пакет закони Archives - Република https://republika.mk/tema/paket-zakoni/ За подобро да се разбереме Fri, 19 May 2023 12:08:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пакет закони Archives - Република https://republika.mk/tema/paket-zakoni/ 32 32 Бектеши: Пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10 д ќе се усвојат, проектот ќе се реализира https://republika.mk/vesti/makedonija/bekteshi-paketot-zakoni-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10-d-ke-se-usvojat-proektot-ke-se-realizira/ Fri, 19 May 2023 12:08:21 +0000 https://republika.mk/?p=642656

Пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10 д ќе се усвојат и проектот ќе се реализира, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Одговарајќи на новинарски прашања во однос на очекувањата од Државната комисија за спречување корупција да реагира за предложените законски измени, на одбележувањето на Денот на метрологијата – 20 Мај, Бектеши рече дека враќање назад нема и оти тоа е завршена работа.

Имаме една од најголемите реномирани компании која ќе биде изведувач, а тоа е компанијата „Бехтел“ во конзорциум со „Енка“. Во делот на ДКСК јас секако би сакал само да ги повикам да бидат поекспедитивни имајќи во предвид дека веќе го имаат договорот и да излезат со нивните наоди. Значи, има институции – ДКСК, обвинителство па и другите институции нека си ја завршат својата работа - порача Бектеши.

Владата, нагласи, ги завршила своите работи, сега законите се во Собрание и очекуваат пратениците што побрзо да ги усвојат.

Веќе неколку закони колку што сум информиран се поминати во комисиите и чекавме на нивното гласање и да почнеме да работиме што ќе влијае позитивно и во делот на економијата. Имајќи предвид дека над 51 отсто од договорот ќе се реализира од домашни компании, а ние очекуваме тоа да биде и над 70 отсто - посочи Бектеши.

The post Бектеши: Пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10 д ќе се усвојат, проектот ќе се реализира appeared first on Република.

]]>

Пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10 д ќе се усвојат и проектот ќе се реализира, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Одговарајќи на новинарски прашања во однос на очекувањата од Државната комисија за спречување корупција да реагира за предложените законски измени, на одбележувањето на Денот на метрологијата – 20 Мај, Бектеши рече дека враќање назад нема и оти тоа е завршена работа.