.000 денари месечно, за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година. Финансиската поддршка за корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари, за период од пет месеци, е предвидено да започне исто така од месец декември 2023 година и да изнесува: - 3.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина не поголема од 14.000 денари во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка; - 2.000 денари месечно корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 14.001 денари до 16.000 денари во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка и -1.500 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 16.001 денари до 19.000 денари во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка. Финансиската поддршка за ученици од основното, односно средното образование, чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари е предвидено да изнесува 1.200 денари за ученици во основно образование, односно 1.800 денари за ученици во средно образование за период од шест месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година. Финансиската поддршка за студенти кои живеат надвор од местото на студирање е предвидена во висина на месечниот билет за меѓуградски сообраќај од местото на живеење на студентот до местото на студирањето, во износ не помал од 600 денари и не поголем од 1.200 денари месечно, за период од седум месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година. Исплатата на финансиската поддршка за: корисници на посебен додаток; корисници на правото на надоместок заради попреченост; самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари е предвидено да се изврши без поднесување на барање од страна на корисниците, врз основа на податоците од евиденциите на центрите за социјална работа и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, за остварено право во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка. Датумот на исплата на финансиската поддршка е предвидено да се објави на веб-страницата на Генералниот секретаријат на Владата на Република  Македонија, Министерството за труд и социјална политика, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на  Македонија и Министерството за образование и наука, најдоцна до 5-ти во месецот за тековниот месец. За стекнување на правото за финансиска поддршка на ученици од основното, односно средното образование, чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари, Министерството за образование и наука објавува повик на својата веб-страница, којшто е предвидено да трае 7 дена од денот на објавувањето, а заедно со повикот да бидат објавени и соодветните документи за пријава. Пријавата се поднесува во училиштето во кое ученикот е запишан. За учениците кои не се пријавиле или не ги исполниле условите за добивање финансиска поддршка на претходните повици, предвидено е Министерството за образование и наука секој месец да објавува повик, најдоцна до 5-от ден во месецот, а којшто повик трае 7 дена од денот на објавувањето. За стекнување на правото за финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање предвидено е Министерството за образование и наука да објави повик на својата веб-страница, во времетраење од 7 дена од денот на објавувањето. За добивање на финансиската поддршка, студентот се пријавува на апликацијата e-uslugi.mon.gov.mk и внесува и приложува податоци и докази што се посочени како потребни. Министерството за образование и наука, по извршената проверка на податоците и доказите, во рок од 5 работни дена од денот на пријавувањето на студентот за добивање на финансиската поддршка, ќе утврди статус на прифатено или одбиено барање за финансиска поддршка во самата апликација. За студентите кои не се пријавиле или не ги исполниле условите за добивање на финансиската поддршка на претходните повици, предвидено е Министерството за образование и наука да објавува повик секој месец, во времетраење од 7 дена од денот на објавувањето, а најдоцна до 5-от ден во месецот. Во Предлогот на закон е предвидена обврска на државните универзитети, секој месец, најдоцна до 10-ти во месецот, до Министерството за образование и наука да доставуваат список на редовни студенти за претходниот месец, со цел проверка на податоците. Целта на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани, за справување со енергетската и ценовната криза е обезбедување финансиска поддршка за социјално ранливите категории на граѓани.

The post Исплатата почна од овој месец: Кој има право на пари од владината помош appeared first on Република.

]]>
Јапонската влада испраќа бесплатен пакет за луѓето кои се во карантин дома https://republika.mk/vesti/svet/japonskata-vlada-isprakja-besplaten-paket-za-lugjeto-koi-se-vo-karantin-doma/ Mon, 10 Jan 2022 17:51:43 +0000 https://republika.mk/?p=442706

Еден Јапонец објавил на социјалните мрежи како изгледа карантинот во неговата земја.

Јапонската влада испраќа бесплатен пакет за луѓето кои се во карантин дома! Изложената храна е за едно лице (јас) во Токио“, стои на фотографијата на која се гледа содржината на пакетот.

Се утврди дека сум позитивен на Ковид. Ми се јавуваат секое утро и ме прашуваат како се чувствувам тој ден во однос на температурата, симптомите и нивото на кислород. Ме прашаа и дали сакам да останам во хотел, што го одбив бидејќи живеам сам. -Не очекував ваков пакет. Не сум сигурен дали сите кои моментално се позитивни на Ковид во Токио ги добија истите работи“, напиша тој, додавајќи дека во изолација мора да бидат 10 дена,“ напиша тој во објавата.

The post Јапонската влада испраќа бесплатен пакет за луѓето кои се во карантин дома appeared first on Република.

]]>

Еден Јапонец објавил на социјалните мрежи како изгледа карантинот во неговата земја. Јапонската влада испраќа бесплатен пакет за луѓето кои се во карантин дома! Изложената храна е за едно лице (јас) во Токио“, стои на фотографијата на која се гледа содржината на пакетот.
Се утврди дека сум позитивен на Ковид. Ми се јавуваат секое утро и ме прашуваат како се чувствувам тој ден во однос на температурата, симптомите и нивото на кислород. Ме прашаа и дали сакам да останам во хотел, што го одбив бидејќи живеам сам. -Не очекував ваков пакет. Не сум сигурен дали сите кои моментално се позитивни на Ковид во Токио ги добија истите работи“, напиша тој, додавајќи дека во изолација мора да бидат 10 дена,“ напиша тој во објавата.

The post Јапонската влада испраќа бесплатен пакет за луѓето кои се во карантин дома appeared first on Република.

]]>