пациентка Archives - Република https://republika.mk/tema/pacientka/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Oct 2024 11:02:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пациентка Archives - Република https://republika.mk/tema/pacientka/ 32 32 Жена нападна пациентка во гостиварската болница https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zhena-napadna-patsientka-vo-gostivarskata-bolnitsa/ Mon, 07 Oct 2024 11:02:11 +0000 https://republika.mk/?p=823768

Вчера  во 18.45 часот во ОВР Гостивар, А.С.(45) од гостиварско Трново, медицинска сестра во гостиварската болница „Ферид Мурад“, пријавила дека околу 18.30 часот на Одделението за хирургија, ќерка на еден пациент го нарушила јавниот ред и мир со агресивно однесување кон друга пациентка.

Од СВР Тетово преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Жена нападна пациентка во гостиварската болница appeared first on Република.

]]>

Вчера  во 18.45 часот во ОВР Гостивар, А.С.(45) од гостиварско Трново, медицинска сестра во гостиварската болница „Ферид Мурад“, пријавила дека околу 18.30 часот на Одделението за хирургија, ќерка на еден пациент го нарушила јавниот ред и мир со агресивно однесување кон друга пациентка. Од СВР Тетово преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Жена нападна пациентка во гостиварската болница appeared first on Република.

]]>
Вработена во болницата во Тетово неовластено снимала хоспитализирана пациентка https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vrabotena-vo-bolnitsata-vo-tetovo-neovlasteno-snimala-hospitalizirana-patsientka/ Wed, 29 Nov 2023 13:08:47 +0000 https://republika.mk/?p=717574

Полициски службеници на СВР Тетово, синоќа, околу 20.10 часот ја лишиле од слобода 46-годишната А. А. од тетовска Брвеница.

Таа претходно била пријавена од 47-годишниот И. Б. од тетовско Слатино дека во тетовската Клиничка болница, каде што била вработена, неовластено ја снимила неговата сопруга, која била хоспитализирана на едно од одделенијата.

Снименото потоа го објавила на социјалните мрежи.

Задржана е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, соопшти полицијата.

The post Вработена во болницата во Тетово неовластено снимала хоспитализирана пациентка appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници на СВР Тетово, синоќа, околу 20.10 часот ја лишиле од слобода 46-годишната А. А. од тетовска Брвеница. Таа претходно била пријавена од 47-годишниот И. Б. од тетовско Слатино дека во тетовската Клиничка болница, каде што била вработена, неовластено ја снимила неговата сопруга, која била хоспитализирана на едно од одделенијата. Снименото потоа го објавила на социјалните мрежи. Задржана е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, соопшти полицијата.

The post Вработена во болницата во Тетово неовластено снимала хоспитализирана пациентка appeared first on Република.

]]>
Млада докторка донирала матични клетки за да спаси живот на пациент со акутна леукемија на Клиниката за хематологија https://republika.mk/zivot/zdravje/mlada-doktorka-donirala-matichni-kletki-za-da-spasi-zhivot-na-patsient-so-akutna-leukemija-na-klinikata-za-hematologija/ Tue, 17 Oct 2023 12:40:26 +0000 https://republika.mk/?p=692152

Денеска на Универзитетската Клиника за хематологија во Скопје, се реализира несекојдневен чин на храбост и човекољубие, кога млад семеен лекар донираше хематопоетски матични клетки со кој ќе спаси животот на пациент кој се соочува со тешка малигна хематолошка болест, а трансплантацијата на матичните клетки е единствената терапевтска опција, соопштија од Министерството за здравство.

Министерот за здравство  Фатмир Меџити денеска ја посетил донаторката на матични клетки млада девојка, воедно и докторка, на која и се заблагодари на извонредна храброст и несебична посветеност да спаси туѓ живот.

Нејзиниот чин на хуманост и солидарност е надеж, потсетувајќи нè на моќта на заедницата и љубезноста во моментите кога тоа е најпотребно. Им честитам и на колегите од Клиниката за хематологија кои ја практикуваат оваа современа метода во медицината со која еден човек има шанса за нов почеток, изјави министерот Меџити.

Директорката на клиниката за хематологија изјави дека станува збор за редокот пример, донорот на матични клетки и пациетон кој треба да ги прими, не се во роднинска врска, ниту се познаваат, а нивните клетки се совпаѓаат.

Денешниот чин на докторката е уште еден чекор до задоволството да се биде лекар и да се спасуваат животите на луѓето. Младата докторка која е донор на матичните клетки, во Македонскиот регистар на доброволни дарители на коскена срцевина при Институтот за имунологија и хумана генетикиа, се пријавила уште кога била студент по медицина, а минатиот месец беше идентификувана како евентуален донор. Не се двоумеше ниту миг, веднаш се согласи да му даде шана за живот на пациент кој не го познава, а боледува од акутна леукемија, изјави д-р Ирина Пановска Ставридис.

The post Млада докторка донирала матични клетки за да спаси живот на пациент со акутна леукемија на Клиниката за хематологија appeared first on Република.

]]>

Денеска на Универзитетската Клиника за хематологија во Скопје, се реализира несекојдневен чин на храбост и човекољубие, кога млад семеен лекар донираше хематопоетски матични клетки со кој ќе спаси животот на пациент кој се соочува со тешка малигна хематолошка болест, а трансплантацијата на матичните клетки е единствената терапевтска опција, соопштија од Министерството за здравство. Министерот за здравство  Фатмир Меџити денеска ја посетил донаторката на матични клетки млада девојка, воедно и докторка, на која и се заблагодари на извонредна храброст и несебична посветеност да спаси туѓ живот.
Нејзиниот чин на хуманост и солидарност е надеж, потсетувајќи нè на моќта на заедницата и љубезноста во моментите кога тоа е најпотребно. Им честитам и на колегите од Клиниката за хематологија кои ја практикуваат оваа современа метода во медицината со која еден човек има шанса за нов почеток, изјави министерот Меџити.
Директорката на клиниката за хематологија изјави дека станува збор за редокот пример, донорот на матични клетки и пациетон кој треба да ги прими, не се во роднинска врска, ниту се познаваат, а нивните клетки се совпаѓаат.
Денешниот чин на докторката е уште еден чекор до задоволството да се биде лекар и да се спасуваат животите на луѓето. Младата докторка која е донор на матичните клетки, во Македонскиот регистар на доброволни дарители на коскена срцевина при Институтот за имунологија и хумана генетикиа, се пријавила уште кога била студент по медицина, а минатиот месец беше идентификувана како евентуален донор. Не се двоумеше ниту миг, веднаш се согласи да му даде шана за живот на пациент кој не го познава, а боледува од акутна леукемија, изјави д-р Ирина Пановска Ставридис.

The post Млада докторка донирала матични клетки за да спаси живот на пациент со акутна леукемија на Клиниката за хематологија appeared first on Република.

]]>
Пацинетка алармира дека остана без лек, од Онкологија ѝ вратија да не крева паника https://republika.mk/vesti/makedonija/patsinetka-alarmira-deka-ostana-bez-lek-od-onkologija-vratija-da-ne-kreva-panika/ Mon, 02 Oct 2023 13:45:28 +0000 https://republika.mk/?p=687143

Под итно да се набави лекот „фезго“, јавно побара денеска Елизабета Ристовска, пациентка со канцер од Скопје.

Терапијата „фезго“ што ја примаме на 21 ден, минатата недела ја немаше, денеска ми е термин да го примам лекот, до десет часот имало, од десет часот веќе нема од лекот и не враќаат, реагираше таа.

Ова се случува, нагласи таа, иако се тврдело дека „нема доцнење на лековите, дека сите онколошки пациенти се навремено снабдени и сите пациенти со канцер се подмирени со лекови“.

Побара итно решавање на проблемот, за, како што подвлече, пациентите да не трпат последици поради немање лекови.

Од Клиниката за онкологија, рекоа за МИА дека станувало збор само за неколкучасовен недостиг, дека е направена нарачка, очекуваат да стигне во секој момент, најкасно до утре.

Пациентите никако нема да останат без лек. Воопшто нема проблем. Генерално, ги имаме сите лекови, да не се прави паника за неколкучасовен недостаток, нагласија од Клиниката.

Оттаму додадоа дека засега имало проблем само со еден друг лек, но проблемот бил кај производителот и се надеваат дека во најскоро можно време и тој проблем ќе се надмине. Се правеле напори да се земе од друг производител.

На новинарско прашање околу тоа дека онколошки пациенти со рак на дојка денеска иако поминале стотици километри не добиле биолошка терапија и биле вратени, министерот Фатмир Меџити рече дека има дефицит на биолошка терапија, дека се случува во одредени времиња да има дефицит на таква скапа терапија.

За жал, расте бројот на такви пациенти и кога се прават набавки со условен буџет, некогаш не можат да се предвидат и се случува да има недостаток од неколку дена, појасни министерот.

Тој нагласи дека работат на случајот и проблемот во брзо време ќе биде решен.

The post Пацинетка алармира дека остана без лек, од Онкологија ѝ вратија да не крева паника appeared first on Република.

]]>

Под итно да се набави лекот „фезго“, јавно побара денеска Елизабета Ристовска, пациентка со канцер од Скопје.
Терапијата „фезго“ што ја примаме на 21 ден, минатата недела ја немаше, денеска ми е термин да го примам лекот, до десет часот имало, од десет часот веќе нема од лекот и не враќаат, реагираше таа.
Ова се случува, нагласи таа, иако се тврдело дека „нема доцнење на лековите, дека сите онколошки пациенти се навремено снабдени и сите пациенти со канцер се подмирени со лекови“. Побара итно решавање на проблемот, за, како што подвлече, пациентите да не трпат последици поради немање лекови. Од Клиниката за онкологија, рекоа за МИА дека станувало збор само за неколкучасовен недостиг, дека е направена нарачка, очекуваат да стигне во секој момент, најкасно до утре.
Пациентите никако нема да останат без лек. Воопшто нема проблем. Генерално, ги имаме сите лекови, да не се прави паника за неколкучасовен недостаток, нагласија од Клиниката.
Оттаму додадоа дека засега имало проблем само со еден друг лек, но проблемот бил кај производителот и се надеваат дека во најскоро можно време и тој проблем ќе се надмине. Се правеле напори да се земе од друг производител. На новинарско прашање околу тоа дека онколошки пациенти со рак на дојка денеска иако поминале стотици километри не добиле биолошка терапија и биле вратени, министерот Фатмир Меџити рече дека има дефицит на биолошка терапија, дека се случува во одредени времиња да има дефицит на таква скапа терапија.
За жал, расте бројот на такви пациенти и кога се прават набавки со условен буџет, некогаш не можат да се предвидат и се случува да има недостаток од неколку дена, појасни министерот.
Тој нагласи дека работат на случајот и проблемот во брзо време ќе биде решен.

The post Пацинетка алармира дека остана без лек, од Онкологија ѝ вратија да не крева паника appeared first on Република.

]]>
Првата пациентка што прими вакцина против рак успешно се опорави https://republika.mk/zivot/zdravje/prvata-patsientka-shto-primi-vaktsina-protiv-rak-uspeshno-se-oporavi/ Thu, 29 Jun 2023 11:55:09 +0000 https://republika.mk/?p=656407

Една од првите што примија вакцина против рак на јајници во едно клиничко истражување пред 11 години беше Џејми Крејс Мрсер. Со дијагноза на напреднат рак на јајниците кога имала 34 години, Крејс мислела дека ќе умре млада и направила тестамент во кој на најдобрата другарка ѝ го оставила омилениот ѓердан. Сега има 50 години и засега нема знаци дека ракот ѝ се враќа.

Не знае со сигурност дали вакцината ѝ помогнала, но со гордост вели „јас сѐ уште сум тука“.

По неколку децении мал напредок во лекувањето на ракот, научниците велат дека истражувањата достигнале пресвртница, при што многумина предвидуваат дека следниот чекор напред во третманот на ракот ќе биде вакцина во рок од 5 години.

Имено, не станува збор за воспоставени, односно традиционални вакцини што спречуваат болести, туку за вакцини за намалување на туморите и спречување на враќањето на ракот. Целите на овие експериментални третмани вклучуваат рак на дојка и белите дробови, а позитивни резултати се забележани годинава во третманот на смртоносниот рак на кожата меланом и рак на панкреасот.

Вакцините против рак, како и другите имунотерапии, го зајакнуваат имунолошкиот систем за да ги пронајде и убива клетките на ракот. А некои нови користат mRNA, која беше развиена за рак, но за прв пат беше користена за вакцини против COVID-19.

„За да функционира вакцината, треба да ги научи Т-клетките на имунолошкиот систем да го препознаат ракот како опасен“, вели д-р Нора Дисис од Институтот за вакцина против рак при UW Medicine во Сиетл. „Откако ќе се обучат, Т-клетките можат да патуваат насекаде во телото за да забележат опасност“.

Напредокот во третманот со вакцини е предизвик уште од нивното основање. Првиот лек, Provenge, беше одобрен во САД во 2010 година за третман на рак на простата кој се прошири на други органи. Во таква фаза на болеста неопходно е да се обработат сопствените имунолошки клетки на пациентот во лабораторија и потоа да се вратат. Исто така, постојат вакцини за лекување на ран рак на мочниот меур и напреднат меланом.

Некои од првите истражувања за рак престанаа бидејќи ракот како болест го победи имунолошкиот систем на пациентите и не дозволуваше, како таков, било каков вид на лек.

Меѓутоа, истражувањето и работата на вакцините сега се фокусирани на пациентите во раните фази на болеста, бидејќи досега се покажа дека вакцините не можат да делуваат кај пациенти кои се во напредна фаза.

 

 

The post Првата пациентка што прими вакцина против рак успешно се опорави appeared first on Република.

]]>

Една од првите што примија вакцина против рак на јајници во едно клиничко истражување пред 11 години беше Џејми Крејс Мрсер. Со дијагноза на напреднат рак на јајниците кога имала 34 години, Крејс мислела дека ќе умре млада и направила тестамент во кој на најдобрата другарка ѝ го оставила омилениот ѓердан. Сега има 50 години и засега нема знаци дека ракот ѝ се враќа. Не знае со сигурност дали вакцината ѝ помогнала, но со гордост вели „јас сѐ уште сум тука“. По неколку децении мал напредок во лекувањето на ракот, научниците велат дека истражувањата достигнале пресвртница, при што многумина предвидуваат дека следниот чекор напред во третманот на ракот ќе биде вакцина во рок од 5 години. Имено, не станува збор за воспоставени, односно традиционални вакцини што спречуваат болести, туку за вакцини за намалување на туморите и спречување на враќањето на ракот. Целите на овие експериментални третмани вклучуваат рак на дојка и белите дробови, а позитивни резултати се забележани годинава во третманот на смртоносниот рак на кожата меланом и рак на панкреасот. Вакцините против рак, како и другите имунотерапии, го зајакнуваат имунолошкиот систем за да ги пронајде и убива клетките на ракот. А некои нови користат mRNA, која беше развиена за рак, но за прв пат беше користена за вакцини против COVID-19. „За да функционира вакцината, треба да ги научи Т-клетките на имунолошкиот систем да го препознаат ракот како опасен“, вели д-р Нора Дисис од Институтот за вакцина против рак при UW Medicine во Сиетл. „Откако ќе се обучат, Т-клетките можат да патуваат насекаде во телото за да забележат опасност“. Напредокот во третманот со вакцини е предизвик уште од нивното основање. Првиот лек, Provenge, беше одобрен во САД во 2010 година за третман на рак на простата кој се прошири на други органи. Во таква фаза на болеста неопходно е да се обработат сопствените имунолошки клетки на пациентот во лабораторија и потоа да се вратат. Исто така, постојат вакцини за лекување на ран рак на мочниот меур и напреднат меланом. Некои од првите истражувања за рак престанаа бидејќи ракот како болест го победи имунолошкиот систем на пациентите и не дозволуваше, како таков, било каков вид на лек. Меѓутоа, истражувањето и работата на вакцините сега се фокусирани на пациентите во раните фази на болеста, бидејќи досега се покажа дека вакцините не можат да делуваат кај пациенти кои се во напредна фаза.    

The post Првата пациентка што прими вакцина против рак успешно се опорави appeared first on Република.

]]>
Жените во Македонија умираат поради континуирана системска негрижа за здравјето https://republika.mk/vesti/makedonija/zhenite-vo-makedonija-umiraat-poradi-kontinuirana-sistemska-negrizha-za-zdravjeto/ Fri, 24 Feb 2023 09:54:41 +0000 https://republika.mk/?p=612676

Платформата за родова еднаквост изразува сочувство до семејството на пациентката од Прилеп и најостро реагира на негрижата на државата и здравствените институции при груба повреда на човековите права и на флагрантно кршење на законите во државата како директна причина за настанатата смрт.

Имено, според информацијата пласирана во јавноста, постојат индикации за кршење на законите во однос на обезбедување соодветни санитарно-хигиенски услови во здравствена установа, отсуство на примена на соодветни хигиенски мерки чија директна последица е смрт кај пациентката. Ова укажува на сторено тешко кривично дело против здравјето на луѓето, што за жал се повторува повеќе пати изминатиот период во нашата држава. Пациентката после изведена киретажа во прилепската болница била испратена на домашно лекување, за веќе следниот ден да се врати со сериозно влошена состојба и после препраќањето на Инфективната клиника во Скопје да настапи смрт. Ова било причина да се затворат операционите сали во прилепската болница и да се испратат брисеви на испитување. Она што сериозно загрижува и не смее да помине без одговорност, е сомнежот за присуство на многу ретка и опасна интрахоспитална бактерија во здравствената установа, реагираат од Платформата за родова еднаквост.

Од Платформата за родова еднаквост потстуваат дека иако, според известувањето од болницата, е започната процедура за проверка на присуство на интрахоспитална бактерија, немаше официјално известување од Министерството за здравство, ниту информација за постапување на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Овој случај е, за жал, кулминација на континуираното известување во врска со лошите болнички услови и немањето пристап до квалитетни услуги и грижа за сексуално и репродуктивно здравје во нашата држава. Неодамна веќе реагиравме за случајот со Јелдз Веапоска, во кој, шокантна беше објавената констатација дека не постои лекарски пропуст или грешка кај гинекологот Мухамед Асани, кој и натаму е директор на струшката болница и сопственик на нерегистрирана гинеколошка ординација.

Имајќи го предвид сето ова, Платформата за родова еднаквост бара под итно:

- Целосна транспарентност и објавување на резултатите од испитувањето на бактериолошката состојба на просториите во болницата во Прилеп;
- Министерството за здравство да излезе со соопштение и да превземе одговорност во врска со случајот и во врска со санитарно-хигиенските услови во здравствените установи државата;
- Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши инспекциски надзор и да ја извести јавноста за резултатите.

Организации-членки:

1. Tiiiit! Inc.
2. Бори се женски
3. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО
4. Здружение женски форум
5. Здружение за еднакви можности Семпер
6. Здружение за локален рурален развој
7. Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје
8. Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска
9. Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ
10. Здружениезаедукативенразвој ЕКВАЛИС
11. Институтот за општествени и хуманистички науки
12. Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје
13. ЛезФем
14. Мрежа за заштита од дискриминација
15. Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство
16. Националниот совет за родова рамноправност
17. Организација на жени на град Скопје (ОЖС)
18. Организација на жените на општина Свети Николе
19. Организација на жените “Кумановка“
20. Реактор – Истражување во акција
21. Рурална Коалиција
22. Стела
23. ТАКТ
24. Хелсиншки комитет за човекови права
25. Х.Е.Р.А.
26. ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
27. Хуманитарно Здружение „Мајка“
28. Центар за истражување и креирање политики (ЦРПМ)

 

The post Жените во Македонија умираат поради континуирана системска негрижа за здравјето appeared first on Република.

]]>

Платформата за родова еднаквост изразува сочувство до семејството на пациентката од Прилеп и најостро реагира на негрижата на државата и здравствените институции при груба повреда на човековите права и на флагрантно кршење на законите во државата како директна причина за настанатата смрт.
Имено, според информацијата пласирана во јавноста, постојат индикации за кршење на законите во однос на обезбедување соодветни санитарно-хигиенски услови во здравствена установа, отсуство на примена на соодветни хигиенски мерки чија директна последица е смрт кај пациентката. Ова укажува на сторено тешко кривично дело против здравјето на луѓето, што за жал се повторува повеќе пати изминатиот период во нашата држава. Пациентката после изведена киретажа во прилепската болница била испратена на домашно лекување, за веќе следниот ден да се врати со сериозно влошена состојба и после препраќањето на Инфективната клиника во Скопје да настапи смрт. Ова било причина да се затворат операционите сали во прилепската болница и да се испратат брисеви на испитување. Она што сериозно загрижува и не смее да помине без одговорност, е сомнежот за присуство на многу ретка и опасна интрахоспитална бактерија во здравствената установа, реагираат од Платформата за родова еднаквост.
Од Платформата за родова еднаквост потстуваат дека иако, според известувањето од болницата, е започната процедура за проверка на присуство на интрахоспитална бактерија, немаше официјално известување од Министерството за здравство, ниту информација за постапување на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Овој случај е, за жал, кулминација на континуираното известување во врска со лошите болнички услови и немањето пристап до квалитетни услуги и грижа за сексуално и репродуктивно здравје во нашата држава. Неодамна веќе реагиравме за случајот со Јелдз Веапоска, во кој, шокантна беше објавената констатација дека не постои лекарски пропуст или грешка кај гинекологот Мухамед Асани, кој и натаму е директор на струшката болница и сопственик на нерегистрирана гинеколошка ординација. Имајќи го предвид сето ова, Платформата за родова еднаквост бара под итно:
- Целосна транспарентност и објавување на резултатите од испитувањето на бактериолошката состојба на просториите во болницата во Прилеп; - Министерството за здравство да излезе со соопштение и да превземе одговорност во врска со случајот и во врска со санитарно-хигиенските услови во здравствените установи државата; - Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши инспекциски надзор и да ја извести јавноста за резултатите.
Организации-членки: 1. Tiiiit! Inc. 2. Бори се женски 3. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО 4. Здружение женски форум 5. Здружение за еднакви можности Семпер 6. Здружение за локален рурален развој 7. Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје 8. Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска 9. Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ 10. Здружениезаедукативенразвој ЕКВАЛИС 11. Институтот за општествени и хуманистички науки 12. Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје 13. ЛезФем 14. Мрежа за заштита од дискриминација 15. Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство 16. Националниот совет за родова рамноправност 17. Организација на жени на град Скопје (ОЖС) 18. Организација на жените на општина Свети Николе 19. Организација на жените “Кумановка“ 20. Реактор – Истражување во акција 21. Рурална Коалиција 22. Стела 23. ТАКТ 24. Хелсиншки комитет за човекови права 25. Х.Е.Р.А. 26. ХОПС – Опции за здрав живот Скопје 27. Хуманитарно Здружение „Мајка“ 28. Центар за истражување и креирање политики (ЦРПМ)  

The post Жените во Македонија умираат поради континуирана системска негрижа за здравјето appeared first on Република.

]]>
Ристески: Оваа власт на Ковачевски го урна здравството, почина пациентка од сепса, лекари протестираат https://republika.mk/vesti/makedonija/risteski-ovaa-vlast-na-kovachevski-go-urna-zdravstvoto-pochina-patsientka-od-sepsa-lekari-protestiraat/ Wed, 22 Feb 2023 11:34:10 +0000 https://republika.mk/?p=611879

„Последен случај од здравството кој ја потресе јавноста е смртта на 52 годишна пациентка од Прилеп. Случајот според информациите е последица на инфекција во Болницата во Прилеп поради што се затворени сите операциски сали. Додека здравството оди напред, во Македонија ние зборуваме за смрт на пациенти поради болнички инфекции.

Недозволиво! Оваа неспособна власт предводена од СДС и ДУИ секојдневно ја тресат скандали“ рече на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.

Тој вели дека „вести кои ги продуцира власта предводена од Димитар Ковачевски се само вакви – смрт на пациенти, немање лекови, и секако колабирањето на здравствениот систем. Нешто што се случува за прв пат во независна Македонија“.

„Хакирањето на Фондот за здравство доведе до низа проблеми кои директно ги почувствуваа граѓаните, меѓу другото не се даваа навремено лекови, не се исплаќаа боледувања, а доцнеа и платите за здравствениот персонал. Оној персонал кој недостасува во државата, кој секојдневно заминува на работа главно во здравствените институции во Европа, а никој не е заинтересиран да го задржи во земјава. Но, лагите на власта предводена од СДС и ДУИ, нереализирањето на дадените ветувања денес резултираа и со продолжување на протестите на медицинскиот персонал. Овој персонал само сака да го потсети Ковечевски дека неговото однесување и однесувањето на неговата екипа која се грижи само за лични и партиски интереси не смее да ги остави на цедило. Не смее да се повтори доцнење на платите, а власта треба да си ги реалзира ветувањата за зголемување на основната плата. Доста крадевте од народот“ порача Ристески.

https://youtu.be/1ovyphfqPQk

The post Ристески: Оваа власт на Ковачевски го урна здравството, почина пациентка од сепса, лекари протестираат appeared first on Република.

]]>

„Последен случај од здравството кој ја потресе јавноста е смртта на 52 годишна пациентка од Прилеп. Случајот според информациите е последица на инфекција во Болницата во Прилеп поради што се затворени сите операциски сали. Додека здравството оди напред, во Македонија ние зборуваме за смрт на пациенти поради болнички инфекции. Недозволиво! Оваа неспособна власт предводена од СДС и ДУИ секојдневно ја тресат скандали“ рече на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески. Тој вели дека „вести кои ги продуцира власта предводена од Димитар Ковачевски се само вакви – смрт на пациенти, немање лекови, и секако колабирањето на здравствениот систем. Нешто што се случува за прв пат во независна Македонија“. „Хакирањето на Фондот за здравство доведе до низа проблеми кои директно ги почувствуваа граѓаните, меѓу другото не се даваа навремено лекови, не се исплаќаа боледувања, а доцнеа и платите за здравствениот персонал. Оној персонал кој недостасува во државата, кој секојдневно заминува на работа главно во здравствените институции во Европа, а никој не е заинтересиран да го задржи во земјава. Но, лагите на власта предводена од СДС и ДУИ, нереализирањето на дадените ветувања денес резултираа и со продолжување на протестите на медицинскиот персонал. Овој персонал само сака да го потсети Ковечевски дека неговото однесување и однесувањето на неговата екипа која се грижи само за лични и партиски интереси не смее да ги остави на цедило. Не смее да се повтори доцнење на платите, а власта треба да си ги реалзира ветувањата за зголемување на основната плата. Доста крадевте од народот“ порача Ристески. https://youtu.be/1ovyphfqPQk

The post Ристески: Оваа власт на Ковачевски го урна здравството, почина пациентка од сепса, лекари протестираат appeared first on Република.

]]>
Пациентка од Прилеп починала по рутинска операција, затворени се салите во Општата болница https://republika.mk/vesti/makedonija/patsientka-od-prilep-pochinala-po-rutinska-operatsija-zatvoreni-se-salite-vo-opshtata-bolnitsa/ Tue, 21 Feb 2023 16:00:11 +0000 https://republika.mk/?p=611596

Во Прилеп починала пациентка по рутинска хируршка операција, затворени се седумте сали во Општата болница. Причина - интерхоспитална инфекција, предизвикана од бактеријата „serratia“,  објави телевизијата Алфа.

Четворица пациенти кои претходниве денови биле оперативно лекувани, две на Гинекологија и по еден на Ортопедија и Хирургија, заради постооперативни инфекции, односно сепса, биле испратени на Инфективната клиника во Скопје, каде за жал, една од пациентките, пред четири дена и починала.

Станува збор за 52-годишна жена врз која била извршена полесна, рутинска хирурушка интервенција на Гинеколошкото одделение. Зафатот поминал без проблеми, немало крварење, но наместо да се опоравува, пациентката набрзо паднала во кома, по што ургентно била префрлена во Скопје каде и починала“, велат изворите на „ТВ-Алфа“.

Од менаџментот на Болницата утрово потврдиле дека сите операциони сали се затворени заради постоење на соменежи за интерхоспитална инфекција.

Стручна комисија допрва ќе треба да утврди за каков вид бактерија станува збор. Ќе треба да се почекаат и резултати од обдукцијата на починатата жена. Дотогаш, не би шпекулирале ништо. Неитните операции ќе се одложат, а додека итните ќе се прават во болниците во соседните градови, одговорија од Болницата.

 

The post Пациентка од Прилеп починала по рутинска операција, затворени се салите во Општата болница appeared first on Република.

]]>

Во Прилеп починала пациентка по рутинска хируршка операција, затворени се седумте сали во Општата болница. Причина - интерхоспитална инфекција, предизвикана од бактеријата „serratia“,  објави телевизијата Алфа. Четворица пациенти кои претходниве денови биле оперативно лекувани, две на Гинекологија и по еден на Ортопедија и Хирургија, заради постооперативни инфекции, односно сепса, биле испратени на Инфективната клиника во Скопје, каде за жал, една од пациентките, пред четири дена и починала.
Станува збор за 52-годишна жена врз која била извршена полесна, рутинска хирурушка интервенција на Гинеколошкото одделение. Зафатот поминал без проблеми, немало крварење, но наместо да се опоравува, пациентката набрзо паднала во кома, по што ургентно била префрлена во Скопје каде и починала“, велат изворите на „ТВ-Алфа“.
Од менаџментот на Болницата утрово потврдиле дека сите операциони сали се затворени заради постоење на соменежи за интерхоспитална инфекција.
Стручна комисија допрва ќе треба да утврди за каков вид бактерија станува збор. Ќе треба да се почекаат и резултати од обдукцијата на починатата жена. Дотогаш, не би шпекулирале ништо. Неитните операции ќе се одложат, а додека итните ќе се прават во болниците во соседните градови, одговорија од Болницата.
 

The post Пациентка од Прилеп починала по рутинска операција, затворени се салите во Општата болница appeared first on Република.

]]>
Пациентка во Хрватска со нож избоде познат психијатар https://republika.mk/zivot/psihologija/patsientka-vo-hrvatska-so-nozh-izbode-poznat-psihijatar/ Sun, 29 Jan 2023 14:56:51 +0000 https://republika.mk/?p=602296

Психијатарот Елвира Коиќ беше повредена во саботата попладне во својата канцеларија во Вировитица кога 37-годишна пациентка ја нападна и ја избоде со нож, пишуваат хрватските медиуми.

Докторката е пренесена во Општата болница Вировитица, каде што е на лекување, а според информациите, нејзиниот живот не е во животна опасност. Пациентката е уапсенa.

Елвира Којиќ е познат психијатар во Хрватска, којa голем дел од својата кариера посветила на работата со хрватските бранители кои страдаат од пострауматско стресно растројство, пренесува „Вечерњи лист“.

 

The post Пациентка во Хрватска со нож избоде познат психијатар appeared first on Република.

]]>

Психијатарот Елвира Коиќ беше повредена во саботата попладне во својата канцеларија во Вировитица кога 37-годишна пациентка ја нападна и ја избоде со нож, пишуваат хрватските медиуми. Докторката е пренесена во Општата болница Вировитица, каде што е на лекување, а според информациите, нејзиниот живот не е во животна опасност. Пациентката е уапсенa. Елвира Којиќ е познат психијатар во Хрватска, којa голем дел од својата кариера посветила на работата со хрватските бранители кои страдаат од пострауматско стресно растројство, пренесува „Вечерњи лист“.  

The post Пациентка во Хрватска со нож избоде познат психијатар appeared first on Република.

]]>