Паб Archives - Република https://republika.mk/tema/pab/ За подобро да се разбереме Wed, 08 May 2024 16:30:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Паб Archives - Република https://republika.mk/tema/pab/ 32 32 Ако Шкотска и Германија се пласираат во полуфиналето на ЕП пабовите на Островот ќе работат до сабајле https://republika.mk/sport/fudbal/ako-shkotska-i-germanija-se-plasiraat-vo-polufinaleto-na-ep-pabovite-na-ostrovot-ke-rabotat-do-sabajle/ Wed, 08 May 2024 16:30:27 +0000 https://republika.mk/?p=775664

Пабовите во Велика Британија ќе можат да го продолжат работното време до еден часот по полноќ доколку Англија или Шкотска стигнат до полуфиналето на Европското фудбалско првенство летово во Германија, соопшти британската Влада.

Поголемиот број пабови во Велика Британија се затвораат до 23 часот, но Владата може да нареди продолжување на работното време.

Продолжувањето на работното време важи во Англија и во Велс, додека Шкотска и Северна Ирска ќе одлучуваат независно

The post Ако Шкотска и Германија се пласираат во полуфиналето на ЕП пабовите на Островот ќе работат до сабајле appeared first on Република.

]]>

Пабовите во Велика Британија ќе можат да го продолжат работното време до еден часот по полноќ доколку Англија или Шкотска стигнат до полуфиналето на Европското фудбалско првенство летово во Германија, соопшти британската Влада. Поголемиот број пабови во Велика Британија се затвораат до 23 часот, но Владата може да нареди продолжување на работното време. Продолжувањето на работното време важи во Англија и во Велс, додека Шкотска и Северна Ирска ќе одлучуваат независно

The post Ако Шкотска и Германија се пласираат во полуфиналето на ЕП пабовите на Островот ќе работат до сабајле appeared first on Република.

]]>
Автомобил влета во паб во Австралија, загинаа пет лица https://republika.mk/vesti/svet/avtomobil-vleta-vo-pab-vo-avstralija-zaginaa-pet-litsa/ Mon, 06 Nov 2023 07:56:37 +0000 https://republika.mk/?p=698623

Пет лица загинаа, а шест се повредени, меѓу кои и возачот, кога автомобил влета во паб во австралискиот град Дејлсфорд, соопшти денеска полицијата.

Момче, двајца мажи на возраст од 30 и една жена на 40-годишна возраст починале на лице место, додека една тинејџерка починала во болница во Мелбурн, каде што била пренесена со хеликоптер по несреќата.

Шеесет и шестгодишниот возач на БМВ бил пренесен во болница откако со својот автомобил влетал во преполн паб во хотелот Ројал во градот Дејлсфорд, северозападно од Мелбурн. Тој се здобил со полесни повреди, а од полицијата велат дека ќе биде сослушан откако ќе биде пуштен од болница каде е под полициски надзор. Неговиот алкотест бил негативен, а направена е и крвна анализа за други супстанци, соопшти полицијата.

Полициските истражители се обидуваат да утврдат како автомобилот дошол до работ и удрил во терасата на пабот.

The post Автомобил влета во паб во Австралија, загинаа пет лица appeared first on Република.

]]>

Пет лица загинаа, а шест се повредени, меѓу кои и возачот, кога автомобил влета во паб во австралискиот град Дејлсфорд, соопшти денеска полицијата. Момче, двајца мажи на возраст од 30 и една жена на 40-годишна возраст починале на лице место, додека една тинејџерка починала во болница во Мелбурн, каде што била пренесена со хеликоптер по несреќата. Шеесет и шестгодишниот возач на БМВ бил пренесен во болница откако со својот автомобил влетал во преполн паб во хотелот Ројал во градот Дејлсфорд, северозападно од Мелбурн. Тој се здобил со полесни повреди, а од полицијата велат дека ќе биде сослушан откако ќе биде пуштен од болница каде е под полициски надзор. Неговиот алкотест бил негативен, а направена е и крвна анализа за други супстанци, соопшти полицијата. Полициските истражители се обидуваат да утврдат како автомобилот дошол до работ и удрил во терасата на пабот.

The post Автомобил влета во паб во Австралија, загинаа пет лица appeared first on Република.

]]>
Британските пабови се потешко егзистираат https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/britanskite-pabovi-se-poteshko-egzistiraat/ Mon, 13 Feb 2023 22:12:17 +0000 https://republika.mk/?p=608504

Зголемени трошоци и пад на продажбата -   кризата со куповната моќ силно ги погодува   британските пабови, при што бројот на банкроти во тој сектор лани скокна за 83 отсто на годишно ниво. Тоа го објави британската сметководствена фирма UHY Hacker Young.

„По тешкиот период за време на пандемијата, многу пабови и барови се најдоа со мали заштеди и неможност да земат дополнителни заеми“, а за некои „актуелното економско забавување стана последниот притисок кон банкрот“, се вели во соопштението објавено денеска од компанијата.

За време на пандемијата владината помош одржа голем број бизниси во живот. Сепак, 512 пабови поднесоа барање за банкрот во 2022 година, што е повеќе од 280 претходната година, кога цените на електричната енергија пораснаа, оптоварувајќи ги корпоративните буџети, се вели во соопштението.

Покрај тоа, кризата на трошоците за живот „влијае на навиките на потрошувачите, што ги прави помали шансите да трошат на несуштински добра“, според сметководствената фирма. Штрајковите на железничарите поради платите, кои зачестија во последните месеци низ земјата, ги одвратија клиентите од пабовите во централните делови на градот.

Бројот на пабови е во бавно опаѓање низ целата држава веќе неколку децении, но „неодамнешните пресврти како што се пандемијата и енергетската криза ги ставија под невиден притисок“, според трговската федерација, Британската асоцијација на пабови и пивари (BBPA).

Пред презентацијата на буџетот во Парламентот на 15 март, организацијата ја повика владата „сега да инвестира во пабови   особено преку поповолен даночен режим, или засекогаш да ги изгуби“. з

The post Британските пабови се потешко егзистираат appeared first on Република.