озложба Archives - Република https://republika.mk/tema/ozlozba/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Mar 2024 08:26:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png озложба Archives - Република https://republika.mk/tema/ozlozba/ 32 32 Изложбата „Приказни во тиркиз – Извор на животот” од Ана Митевска во Музеј на Град Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-prikazni-vo-tirkiz-izvor-na-zhivotot-od-ana-mitevska-vo-muzej-na-grad-skopje/ Thu, 14 Mar 2024 08:26:04 +0000 https://republika.mk/?p=754608

Во Музејот на Град Скопје, во четврток на 14. март во 19:30 часот Ана Митевска ќе ја претстави својата најнова изложба "Приказни во тиркиз - Извор на животот".

Секое нејзино платно раскажува уникатна приказна и преку живописните тиркизни тонови ги поканува гледачите да се нурнат во безграничниот свет на уметничката креативност. Оваа уметничка авантура ќе биде отворен повик за интроспекција и слободно толкување, како и своевидна подигната завеса кон имагинацијата. Во делата на Ана, тиркизот не е само боја, туку комплетно патување низ хоризонтите на апстрактната креативност, а нешто повеќе за ова патување на изложбата ќе каже и кураторката Гордана Велков.

Воедно изложбата ќе има и хуманитарен аспект, секој посетител ќе има можност да добие оригинални принтови од делата на Ана Митевска,  донирајќи парични средства за лекување на 12 годишната Кара Селовска која боледува од ретка болест.

The post Изложбата „Приказни во тиркиз – Извор на животот” од Ана Митевска во Музеј на Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Охрид отворена изложбата „Ченто – биографија низ фотографија“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-ohrid-otvorena-izlozbata-chento-biografija-niz-fotografija/ Sat, 19 Nov 2022 07:37:32 +0000 https://republika.mk/?p=575706

Во Спомен куќата на Христо Узунов во Охрид официјално отворена изложбата „ЧЕНТО – БИОГРАФИЈА НИЗ ФОТОГРАФИЈА“
Изложбата содржи 250 хронолошки подредени фотографии, собрани на едно место, со цел, посетителот, растеретен од читање на долги текстови, да го следи неговиот живот исполнет со голем број на активности, но и фотографии кои ,,зборуваат” за ,,животот на ЧЕНТО после смртта”.
Содржините од изложбата збогатени со кратки информации на 150 настани кои ги дообјаснуваат „замрзнатите” моменти од фотографиите, неколку текстови на авторот и делови од говори, мисли и изјави на ЧЕНТО, како и други „нешта” ја прават истоимената фотомонографија која дополнително беше публикувана, а која го заокружи во целост овој проект за непоколебливата личност со извонредно богата биографија.
Изложбата ја отвори директорката Катерина Велкоска која му се заблагодари на авторот Рубинчо Белчевски и директорот Горан Цветкоски од Завод и Музеј – Прилеп за презентацијата на изложбата потенцира дека меѓуинституционалната соработка е важна за поголема популарност на музејската дејност, му посака понатамошни истражувања и нови изложби.

Ченто од едно време го посети Христо Узунов ,а охриѓани да ги посетат и двајцата – рече  Велкоска.

За време на отворањето на изложбата се разви интересна интеракциска дискусија меѓу присутните гости, односно проф. д-р Павле Митрески зеде збор каде што даде свое мислење за изложбата и за значењето на Методија Андонов ЧЕНТО како историски важна личност и раскажа за средбата помеѓу Кузман Јосифовски Питу и Методија Андонов – Ченто. На дискусијата се приклучија и другите присутни, со што оваа изложба го доби вниманието кое го заслужува, бидејќи ликот и делото на Методија Андонов ЧЕНТО се од огромно значење за државата.

Изложбата може да се посети секој работен ден, односно од понеделник до петок од 09:00 до 15:00 часот, а ќе биде достапна за посетители до 30.11.2022 година,во спомен куќата на Христо Узунов кај ресорниот историчар Горан Митрески.

Автор на изложбата и фотомонографијата: Рубинчо Белчески, историчар – кустос советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп.

The post Во Охрид отворена изложбата „Ченто – биографија низ фотографија“ appeared first on Република.

]]>

Во Спомен куќата на Христо Узунов во Охрид официјално отворена изложбата „ЧЕНТО – БИОГРАФИЈА НИЗ ФОТОГРАФИЈА“ Изложбата содржи 250 хронолошки подредени фотографии, собрани на едно место, со цел, посетителот, растеретен од читање на долги текстови, да го следи неговиот живот исполнет со голем број на активности, но и фотографии кои ,,зборуваат” за ,,животот на ЧЕНТО после смртта”. Содржините од изложбата збогатени со кратки информации на 150 настани кои ги дообјаснуваат „замрзнатите” моменти од фотографиите, неколку текстови на авторот и делови од говори, мисли и изјави на ЧЕНТО, како и други „нешта” ја прават истоимената фотомонографија која дополнително беше публикувана, а која го заокружи во целост овој проект за непоколебливата личност со извонредно богата биографија. Изложбата ја отвори директорката Катерина Велкоска која му се заблагодари на авторот Рубинчо Белчевски и директорот Горан Цветкоски од Завод и Музеј – Прилеп за презентацијата на изложбата потенцира дека меѓуинституционалната соработка е важна за поголема популарност на музејската дејност, му посака понатамошни истражувања и нови изложби.
Ченто од едно време го посети Христо Узунов ,а охриѓани да ги посетат и двајцата – рече  Велкоска.
За време на отворањето на изложбата се разви интересна интеракциска дискусија меѓу присутните гости, односно проф. д-р Павле Митрески зеде збор каде што даде свое мислење за изложбата и за значењето на Методија Андонов ЧЕНТО како историски важна личност и раскажа за средбата помеѓу Кузман Јосифовски Питу и Методија Андонов – Ченто. На дискусијата се приклучија и другите присутни, со што оваа изложба го доби вниманието кое го заслужува, бидејќи ликот и делото на Методија Андонов ЧЕНТО се од огромно значење за државата. Изложбата може да се посети секој работен ден, односно од понеделник до петок од 09:00 до 15:00 часот, а ќе биде достапна за посетители до 30.11.2022 година,во спомен куќата на Христо Узунов кај ресорниот историчар Горан Митрески. Автор на изложбата и фотомонографијата: Рубинчо Белчески, историчар – кустос советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп.

The post Во Охрид отворена изложбата „Ченто – биографија низ фотографија“ appeared first on Република.

]]>
Колекција со дела од „Мал Битолски Монмартр“ ќе бидат изложени во Софија https://republika.mk/vesti/kultura/kolekcija-so-dela-od-mal-bitolski-monmartr-kje-bidat-izlozeni-vo-sofija/ Fri, 04 Mar 2022 11:35:15 +0000 https://republika.mk/?p=467717

По иницијатива на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, избрана колекција со дела од меѓународната ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“ ќе бидат изложени во Државниот институт за култура во Софија.

Во Битола одржавме средба со делегација на Државниот институт за култура на Република Бугарија предводена од директорката Снежана Јовева Димитрова. Средбата беше иницирана од Антонија Велева, директорка на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје. На наше заедничко задоволство договоривме избрана колекција од богатата уметничка архива на ‘Мал Битолски Монмартр‘ да ја посетиме Софија со изложба во просториите на Министерството за надворешни работи. Повод за организирање на ликовната изложба во Софија е меѓународниот Ден на детето“, вели Елена Хаџи Антонова, раководител на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“-Битола.

Паралелно со оваа меѓународна активност, во Студиото во Битола, по завршувањето на меѓународниот конкурс, почнуваат да пристигнуваат ликовни творби од цел свет за претстојното 41 издание на „Мал Битолски Монмартр“.

The post Колекција со дела од „Мал Битолски Монмартр“ ќе бидат изложени во Софија appeared first on Република.